Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Скопје би можело повторно да добие современ саемски комплекс, откако Владата најави дека е пронајдена локација за изградба на нов саем, кој ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, информираше дека веќе се работи на проектот и дека наскоро треба да следуваат разговори со потенцијален приватен инвеститор. Иако не ја откри точната локација, Томовски посочи ...
Само десетминутна прошетка по појадокот може значително да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта кај лицата со дијабетес, покажуваат најновите препораки на здравствените експерти. Според стручњаците, физичката активност веднаш по оброкот е особено ефикасна бидејќи му помага на организмот побрзо да ја искористи гликозата како извор на енергија, наместо таа да остане во крвотокот и да предизвика нагло зголемување на шеќерот. ...
Од МВР ги информираат граѓаните дека ,,Одобрение за патување во странство за малолетни деца”, ќе се издава секој ден од 8 до 18 часот, а службите ќе работат и во сабота. -Министертвото за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ...
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар, која се случила вчера, учествувале возила од дури четири држави. -На 30.05.2026 во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(62) од кичевското село Грешница, товарно возило „сканија“ со албански регистарски ознаки, ...
,,Денес не завршува, денес почнува сè“, изјави Зијадин Села на Петтиот конгрес на партијата, што отсега ќе го носи името Албанска лига. Обраќајќи им се на активистите, Села порача дека претстои многу работа и најави формирање на подограноци на партијата. Тој истакна дека нема да останат пасивни и повлечени пред, како што рече, обидите за нарушување на правата, туку дека ќе одговорат со политичка активност и ангажман. Притоа, повторно ги ...
Скопјанка пријавила дека нејзиниот сопруг бил нападнат од нејзин братучед, кој пак ја допирал по телото. -На 30.05.2026 околу 23:40 часот 30-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода дошол нејзиниот братучед и физички го нападнал нејзиниот сопруг, а нејзе ја допирал по телото, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Скопјанка пријавила дека нејзиниот ...
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по победата на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, од кои повеќе од 450 се задржани во притвор. Тоа е за 32 проценти повеќе од минатата година за истиот настан. Тој оцени дека ситуацијата во целина била „под контрола“, но призна дека собирите на навивачи и таканаречените навивачи кои ги предизвикаа нередите ...
Шестмина млади битолчани, меѓу кои и еден малолетник, заработија кривични пријави откако подолг период организирано мамеле машки лица преку лажен профил на социјалните мрежи, а потоа ги снимале, понижувале и јавно ги објавувале нивните лични податоци. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Битола поднела кривична пријава против Н.Р. (22), М.И. (19), О.Н. (19), Л.Г. (19), А.Д.В. (18) и 15-годишник, сите од Битола, поради ...
Пациент од радовишкото село Дедино бил пронајден починат во Психијатриската болница во Демир Хисар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот бил пријавен на 30 мај во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар. Станува збор за И.Г., кој бил хоспитализиран и се лекувал во здравствената установа. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена ...
Од МВР информираат дека четири лица се уапсени и бил извршен еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие. -Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор. На 31.05.2026 година во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од ...
Една 40-годишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата била пријавена на 30 мај во 12:45 часот, а во неа учествувале патничко возило „Фолксваген“, управувано од 40-годишната Р.Т. од Скопје, и патничко возило „Тојота“, зад чиј волан била 22-годишната Г.С., исто така од Скопје. Во судирот, Р.Т. се здобила со тешки телесни ...
На сервисна улица кај Гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје вчера се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена 75-годишна жена, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, несреќата била пријавена на 30 мај во 10:45 часот, кога патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот М.П. од Скопје, удрило во 75-годишната Д.Т., исто така од Скопје. Во несреќата, ...
Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни, со цел да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството. Дополнително, по разговорите со компанијата „ОКТА“, која е најголем домашен снабдувач со нафтени деривати, обезбеден е и дополнителен попуст од два денари по литар, кој ќе почне да се применува од утре. Според владините пресметки, со комбинираниот ...
Осум лица загинаа, меѓу кои и деветмесечно бебе, при сообраќајна несреќа која се случила во неделата рано наутро во Турција. Автобусот, сопственост на компанијата „Памуккале Туризам“, удрил во заштитните огради на автопатот во провинцијата Денизли во 1:40 часот по локално време. Во него се наоѓале 38 патници и тројца членови на персоналот, кои патувале од Измир кон медитеранскиот град Анталија, пренесува АП. Во несреќата се повредени околу ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. Николоски напомена дека предвидените рокови за ...
Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измени, Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.. Македонија поради лековерноста и погрешните политики на СДС, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче плати прескапа цена со промена на Уставното име на државата. Затоа, овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет. – Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам ...
Полициски службеници, синоќа, во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) од Дебар кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци. Полициските службеници утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. -А.Л. на улицата „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно ...
Проектот за луксузно одморалиште финансиран од Џаред Кушнер и Иванка Трамп предизвика контроверзии на јужниот брег на Албанија откако започна изградбата во близина на заштитената лагуна Нарта. Жителите и еколошките активисти протестираа против изградбата, судирајќи се со приватните обезбедувачи. Еден демонстрант беше одвлечен од чуварите, додека полицијата, и покрај големото присуство, не интервенираше. Демонстрантите бараат запирање на ...
Луксембург одлучи да ги зголеми платите на своите граѓани и од утре 1 јуни 2026 година, платите и пензиите ќе бидат зголемени за 2,5 проценти, како одговор на зголемената инфлација и наглиот скок на цените на енергијата. Зголемувањето од 2,5 проценти автоматски ќе се примени на платите на вработените во приватниот сектор, платите на државните службеници и пензиите. Минималната бруто плата за неквалификувани работници ќе биде 2.771 евро ...
Од МВР информираат дека жител на Росоман бил пријавен за два настани. За едниот бидејќи пијан го нарушил јавниот ред и мир, а во вториот му се заканувал на градоначалникот на Росоман. -На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по ...
Од МВР информираат дека жител на Росоман бил пријавен за два настани. За едниот бидејќи пијан го нарушил јавниот ред и мир, а во вториот му се заканувал на градоначалникот на Росоман. -На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по ...
Се подготвуваат построги санкции за компаниите што применуваат нефер трговски практики, а максималните казни би можеле да достигнат и до 200.000 евра. Вакви измени на Законот за нефер трговски практики најавуваат од Министерството за економија и труд, со цел подобра заштита на производителите и добавувачите. Од Министерството посочуваат дека досегашната примена на законот покажала одредени слабости што им овозможуваат на дел од пазарните ...
Децидно ги демантирам обвинувањата на владејачката гарнитура на чело со пратеникот Бране Петрушевски, кој со денови ме обвинува дека сум трошел синдикални пари, вели за телевизија 24 претседателот на УПОЗ Трпе Дејаноски. Првиот човек на гранковиот синдикат кој е дел од ССМ вели дека нападите се тенденциозни поради борбата на синдикатите за поголеми рабoтнички права кои им пречат на власта… Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране ...
Утврдени се манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко, сооопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е утврдено дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Со тестирањата е констатирано дека во производите има помал процент млечни масти од ...
Се поочигледно е политичкото влијание на СДС во синдикалните структури на ССМ. Последен пример за тоа е организацијата на четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, зад кои стои членот на претседателството на ССМ и претседател на УПОЗ, Трпе Деаноски. За организација на настанот биле потрошени 60.000 евра. Разочарани членови тврдат дека предност при изборот имале лица блиски до СДС. Наместо еднакви можности за сите привилегиите биле ...
Седум полицајци се повредени, а 416 лица од кои 283 во Париз се уапсени за време на синоќешните немири предизвикани од навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) на улиците на Париз по победата на нивниот тим во финалето на Лигата на шампионите против лондонски Арсенал. Според тврдењата на неименуван полициски извор, една жена доживеала срцев удар и била лекувана, а друга жена е повредена со нож во близина на парискиот Плоштад на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Јавните обвинители лани дале наредба да се користи прислушување на комуникацијата, следење на лица или, пак, тајно снимање во дом и возила и други тајни мерки во дури 44 случаи за кои воделе истрага. Дополнително, вакви мерки се применувале и во 4 други случаи, кои всушност траеле од 2024 година, стои во најновиот извештај на обвинителот Ненад Савески за примена на посебни истражни мерки. Ова е значително зголемување на примената на ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, присуствуваше на националното собрание на Демократската партија на Албанија, каде што кусо во воведот се обрати и на албански јазик, пренесувајќи поздрави од лидерот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски. Ковачки соопшти дека присуствувал на настанот на покана од сестринската партија од Република Албанија и нагласил дека иднината на регионот треба да се гради врз заеднички вредности. ...