Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине соработката со српската компанија „Памитекс тим“, која била задолжена за набавка на еднобојни униформи за специјалните полициски единици, најавил министерот Панче Тошковски во интервју за „360 степени“. Одлуката следува по извршена суперанализа во странство, која покажала дека доставените примероци не го исполнуваат квалитетот пропишан во тендерската документација. Покрај раскинувањето на ...
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на влезот во село Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење Потоа, возачот го насочил товарното возило кон полициските службеници и службеното возило, по што полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух. Возачот ги истоварил дрвата на улицата и со возилото се дал во бегство, ...
Повеќе лица загинаа во нападите на израелско-американските сили врз ирански бродови во близина на Ормуската Теснина, јавија денеска иранските медиуми. Како што се наведува, нападот на американските и израелските авиони се случил јужно од иранскиот остров Ларак во Ормуската Теснина и при тоа биле убиени неколку ирански државјани, пренесува Фарс Повеќе лица загинаа во нападите на израелско-американските сили врз ирански бродови во близина на ...
Полициски службеници од СВР Битола рано утринава го лишиле од слобода Т.С.(51) од Битола поради семејно насилство. Како што информира полицијата, на 25 мај 2026 година околу 04:30 часот, во семејниот дом во Битола, тој физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, при што користел и метални и дрвени предмети. По преземените мерки, од страна на судија при Основен суд Битола на осомничениот му е одредена мерка притвор. Полициски службеници ...
СВР Битола информира дека синоќа во Прилеп биле приведени осум лица по физички напад врз татко и син, кој продолжил и во Итната медицинска помош. Според полицијата, на 25 мај околу 22:15 часот на улицата „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Џ.У.(31), Џ.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден 17-годишен малолетник, сите од селото Пресил, крушевско, како и С.К.(52) и Х.К.(18) од селото Саждево, ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена. – Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по ...
„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“. – Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот збогатен ураниум ќе биде испратен во Соединетите Американски Држави на уништување или ќе биде уништен на друга локација, додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за завршување на војната со Иран. Збогатениот ураниум или „веднаш“ ќе биде предаден на САД и уништен таму, или ќе биде уништен на самото место или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша ...
Aдминистрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО). Како што објави „Си-Ен-Ен“, со тоа практично им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува американската телевизија, на вработени во Националниот институт за алергии ...
Легендарниот американски џез музичар Сони Ролинс, еден од највлијателните саксофонисти во историјата на џезот, почина на 95-годишна возраст. Ролинс почина во својот дом во Вудсток, Њујорк, објави неговиот портпарол. Тој го нарече „една од најпочитуваните и највлијателни личности во американската музика“. Причината за смртта не е објавена. Кариера што трае повеќе од шест децении Ролинс ја започна својата кариера кон крајот на 1940-тите, а во ...
Знам, премногу смело е да се обидеме да се гледаме, дури и низ поучна метафора, со очите на големите Свети Кирил и Методиј! Затоа што тие се светители кои својата животна задача ја извршувале исполнети и водени од Светиот Дух. А ние сме обични луѓе, преполни со предрасуди, водени од духот на нашето време, кој е многу далеку од оној на нивното време. Но, сепак, можеме да го ползуваме нивното дело како огледало – за да се видиме себеси како ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата, денеска во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и ...
Министерството за здравство на Шпанија денеска соопшти дека кај еден шпански државјанин, кој бил евакуиран од бродот „МВ Хондиус“, каде што избувна епидемија на хантавирус, е потврдено присуство на вирусот. Шпанските власти наведоа дека пациентот бил близок контакт, идентификуван преку епидемиолошки надзор покренат по првичното откривање на заразата на крузерот. „Засегнатото лице беше под клинички надзор и во изолација од моментот на ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се отпишуваат долговите на новите регрути за војната во Украина и на членовите на нивните семејства, соопшти Кремљ. Мерката е дел од напорите на Русија за зголемување на бројот на војници во конфликтот што трае повеќе од четири години. Според указот, лицата кои потпишале договор со руското Министерство за одбрана по 1 мај, како и нивните сопружници, можат да бидат ослободени од ...
Силен земјотрес со магнитуда од 6,9 степени според Рихтер го погоди Чиле, околу 30 километри источно од градот Калама на северот на земјата, соопшти Геолошки завод на САД. 🔴Impactante registro del #Temblor 6.9 en #Calama.@reddeemergencia @RNE_Alpha_8 @carlos_tmk @cleivamoris @djgraff_German pic.twitter.com/gv4XQTGFvN — Alejandro Alegria 🌴 (@alegriagonzaa) May 25, 2026 Потресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атакама. ...
Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји. Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле преземени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“. Портпаролот на CENTCOM изјави дека ...
Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најавува нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. Тошковски: И навистина сум крајно разочаран, крајно сум разочаран од она коешто беше како чекор преземен од страна на Јавното обвинителство не заради друго, заради тоа што овде има очигледна теорија на случај којашто можеби се граничи со теорија на заговор, како што кажавте и вие, од старт. Многу чудно зошто во овој временски ...
За разлика од обвинителството кое прави работи коишто не треба да ги прави, јас не сакам да си дозволам да влезам во фаза каде што навистина би направил нешто што не треба да се направи – рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање зошто Министерството за внатрешни работи, според ОЈО ГОКК, не одговара на наредбата и ургенциите од ОЈО ГОКК во случајот со јавната набавка за надзорот над изградбата на автопатиштата ...
Цените на нафтата на светските пазари денеска се пониски за речиси шест отсто, па меѓународниот референтен Брент (Brent) се движеше околу 98 долари по барел, а американската сурова нафта ВТИ (WTI) на ниво од 91 долар по барел. До падот дојде откако се зголеми оптимизмот дека САД и Иран наскоро би можеле да постигнат договор за ставање крај на конфликтот и повторно отворање на Ормуската теснина, пренесува Трејдинг економикс (Trading ...
Тошковски беше прашан дали се потребни два месеци за да се обезбедат копии од видеонадзорот од кабинетот на шефот на државата. Тошковски: Прво, пак ќе повторам, не ми е јасно зошто јавното обвинителство во овој случај оди со такви детали во јавноста. Во оваа фаза од постапката. Тоа не ми е јасно. Второ, она што јас го кажав, а е во согласност со сето она што сме го работеле во минатото, е дека станува збор за еден прекраток временски период ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина постигнала мал напредок во преговорите со САД за проширување на производството на системи за противракетна одбрана и оти работи со Европа за решавање на ова прашање. – За жал, веќе подолго време нема напредок со Америка во однос на проширувањето на производството на противбалистички ракети. Се обидуваме да ја забрзаме оваа работа во Европа, со производство на наши сопствени ...
Во Франција продолжува топлотниот бран кој главно го засегна западниот дел на земјата и парискиот регион. За утре е издаден портокалов код за опасно топло време за 8 департмани. Денеска 18 департмани во Западна Франција и во областа на Париз беа под жолт код за високи температури. Метеоролозите предупредуваа дека денеска температурите би можеле да достигнат 35 Целзиусови степени во Бретања, а 36 и 37 Целзиусови степени во јужниот дел на ...
Милан попладнево преку својата официјална веб-страница го објави заминувањето на главниот тренер Масимилијано Алегри и раководството на клубот. Покрај тренерот, оставки поднесоа и извршниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Џефри Монкада. Сопствениците на Милан, фирмата за приватен капитал „RedBird Capital Partners“, им се заблагодарија на секој од нив за нивната напорна работа и посветеност на ...
Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при што веднаш се изречени најстроги ...
Најмалку 15 лица се повредени, меѓу нив и две деца, откако трамвај излета од шините во центарот на Белград и удри во фасада и излог на објект во улицата „Книќанинова“. Од ГСП Белград соопштија дека првичните индиции укажуваат дека причина за несреќата најверојатно бил човечки фактор – неприлагодена брзина при минување низ свртница и непроверување на нејзината положба. Според информациите на српските медиуми, две лица, едно на 20 и едно на 60 ...
– Во Лондон денеска е регистриран најтоплиот мајски ден во историјата, откако на аеродромот Хитроу беше измерена температура од 33,5 степени Целзиусови. Со ова е надминат претходниот рекорд од 32,8 степени Целзиусови, што беше највисоката температура измерена во мај, пренесува Скај њуз. Највисоката дневна температура е забележана откако во текот на претходната ноќ беше измерена и највисоката мајска ноќна температура во земјата во изминатите ...
Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од ...
СДСМ денеска на прес конференција ги посочи лагите на Христијан Мицкоски за економијата и животниот стандард, откако, како што тврди партијата, премиерот пред изборите ветувал подобар живот, повисоки плати и економија во која „ќе биде многу подобро“, а сега граѓаните, според нив, живеат потешко и едвај врзуваат крај со крај. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, порача дека Мицкоски ги излажал ...