Премиерот Христијан Мицкоски по континуираните изјави дека нема да дозволи зголемување на платите на судиите и критиките кон нив денеска во изјава за медиумите им вети дека ќе добијат финансиска независност и очекува од Брисел да излезат и да кажат му кажат „браво“. Мицкоски вчера имал состанок со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, а после анализирале и со министерката за ...

Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите. – Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го почитуваме тој закон. Дали ќе има некое интервентно згоемување надвор од законот, тоа е ...

„Венко Филипче како верен послушник на Заев го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда. Поставувањето на Трајановски за потпретседател на СДСМ од страна на Филипче е еклатантен пример за тоа дека Заев ја води партијата во сенка“, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека доказ оти поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека детето се движело со велосипед по булеварот “Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото. Во еден момент ...

Соопштение на Судски совет, Врховен суд и Здружение на судии Соопштенија за јавност | 14.11.2025 Господине Премиер, Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ...

Луис, кој живее на Бахамите, се изјасни за виновен за инсајдерско тргување во 2024 година и беше казнет со пет милиони долари, но поштеден од издржување затворска казна поради неговата поодмината возраст. Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Трамп го одобрил помилувањето кое Луис го побара за да може да добие медицински третман и да ги посети своите внуци и правнуци во САД. Луис е основач на компанијата „ENIC“, која поседува 87,62 ...

Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини истакнати експерти од онлајн-безбедноста, сајбер-заштитата, образованието, технологијата, јавниот живот и креаторите на содржини, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. На ...

Американската Академија за филмски уметности и науки, од овогодишните членови, ќе бара официјално да потврдат дека ги погледнале сите филмови номинирани за „Оскар“ во онаа категорија каде што еден член гласа, пред да гласаат, пренесува „Ен-би-си њуз“ (NBC News), повикувајќи се на внатрешна службена е-пошта. Академијата ја промени својата политика во април оваа година, и сега, членовите на Академијата ќе треба задолжително да го изгледаат секој ...

Една од најпознатите традиции на Туркије, турското кафе, неодамна беше официјално регистрирано од Европската унија како „традиционален производ“, со што доби уште една потврда на глобално ниво. Ова следува откако во 2013 година турското кафе беше внесено на Листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, а денот кога го доби тоа признание, 5 декември, официјално се прославува како Светски ден на турското кафе. Со богат мирис и длабок ...

Обвинителството во Тузла го објави прелиминарниот експертски извештај кој покажува дека пожарот во Домот за стари лица, во кој загинаа 15 лица, е предизвикан од краток спој на радио-приемник кој бил механички и термички оптоварен затоа што бил стегнат помеѓу душекот, ѕидот и металниот дел од креветот, пренесуваат медиумите во БиХ. Како последица на пожарот во Пензионерскиот дом, загинаа 15 лица, а повеќе од 30 лица беа повредени. Обдукциите ...

Воениот претставник на Белгија во САД, бригадниот генерал Барт Вербист поднесе оставка на функцијата откако објави текст во кој, меѓу другото, оцени дека политиката на американскиот претседател Доналд Трамп создава „хаосот и непредвидливост“, тврди белгискиот весник „Морген“. Според изданието, Вербист поднел оставка на функцијата на почетокот на оваа недела откако ја „загубил довербата“ на Пентагон и му бил даден рок да ги напушти САД за ...

Во план е студија околу тоа како се работи во приватните и државните болници низ државава што се занимаваат со кардиоваскуларна патологија, информираше на денешната прес-конференција, претседавачот на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции, доктор Жарко Христовски, одговарајќи на новинарско прашање. Јавноста на прес-конференцијата во Владата беше информирана дека до Комисијата досега биле доставени 25 случаи. Комисијата ...

Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал, се спосочува во соопштението од СДСМ. Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа. Ова е апсолутно недозволиво. Објаснувањето ...

Дијабетесот останува една од најбрзорастечките хронични болести на 21 век, покажува Единаесеттото издание на IDF Diabetes Atlas (2025). Според податоците, во 2024 година глобално со дијабетес живееле околу 589 милиони возрасни лица, што претставува 11,1 проценти од светската популација на возраст од 20 до 79 години. Во Македонија со дијабетес живеат околу 141 илјада лица, што е 8,9 проценти од возрасните, односно, приближно секој единаесетти ...

Евтините пакетчиња од Тему, Шеин и Али Експрес наскоро би можеле значително да поскапат за европските потрошувачи, бидејќи Европската унија започна постапка за промена на царинските правила која целосно ќе го укине сегашното ослободување од давачки за пратки до 150 евра. Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираше измени на Регулативата за царини, со кои би се елиминирало долгогодишното правило што им дозволува награници да ...

Американската инвестициска фирма „Карлајл“ истражува опции за купување на средствата на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ надвор од Русија, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на три неименувани извори. „Карлајл“ е во рана фаза на истражување на купувањето, изјави еден од изворитe. Инвестициската компанија размислува да аплицира за американска лиценца што би ѝ овозможила да ги купи средствата на Лукоил, а потоа да започне со детална длабинска ...

„Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за линеарното зголемување на пензии во собранието укажав дека не можете буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31% да го зголемите на 48% и да кажете ништо не се случува во државата. Морате на пензионерите, морате на сите млади, морате на сите генерации да им кажете дека зафаќањето којшто го правите со линеарното зголемување наспроти усогласувањето методолошки предвидено коешто ...

Владата на Србија и фирмата на Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, лани во јуни потпишале таен договор за развој на луксузен хотелски и станбен комплекс на просторот на поранешниот Генералштаб, објави српското списание „Радар“, кое дошло до документот. Според договорот склучен во 2024 година, компанијата на Кушнер, „Атлантик Инкубашн Партнерс“, добива 77,5% од заедничкото вложување, додека Србија задржува 22,5%. Документите покажуваат и дека ...

По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН, веднаш ја претвораме оваа доверба во конкретна работа и опипливи резултати, велат од ВЛЕН во соопштение. „Денес, коалицијата ВЛЕН објавува вест што директно влијае на илјадници семејства: Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето. Ова е благодарение ...

Во општина Аеродром денес започна опсежната акција за воспоставување ред и ослободување на јавните површини од нелегални објекти, пренесе 24инфо. Прв на списокот беше поранешниот локал „Дежаву“ кај Капитол Мол, кој со години се наоѓаше на место идентификувано како дивоградба и незаконска узурпација на јавен простор. Рано утрово, механизацијата пристигна на терен, а објектот беше целосно урнат во координација со инспекциските служби. Според ...

Вчеравечер, симболично на денот на ослободувањето на градот, Скопје беше ослободено од предрасудите поврзани со лицата со нарушување од аутистичниот спектар, со што започна кампањата “Херои во сите бои” која ја реализира Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин. Во рамките на оваа кампања која првенствено е наменета за родители ќе се опфатат теми поврзани со истражувањата, иновациите и надминувањето на предизвиците поврзани со ...

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги усвои тужбите на тројца македонски судии што ги разреши Судскиот совет поради нестручно вршење на судиската функција. Судот минатиот месец едногласно одлучил, а вчера ја објавил одлуката дека на врховниот судија, Стојанче Рибарев, штипската апелациска судијка Сузана Здравева и битолската судијка Силвана Илиевска им било повредено правото на фер судење. Со други зборови, државата го прекршила ...

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека проценките на разузнавањето покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин нема намера да постигне мировен договор со Украина, објави Блумберг. Тој оцени дека е потребно да се зголеми притисокот врз рускиот претседател и дека Западот треба да ја зголеми поддршката за Украина за да го принуди на преговори. Мур во емисијата „Шоуто на Мишал Хусеин“ на Блумберг ...

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари. Во целата шема се појавуваат имиња од најблискиот круг на ...

Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата. Венко ...

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна. ...

Некои телефони се само алатка. А тука е и Galaxy S25 FE – уред што те разбира, те следи и те инспирира. Телефон што ги претвора секојдневните моменти во приказни вредни за споделување, и тоа со стил што никогаш не поминува незабележано. Модерен, моќен и подостапен од кога било, овој модел е направен за сите што сакаат врвно искуство без да ја платат премиум цената. Од првиот момент кога го држите во рака, ја чувствувате разликата. Тенкиот ...

САД означија четири групи во Германија, Италија и Грција како глобални терористи, обвинувајќи ги дека се „насилна антифа“. Државниот секретар Марко Рубио изјави дека ги означил членовите на групите Антифа Ост, Неформална анархистичка федерација/Меѓународен револуционерен фронт (FAI/FRI), Револуционерна класна самоодбрана и Вооружена пролетерска правда како „Специјално означени глобални терористи“, продолжувајќи ја политиката на Трамп за ...

Сопственикот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, може повторно да патува, по судската одлука за укинување на неговиот надзор и забраната за напуштање на Франција, објави денеска Политико. Основачот на Телеграм беше уапсен во Франција во август 2024 година и обвинет за неколку кривични дела од организиран криминал. Обвинителите го обвинуваат Дуров и неговата мрежа Телеграм дека одбиваат да соработуваат со властите во борбата против ...

Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, го најави почетокот на операцијата „Јужно копје“, за која рече дека ќе ги има за цел „наркотерористите“ и ќе ги заштити САД од дрогата што ги убива луѓето. „Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди акција, а Министерството за војна ја спроведува. Денеска ја објавувам операцијата „Јужно копје“, напиша Хегсет во објава на социјалната мрежа X. Според „Аксиос“, не е сосема јасно дали Хегсет се ...

Повик

19 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
94%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / -6ᴼ
1.54
66%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.25
87%
1027
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
84%
1026
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
75%
1025
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.13
93%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
96%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
81%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Платина

58054.69

Иридиум

145787.60

Калај

41.30

Сребро

2060.60

Злато

138408.99

Паладиум

50058.71

Алуминиум

2.87

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Цинк

3.13

Родиум

255598.44

Бакар

10.87