Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Компјутерскиот техничар кој е осомничен за аферата во претседателскиот кабинет која како можен шпионски случај го истражува Обвинителството всушност бил пензионер кога било пријавено дека копира фајлови од компјутер во кабинетот. За Телма ова го потврдија два извори запознаени со проблематиката. Осомничениот бил припадник на елитната армиска специјална единица Волци каде бил подофицер надлежен за врски и комуникации во единицата. Бил ...
Заканата од експлозија на резервоарот со хемикалии, која можеше да доведе до загадување на воздухот во населена област во Калифорнија, е „елиминирана“, соопштија денеска противпожарните служби, пренесуваат светските агенции. И покрај тоа, околу 50.000 луѓе кои беа евакуирани сè уште немаат дозвола да се вратат во своите домови. – Заканата од експлозија е елиминирана – изјави во видеообраќање началникот на локалната противпожарна служба, Ти ...
Најмалку 15 лица се повредени, меѓу нив и две деца, откако трамвај излета од шините во центарот на Белград и удри во фасада и излог на објект во улицата „Книќанинова“. Од ГСП Белград соопштија дека првичните индиции укажуваат дека причина за несреќата најверојатно бил човечки фактор – неприлагодена брзина при минување низ свртница и непроверување на нејзината положба. Според информациите на српските медиуми, две лица, едно на 20 и едно на 60 ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица. – Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека земјите кои граничат со ДР Конго, каде што е жариштето на заразата, мора ...
Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка загуби од Холанѓанецот Јеспер де Јонг во првото коло на Ролан Гарос со 3:6, 6:3, 3:6 и 4:6. Мечот траеше 3 часа и 4 минути. Ова е последното учество на Вавринка на Отвореното првенство на Франција како играч. Четириесет и едногодишниот тенисер претходно објави дека се повлекува на крајот од сезоната 2026. Вавринка ја освои титулата на Ролан Гарос во 2015 година. Де Јонг ќе се соочи со Италијанецот Федерико ...
Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, ќе ја преземе функцијата тренер на Лацио, додека Маурицио Сари ќе ја преземе функцијата тренер на Аталанта, објави инсајдер Фабрицио Романо. Гатузо ќе биде назначен за тренер на Лацио во наредните денови. Четириесет и осумгодишниот тренер ја водеше италијанската репрезентација од јуни 2025 до април 2026 година. Тој поднесе оставка откако не успеа да се квалификува за ...
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека го смета својот тим за еден од фаворитите за претстојното Светско фудбалско првенство. Денес, Де ла Фуенте го објави конечниот состав за турнирот. – Се чувствуваме како фаворити и сме способни да го освоиме Светското првенство. Но, тоа не ни гарантира ништо, се разбира. Постојат и други тимови кои исто така се борат за трофејот. Имаме желба да се бориме храбро, но во фудбалот можеш да ...
Бројот на загинати во самоубиствениот бомбашки напад врз воз во југозападен Пакистан денеска порасна на повеќе од 30, откако претходно беше соопштено дека во експлозијата настрадале 24 лица, соопштија денеска пакистанските власти. Двајца покраински функционери во провинцијата Белуџистан, кои зборувале под услов да останат анонимни, изјавиле дека бројот на жртвите од нападот што се случи вчера пораснал на повеќе од 30. Нападот се случи кога ...
Фатмир Битиќи ја повика министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да се појави во Собранието и да даде одговори за задолжувањето од 260 милиони евра и новата Фискална стратегија 2027-2031. Во објава на социјалните мрежи, Битиќи праша дали министерката ќе дојде во законодавниот дом или повторно ќе објави „нов статус на Фејсбук за аргументирање на задолжувањето“. Тој најави и дополнително прашање за, како што наведува, можна нова ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио остро го критикуваше лидерот на исламистичката милиција Хезболах поради изјавата дека либанскиот народ има право да крене бунт против владата. Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, синоќа ја обвини владата дека не успеала да ја одбрани земјата во нејзиниот конфликт со Израел. – Народот има право да излезе на улиците и да ја собори владата. Ако оваа влада не е способна да воспостави ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во приватни разговори со соработниците изјавил дека Израел има многу ограничена можност да влијае врз донесувањето одлуки на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, во врска со Иран, додека Вашингтон води преговори за можен договор во војната која трае речиси три месеци, наведуваат две лица запознаени со разговорите. Изјавите на Нетанјаху, кои за некои светски агенции ги пренеле двајца израелски ...
Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди странците да го напуштат украинскиот главен град Киев. Министерството соопшти дека руските сили ќе почнат да вршат серија напади врз објекти на украинската одбранбена индустрија во Киев. Нападите ќе бидат насочени и кон центрите за донесување одлуки и против командните постови во градот. „Нападот на вооружените сили на Украина врз Старобелск ја прели чашата на трпението“, се вели во ...
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во интервју за неделникот ,,Фокус” зборува и за кочанската трагедија во која загинаа 63 деца, а над 200 беа повредени. ФОКУС: Одбраната во случајот за трагедијата во Кочани бараше ревизија на обвинението, на што им одговоривте дека тоа би можело да се случи по завршување на доказната постапка. Дали и вие се согласувате со постоечката правна квалификација, односно дека постои верижна одговорност и ...
Пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на ...
Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство, и во таа прилика изјави дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет. „Националните малцинства се вистинското богатство на ...
Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија.На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека не е реално да се соберат неколку стотици илјади луѓе во Славија, како што објави Архивата на јавни собири во саботата, и додаде дека тие шпекулации за бројот на присутни на протестот се исто така лаги и дека тие велат дека сè се базира на лаги. Во Пекинг, Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира шпекулациите за бројот на присутни луѓе на митингот во ...
Ноќеска во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале. По ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ упати остри критики до Владата и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, по најавите за законски измени со кои треба да се привлечат големи технолошки компании за изградба на дата центри за вештачка интелигенција (ВИ) во Македонија. Од иницијативата децидно порачуваат дека вакви објекти „не смее да има во државата“, обвинувајќи ја власта дека свесно ги премолчува катастрофалните ...
На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река”, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово На 24.05.2026 во 18:35 ...
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. По пријава од Клиниката приведена е нејзината мајка, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. – На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во белградската населба Дорчол, откако трамвај на линијата број 5 излета од шините на крстосницата меѓу улиците „Цара Душана“ и „Книќанинова“. Според официјалните информации од Првото основно обвинителство во Белград, во инцидентот се повредени вкупно 15 лица, вклучувајќи ги патниците и возачот на возилото. На местото на несреќата веднаш интервенирале пет екипи на Брзата помош кои им пружиле прва ...
Граѓаните со недели предупредуваа дека градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ во близина на Католичка црква, е небезбедно, а денеска дојде до сериозен одрон на земјиштето, објави 4news.mk Според очевидци, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето. На фотографиите се гледа огромна дупка, висечки кабли и оштетена инфраструктура, додека дел од коловозот и ...
Повеќе од десет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска во белградската населба Дорќол, кога трамвај излета од шините и удри во зграда на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“. Според првичните информации од местото на настанот, трамвајот требало да продолжи право по улицата „Цар Душан“, но под сè уште неутврдени околности продолжил кон спореден колосек, по што излетал од шините и удрил во објект покрај ...
Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј ...
Цените на нафтата забележаа значителен пад, додека прометот на азиските берзи е во пораст по најавите за можно постигнување договор со кој би се ставил крај на американско-израелската војна со Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата навечер дека договорот со Техеран е „во поголем дел договорен“ и дека деталите ќе бидат објавени наскоро, но веќе синоќа го повика својот преговарачки тим да не брза со конечниот договор, ...
Сопружници од Скопје викендот меѓусебно се пријавиле во полиција. – На 23.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека во 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 35-годишен сопруг, при што му возвратила. Подоцна, на 24.05.2026 во 01:00 часот, 35-годишниот маж пријави дека 23.05.2026 во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички ...
Соопштение на политичката партија ДУИ Веќе неколку дена директорот на НОМАГАС, Недим Рама, молчи наместо да ѝ објасни на јавноста како со плата на вработен во Општина Чаир, а подоцна и како советник на Изет Меџити, успеал да стекне огромен финансиски капитал, во недвижности и деловни активности. Освен немање одговори и транспарентност, јавноста досега не виде никакво образложение за имотот за кои поседуваме докази. Напротив, ВЛЕН пушта ...
Соопштение на СДСМ Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува до документите? Кога ќе бидат испратени? Повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ги испратија ...