Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од денеска до недела во приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај“, кој нуди уникатно искуство за љубителите на чајот, природата и здравиот живот. Во трите фестивалски денови ќе учествуваат над 30 изложувачи со производи како чаеви, ароматични билки, есенцијални масла, природна козметика, мед и пчелни производи, како и рачно изработени уметнички предмети инспирирани од ...

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени. Како што информира ...

Британската Би-би-си синоќа му се извини на Доналд Трамп за монтажата на говорот за да изгледа како да се залага за насилство, обидувајќи се да ја отстрани заканата од судска постапка, но рече дека нема основа за тужба за клевета. Би-би-си соопшти дека директорот Самир Шах испратил писмо до Белата куќа во кое јасно му се извинува на Трамп во име на компанијата за монтажата, додавајќи дека радиодифузерот нема планови да го реемитува ...

Белгија во наредните години планира постепена замена на традиционалните розови хартиените возачки дозволи, се до нивното целосно укинување во 2033 година, од кого во употреба ќе бидат само пластичните верзии на дозволите. – Хартиените возачки дозволи ќе истечат во 2033 година. Потоа сите ќе имаат возачки дозволи во стилот на банкарска картичка, информира портпаролот на белгиската Федерална јавна служба за мобилност, Томас Де Шпихеларе. Тој ...

Кривична пријава за саботажа, злоупотреба на службена положба и овластување, оддавање на службена тајна, лажно пријавување на кривично дело и помагање е поднесена против директорот на АНБ, Бојан Христовски, како и десетина други Н.Н лица вработени во Агенцијата за национална безбедност, дознава Инфомакс. Во кривичната пријава која е анонимна се наведува дека „првопријавениот Бојан Христовски во својство на одговорно лице на правното лице ...

Во центарот на Љубљана, се случи напад во кој возач на градски автобус е тешко повреден со остар предмет. Напаѓачот избегал од местото на настанот пеш, а полицијата интензивно го бара, пишува 24ur.com. Нападнатиот возач е итно пренесен во Клиничкиот центар во Љубљана. Според неофицијални информации, како што пишуваат локални медиуми, тој се здобил со тешки повреди, наводно во главата, но неговиот живот не е во опасност. Љубљанската полиција ...

Констатацијата е дека ова е потрошувачки буџет, затоа што 90 отсто од буџетот е наменет за тековните расходи, 10 отсто за некакви капитални инвестиции. Ова го изјави вечерва Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економски прашања во гостување на тв Телма. „Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владејачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека Градот не ангажирал дрон за снимање на акцијата за чистење пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, но призна дека имале свој „работен дрон“ со мала тежина, под 220 грама, кој, според него, не подлежи на сертификација и дозволи, објави 4NEWS.mk „Јас прво сум немал дрон ангажирано таму, фотографии имаме ние меѓу кои има и дронски фотографии кои што не сме ги објавиле ние. Мислам дека друг ги ...

Министерот за внатрешни работи на Колумбија, Армандо Бендети денеска изјави дека ќе продолжи разузнавачката соработка со САД, истакнувајќи оти „лошо била интерпретирана владината одлука објавена пред два дена“. Претседателот на Колумбија, Густаво Петро во вторникот нареди прекин на комуникацијата и извршување на други операции со безбедносните агенции на САД, како одговор на американските напади врз бродови во Карипско Мoре и во Тихи Океан. – ...

На заедничката прес-конференција во Рим на албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка, Џорџа Мелони, не изостана прашањето околу камповите за мигрантите во Албанија, кои требаше да бидат транспортирани од Италија. На прашањето на италијанскиот новинар, на телевизијата РАИ 3 дали се кае за договорот за бегалскиот камп, кој се чека веќе две години да профункционира, поради Европскиот суд на правдата и оној на италијанскиот суд, ...

Кон средината на следната година се очекува во Скопје да почне имплементацијата на проектот BRT (bus rapid transit). Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека проектот ќе се имплеменира, но со одредени исправки во проектот бидејќи недостига трасата од поврзување со Драчево и Радишани. Веќе вчера имав состанок со претставници од ЕБОР и ќе треба да се потпишат договорите помеѓу Градот Скопје, Министерството за транспорт и ...

Ред Бул и Рејсинг Булс ќе одржат заедничко претставување на своите автомобили за 2026 година. Болидите на двата формула 1 тима за следната сезона ќе добијат новите бои на каросеријата. Претходно беше објавено дека претставувањето на Ред Бул ќе се одржи на 15 јануари во Детроит, во седиштето на нивниот технички партнер, Форд. Сега е објавено дека и Ред Бул и Рејсинг Булс ќе ги претстават своите автомобили пред јавноста на овој настан. Ова ќе ...

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година претрпе убедлив од соодветната шведска селекција со 4:1. На дуелот одигран вечерва во Битола од 5. коло од Групата Е во квалификациите за Европското првенство, Македонците први дојдоа во водство со голот на Елези во 12. минута. За Шведска головите ги постигнаа Оморова (два), Сонко и Боудри. На табелата водат Полска и Италија со по максимални 12 бода, Црна Гора и Шведска имаат по 6, Македонија ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, изјави дека би претпочитал да го освои Светското првенство во 2026 година, отколку да освои уште една Златна топка. – Уште едно Светско првенство или уште една Златна топка? Уште едно Светско првенство. Да поседувам клуб или тренер? Би рекол да поседувам клуб, го цитира Меси, инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа „X“. Триесет и осумгодишниот Аргентинец освои осум награди „Златна топка“ во ...

Во новиот извештај на организацијата Фридом Хаус за слободата на интернет, Србија е означена како делумно слободна земја, што претставува пад во споредба со минатата година, кога беше во категоријата слободни земји. Одговорот на владата на повеќемесечните протести предводени од студентите доведе до промена на статусот, односно намалување на слободата на интернет во Србија, наведува Фридом Хаус во извештајот „Слобода на интернет 2025: Неизвесна ...

По еден советник од ГРОМ и од СДСМ му помогнале на ВМРО-ДПМНЕ да избере претседател на Советот на Општина Карпош од своите редови, вели советничката од „Независни за Карпош“, Татјана Стојановска, во објава на својот фејсбук-профил. На денешното гласање советниците го избрале Христо Саракинов, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, за прв човек на Советот. ВМРО-ДПМНЕ, иако победи во градоначалничката трка со кандидатот Сотир Лукровски и освои ...

Четирите јавни претпријатија во град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста директор. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ги соопшти нивните имиња. Во јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов кој ја извршувал оваа функција на почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, а во „Водовод и канализација“ Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела ...

За една недела се исчисти дел од коритото на Отовичка река која се влева во велешкото езеро Младост, а од вторник ќе се започне со чистење на крајбрежјето на езерото. Општина Велес ја продолжува соработката со ЈПВ „Лисиче“ кое стопанисува со акумулацијата и во наредниот период предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток на свежа вода како и ...

Вистинска драма се одвивала денеска во канцеларијата на директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица, откако, според нејзините тврдења, член на Училишниот одбор вербално и агресивно ја нападнал, по што била принудена да повика полиција. Поради претрпениот стрес, на директорката ѝ се влошила здравствената состојба, па интервенирала и Итната медицинска помош. Инцидентот, како што се наведува во писменото соопштение од директорката, ...

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени ...

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, повторно ја обвини власта за прикривање на одговорноста на цементарницата „УСЈЕ“ за загадувањето на главниот град. Таа на социјалните мрежи сподели видео старо од пред една година и порача дека „Обвинителството ја чува кривичната пријава во фиока“. -Со докази, кривичната пријава за УСЈЕ ја поднесов пред 3 години. Дали е приведен директорот на УСЈЕ за загадувањето на Скопје што го ...

Ниту едно евро од парите на европските даночни обврзници во иднина не треба да се испраќаат во Украина бидејќи „постои голема веројатност дека парите ќе отидат за финансирање на воената мафија, мрежата за корупција“, изјави денес шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. – Гледаме како европските пари неконтролирано течат во Украина. Гледаме дека овие пари можат да се потрошат за финансирање на воената мафија. Не е ни чудо што никој во ...

Интернет-страниците на неколку дански институции и компании од областа на одбраната беа мета на хакерски напад, соопшти денеска Службата за цивилна безбедност на Данска. Одговорноста за хакерските напади ја презеде проруската хакерска група „НоНејм057“ (NoName057). Според Службата, сајтовите биле мета на ДДоС напади. „НоНејм057“ на социјалните мрежи објави дека ги нападнала веб-страниците на одредени дански институции, меѓу кои и Министерството ...

Ерата на евтини онлајн нарачки од странство полека станува минато. Предлог-измените на Законот за данок на додадена вредност (ДДВ), со кои се укинува ослободувањето од данок за пратките со вредност до 22 евра, ја поминаа првата фаза на разгледување во собраниските комисии. Овој чекор значи дека предлогот на Владата е чекор поблиску до конечно усвојување на пленарна седница, што се очекува да се случи наскоро. „Основната причина за изменување и ...

Парламентот на Пакистан денеска изгласа уставен амандман со кој на шефовите на државата и армијата им се дава доживотен имунитет, што за опозицијата е „смртоносен удар врз демократијата“. Предлог-законот е усвоен со 64 гласови „за“ и без ниту еден „против“ во Горниот дом на Парламентот, а во Долниот дом доби 234 гласови „за“ и четири „против“. Со новиот закон, претседателот на Пакистан, Асиф Али Зардари и началникот на Генералштабот, фелдмаршал ...

Израелски доселеници запалија џамија во палестинско село на Западниот Брег преку ноќ. Тие, исто така, напишаа пораки на омраза на ѕидовите на џамијата. Инцидентот се случува кратко откако израелските власти го осудија неодамнешниот напад на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег. Беа запалени еден ѕид, најмалку три примероци од Куранот и неколку теписи во џамијата Деир Истија. Доселениците, исто така, напишаа пораки на ...

Француската полиција ослободи жена осомничена за учество во грабежот на Лувр. Таа ќе биде под судски надзор, соопшти денеска Канцеларијата на парискиот обвинител. Жената е едно од четирите лица кои се испитуваат за грабежот, во кој беше украден накит во вредност од 88 милиони евра од „Галеријата на Аполон“ во Лувр. На жената нема да ѝ биде дозволено да контактира со другите осомничени или да ја напушти Франција. Грабежот во Лувр се случи ...

– Германските власти приведоа маж во воз што патувал од Данска до Германија под сомнение за вмешаност во снабдување со оружје на палестинската исламистичка група Хамас, објави ДПА, повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на федералниот обвинител. Во текстот се наведува дека случајот е поврзан со апсењето на неколку други наводни членови на Хамас во последните недели. Човекот уапсен денеска ќе се појави утре пред судот во Карлсруе по ...

Парламентот на Бугарија денеска на прво читање изгласа родителите на деца до 12 години за време на летниот распуст да можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина. Предлог-законот за измена на Законот за работни односи беше поднесен од Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а беше едногласно одобрен со 181 глас „за“. Досега Законот за работни односи предвидуваше можност родителите на деца под осум години да имаат ...

Што се однесува до Коцевски, почекајте и ќе видите. Вака гласаше кусиот одговор на премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање што ќе се случува со државниот јавен обвинител, односно дали Владата ќе оди докрај со постапката за негово разрешување. За потестување, на почетокот на годината, Владата иницира постапка за разрешување на Коцевски од функцијата државен јавен обвинител, која беше прекината по пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во ...

Повик

19 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
94%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / -6ᴼ
1.54
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.25
91%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
1.03
99%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
84%
1026
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.13
91%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
96%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
81%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Платина

58054.69

Паладиум

50058.71

Рутениум

29192.88

Злато

138408.99

Калај

41.30

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.87

Бакар

10.87

Цинк

3.13

Сребро

2060.60

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42