Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Франција бележи раст на употребата на кокаин, што сè повеќе го оптоварува националниот здравствен систем, а бројот на интервенции на итните служби поради консумирање на оваа дрога е зголемен за 26 отсто во 2025 година, покажуваат најновите официјални податоци, пренесува денеска БФМ ТВ. Како што наведува националниот Завод за јавно здравје во својот извештај, минатата година биле регистрирани повеќе од 6.500 обраќања до итните здравствени ...
Авион со патници кои планирале да поминат сончево неделно попладне во скокање со падобран се урнал во американската држава Мисури, при што загинале сите 12 лица што се наоѓале во леталото, соопштија надлежните власти. BREAKING: 12 killed after plane crashes in Butler, Missouri pic.twitter.com/aEClG1Oora — Rapid Report (@RapidReport2025) June 14, 2026 Според соопштението на Сообраќајната патрола на Мисури, полициски службеници се на терен и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. „Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД веќе „прават работи за кои не може да зборува“, со цел брзо да се обезбеди безбеден премин низ Ормуската Теснина, како и дека САД и Иран се на добар пат да потпишат меморандум за разбирање. – Веќе правиме работи за кои не можам да зборувам во рамките на оваа програма, со цел да осигураме безбедниот премин да се случи што е можно побрзо. Значи, во тек сме со сè, точно знаеме ...
Фудбалската репрезентација на Германија на импресивен начин го отвори настапот на Светското првенство 2026, совладувајќи го Курасао со убедливи 7:1 во натпреварот од првото коло во групата Е. Уште од самиот почеток беше јасно дека станува збор за пресметка меѓу две селекции со различен квалитет. Германците влегоа како апсолутни фаворити против дебитантот на Мундијалите, но Курасао сепак успеа да испише историски момент. Германската доминација ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп, кој денеска слави роденден, остварија телефонски разговор, соопшти советникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков. – Претседателот на Русија, Владимир Владимирович Путин, денеска по телефон му го честиташе на претседателот на САД неговиот 80-ти роденден – изјави Ушаков, додавајќи дека разговорот траел 55 минути и имал „пријателски и искрен карактер“. – Како што и ...
На Клиниката за урологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје успешно беа изведени првите робот-асистирани операции кај четворица македонски пациенти со карцином на простата. За првпат е применета и иновативната „Single Site“ техника – хируршки пристап преку само еден отвор, што овозможува исклучителна прецизност, помала траума, помалку болка и побрзо закрепнување на пациентите, соопшти ЈЗУ Универзитетска клиника за ...
Ракометарите на Барселона се искачија на европскиот трон по тринаесетти пат во историјата, откако го совладаа тимот на Фуксе Берлин со конечни 37-34 (20-16) во финалето на Лигата на шампионите на ЕХФ. Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Луис Фраде со стопроцентен учинок (7/7), а на спротивната страна, осум погодоци постигна Матијас Гидсел. Ракометарите на Барселона се искачија на европскиот трон по тринаесетти пат во историјата, ...
Убави вести денеска од САД – силна потврда за напредокот на Македонија во кибер безбедноста. Владиниот Центар за одговор на кибер инциденти (MKD-GOV-CSIRT) е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, објави на Фејсбук министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Особено е важно, додаде министерот, дека овој ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. „Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни ...
Бизнис форумот што го одржавме во Истанбул беше одлична можност за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Турција. На средбите со министерите за трговија и министерот за транспрот договоривме воведување на нова авиолинија од 2 јули, линијата Анкара-Скопје како и железничко карго поврзување меѓу двете земји, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Сител. Тој ...
Македонија за првпат во својата историја истовремено гради повеќе автопатски делници, колку што во моментов не гради никоја од земјите во регионот. Еден од клучните инфраструктурни проекти што започнува е автопатот Скопје-Блаце, со кој државата ќе добие современа автопатска врска со Косово, а индиректно и со Црна Гора и пристаништето Бар. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју во вестите не ...
Средба на највисоко ниво меѓу Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, во присуство на европскиот комесар за транспорт и мобилност, Апостолос Цицикостас ќе се одржи в четврток, на 18 јуни, во Солун, на која уште еднаш ќе биде потврдена важноста на инвестициите во Коридорот 10, информира вечерва во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во врска ...
Бизнис форумот што го одржавме во Истанбул беше одлична можност за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Турција. На средбите со министерите за трговија и министерот за транспрот договоривме воведување на нова авиолинија од 2 јули, линијата Анкара-Скопје како и железничко карго поврзување меѓу двете земји, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Сител. Тој ...
Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон (41) дојде на денешната трка за Големата награда на Каталонија до својата прва победа во болидот на Ферари, значително доближувајќи се до врвот во генералниот пласманот на откако водечкиот Италијанец Кими Антонели (Мерцедес) се откажа пет круга пред крајот. По трет пат во историјата, а прв пат од 1968 година, Британците ги зазедоа сите места на подиумот, а на Хамилтон му се придружија ...
Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани да се придружат на големиот народен собир по повод 36-от роденден на партијата на 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица. – Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија. Идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа ...
Ноќеска (14.06.2026) во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(18) од село Василево, струмичко. Тој управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски патроли и продолжил да се движи со возилото со голем брзина, соопшти МВР. Во Богданци го запрел возилото и побегнал, а откако бил стигнат физички ги нападнал полициски ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе биде дел и од квалификациите за третиот Грен Слем турнир оваа сезона Вимблдон. Ѓорческа претходно настапи во квалификациите за Австралијан Опен и Ролан Гарос а ова лето ќе ја продолжи и традицијата на најпопуларниот тениски турнир на тревна подлога во Обединетото Кралство. Во моментов, Ѓорческа започна со подготовките на тревна подлога. Македонката се наоѓа на 211 позиција на ВТА-листата. ...
Германскиот ракометен тим на Магдебург успеа да слави убедливо против Алборгсо (32-26) во „малото финале“ на Лигата на шампионите и така го освои бронзениот медал во елитното друштво. Разликата меѓу двата тима на Ф4-турнирот во Келн беше евидентна уште на полувремето, кога Магдебург имаше високи 17-11. Најдобри стрелци кај германскиот тим на мечот беа Феликс Клар и Албин Лагергрен, двајцата дадоа по шест гола, додека кај Алборг, Мадс Хоксер ...
Луис Хамилтон ја забележа својата прва победа како возач на Ферари, откако триумфираше на Големата награда на Барселона и Каталонија, седмата трка од шампионатот во Формула 1. За Хамилтон ова е вкупно 106-та победа во кариерата, а со неа стана и 11-тиот возач во историјата на Формула 1 кој успеал да победува со три различни тимови. Во ова одбрано друштво се наоѓаат и легенди како Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Нелсон Пике и ...
Од прес службата на Владата информираат дека утре 15.06.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на свечено отворање на фабрика. Свеченоста е предвидена да започне во 11:00 часот, а фабриката „Brainchild“ се наоѓа во индустриска зона Жабени, Општина Битола. Во 12:15 часот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, додаваат од прес службата. Од прес службата ...
Сомалискиот фудбалски судија Омар Артан, кому му беше одбиен влез во САД каде требаше да суди на Светското првенство, сепак, ќе биде целосно исплатен за турнирот. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе му го исплати целиот хонорар на Артан, а судиите не го знаат точниот износ, бидејќи плаќањето се врши по завршување на натпреварот, објави денеска Би-Би-Си. Артан беше испрашуван од американските имиграциски власти 11 часа на ...
Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица. По пријавата за пожар во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна единица – ...
Според податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ), во однос на пазарот на труд, во Албанија присутен е нов феномен. Сега доминираат активни пензионери, а не млади луѓе. Во третата доба, пензионирањето не ги спречува да продолжат да обезбедуваат дополнителни средства, објавија медиумите. Во периодот 2019-2025 година, бројот на активни пензионери на пазарот на трудот се зголемил на околу 177 илјади, додека во исто време околу 144 илјади ...
Постојат луѓе кои секогаш имаат подготвен план за иднината, но и такви кои живеат спонтано и не се оптоваруваат со тоа што ќе се случи утре. Астролозите велат дека токму неколку хороскопски знаци се познати по ваквиот пристап кон животот и ретко размислуваат долгорочно. Стрелецот Родените во овој знак се авантуристи кои веруваат дека животот треба да се живее со полни гради. Наместо да штедат енергија за иднината, тие сакаат да патуваат, да ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ѝ се заблагодари на Велика Британија за пресретнувањето на рускиот танкер за нафта од „флотата во сенка“ во Ламанш, опишувајќи ја оваа постапка како „важен чекор“. „Дрскоста на Русија, поттикната од приходите од нафта и гас, го поплочи патот за оваа војна, и секоја одлука на партнерите која ја лишува Русија од пари, исто така ја ограничува и самата војна“, напиша Зеленски на социјалните ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор, Република Словенија. Годинава главни теми на конференцијата беа активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на системите во фондовите и заводите за ...
Голем пожар го зафати атарот на село Долани кај Штип. Гори трева и нистостеблеста борова шума на голем периметар околу селото. ТППЕ Штип интервенираат, но според првите проценки сами нема да можат да се справат со пожарот. -Во Долани се чека интервенција на ер трактори бидејќи човечка рака со него неможе да се справи, информираат од ТППЕ Штип. Во моментов тешка механизација се обидува да направи обрач околку пожарот за да се ограничи истиот. ...
На 13.06.2026 во 05:20 часот на автопатот Куманово – Скопје, во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ го лишија од слобода М.М.(28) од Косово. При контрола во автобус со турски национални ознаки, во кој се превезувал, во неговиот багаж биле пронајдени повеќе парчиња текстилна стока од различни брендови за која не поседувал соодветна ...
„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ „Пред сѐ, ...