За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк – од 1 до 5 ноември, Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување од денеска до 16 ноември 2025. МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран ...

Општина Крива Паланка се најде на првото место во државата според најновата анализа на Индексот за отвореност на општините за 2024 година, кој го спроведува организацијата ЗМАИ (Здружение за истражување и анализи), информира Службата за комуникација со јавноста при Општината. Оттаму посочуваат дека ова е значаен успех што ја потврдува континуираната заложба на Општината за транспарентно, отчетно и одговорно правување со јавните средства, како и ...

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение кое спаѓа под кривична одговорност предвидена во Кривичниот законик, јавија бугарските медиуми. Денеска, во 16:30 часот, пред централниот влез на Воено-медицинската академија во Софија ќе се одржи протест под слоганот „Правда за Маја“, насочен кон борба против суровоста кон животните и поддршка на построги законски санкции во ...

Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, порадисомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги. Управата за финансиска полиција до Основното јавнообвинителство – Скопје поднесе кривична пријава противлицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и ...

Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот. Умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците, реагира на ФБ актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски откако неговиот претходник остро го осуди за криминал. „Неговата политичка кариера е ...

Видео-снимка, која повеќе студенти ја испратиле до „Студентарија“, покажува како глувци се движат по таванот на тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Оваа снимка, како што се наведува, уште еднаш го отвора прашањето за условите во кои живеат студентите, по серијата извештаи и фотографии за нехигиена и лоши услови кои пристигнуваа и од други студентски домови во изминатиот период. Според тврдењата на студентите, проблемот бил веднаш ...

Движењето „Кој е Следен?“ денеска спроведе герила-акција на споменикот на Олимпија во центарот на Скопје, обвивајќи го во црно. Како што информираат од движењето, целта е „симболично да се претстави црнината што мајките на децата во Кочани ја носат последниве 8 месеци“. Оваа акција, воедно, е и повик до жителите на Скопје да се приклучат на солидарниот марш што го организира Здружението „16 март“. Маршот е закажан за оваа сабота, 15 ноември, со ...

Најмалку 37 лица загинаа, а десетици се повредени во Перу откако автобус падна во бездна длабока околу 200 метри по судир со друго возило. Несреќата се случила во раните утрински часови на „тешка“ делница од Панамериканскиот автопат, што ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јавува Би-Би-Си. Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа излетало од патот и паднало во ...

,,Министерот Трипуновски вечерва видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка, реагира Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство во владата на СДСМ. -Замислете блокирани се 130 милиони евра европски пари – ...

Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст. Вака планираниот не стимулира продуктивност и инвестиции и не создава нова вредност. Напротив, тој ја цементира зависноста од ...

По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Традиционално, вечер на свечена церемонија во Македонската опера и балет, Градот Скопје ќе ја додели ...

„МедиГруп“ доцна синоќа објави дека Дијана Хрка е примена во Општата болница на тој приватен здравствен систем поради влошување на нејзината здравствена состојба и дека, по дијагнозата, и е обезбеден постојан медицински надзор и соодветна терапевтска нега. „Приоритет на сите преземени мерки е зачувувањето на нејзиното здравје и целосна медицинска безбедност“, соопшти „МедиГруп“ и побара од медиумите и јавноста да го разберат и почитуваат ...

Израелскиот претседател Исак Херцог синоќа го осуди „шокантниот и тежок“ напад на доселените Евреи врз Палестинците на Западниот Брег, повикувајќи на прекин на растечкиот бран на насилство од страна на доселениците на окупираната територија. Десетици маскирани еврејски доселеници во вторникот ги нападнаа палестинските села Беит Лид и Деир Шараф на Западниот Брег. Тие прво запалиле возила и друг имот, а потоа ги нападнале и војниците кои ...

На небото над северна Белгија и Холандија две вечери по ред беше регистрирана Поларна светлина, предизвикана од сончевите бури кои ослободуваат наелектризирани честички што од Сонцето доаѓаат до Земјата. На социјалните мрежи се појавија фотографии на небото прекриено со розова светлина, за разлика од вообичаената зелена боја на Поларната светлина. Експерти за телевизијата ВРТ објаснуваат дека бојата на Поларната светлина зависи од тоа колку ...

Oд 13 до 18 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди ...

Европската комисија објави дека препорачува ригорозни безбедносни проверки на Србија при доделување државјанство на странски државјани, бидејќи носителите на српски пасоши имаат корист од безвизно патување во Европската Унија. На прашањето на РСЕ за зголемување на приемот на руски државјани за српско државјанство, прес-службата на Европската комисија изјави дека целта на ЕУ е да го продолжи дијалогот со Србија за тоа прашање. „Брзото стекнување ...

Албанската национална агенција за храна (АКУ) во Скадар повторно блокираше значителна количина пченка увезена од Србија.Овој пат станува збор за околу 75 тони пченка, блокирана на граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, со цел да се спроведат лабораториски анализи. Само пред неколку дена, од истиот извозник, блокирани беа 25 тони пченка, со што вкупната блокирана количина досега достигна 100 тони, објавија медиумите ...

Новите е-пораки објавени во средата сугерираат дека Доналд Трамп знаел за однесувањето на покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, вклучувајќи една во која Епштајн рече дека „секако [Трамп] знаеше за девојките“ што биле набавени за неговиот синџир за трговија со луѓе. Објавувањето на трите пораки од страна на демократите во надзорниот комитет на Претставничкиот дом веројатно ќе додаде значителен притисок врз Белата куќа да ги објави ...

Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени. Следува период на стабилно и суво време со постудени ...

Дел од жителите на Општина Центар денеска поради дефект ќе бидат без водоснабдување, соопшти РЦУК по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“. -На ден 13.11.2025 година поради уличен дефект на ул. „8-ма Ударна Бригада“ 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Италија, стои во соопштението. Оттаму додаваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до ...

На 17 ноември ќе се одржи заедничка конференција на Албанија со ЕУ за отворање на последната група поглавја од преговорите со Европската Унија, објави премиерот Еди Рама. Албанија го постигна незамисливото, сите поглавја од преговорите беа отворени во рок од 12 месеци, што е апсолутен рекорд во процесот на европска интеграција, напиша Рама во објава на Фејсбук. Тој посочи дека ништо не ја спречува Албанија да ја постигне својата главна цел, а ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во врска со испразнетото место во Владата на Изет Меџити откако стапи на градоначалничка функиција, рече дека во моментов се зборува само за пополнување на испразнетите места коишто се дел од ВРЕДИ. Николоски во гостувањето на Топ тема се осврна и на коалицискиот договор од претходната година за кој не треба да има отстапки. -Ние лани имавме јасен договор, мислам дека е фер во рамки на ...

Американските напади врз бродови за кои се сомнева дека се користат за шверц на дрога се законски и вклучените војници не се подложни на кривично гонење, соопшти денеска Министерството за правда на САД, отфрлајќи ги обвинувањата за „вонсудски“ егзекуции. Од септември, САД извршија серија напади во Карипско Море и Тихи Океан врз бродови за кои тврдат дека се користат за транспорт на дрога, при што се убиени 76 луѓе. Високиот комесар на ОН за ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски со објава преку Фејсбук соопшти дека денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. -По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа! Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција ...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа. Oд друга страна, екс-градоначалничката Данела Арсовска му возврати дека лаже и побара да ги објави со име и презиме.„3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници“, тврди поранешната „градска мајка“. За советничката во Советот на Град ...

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва во Топ тема на телевизија Телма осврнувајќи се на потпишувањето на Договорот со Бугарија за пругата за Коридорот 8, посочи дека проблемот во суштина бил повеќе инженерски, а не политички. Министерот појасни дека имало многу емисии во Бугарија кои ја ширеле тезата дека Николоски и бугарскиот министер за транспорт и врски Караџов лажеле во врска со договорот. Сепак, како што потенцира, работите ...

Месец октомври годинава бил постуден и надпросечно врнежлив, покажува анализата на УХМР врз основа на многугодишните просечни вредности. Средномесечната температура се движела од 6,7 степени во Маврово до 14 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овој октомври бил постуден за 1,8 степени, на ниво на држава. Највисоката максимална температура, пак, е измерена на 24 ...

Дијана Хрка го напушти шаторот од пред српското Собрание каде што штрајкуваше 11 денови со глад. Како што ветераните изјавија за ТВ Н1, таа заминала по приватна работа и веруваат дека наскоро ќе се врати. Нејзиното заминување ја вознемирило насобраните кои и даваа сите 11 денови поддршка Попладнево таа изјави дека нејзината здравствена состојба се влошила – рече дека е малаксана, но дека се уште нема да прими инфузија и ќе продолжи со штрајкот ...

На првиот состанок на лидерите на ВЛЕН и премиерот Мицкоски, се разгледуваа предлози за замена на одредени министри. ТВ21 неофицијално од владини извори дознава дека предлог на ВЛЕН за министер за екологија е Мухамед Хоџа, кој треба да го замени Изет Меџити во овој ресор, откако тој беше избран за градоначалник на општина Чаир. Хоџа претходно бил владин портпарол како предложен од ДУИ кога интегративците беа во коалиција со СДСМ. Дали ќе биде ...

Американските демократи од Претставничкиот дом денеска објавија три електронски пораки на Џефри Епштајн, во кои се споменува американскиот претседател Доналд Трамп. Осудениот сексуален престапник Епштајн го споменал Трамп неколку пати за време на преписката со долгогодишната соработничка Гилејн Максвел и новинарот Мајкл Волф. Демократите наведуваат дека Трамп знаел дека покојниот Епштајн експлоатирал малолетни девојки. Демократите цитираа ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
70%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
100%
1023
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
65%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.03
71%
1026
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
57%
1023
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
54%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
57%
1024
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
1.56
72%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
94%
1025
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1026
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57734

Калај

41.30

Цинк

3.13

Сребро

2060.60

Бакар

10.87

Платина

58054.69

Алуминиум

2.87

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Злато

138408.99

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Паладиум

50058.71