Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји ги губат своите лидерски позиции и им отстапуваат место на нови центри за раст и земји од Глобалниот Југ, и дека земјите што ја поддржуваат нивната сувереност во клучните области играат важна улога во оваа архитектура. Во видео обраќање до учесниците на форумот „Отворен дијалог“, тој рече дека претходните пристапи, како и воспоставените норми и правила на деловниот живот и ...
Националниот комитет на владејачката унгарска партија Фидес свика конгрес за 13 јуни, на кој ќе бидат избрани партиски функционери, изјави пратеникот на Европскиот парламент, Тамаш Дојч, по состанокот на комитетот. Лидерот на партијата Фидес, Виктор Орбан, и претседателот на одборот, Ласло Ковар, не одговорија на прашања од новинарите по состанокот, објави МТИ. Детали за кандидатите и внатрешните промени во партијата засега не се објавени. ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во започнувањето на активностите за реконструкција на атмосферскиот канал „Црн Канал“, на потегот од улица Малешевска 1 до Мала Рада, во КО Драчево 2. Станува збор за значаен инфраструктурен зафат кој има за цел унапредување на системот за одведување на атмосферски води, намалување на ризикот од поплави и подобрување на целокупната комунална инфраструктура во овој дел од ...
Добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за 2026 година е Даниел Хајндс од Обединетото Кралство. Одлуката да му се додели наградата „Мостови на Струга“ на Даниел Хајндс, во конкуренцијата од дузина пристигнати поетски книги на млади автоти, лежи во неговата поезија која претставува специфичен спој на историската длабочина, митолошките одеци и суровата, речиси вајарска прецизност на јазикот. Неговото творештво можеме да го опишеме како ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на „Kosovо Finance Forum 2026“, каде се обрати на тема „Градење доверба на финансиските пазари во Западен Балкан“. Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека довербата е клучен предуслов за инвестиции, економски развој и стабилност, особено во време на динамични економски и геополитички промени. Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешка цел на Република ...
Денес пристигна официјално известување од страна на Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласностр со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на средствата од ИПАРД-програмата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, ...
Курир интрегрално го пренесува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: „Додека се обидуваат да создадат слика за „изолација“, во СДС целосно го игнорираат она што е суштината: Македонија конечно има јасна, државничка позиција дека нема повеќе отстапки без гаранции. Ова е лекција научена од 30 години погрешна политика. Не може секоја нова фаза од европскиот пат да значи ново понижување, нов услов, нова уцена. Европа не е тоа. Затоа денес позицијата е ...
Шестгодишната ЕУ-финансирана програма „ЕУ за општините“ (EU4M) денеска беше заокружена со доделување признанија за општинска извонредност за постигнувања на општини и региони во управување со проекти финансирани од ЕУ, зголемување на приходи, финансиско управување, прекугранична соработка, отпорност, развој на туризам и зајакнување на административните капацитети. Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека резултатите ...
Добрaтa скара не се прави само кога месото ќе се стави на скарата, сè започнува многу порано, за време на подготовката. Иако често се смета дека само квалитетот на месото е одлучувачки, вистинскиот трик за сочен и вкусен залак се крие во маринадата. Маринирањето не е напорно, но бара малку внимание и основно знаење. Комбинацијата од масла, зачини и киселини може целосно да го промени вкусот на месото, но само кога се користи правилно. Влажно ...
„Рекордот за најдолгото тирамису на светот е соборен во Лондон. Сто италијански готвачи во градската куќа во Челзи, се здружиле да направат доволно долго тирамису за да го надмине претходниот рекорд кој го постави компанијата Галбани (Galbani) во Милано, кој изнесувал 273,5 метри“, пренесе ББС. Во согласност со правилата на Гинисовата книга на рекорди, рекордниот тирамису колач бил подготвен на самото место, а биле искористени 50.000 ...
Министерството за внатрешни работи води активна истрага за случајот на врсничко насилство во скопската населба Ѓорче, во кој, според официјалните информации, веќе се повикани на разговор 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека станува збор за сериозен проблем кој бара институционален, но и поширок општествен ангажман. – Ова е сериозен проблем кој нè засега ...
Денес се одбележува Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, истакна миистерот Тимчо Муцунски. -Ја истакнав клучната улога на Министерството во спроведувањето одговорна, проактивна и резултатски ориентирана надворешна политика и економска дипломатија, насочена кон заштита на националните интереси и зајакнување на меѓународната позиција на државата, објави Муцински. Тој додаде дека се осврнал и на историскиот развој ...
Драмски театар Скопје вечерва и утре гостува на 27. Интернационален фестивал на монодрама во Битола (2026). Под мотото „Огледало на вистината“ од 23 до 29 април, фестивалската Битола повторно е на мапата на светска театарска сцена каде што „Еден актер. Една сцена. Една вистина.“ се доволни да се создаде цел универзум од емоции, приказни и трансформации. Вечерва во официјалната фестивалска програма се игра „Драми на принцезите – Џеки“ на ...
„Дигитализацијата на плаќањата бележи постојан напредок во изминатиот период, поддржан од активната улога на Народната банка во унапредувањето на платежната инфраструктура, како и од инвестициите на банките во современи технолошки решенија“, ова го истакна директорката на Дирекцијата за платни системи Биљана Доновска Гечева, во интервју за емисијата „Бизнис објектив“. Таа нагласува дека Законот за платежни услуги и платни системи овозможи ...
Обвинителката Адела Бојчевиќ побара денеска Судот да изрече максимална казна за сите 3 кривични дела кои му се ставаат на товар на обвинетиот Стојанче Јовановски, со што, според неа, ќе се утврди одговорноста и ќе се изврши превенција. Обвинителката Бојчевиќ во завршните зборови рече дека таквата пресуда ќе биде порака до јавноста дека психичкото и физичкото насилство може да доведе до тешки последици и дека не смее да се толерира. Денеска ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска на 25-от министерски состанок ЕУ-АСЕАН во Брунеи изјави дека светот се соочува со невидени предизвици, нагласувајќи дека војната на Блискиот Исток предизвика глобална енергетска криза што ќе има долгорочни последици за сите земји, соопшти дипломатската служба на ЕУ. Како што рече таа во својот воведен говор, економиите на Југоисточна Азија се ...
Денеска и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, од 15 до 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Како што информираат од УХМР, од петок до крајот на неделава ќе се задржи ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на промоцијата на протоколот за постапување со лица без државјанство, во организација на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) и Министерството за внатрешни работи. -Министерството за здравство има значајна улога во целокупната состојба на овие лица, имајќи предвид дека често, нивниот прв допир со институциите не е преку административните шалтери, туку преку здравствениот ...
Актерката Лиса Кудроу неодамна изјави дека во текот на 10 сезони од комичната серија „Пријатели“ на NBC, морала да трпи лоши работи од сценаристите. Кудроу, која го играше ликот на слободоумната Фиби Бафеј во серијата, тврди дека сценаристите ја карале екипата поради заборавање на текстот и дека тие коментирале и фантазирале за нејзините колеги во слободното време. -Дефинитивно се случувало нешто злобно зад сцената. Не заборавајте дека ...
Обвинителката Адела Бојчевиќ побара денеска Судот да изрече максимална казна за сите 3 кривични дела кои му се ставаат на товар на обвинетиот Стојанче Јовановски, со што, според неа, ќе се утврди одговорноста и ќе се изврши превенција. Обвинителката Бојчевиќ во завршните зборови рече дека таквата пресуда ќе биде порака до јавноста дека психичкото и физичкото насилство може да доведе до тешки последици и дека не смее да се толерира. Денеска ...
Апелацискиот суд во Сеул денеска ја зголеми казната на поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон-хе, од 20 месеци на четири години затвор по обвинението за корупција. Високиот суд во Сеул ја изрече пресудата откако ја прогласи за виновна за учество во шема за манипулација со цените на акциите и примање раскошни подароци од Црквата на обединување, објави Јонхап. Тимот на специјалниот обвинител Мин Јунг-ки побара 15-годишна затворска ...
Либан ја обвини израелската војска (ИДФ) за извршување на „чин на екоцид“ за време на воената кампања 2023-2024 година, според извештајот на либанското Министерство за животна средина, кој опишува сериозна штета на природните ресурси на југот од земјата. Во предговорот на документот, либанската министерка за животна средина Тамара ел Зеин изјави дека израелската воена операција „го трансформирала физичкиот и еколошкиот пејзаж“ на јужен Либан, ...
Општина Карпош, во соработка со Државниот завод за трансфузиологија и Општинска организација на Црвен Крст-Карпош, денеска ја спроведува редовната крводарителска акција, која во Карпош се одвива два пати годишно.. акцијата започна утрово во 9 часот, а веќе до 12 часот, дарувани се над 52 крвни единици, од страна на административните работници, граѓаните, вработените од приватните сектори, како и вработени во градинките и училиштата. ...
Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет. Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно наштетува на македонските позиции и црвени линии, посочи Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не е задоволен од иранскиот предлог за завршување на војната бидејќи тој не го вклучува прашањето за нуклеарната програма на Иран, изјави американски официјален претставник. Најновиот ирански предлог предвидува одложување на дискусијата за нуклеарната програма на Иран додека не заврши војната и не се решат споровите околу поморскиот сообраќај од Персискиот Залив. САД веруваат дека нуклеарните прашања ...
Присуството и учеството на Македонија на UNECE Resource Management Week 2026 уште еднаш ја потврдија стратешката позиција на државата како сигурен и кредибилен партнер во светските енергетски текови, активно придонесувајќи кон обликувањето на меѓународните политики за одржлив развој и енергетска транзиција. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека присуството на Македонија на овој значаен меѓународен форум претставува потврда за нејзината ...
Сериозни институции од европското право од докажани демократии дадоа свој суд дека 27-ми април не е тероризам туку бунт на народот, посочи поранешниот јавен обвинител Сотир Костов во интервју на ТВ Алфа со Љупчо Цветановски. Ова не е нешто што го кажал некој Сотир или кој и да е во Македонија, ова е заклучок на светски експерти, кој мора да се почитува и кај нас како основа за ново, правично судење на патриотите кои упаднаа во Собранието во ...
Денес се одржа Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација, со која претседаваше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки од дневниот ред, меѓу кои Годишниот извештај за 2025 година за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023–2030) со Акцискиот план, како и Извештајот за јавната администрација согласно препораките од ...
На 27.04.2026 во 14:10 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во викенд-куќа во с.Маврови Анови била пронајдена почината Д.Ѓ.(58) од с.Леуново, општина Маврово и Ростуше, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. На 27.04.2026 во 14:10 часот во Полициското одделение ...
Денеска пред Основниот суд се изнесуваат завршните зборови во судскиот процес против Стојанче Јовановски. Тој се товари за тешки кривични дела, вклучително и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во рамки на семејно насилство и загрозување на сигурноста. Случајот го следи јавноста со внимание, со оглед на тоа што обвинението се однесува на настани кои завршија со трагичен исход. На ...