Украина повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по масовните руски воздушни напади, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Во соопштение објавено на Х, Сибиха исто така побара „соодветен и силен одговор за агресорот“ по ноќните напади, чија главна цел беше регионот на Киев и во кои беше употребена балистичка ракета со ...

Автобус и автомобил марка „сеат“ се судрија на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Според поставеноста на возилата по несреќата, можно е автомобилот да влегол и да се движел во обратна насока, но официјална потврда за причините за судирот засега нема. Очевидци велат дека на местото на несреќата биле забележани оштетувања на двете возила, а засега нема информации за повредени лица. Повеќе детали за сообраќајната несреќа ...

Кусо пред почетокот на финалето на Евролигата меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид во Атина, грчката полиција при контролите за влез во салата, досега уапси 12 лица и приведе 16 навивачи на атинскиот тим, јави дописничката на МИА од Атина. Од уапсените, девет лица се поради поседување дрога, еден бил со димна бомба, еден пружал отпор кон полицијата, а едно лице се обидело да влезе со фалсификувана акредитација. Паралелно приведени се и 16 навивачи ...

Последното коло во Премеир лигата не донесе изненадување откако најголемиот дел од позициите кои носат пласман во Европа беа познати, а Тотенхем избори опстанок – додека Вест Хем испадна. Последното коло мина во знакот на потврдата на шампионскиот трофеј на Арсенал, 21.та асистенција на Бруно Фернандеш за Манчестер Јунајтед (рекорд), заминувањето на Мохамед Салах и Енди Робертсон од Ливерпул, како и победата на Тотенхем за опстанок во Премиер ...

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција денеска во тетовско сопреле автобус „мерцедес“ сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Германија-Македонија. Според информациите од МВР, автобусот бил управуван од 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште. При прегледот на автобусот, во приколката биле пронајдени повеќе канти за кои, како што соопшти ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник. Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен прекин на иранската нуклеарна програма и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговорите со Иран за ставање крај на војната напредуваат, но оти им рекол на своите преговарачи да не „брзаат“ за да направат договор кој би бил неповолен за Вашингтон. Ова следува откако Трамп вчера изјави дека рамковниот договор за завршување на војната е „во голема мера договорен“, вклучително и повторното отворање на Ормуската Теснина. „Преговорите се одвиваат на уреден и ...

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен Балкан. Извештајот го пренесуваме во целост: Промовирањето на стабилноста и унапредувањето на економските интереси на САД во Западен Балкан ги прави Соединетите Држави побезбедни, посилни и попросперитетни. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска искажа став за протестите на студентите кои бараат да полагаат правосуден испит на албански јазик и нагласи дека, колку и да има политика и интереси во наметнувањето на темата со употреба на јазиците при полагање на правосудниот испит, тој е подготвен за разговор, но само ако се постават низ правилната призма. „Заинтересиран сум и подготвен сум да помогнам во секој процес кој ќе значи подобро и посилно ...

На 24.05.2026 околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, при гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, На 24.05.2026 околу 04:05 ...

Ништо друго не прави ама затоа врти-сучи Мицкоски постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Ненад Ало Савески. Како што му диктираше насоки по телефон, како што му делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија, сега нова наредба од Мицкоски до Ало Савески. На празник, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Трпението му било на крај, вели Мицкоски, во последната скандалозна нарачка. Има ли ...

Борбата против корупцијата, Обвинителството, патот кон ЕУ, образованието, протестите на студентите Албанци да полагаат правосуден испит на албански јазик беа дел од темите во денешниот говор на премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј , 24 Мај, во црквата „Света Софија“ во Охрид. Премиерот рече дека го разбира незадоволството и ...

Организацијата „Архива на јавни собири“, која го евидентира бројот на присутни на собири објави дека на синоќешниот протест„Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ имало помеѓу 180 000 и 190 000 присутни. Како што се наведува во нивната објава на Икс, проценката се базира на измерената површина од 107 илјади квадратни метри и коефициентот на просечна густина од 1,7 лица на квадрат. Според нив, станува збор за втор најголем протест ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен жител на Битола, поради основано сомнение дека сторил кривични дела телесна повреда и противправно лишување од 140 слобода. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, кога осомничениот противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Настанот ...

Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) ...

Додека јавноста сè уште чека одговори за тоа како директорот на НОМАГАС, Недим Рама, од рент-а-кар бизнис стигна до луксузни апартмани во Маврово, а притоа нема пријавено никаков имот до ДКСК, денеска отвораме уште едно важно прашање – медиумско-бизнис мрежата која стои зад промоцијата и заштитата на овој капитал, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Да потсетиме, според јавно достапните документи и имотни листови, ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по ...

Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е да се создава магла. Наместо дебата со факти, дел од таканаречените „еко-активисти“ продолжуваат со кампања на страв, навреди и дискредитации кон секој што ќе се осмели да постави прашање дали Македонија треба да ги користи сопствените природни ресурси. Па дури и кога прашањето на маса го става највисока научна институција во Македонија – МАНУ. Сега и на академците кои ја работеле ...

Неколку стотици граѓани ги носеа слоганите „Ние сме Вучиќ“, „Куманово за Вучиќ“ и „Скопје за Вучиќ“, знамињата на Србија и Северна Македонија за време на протестот во саботата. Медиумите кои се симпатизери на властите во Србија известуваа за „прекрасни сцени“ и зборуваа за „геополитичката тежина“ на овој собир. Македонската опозициска партија, СДСМ, тврдеше дека владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, стои зад настанот и дека собирот бил ...

Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската унија но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. – Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ...

Тие почнаа да аплаудираат. Новоизбраниот премиер на Унгарија, Питер Маѓар, штотуку ги даде своите први интервјуа за државните медиуми (и за радио и за телевизија), три дена по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори на 12 април. Додека Маѓар ја напушташе зградата на студиото, вработените во холот почнаа да аплаудираат. Како одговор, тој кратко им порача дека државните медиуми ќе бидат водени на начин каков што ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода. Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Синоќа во 23:35 часот ул.„11 ...

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на Фејсбук, директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски. Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, Ивановски порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град. – Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека во текот на денот е можна официјална објава во врска со напредокот на мировниот договор со Иран, со кој и формално би можела да се стави крај на војната на Блискиот Исток. – Многу е веројатно дека светот во следните неколку часа ќе добие добри вести – истакна Рубио пред новинарите за време на неговата прва официјална посета на Индија. Тој нагласи дека со новиот договор, кој во ...

Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна – секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик. Народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што се одржува во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители. Од црквата „Света Софија“ каде се одржува свечената академија ...

Бројот на комерцијални бродови кои транзитираат низ клучната Ормуска Теснина ќе се врати на нивото од пред војната во рок од 30 дена по евентуалното потпишување на договорот меѓу Иран и САД, објави полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“. Согласно предвидениот меморандум за разбирање меѓу двете спротивставени страни, поморската блокада мора целосно да биде укината во овој едномесечен рок, пренесува Ројтерс. Агенцијата „Тасним“ ...

Приведено е едно лице од беровското село Двориште кај кое биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Лицето е приведено во Струмица ноќеска во 02 часот. – Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е ...

Под силни безбедносни мерки, со организиран транспорт на навивачите на Олимпијакос и Реал Мадрид кон салата „Телеком центар“, вечерва во Атина ќе се одигра финалето на Евролигата, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека се ажурирани мерките во пресрет на финалниот натпревар, а и овој пат посебен акцент е ставен на целосно раздвојување на навивачите, исто како и за полуфиналните натпревари во петокот, планирано е ...

Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и наука по повод Денот на сесловенските просветители. Продолжувајќи ја нивната мисија, посочуваат од МОН, обврска е да се ...

Најмалку четири лица загинаа при синоќешниот масовен руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев и неговата околина, соопштија локалните украински власти. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потврди дека две од жртвите се регистрирани во самата престолнина, додека началникот на Киевската обласна воена администрација, Микола Калашник, информираше за уште двајца загинати во поширокиот регион на Киев. Кличко преку Телеграм соопшти дека ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
91%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
71%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
85%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Цинк

0.00