Премиерот на канадската провинција Онтарио, Даг Форд, ги оцени како „апсолутно неприфатливи“ критиките на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека Канада е одговорна за чадот од шумските пожари што се прошири над голем дел од САД. – Се обидуваме со сите сили да се справиме со ситуацијата. Ако вакви пожари беснееја во САД, ние без двоумење ќе бевме таму за да им помогнеме на нашите соседи – изјави Форд на прес-конференција. Трамп во ...

– Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално ...

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, им се обрати на своите соиграчи, тренери и персонал. – Најубавото нешто во текот на сите овие години никогаш не биле само титулите, туку целото патување. Споделувањето на секој ден со овој тим, натпреварувањето заедно, издигнувањето на висината на пригодата и уживањето во секој чекор. Благодарам на секој од моите соиграчи, тренерскиот персонал и на сите што работат секој ден за да го направат овој тим ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, коментираше за победата од 6:4 над Англија ноќеска на Светското првенство 2026. – Ова е прв медал по 60 години, најдобар резултат на Светско првенство надвор од нивната матична земја, па се надевам дека со текот на времето играчите ќе можат да бидат горди на ова. Ние сме многу конкурентни, па едвај си дозволуваме да бидеме горди на третото место. Пред осумнаесет месеци си поставивме највисока цел, највисок ...

Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени во силниот земјотрес што ноќеска го погоди југозападниот дел на Перу, јави германската новинска агенција ДПА. Геофизичкиот институт на Перу соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степен, додека Американскиот геолошки институт (УСГС) ја процени јачината на 5,5 степени според Рихтеровата скала. Според перуанскиот Геофизички институт, потресот се случил околу 21:24 часот по локално ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Тој ги одбрани новите воздушни напади на американската војска, кои беа изведени како директен одговор против силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), пренесува весникот „Њујорк пост“. – Го направивме тоа затоа што не сакаме ...

Англискиот фудбалер Букајо Сака постигна три гола ноќеска против Франција во натпреварот за третото место (6:4) на Светското првенство 2026. Дваесет и четиригодишниот напаѓач стана четвртиот Англичанец кој постигнал хет-трик на натпревар од Светското првенство. Претходно тоа им успеало на Џеф Херст, Хари Кејн и Гари Линекер. Сака стана и вториот играч во историјата кој постигнал три гола против Франција, по Пеле на Светското првенство во ...

Повеќе од 50 милиони жители на североисточниот дел на САД и на регионот на Средниот Атлантик се изложени на ризик од силни временски непогоди, додека чадот од шумските пожари во Канада и натаму го влошува квалитетот на воздухот, јавуваат американските медиуми. Предупредување за опасни временски услови е издадено за подрачјето од долината на реката Охајо, преку Средниот Атлантик, па сè до североистокот на земјата, пренесува телевизиската ...

Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук“, при што дел од нив не можеле да се најават на своите профили поради привремен технички дефект. При обид за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“ Според платформата ...

ФИФА ќе објави рекордни приходи од 15 милијарди долари за Светското првенство во 2026 година, информира „Гардијан“. На 18 јули, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги информирал националните асоцијации дека приходите од Светското првенство значително ги надминале очекувањата. Организацијата првично проектирала приходи од 11 милијарди долари. Се забележува дека значителен дел од приходите доаѓаат од продажба на билети и пакети за ...

Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа. Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, меѓу кои и ...

Американските вооружени сили соопштија дека ја завршиле осмата последователна серија воздушни напади врз силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ), при што биле погодени извршителите на нападот во кој загинаа американски војници. Според Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ), нападите биле изведени како директен одговор на неодамнешниот удар во Јордан. Со ова дополнително ескалираше воениот конфликт околу ...

Кубанскиот дисидент и уметник, Луис Мануел Отеро Алкантара, пристигна во Соединетите Американски Држави по издржувањето на петгодишната затворска казна во Куба – соопшти американскиот државен секретар, Марко Рубио. Тој не прецизираше каде се наоѓа Отеро Алкантара, ниту кога точно пристигнал во САД. Претставник на американската Амбасада во Хавана во петокот потврди дека на уметникот му е одобрен хуманитарен престој во САД и дека дипломатското ...

– Македонската музичка традиција во своето најавтентично издание синоќа беше претставена на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија оперските уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“, со концертот „Македонски љубовни песни“. Пред бројната публика беа изведени некои од најпознатите бисери на македонското музичко наследство во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. Концертната ...

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу количини воден талог од 5 литри на метар квадратен (l/m2) се измерени во Берово, следат Куманово и Крива Паланка од 4 л/м2 и 1 л/м2/ во Виница и во Гевгелија. Како што соопштуваат од Управата за ходрометеоролошки работи, дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управта, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...

Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД. Почетокот ќе биде во 21 часот по македонско време. Шпанија заврши прва во Групата Х со 7 бода. Во првото коло од групната фаза, тимот на Луис де ла Фуенте ремизираше 0:0 со Зелено’ртски Острови, потоа самоуверено ја победи Саудиска Арабија со 4:0 во второто коло, а потоа го ...

Францускиот претседател Емануел Макрон му се обрати на селекторот Дидие Дешан, кој се пензионираше од репрезентацијата. Педесет и седумгодишниот тренер ја напушти репрезентацијата по натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година против Англија (4:6). Дешан ја тренираше француската репрезентација од 2012 година. -Денес е пресвртница во историјата на францускиот фудбал. Ти благодарам, Дидие Дешан, за легендарните победи, ...

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќните руски напади врз Киев, извршени со балистички ракети, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби. Нападот следува само еден ден откако во украинските удари врз цели во Русија беше пријавен поголем број жртви. Експлозиите се слушале дури и во внатрешноста на противвоздушните засолништа, а една од нив била толку силна што ги активирала алармите на паркираните автомобили во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од ...

Анадолија – Анкара Шпанија и Аргентина вечерва ќе се борат за најголемиот фудбалски трофеј, но финалето на Светското првенство на ФИФА 2026 ќе одлучи и како ќе се подели најголемиот финансиски фонд во историјата на турнирот. ФИФА објави рекордни 871 милион долари за 48-те национални асоцијации што учествуваат на турнирот во САД, Канада и Мексико. Оваа сума ги опфаќа наградите поврзани со перформансите, подготовките и дополнителната поддршка ...

Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не. Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од надлежните институции. Прогласувањето на ...

Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го намали бројот на стари предмети што им заостанувале на судиите, покажува најновиот Извештај за работата на овој суд објавен во интерниот електронски билтен од 2 јули. Според објавените податоци, пред една година, на 30 јуни 2025 биле евидентирани 873 активни стари случаи во Судот. Заклучно со 30 јуни оваа година пак, вакви се 410 предмети што е намалување за 53 отсто. Како ...

Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-Би-Си. Портпаролот на службата Брејди Меккарон изјави дека судските документи и останатите материјали поврзани со случајот засега нема да бидат објавени во јавноста. Кралската служба за ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола против Англија ноќва во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026. Англија победи со 6:4. Дваесет и седумгодишниот Французин постигна гол во 48. и 66. минута. Мбапе има постигнато 22 гола на Светските првенства, надминувајќи го аргентинскиот напаѓач Лионел Меси (21) и станувајќи најдобар стрелец на Мундијалите на сите времиња. На Светското првенство 2026 година, Мбапе ...

Англија ноќва ја победи Франција со 6:4 во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година во Мајами, САД. Во првото полувреме, Англија постигна четири неодговорени гола, постигнати од Деклан Рајс (3. минута), Езри Конса (18) и Букајо Сака (37. и 45. минута). Во 48-мата минута, Килијан Мбапе намали на 1:4, Бредли Баркола во 54. минута намали на 2:4, Мбапе со својот втор гол во 66. минута ја доближи Франција на само еден ...

Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на ...

МВР информира дека вчера во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(19) од с. Батинци, скопско, по претходна пријава дека завчера вечерта околу 22:20 часот на подрачјето на Центар, заедно со други малолетни лица од Скопје, физички го нападнале М.Ч.(19) од Скопје. Исто така, полициските службеници од СВР Скопје извршија службен разговор во полициска станица со тројца малолетници, во ...

На одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, покрај бројните членови, ветерани, претставници на Унијата на жени и други гости, присуствувал и митрополитот Петар, пренесе Религија. Настанот беше искористен за политички пораки за единство, доверба и иднината на државата, а во објавите од прославата може да се забележи дека владиката Петар бил во друштво на партиски функционери и присутни на свеченоста. Самото ...

Триесет и осумгодишник се здоби со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведуваше работи се преврте на улицата „137“ во Гостивар. Според пријавата, С.А.(38) од Чегране беше на терен со работната машина кога се преврте. Повредениот е пренесен за укажување лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот изврши екипа од ОВР Гостивар. Триесет и осумгодишник се здоби со тешки телесни повреди ...

Финалето на Светското првенство во фудбал меѓу Шпанија и Аргентина стана најскапото финале во историјата на мундијалите, откако просечната цена на билетите на пазарот за препродажба достигна околу 9.900 евра. Официјалните билети за натпреварот што ќе се одигра в недела на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси веќе не се достапни преку официјалната страница на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), но сè уште може да се најдат преку платформи ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87