Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Белград на големиот студентски протест против власта на Александар Вучиќ, организиран под слоганот „Студентите победуваат“. Иако собирот на плоштадот Славија започна мирно, вечерта дојде до сериозни инциденти пред српскиот парламент и кај Пионирскиот парк, каде што одекнуваа експлозии, се фрлаа бакљи и интервенираше Жандармеријата. Студентското движење ги повика граѓаните на Србија на голем ...
„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии поради неправилности во работењето му ја одзеде лиценцата за работа, пишува „Фактор“. Финансиското друштво, зад кое стојат сопственици од Бугарија, ги затвора своите 40-тина филијали низ земјата, а исто така околу 120-тмина вработени добиле известување дека работењето е прекинато. Единствено „Креди Јес“ ќе има право како понатамошна активност да ги наплаќа ...
Повреден планинар денеска беше успешно спасен на планината Кораб, откако преку Единствениот број за итни повици 112 била пријавена несреќата. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, планинарот поради повредата не бил во состојба самостојно да се движи. По добиената пријава, РЦУК Тетово веднаш координирал акција со СВР Тетово, Полициската станица Маврово и ЈП „Национален парк Маврово“, со цел брза интервенција на терен. ...
Градоначалникот на Битола најавува дека доколку директорката на училиштето каде без договор работел наставник згрешила, таа ќе одговара. ,Почитувани, Сакам да ја информирам јавноста дека внимателно ги следам случувањата со наставникот од ОУ „Тодор Ангелевски“ кој денеска преку медиуми информираше за неговиот случај со работното ангажирање. Дадов налог до општинскиот инспектор за образование да ги провери наводите изнесени од страна на ...
Додека полицијата излезе со официјална бројка од околу 34.300 присутни на протестот во Белград, од Архивот за јавни собири истакнуваат дека снимките укажуваат на еден од најголемите студентски протести досега, каде што бројката би можела да надмине 100.000 луѓе. Директорот на полицијата на Србија, Драган Васиљевиќ, изјави дека собирот е навремено пријавен од страна на студентите и дека полицијата внимателно ја следела состојбата на терен: ...
Академикот и професор на Хемискиот факултет, Радомир Стаичиќ, на протестот на плоштадот Славија во Белград остро ја критикуваше српската власт, обвинувајќи ја дека го урива правниот поредок, универзитетите, културата и достоинството на граѓаните. „Србија и понатаму робува на бахата и дрска власт која го уништува правниот поредок, Универзитетот, културата, екологијата и земјоделството, а воздухот, шумите и полињата ги претвора во депонии“, ...
„ДУИ е последната партија што може да зборува за српско влијание. Тоа се луѓето кои го донесоа Отворен Балкан во Северна Македонија, проект кој му служеше на Вучиќ, го заобиколи Косово и се обиде српската доминација во регионот да ја продаде како „економска соработка““, велат од ВЛЕН. „Затоа, наместо да прават политички циркус со обвинувања кон ВЛЕН, ДУИ нека ги запре хистериите и јавно нека одговори за своите политички врски и пријателства ...
Автомобил удри во велосипедист кај Мавровка, потврдија од МВР за „Фокус“. Денеска (23.05.2026) во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(52) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(66) од Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. ...
Иран соопшти дека нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка што ја подготвува за ставање крај на војната со САД. – Во оваа фаза нема да разговараме за деталите од нуклеарното прашање … одлучивме да му дадеме приоритет на едно итно прашање за сите нас: прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, за државната телевизија. Тој додаде дека нуклеарното ...
Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. –Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и ...
По повеќе од 50 години присуство на германскиот пазар, руската автомобилска марка Lada Automobile GmbH ја прекинува својата работа во Германија. Компанијата „Lada Automobile GmbH“, со седиште во германскиот град Букстехуде, која беше официјален увозник на руските автомобили Лада, поднесе барање за стечај поради финансиски проблеми. Бидејќи компанијата не успеала да пронајде нов инвеститор, со ова завршува повеќе од петдецениското присуство ...
Во Бангладеш, оваа година од потврдени случаи на сипаници починале најмалку 86 деца, а се сомнева дека болеста предизвикала уште 426 смртни случаи, соопштија здравствените власти. Земјата се соочува со една од најтешките епидемии на сипаници во последните неколку децении. Според податоците на здравствените служби, од 15 март до 23 мај биле регистрирани повеќе од 62.000 сомнителни случаи, додека лабораториски биле потврдени 8.494 инфекции. ...
Иран, САД и Пакистан соопштија дека е постигнат одреден напредок во преговорите за ставање крај на речиси тримесечната војна. Иранското Министерство за надворешни работи објави дека Техеран е фокусиран на финализирање меморандум за разбирање, по средбите меѓу главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф, шефот на дипломатијата Абас Аракчи и началникот на пакистанската армија, Асим Мунир. Пакистанската армија соопшти дека разговорите во ...
За време на прошетка низ шума во берлинската населба Панков, еден граѓанин пронашол сомнителен предмет, по што полицијата открила дури 59 неексплодирани гранати од времето на Втората светска војна. Специјалните единици на германската криминалистичка служба пронашле закопана муниција со вкупна тежина од околу 1,5 тон. Станува збор за советски гранати со калибар од 122 милиметри, кои останале во земјата уште од воениот период. Од берлинската ...
EMSC попладнево првично објави информација за земјотрес во североисточниот дел на Македонија, во близина на Куманово. Според прелиминарните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил регистриран околу 17:41 часот по локално време, на околу 10 километри североисточно од Куманово. Во моментот на првата објава магнитудата сè уште не била утврдена, по што подоцна беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 3.5 ...
Како неосновани и паушални ги оцени Министерството за транспорт и врски денешните обвинувања од СДСМ, објавувајќи ги јавно деталите и конкретните суми од четирите пристигнати понуди за електричните автобуси. Од институцијата посочуваат дека иако меѓународниот јавен повик на крајот пропаднал, целиот процес на евалуација бил спроведен строго според законските процедури во земјава. „Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на ...
Нов бран на атмосферска нестабилност попладнево го зафати Скопје и повеќе делови од државата, носејќи пороен дожд, силни налети на ветер и грмежи. Во Скопската Котлина веќе се активни врнежи проследени со засилен северен ветер, а во делови од градот се регистрираат и ретки електрични празнења. Според метеоролозите, условите во Скопје во текот на попладневните и вечерните часови дополнително ќе се влошуваат, со можност за интензивно невреме, ...
Земјотрес со проценета јачина од 4.1 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Велес, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните кои го почувствуваа потресот. Потресот бил краткотраен, но доволно силен за да се почувствува во домовите, при што дел од жителите изјавија дека забележале тресење на мебелот и благо нишање на објектите. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица Извор: прв.мк Земјотрес со ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во Евроазија веќе е во тек „војна во полн ек“, оценувајќи дека локални конфликти се шират во различни делови од светот. Според неговите зборови, конфликтот во Украина е дел од поширока геополитичка конфронтација, за која тој го обвини Западот дека ја „оркестрирал агресијата“ со цел да ја ослаби Русија и да ја истисне од редовите на клучните глобални играчи. Лавров додаде дека се ...
Студентското движење ги покани граѓаните на Србија на голем протестен митинг денес на плоштадот Славија во Белград, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, која бара одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Собирот почна од 13 часот на четири локации во Белград, а протестот кај Славија е закажан од 18 до 20 часот, објавија студентите на Инстаграм. Граѓански собири се одржуваат денес во Белград на четири ...
Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и поткуп на политичари. „Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,Novomatic AG”, која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата. Додека македонските граѓани тонат во сиромаштија, фирмите поврзани со австриската ,,Novomatic” ...
Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации кои работат на областа, како и здравствени ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП. – Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата центрите стануваат нивна ...
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека денеска остварил телефонски разговор со словенечкиот премиер Јанез Јанша, при што му упатил честитки за изборот и формирањето на новата влада во Словенија. Во објавата на својот Фејсбук профил, Мицкоски посочува дека на Словенија ѝ посакал стабилност, напредок и успешна работа во периодот што следи. Тој истакнува дека во разговорот била потврдена заедничката заложба за ...
Поранешниот возач на Формула 1 и четирикратен светски шампион Алан Прост бил мета на вооружени разбојници во својот дом во швајцарскиот град Нион, при што се здобил со повреда на главата. Според информациите, напаѓачите упаднале во куќата во утринските часови и принудиле еден од неговите синови да отвори сеф. Вредноста на украдените предмети засега не е соопштена, но се претпоставува дека станува збор за голема сума. Истражителите наведуваат ...
Синот на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, Огнен Пендаровски, е добитник на признание за најдобро дипломиран студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Информацијата беше споделена преку објава на Факултет за електротехника и информациски технологии по повод свеченостите за 77-годишнината од основањето на УКИМ и одбележувањето на 24 Мај – Денот ...
Студентското движење во Србија денеска го започна големиот протестен собир во Белград под слоганот „Студентите победуваат“, со јасна порака:барање за предвремени парламентарни избори и демократизација на државата. Илјадници граѓани од повеќе српски градови уште од пладневните часови се собираат на улиците на српската престолнина, а централниот протест е најавен на плоштадот Славија од 18 до 20 часот. Колони студенти и граѓани од Шабац, Кула и ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања за корупција и нерегуларности во постапката за набавка на нови автобуси за потребите на главниот град. Фрчкоски покажа документ за кој тврди дека е официјална претставка до Министерството за транспорт која директно ја потврдува нивната теза за фаворизирање на одредена компанија блиска до унгарските власти. „Додека граѓаните со часови чекаат по ...
Буџетот е пред колапс и нема пари за повисоки плати, пензии и антикризни мерки, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во партиското седиште. Оценувајќи ја состојбата во економијата како сериозно влошена, тој ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека не успеала да обезбеди подобар животен стандард за граѓаните. „Со Мицкоски на власт се случува економска катастрофа. Нема пари за зголемување на ...
Обилните дождови што ја зафатија Бугарија предизвикаа сериозни поплави и вонредна состојба во повеќе региони, откако неколку реки излегоа од своите корита и поплавија куќи, дворови, улици и индустриски зони. Најкритична е состојбата во Велико Трново, Габрово, Априлци и Севлиево, каде властите прогласија вонредна состојба поради интензивните врнежи. Реката Јантра во текот на ноќта се излеала од коритото, при што биле поплавени бројни објекти ...