Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес Парила, синоќа пред Советот за безбедност на ОН ја повика меѓународната заедница да се мобилизира за да спречи, како што рече, хуманитарна катастрофа во Куба. Тој истакна дека земјата се соочува со тешка економска ситуација и обвини дека кризата е последица на американската блокада и енергетските ограничувања. „Ги повикувам меѓународните актери да се мобилизираат за да се спречи ...

НАСА објави нови детали за роботските лендери, беспилотните летала и возилата што планира да ги испрати на Месечината како дел од изградбата на постојана лунарна база. Меѓу компаниите избрани за развој на технологијата е и Блу ориџин, вселенската компанија на Џеф Безос, објави Би-би-си њуз. Соединетите Американски Држави сакаат повторно да испратат астронаути на Месечината пред крајот на мандатот на Доналд Трамп во 2028 година, додека ...

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...

Експлозијата на опасни супстанции во фабрика за хемиска преработка и производство на амбалажа во американската држава Вашингтон одзеде неколку животи, додека најмалку 10 лица се повредени, според американските служби. Инцидентот се случил околу 7:30 часот по локално време во фабриката на Nippon Dynawave Packaging Co, соопшти противпожарната служба Лонгвју. Експлозијата се случила по пукањето на резервоар што содржел бел алкохол, соопштија ...

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, побарал од САД да ја евакуираат својата амбасада во Киев, за време на телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Според соопштението, Лавров се повикал на претходната препорака на Москва упатена до САД и другите држави кои имаат дипломатски мисии во украинската престолнина, да преземат мерки за евакуација на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека завршил шестмесечен систематски преглед и изјави дека резултатите покажуваат дека неговата здравствена состојба е „совршена“. „Тукушто го завршив мојот шестмесечен рутински преглед во Воениот медицински центар „Волтер Рид“. Сè помина совршено.“ Благодарение на одличните лекари и персонал, се враќам во Белата куќа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа True Social. За време на посетата ...

Дванаесетгодишно момче утрово било двапати избодено во градите во својот дом во Санита, во близина на Неапол, Италија. Според првичните резултати од истрагата на италијанските медиуми, момчето било повредено од својот татко, веројатно за време на жестока семејна расправија. Откако го нападнал детето, таткото се обидел да си го одземе животот прободувајќи се во преdelот на грлото и лицето. Во обид да го спаси својот син од нападот, повредена ...

Опозициската СДСМ упати критика до премиерот Христијан Мицкоски по неговата денешна изјава, оценувајќи дека неговата порака до граѓаните дека „Владата е подготвена да ја плати цената“ е всушност признание дека тој не сака членство во Европската Унија. Од партијата нагласуваат дека по претходната најава од премиерот дека за ЕУ „ќе се чека со децении“, денешната изјава дополнително потврдува дека граѓаните, нивните семејства и деца ќе станат ...

Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, пристигна во Џеда, Саудиска Арабија за реализација на петтиот столб од исламот – аџилакот. Претседателот Бегај беше пречекан на меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ од принцот Сауд бин Абдула бин Џалави, гувернер на Џеда, како и други саудиски функционери. Тој е еден од над 1,5 милиони аџии од целиот свет кои веќе се пристигнати во Саудиска Арабија за ритуалите на хаџот. Тој по завршување на сите ...

На меѓународните берзи денеска е регистриран раст на цената на нафтата по новиот американски напад врз Иран. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше 104,56 долари, што е за 4,21 долари повеќе во споредба од вчера. Додека на американската берза цената на нафтата се намали за 2,24 долари и барел се тргуваше за 94,36 долари. Американската берза вчера беше затворена поради празник. На меѓународните берзи денеска е регистриран ...

e Македонија се наоѓа меѓу послабо рангираните европски држави според перцепцијата на граѓаните за квалитетот на здравствениот систем, покажува „Numbeo Health Care Index 2026“. Според објавената ранг-листа, Македонија има индекс од околу 55 поени и е сместена во долниот дел од европската табела, заедно со држави како Босна и Херцеговина, Украина и Романија. На листата, како земји со најдобар здравствен систем според перцепцијата на ...

„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме цената“ што нема да станеме членка на Унијата. Нема поголемо признание од ова дека Мицкоски не сака членство во ЕУ. Како што кажавме. Граѓаните се заложници на криминалот и корупцијата на Мицкоски и неговиот страв од одговорност. Граѓаните ќе ја платат цената, нивните семејства и нивните деца. Најскапата цена ја платат младите ...

Реконструкција на Владата во текот на јуни е начелно договорена, но конкретните детали и распределбата на ресорите сè уште не биле предмет на разговор со премиерот Христијан Мицкоски. Ова денеска го изјави копретседателот на Влен и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, по отворањето на затворениот базен во населбата Топаанско Поле. „Со премиерот, со владиниот партнер, само начелно разговаравме и договоривме дека ќе има реконструкција. ...

Во рамките на концертна програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, сцената на „Античкиот театар„ во Охрид ќе ги отвори вратите за една од најголемите македонски рок групи, АРЕА која на 31. јули (петок) ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под отворено небо. Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за нивната многубројна публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат ...

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека од 15 јуни 2026 година лентите означени за MTAG на наплатните станици ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски тагови. Со новите оперативни измени, наплатата со MCard на овие ленти целосно се укинува. Од ЈПДП појаснуваат дека корисниците кои користат MCard ќе треба наплатата да ја вршат на останатите достапни ленти на патарините, согласно нивната намена. Претпријатието ...

Поранешниот светски рекет број еден, а во моментов осморангиран на АТП листата, Данил Медведев, веќе на стартот го заврши настапот на вториот грен – слем турнир оваа сезона, откако попладнево во воведното коло на Ролан Гарос загуби од Адам Волтон од Австралија во пет сетови. Во дуелот против Волтон (АТП-97), кој настапува на Ролан Гарос во вајлд-карта, Медведев два пати го израмнуваше водството на противникот, но беше немоќен во решавачкиот ...

Иранските државни медиуми денеска ги објавија црвените линии Техеран во преговорите со САД. Тоа се нуклеарната програма, Ормуска Теснина и замрзнатите средства. Иранската новинска агенција (ИРНА) наведе дека „инфраструктурата на иранската нуклеарна програма“ не е предмет на компромис. Иран поседува речиси 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Техеран тврди дека е за мирнодопски цели. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ...

Меланија Трамп не присуствуваше на луксузната свадба на Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон која се одржа изминатиот викенд на Бахамите. Иако официјално не се соопштени причините, упатени извори тврдат дека нејзиното отсуство е резултат на долгогодишната дистанца со децата на американскиот претседател од неговите претходни бракови Инсајдер за веб-страницата Naughty But Nice на Роб Шутер открива дека односите во семејството се затегнати ...

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) денеска на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии. На седницата за нов член во постојаниот (работен) состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик митрополитот Европски г. Пимен. „Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – ...

Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Возачот и совозачот по несреќата биле ...

Германската политичарка и долгогодишна поранешна европратеничка Дорис Пак упати остра критика кон новата бугарска влада и нејзиниот однос кон Македонија, оценувајќи го како неодговорен и спротивен на европските Пак реагира во коментар на ставот на поранешниот германски министер за Европа, Михаел Рот, кој остро ја критикува Бугарија поради нејзиниот однос кон Македонија и блокадата на нејзиниот европски пат. „Глупавото попречување на патот ...

Соопштение на Левица ❗️Поранешен советник и партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминалот со фирмата за надзор над „Бехтел и Енка“ – истиот проект што Мицкоски додека беше во опозиција го нарекуваше историски криминал и „ПЉАЧКА на народот“ и ветуваше дека ќе го расчистува. ⚠️Истражувањето на медиумот ,,360 степени” откри дека во сопственичката структура на поранешната „Електра Солушнс“ (денес преименувана во „Аксион“) без никаков ...

По повод утрешниот празник Курбан бајрам, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Шаќир Фетаи. – Со желби возвишениот Алах да ги прими нашите жртви, курбани и молитви, наградувајќи нè со Неговата милост и безгранични благодати, денес, со срце и душа, го очекуваме големиот празник Курбан бајрам, празник што го означува извршувањето на обврската хаџ, обврската на принесување курбан, како и деновите ...

Нашата статегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нам. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме е Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од една земја – членка на ЕУ се наша препрека, ова што одамна го залуживме ќе се одалечува, но ние не губиме надеж и енергија, туку напротив ќе продолжиме ...

Соопштение на Левица ❗️Поранешен советник и партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминалот со фирмата за надзор над „Бехтел и Енка“ – истиот проект што Мицкоски додека беше во опозиција го нарекуваше историски криминал и „ПЉАЧКА на народот“ и ветуваше дека ќе го расчистува. ⚠️Истражувањето на медиумот ,,360 степени” откри дека во сопственичката структура на поранешната „Електра Солушнс“ (денес преименувана во „Аксион“) без никаков ...

Првиот смртен случај од дифтерија во последните десет години е регистриран во Австралија, а земјата истовремено се бори со најлошата епидемија на оваа заборавена болест во поновата историја, пишува BBC. Министерството за здравство прогласи епидемија уште во март, откако случаите се проширија во Западна Австралија, Јужна Австралија и Квинсленд. Бројот на пациенти почна да се зголемува кон крајот на 2025 година, а во февруари забележа ...

Независниот синдикат на професионални војници упати сериозни обвинувања кон Министерството за одбрана, тврдејќи дека јавните изјави на министерот Владо Мисајловски за почитување на Колективниот договор и намалување на бројот на тужби не одговараат на реалната состојба. Претседателот на синдикатот, Александар Насковски, тврди дека според податоци од Државниот завод за ревизија за 2024 година биле евидентирани 1.221 нови тужби против ...

Фатмир Битиќи обвини дека министерката за финансии повторно избегнала дебата за економската состојба во земјава и побара директно соочување околу економските политики. „Денес дојдов во Собранието за конечно да се соочиме со министерката за финансии, но таа повторно избега од дебата за реалната економска состојба во државата“, напиша Битиќи. Пратеникот од СДСМ порача дека се извинува што ја „вознемирува додека е на патување“, но оцени дека, ...

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.36
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.29
81%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
70%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.7
92%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.24
75%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
66%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
61%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.68
70%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
58%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.82
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Калај

53.60