Двајца американски војници загинаа, а еден се води како исчезнат по ирански напади во Јордан, потврди американската Централна команда, CENTCOM. Ова се првите американски воени жртви во конфликтот со Иран од март, во период на засилени тензии меѓу двете држави и нова ескалација во регионот. Во објава на социјалните мрежи, CENTCOM соопшти дека американските сили и нивните партнери на 17 јули одбивале ирански напади со балистички ракети и ...

Во денешната изјава, врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, предупреди дека САД ќе добијат лекција што никогаш нема да ја заборават ако продолжат со нападите врз Иран. Изјава што му се припишува на Хамнеи, кој не се појави во јавноста од почетокот на војната Иран-САД-Израел на 28 февруари, беше прочитана на иранската државна телевизија. Хамнеи изјави дека потписот на американскиот претседател Доналд Трамп на меморандумот за разбирање за ...

Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ и граѓани на Кочани денеска излегоа на 47. протестен „Марш за ангелите“ при што порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет туку 63 насилно згаснати животи, 218 повредени и болка на целиот град, објави „Гласно.мк“. Маршот започна од Паркот на револуцијата до зградата на Општина Кочани каде се сместени и просториите на Државниот пазарен инспекторат, потоа кон канцелариите ...

Унгарскиот претседател Тамаш Шуљок го потпиша 17-тиот амандман на Основниот закон на Унгарија, кој предвидува дека мандатот на сегашниот претседател завршува денот по стапувањето во сила на амандманот. Во видео објавено на социјалните мрежи, Шуљок изјави дека бидејќи претседателот не може да ги упати уставните амандмани на Уставниот суд за суштинска ревизија, тој нема уставни средства да го оспори сегашниот амандман, и покрај неговата ...

Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и упати критики до епидемиолошките служби поради, како што наведува, непостапување во ситуација со голем број заболени. Во објава на социјалните мрежи, Пановски наведува дека според негова проценка околу 1.500 лица се регистрирани со исти симптоми, а уште најмалку 5.000 граѓани не побарале лекарска помош. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 ...

„Скопје ја носи престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година. Орце Ѓорѓиевски, пак, решил таа чест да ја одбележи со билборд на кој речиси ништо не е скопско, историски веродостојно, архитектонски препознатливо и возможно. Со типичната арогантна самоувереност, градоначалникот се пофали дека градот го разубавувал со љубов, внимание и посветеност. Вниманието, очигледно, не стигнало до броењето на нозете на коњот, арките ...

Градоначалникот на Њујорк, Зоран Мамдани, изјави дека е во „активни консултации“ со Правниот оддел на градот Њујорк во врска со можноста за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во интервју за „Њујорк тајмс“, Мамдани рече дека неговата администрација сè уште размислува дали да го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку тој дојде во Њујорк на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во септември оваа ...

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, побара целосно расчистување на случајот со масовните стомачни тегоби во Гостивар, оценувајќи дека јавноста предоцна била информирана за состојбата и дека институциите мора да утврдат индивидуална одговорност. Таа наведува дека околу 1.200 жители на Гостивар, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош, а според објавата на министерот за здравство, првите случаи биле регистрирани уште на 13 јули. ...

Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. Институтот за јавно здравје истакнува дека е во постојана ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да одобри дополнителни средства за судството и обвинителството, оценувајќи дека судиите и обвинителите не ги заслужиле, сè додека не покажат подобри резултати во испораката на правда. Коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за состојбите во правосудството, Мицкоски рече дека станува збор за редовен извештај кој содржи и позитивни оценки и критики. -Од сите досегашни, ...

Лидерот на конзервативниот блок во германскиот Бундестаг и близок соработник на канцеларот Фридрих Мерц, Јенс Шпан, поднесе оставка по контроверзиите што ги предизвика неговата одлука да добие дете преку сурогат-мајка, се наведува во писмото на Шпан во кое увид имала агенцијата ДПА. Шпан и неговиот сопруг Даниел Функе во средата соопштија дека станале родители, откако сурогат-мајка во САД го родила нивниот син. Одлуката предизвика критики во ...

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб, додека Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици што се очекува околу 15 часот. Невремето го зафати јужниот дел на хрватската престолнина и околината во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи дел од возачите биле принудени да ги запрат своите возила, ...

МВР информира дека завчера попладне во 17:30 часот во СВР Скопје 20-годишна жена пријави дека околу 14:30 часот во продавница во трговски центар на подрачјето на Ѓорче Петров, додека пробувала облека во гардероба, забележала дека има човек качен на скала, кој ја гледал додека се пресоблекувала. Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С.(43) од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот МВР ...

Европската комисија во својот најнов извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта. ЕК наведува дека нема реформи има широко распространета корупција и проблематични тендери. Ова не е општа критика – ова е директна дијагноза на состојбата во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија под актуелната влада на ВМРО-ОКГ, изјави Богданка ...

Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеа од маларија, а германскиот Институт „Роберт Кох“ соопшти дека се претпоставува оти се заразиле преку каснување од комарец од родот *Anopheles*, кој пристигнал во Германија со авион. Сите четворица биле вработени во одделот за ракување со багаж на еден од најпрометните германски аеродроми, пренесува RTL Луксембург. Инцидентот предизвика загриженост дека би можело да се појават и други ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук информираше дека Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за граѓаните на Гостивар, поради сомнежите дека водата од градскиот водовод е причина за здравствените проблеми кај поголем број жители. „Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, каде поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод. Во ...

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и изминатите денови. – Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се на терен по сомневањата за загадување на водата во Гостивар, каде повеќе од 1.200 граѓани пријавија здравствени тегоби, нагласувајќи дека ќе се утврди кој ја донел одлуката што довела до ваквата состојба и дека ќе има одговорност. Тој рече дека во тек е испитување на мострите од водата, а случајот го води и Јавното обвинителство. „Во овој момент сите институции се на терен, ...

Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица. „Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на ...

Возач (25) од тетовско Требош е уапсен откако без возачка дозвола управуваше автомобил и предизвика сообраќајна несреќа на регионалниот пат кон селото. Несреќата се случи синоќа околу 22 часот, а учествуваа патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С. (80) од село Палатица. Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управуваше возилото без возачка дозвола, со што сторил ...

На социјалните мрежи е објавено видео од игралиште во населбата Мичурин во Скопје, на кое се гледа електрично сандаче од кое се пушта струјата за осветлувањето на игралиштето. На видеото се гледа дека иако сандачето е оградено, неговата вратичка е скршена, поради што малолетници можат сами да пристапат и да го вклучуваат и исклучуваат напојувањето. „Секоја вечер децата „палат и гасат“ светло на игралиштето во Мичурин. Решете го тоа со ...

„Подеднакво срамно е и нејзиното молчење за исклучувањето на жените од власта. При реконструкцијата на Владата, Влен, кој раководи со шест министерства, не успеа, ниту пак се заложи, барем една жена да биде именувана за министерка“, велат од партијата Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение упати обвинувања за непотизам и лицемерие кон потпретседателката на Влен, Мимоза Муса. Од опозициската партија нагласуваат дека сето ...

Фудбалскиот судија Славко Винчиќ од Словенија ќе го суди финалето на Светското првенство 2026 помеѓу Шпанија и Аргентина. Мечот утревечер се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а помошници на Винчиќ ќе му бидат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Словенечкиот весник Delo пишува дека главниот судија на финалето треба да заработи околу 60.000 американски долари за тој натпревар. Заработката на Винчиќ за целиот турнир може да ...

Левица соопшти дека информациите оти преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување, доколку тие наводи се потврдат. Од партијата посочуваат дека површинска речна вода не смее непосредно да се внесува во систем за вода за пиење, туку претходно мора да помине низ соодветен процес на прочистување, ...

Тогаш кога пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, извесна Лидија Петковска, за која никогаш никој не чул за неа, тогаш кога со презир и се обрати на Јована Тренчевска- “Скокаш како кокошка”, токму тогаш, дури тогаш, влезе во историјата на светската политика. Да се биде пратеник е функција пред сѐ на чест, на благородништво, на моќ и сила да ги застапувате интересите, соништата, идеалите и идеите на луѓето кои ве избрале за ваш лидер, застапник, ...

Оваа посета го одразува растечкото значење што двете земји си го придаваат една на друга. Исто така, испраќа јасна порака дека Индија ја гледа Северна Македонија како ценет партнер во Југоисточна Европа, додека Северна Македонија сè повеќе соработува со една од најдинамичните економии во светот – пишува амбасадорот на Индија во Северна Македонија, Арун Кумар Саху, во колумна за „360 степени Постојат моменти во дипломатијата што ги надминуваат ...

Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост, откако голем број граѓани побарале лекарска помош поради стомачни тегоби и симптоми кои наликуваат на труење. Според информациите од здравствените установи, во изминатите денови околу 1.200 лица, меѓу кои и деца, се јавиле во гостиварската болница. Во меѓувреме, надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се користи за пиење и подготовка на храна ...

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија. Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами. Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2. Во текот на кариерата работел и во Генералниот секретаријат на ...

Мајкл Рубин, американски претприемач чие богатство се проценува на 12 милијарди долари, објави „селфи“ на кое е во друштво на голем број ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот. Фотографијата, која веднаш по објавувањето привлече внимание ширум светот, е направена за време на фестивалот „Fanatix“, глобалната дигитална спортска платформа на Рубин. За да може „селфито“ да ја опфати оваа голема група луѓе, беше потребен некој со долги раце… ...

И покрај влошувањето на квалитетот на воздухот поради чадот од шумските пожари во Канада, финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство меѓу Шпанија и Аргентина ќе се игра според планот в недела од 21.00 часот, пренесува „ЕСПН“. И покрај влошувањето на квалитетот на воздухот во Њујорк, САД, поради чадот од големите шумски пожари во Канада, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не планира да го промени датумот на финалето на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
76%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35