Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го освои првиот бод на Светското првенство 2026, откако одигра 1:1 против домаќинот Канада во натпреварот од групната фаза одигран во Торонто. „Змејовите“ беа многу блиску до голема победа против еден од фаворитите во групата, но не успеаја да го задржат водството до крајот на натпреварот. Босна и Херцеговина настапува во група со Канада, Швајцарија и Катар, а токму домаќинот беше првиот и ...
Времето утре во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а дневните од 20 до 28 степени Целзиусови. Во следните денови се очекува претежно стабилно и сончево време сè до четврток. Исклучок ќе биде среда, кога се прогнозираат нови врнежи од дожд. За ...
Висок функционер на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во телефонски разговор со новинарите, изнесе детали за напредокот на преговорите со Иран, според кои Техеран се обврзува на неодредено време целосно да се откаже од нуклеарното оружје. Како што пренесува „Скај Њуз“, иранските претставници блиски до врховниот водач Моџтаба Хамнеи наводно се задоволни од текот на преговорите, но американскиот функционер не потврди ...
Украина ќе ги зголеми платите за воениот персонал, ќе регрутира повеќе доброволци од странство и ќе воведе нови договори за воена служба, најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски појасни дека армиските бригади ќе имаат можност директно да добиваат средства, како и самите да организираат воена обука за новодојдените војници. Според него, на овој начин ќе се воспостават конкретни услови за службата благодарение на ...
Многумина веројатно никогаш не го слушнале рефренот „I am from Bosnia, take me to America“ („Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“) сè додека фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина не ја победи Италија во финалето на баражот во март. Таа победа ѝ обезбеди пласман на Светското првенство 2026 – второ во историјата на независна БиХ. Илјадници навивачи на стадионот во Зеница ја пееја песната во еден глас, а истото се повтори и на ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски вечерва присуствуваше на свеченото отворање на фудбалскиот терен кој го носи името на нашата фудбалска легенда „Петар Упалевски-Упале“. Станува збор за донација на компанијата „Моцарт“ како дел од иницијативата „Фудбалот е повеќе од игра“, а досега вакви терени беа отворени во Охрид, Велес и Свети Николе. На теренот истрчаа младите фудбалери на ФК „Пелистер“ (зелениот и белиот тим), а првиот ...
Електричните тротинети за изнајмување ќе бидат забранети во Брисел од 2027 година, соопштија денеска градските власти. Одлуката е донесена како одговор на сè поголемиот број несреќи, на зголеменото попречување на другите учесници во сообраќајот и на злоупотребата на електричните тротинети за криминални цели. Во 2025 година, 666 лица биле повредени во Брисел во несреќи во кои учествувале електрични тротинети, што претставува зголемување за ...
Приватен хеликоптер се урна во близина на местото Солчо ди Леза, на брегот на езерото Маџоре во Италија, јави агенцијата АНСА. Во несреќата едно лице загина, а три лица се повредени. Според првичните информации, хеликоптерот полетал од вила во тој регион и кратко потоа се урнал. Причините за несреќата засега не се познати и се предмет на истрага. Приватен хеликоптер се урна во близина на местото Солчо ди Леза, на брегот на езерото Маџоре во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“. На средбата, информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова присуствуваа Владо Томески, претседател на здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски. Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република ...
Пакистан соопшти дека е постигнат напредок во преговорите меѓу САД и Иран за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток, пренесе ДПА. По телефонскиот разговор со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пакистанскиот министер за надворешни работи, Исхак Дар изјави дека „двете страни го поздравуваат напредокот постигнат преку континуирана дипломатска работа“. Дополнително, двете страни „ја ...
Американските власти ги предупредија луѓето што планираат да ги посетуваат Соединетите Американски Држави за натпреварите на Светското фудбалско првенство дека земањето рекреативни дроги може да ги изложи на смртоносни дози на фентанил, моќен синтетички опиоид. -Речиси сите дроги што ги запленуваме денес содржат фентанил, моќен синтетички опиоид кој се пренасочува за употреба како наркотик, изјави за претставникот на ДЕА за североисточниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот сподели објава на социјалните мрежи од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во која рече дека меморандумот за разбирање за завршување на војната во Иран никогаш не бил поблиску. Арагчи во петокот наведе дека „Меморандумот за разбирање од Исламабад“ за решавање на американско-израелската војна против Иран „никогаш не бил поблиску“, но ги повика медиумите да се воздржат од ...
Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во мега интервјуто за МИА, што ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е целосно согласен со американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје. -Додека сум премиер на Израел, Иран нема да има нуклеарно оружје, изјави Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет. Тој наведе дека повеќе од три децении води меѓународна борба против иранската нуклеарна програма. -Без оваа борба, Иран одамна ќе имаше нуклеарни бомби за да го уништи ...
Во Босна и Херцеговина (БиХ) владее вистинска еуфорија пред првиот натпревар на земјата на Светското првенство против домаќинот Канада оваа вечер во Торонто, а на навивачите и медиумите кои очекуваат победа им се придружи и американскиот генерал Џејмс К. Фаулер, кој од минатиот месец е командат на НАТО штабот во Сараево. -Мислев дека САД ги имаат најдобрите навивачи во светот сè додека не пристигнав тука во Босна и Херцеговина и не ја видов ...
Платформите Facebook и Instagram, во сопственост на компанијата Meta, повторно се во функција по краткотраен глобален прекин што денеска предизвика проблеми за илјадници корисници ширум светот. Според податоци од сервисите за следење на прекини, корисници пријавувале проблеми со логирање, вчитување на содржини и пристап до апликациите. Дел од корисниците биле автоматски одјавени од своите профили, додека други пријавиле грешки при обид за ...
Македонија и Турција постигнаа договор за воспоставување директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, како и за унапредување на железничкото карго поврзување, со цел зајакнување на транспортната и економската соработка. Договорот е постигнат на средба меѓу вицепремиерот Александар Николоски и турските министри Абдулкадир Уралоглу и Омер Болат, при што биле разгледани повеќе проекти од областа на инфраструктурата, транспортот и трговската ...
Во селото Горњи Таванкут во Србија се случи трагичен инцидент во кој животот го загуби еден маж, откако бил нападнат од бик, пренесуваат српските медиуми. Според првичните информации, несреќата се случила во дворот на семејниот имот, а околностите под кои дошло до нападот сè уште се утврдуваат. На местото на настанот интервенирале надлежните служби, а полицијата извршила увид за да ги утврди сите детали поврзани со случајот. Во селото Горњи ...
Иран нема да се откаже од контролата врз Ормуската Теснина во ниту еден мировен договор со САД се додека војната не ја смета за завршена, објавија денеска иранските медиуми. „Спротивно на тоа што го објавуваат западните медиуми, Иран нема да се обврзе да се откаже од контролата врз Ормуската Теснина. Единственото прашање споменато во меморандумот за разбирање е враќањето на пловидбата низ Ормуската Теснина по завршувањето на војната. Главната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека информациите што протекоа во јавноста во врска со договорот меѓу САД и Иран немаат никаква врска со условите што биле договорени. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп наведе дека иранските коментари за договорот не ја одразуваат вистинската состојба. „Тоа што го кажаа, вклучително и нивната слаба и жална изјава за постигнување договор, нема никаква ...
Социјалната мрежа Facebook денеска се соочува со сериозен технички прекин, поради што голем број корисници ширум светот пријавуваат дека не можат да пристапат до платформата. Корисниците известуваат дека автоматски се одлогирани од своите профили, додека кај други апликацијата и веб-страницата воопшто не се вчитуваат или прикажуваат грешка. Проблеми се забележани и кај други сервиси на Meta, вклучително и Instagram и Messenger, што укажува на ...
Заштита, конзервација, реставрација и вреднување на културното богатство преку примена на најсовремени стандарди, модерно управување на музеите, дигитализација на архивскиот материјал, обука на професионалци од областа на културата, како и многу поголема мобилност на уметниците и луѓето од креативните индустрии преку учества на фествали, средби и проекти во музичката и театарската уметност, кинематографијата и визулени уметности – предвидува ...
Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence) меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери. Како што соопштуваат од МЖСПП, меморандумот го потпишале заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане ...
Полска нема да прима дополнителни баратели на азил и само делумно ќе го спроведува Пактот на ЕУ за миграција и азил – соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Варшава по стапувањето во сила на новите правила на блокот. Полска е ослободена од прераспределбата на бегалците во рамките на Европската Унија и поврзаните трошоци, наведе Министерството. Во текот на двегодишните преговори со Брисел земјата успеа да го приспособи ...
Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија. Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул. – Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја ...
По налог на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, спроведена е голема операција против структурирана криминална група, осомничена за трговија со дрога, а парите добиени од криминална активност биле перени од неколку бизнисмени, кои поседуваат значителен дел од земјиштето во Зврнец. -Според судската одлука од 10 јуни, изрече е превентивна заплена од над 128,3 милиони евра како дел од истрагата за случајот Зврнец, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Бизнис форумот помеѓу Република Турција и Република Македонија, кој се одржа во Истанбул. Форумот беше отворен од министерот Муцунски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а на него учествуваа бројни претставници на институциите, стопанските комори и бизнис-заедниците од двете земји. Во своето обраќање, ...
Продолжуваат активностите за уредување и унапредување на јавните зелени површини во Скопје. Во рамки на тековните интервенции, започна уредувањето на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во општина Карпош, еден од најпосетуваните зелени простори во главниот град. Во паркот се поставува нова урбана опрема, вклучувајќи клупи и корпи за отпадоци, а се обновуваат и летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. Целта на активностите е ...
Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на бизнис-форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис-заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските односи и ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) сопшштија дека во текот на изминатата недела извршиле операции на повеќе фронтови, вклучувајќи го јужен Либан, Појасот Газа и Западниот Брег, со цел да се спротивстават на заканите што ги претставуваат Хезболах и палестинските милитантни групи. Според израелската војска, израелските воздухопловни сили извршиле околу 310 напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, при што ИДФ тврди дека околу 80 членови на ...