Голем пожар избувна утрово во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград и засега нема информации за повредени. Пожарот го гаснат 30-на пожарникари со 10 противпожарни возила и се обидуваат да спречат да се прошири на други објекти. Трговскиот центар е од полуотворен тип со околу 400 локали. Жителите на околните згради се предупредени да ги затворат прозорците. Густ црн чад е видлив од неколку делови од градот. Голем пожар избувна утрово во ...

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 15.06.2026 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Банско. (општина Кисела Вода) – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул.10 Кадино. (општина Илинден) – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од Природонаучен музеј и табако кај Зоолошка градина (општина Центар) Од ЕВН Македонија АД добивме ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

ОВЕН Денеска може да добиете вредни совети од искусна личност која ќе ви помогне појасно да ја видите иднината. Слушајте внимателно и применувајте ги нивните совети со мудрост и претпазливост. Грижете се за вашето здравје со балансирана исхрана и игнорирање на стресните ситуации. БИК Денеска ќе имате сила да ги завршите сите задачи што се одложени. Избегнувајте неактивност и дајте го најдоброто од себе. Вечерта, обрнете внимание на вашето ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е постигнат мировен договор со Иран. Претходно договорот го објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше меѓу двете завојувани страни. „Договорот со Исламската Република Иран е постигнат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“. Засега не се познати конкретните услови од договорот. Шариф изјави дека тој предвидува „итен и траен прекин на воените операции на сите ...

Обединетите нации го поздравија договорот за трајно прекинување на непријателствата меѓу САД и Иран, што беше објавен рано утринава. „Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, го поздравува соопштението дека Соединетите Американски Држави и Иран се согласиле за мировен договор што предвидува итен и траен прекин на огнот, отворање на Ормуската Теснина и рамка за натамошни преговори. Ова е клучен чекор кон мирно решавање на конфликтот“, се ...

На ден 15.06.2026 поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.„Мите Богоевски“ бб (кај Зур Маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: „Мите Богоевски“, Дванаесета Македонска Бригада, „Илија Димовски-Гоче“, „Димитар Македонски“,„Ван Гог“, „Архитект Сотир Томовски“, „Црноризец Храбар“, „Митре Влаот“, „Благоја Мучето“, „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“, „Димитар Благоев“ и дел од „Тодор Чангов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска до 18 јуни ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. Министерството за надворешни работи надворешна трговија соопшти дека денеска, на покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, министерот Муцунски ќе престојува во Диселдорф, ...

Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието со почеток во 10:00 часот. Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации и ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јуни. Свети Никифор Исповедник, патријарх Цариградски Благородник од Цариград. Татко му, Теодор, беше висок чиновник на царскиот дворец, богат и благочестив. Никифор служеше неколку години на дворецот во истиот чин како татко му. Но откако ја виде сета светска суета, се оддалечи на бреговите на Босфор и таму изгради манастир. Набрзо манастирот се наполни со монаси, а тој управуваше ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свечено отворање на фабриката „Брејнчајлд“ во индустриска зона Жабени, Општина Битола. Свеченото отворање е закажано за 11:00 часот, а како што информираат од владиниот Сектор за односи со јавноста, во 12:15 часот е предвидено изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Во индустриската зона „Жабени“ во Битола ќе биде отворен производен капацитет на компанијата „Брејнчајлд Производство“ ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од ...

Хрватската тенисерка Дона Векиќ ја освои титулата на турнирот во Квинс Клуб, откако во финалето ја совлада Ема Радукану. Овој успех е значаен бидејќи Векиќ влезе во главниот ждреб како „среќен губитник“, демонстрирајќи исклучителна ментална сила и спортска издржливост во текот на целото натпреварување во Лондон. Во финалниот натпревар одигран на 14 јуни 2026 година, Дона Векиќ ја надигра британската надеж Ема Радукану со резултат 2:0 во ...

Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во Европската лига, откако на гостувањето кај Грција загуби со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23). Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски имаа свои добри моменти во текот на натпреварот, но не успеаја да приредат изненадување против домаќинот, кој од самиот почеток го наметна својот ритам и ја контролираше играта. Најефикасни во македонскиот состав беа ...

Македонија ќе да биде домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години во 2028 година. Одлуката беше донесена на состанокот на ЕХФ во Келн, во рамки на финалниот викенд од сезоната. Шампионатот за мажи до 18 години ќе се игра во јули и август 2028 година, а организацијата и е доверена на Македонија. Во истиот пакет одлуки, ЕХФ и во 2028 година на Словенија. Ова е уште една важна потврда за довербата што европската куќа на ракометот ...

Македонскиот национален кошаркарски состав официјално ќе ги стартува подготовките за „А“ групата од претквалификациите, а закажани се натпревари против Ирска и Луксембург. Со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи првиот собир на нашата машка сениорска репрезентација во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Селекторот Жозеп Мариа Берокал, во согласност со својата стратегија, состави поширок список на кошаркари, меѓу кои се и нови имиња кои ...

Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа го заврши настапот на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска, освојувајќи го четвртото место. Во натпреварот за третото место, македонските репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови. Резултат по сетови: Македонија – Чешка 20:26 Македонија – Чешка 13:22 Со настапот во Плоцк, македонската репрезентација доби значајно меѓународно искуство и уште една ...

Легендарниот голман на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер, повторно собори мноштво рекорди. 40-годишниот голман се врати во Бундес-тимот и започна од првата минута на натпреварот против Курасао. Нојер со тоа сега е највозрасниот германски играч кој играл на Светско првенство, со 40 години, 2 месеци и 19 дена. Голманот на Баерн игра и на своето петто Светско првенство, подвиг што го постигна само рекордерот Лотар ...

Некогашниот германски репрезентативец и фудбалер на Реал (М) се приклучи во тренерскиот штаб на Жозе Мурињо во редовите на „кралскиот клуб“. Според „Атлетик“, поранешниот играч од средниот ред на германската репрезентација, кој играше за Реал Мадрид од 2010 до 2015 година, ќе ја преземе позицијата помошник тренер. Ова ќе биде прво тренерско искуство за Кедира. Мурињо наводно сакал асистент во својот персонал кој би служел како врска меѓу ...

Шведска имаше импресивен старт на Мундијалот, декласирајќи го Тунис со убедливи 5-1. Малкумина очекуваа толку доминантно издание на Швеѓаните против селекција која традиционално знае да биде незгоден противник на големите натпреварувања. Ајари го отвори резултатот уште во седмата минута, а Исак во 30. минута ја удвои предноста. Тунижаните успеаја да се вратат во игра пред паузата преку Рекик, кој намали на 2-1 и внесе неизвесност во ...

Марк Кукуреља се договорл да се пресели од Челзи во Реал Мадрид, објави познатиот новинар Фабрицио Романо. Романо ова го најавува како изненадување и „бомба од нигде никаде“, бидејќи не се спомнуваше дека Реал е заинтересиран за левиот бек на шпанската репрезентација. Интерес за Кукуреља имаше од Барселона и Атлетико Мадрид, но како и во случајот со Бернардо Силва, Реал ги победи конкурентите во наддавањето. Реал за Кукуреља ќе плати оштета ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека договорот меѓу САД и Иран за прекин на конфликтот и понатаму е на пат да биде потпишан, и покрај израелскиот напад врз Бејрут и најавите на Техеран дека ќе одговори на тој потег. Во интервју за Аксиос, Трамп рече дека неговата администрација интензивно работи на зачувување на договорот кој, според него, бил доведен во прашање по израелскиот напад врз главниот град на Либан. – Тоа ја ...

Франција бележи раст на употребата на кокаин, што сè повеќе го оптоварува националниот здравствен систем, а бројот на интервенции на итните служби поради консумирање на оваа дрога е зголемен за 26 отсто во 2025 година, покажуваат најновите официјални податоци, пренесува денеска БФМ ТВ. Како што наведува националниот Завод за јавно здравје во својот извештај, минатата година биле регистрирани повеќе од 6.500 обраќања до итните здравствени ...

Авион со патници кои планирале да поминат сончево неделно попладне во скокање со падобран се урнал во американската држава Мисури, при што загинале сите 12 лица што се наоѓале во леталото, соопштија надлежните власти. BREAKING: 12 killed after plane crashes in Butler, Missouri pic.twitter.com/aEClG1Oora — Rapid Report (@RapidReport2025) June 14, 2026 Според соопштението на Сообраќајната патрола на Мисури, полициски службеници се на терен и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. „Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД веќе „прават работи за кои не може да зборува“, со цел брзо да се обезбеди безбеден премин низ Ормуската Теснина, како и дека САД и Иран се на добар пат да потпишат меморандум за разбирање. – Веќе правиме работи за кои не можам да зборувам во рамките на оваа програма, со цел да осигураме безбедниот премин да се случи што е можно побрзо. Значи, во тек сме со сè, точно знаеме ...

Фудбалската репрезентација на Германија на импресивен начин го отвори настапот на Светското првенство 2026, совладувајќи го Курасао со убедливи 7:1 во натпреварот од првото коло во групата Е. Уште од самиот почеток беше јасно дека станува збор за пресметка меѓу две селекции со различен квалитет. Германците влегоа како апсолутни фаворити против дебитантот на Мундијалите, но Курасао сепак успеа да испише историски момент. Германската доминација ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп, кој денеска слави роденден, остварија телефонски разговор, соопшти советникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков. – Претседателот на Русија, Владимир Владимирович Путин, денеска по телефон му го честиташе на претседателот на САД неговиот 80-ти роденден – изјави Ушаков, додавајќи дека разговорот траел 55 минути и имал „пријателски и искрен карактер“. – Како што и ...

На Клиниката за урологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје успешно беа изведени првите робот-асистирани операции кај четворица македонски пациенти со карцином на простата. За првпат е применета и иновативната „Single Site“ техника – хируршки пристап преку само еден отвор, што овозможува исклучителна прецизност, помала траума, помалку болка и побрзо закрепнување на пациентите, соопшти ЈЗУ Универзитетска клиника за ...

Ракометарите на Барселона се искачија на европскиот трон по тринаесетти пат во историјата, откако го совладаа тимот на Фуксе Берлин со конечни 37-34 (20-16) во финалето на Лигата на шампионите на ЕХФ. Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Луис Фраде со стопроцентен учинок (7/7), а на спротивната страна, осум погодоци постигна Матијас Гидсел. Ракометарите на Барселона се искачија на европскиот трон по тринаесетти пат во историјата, ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
4.45
15%
1014
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
32%
1015
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
2.73
37%
1016
weather icon

Софија

33ᴼ / 31ᴼ
5.98
36%
1017
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
3.06
29%
1016
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
0.45
43%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
4.02
32%
1013
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
2.72
21%
1015
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.91
19%
1015
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 36ᴼ
2.68
33%
1016
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
3.58
22%
1016
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
5.69
81%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Родиум

249168.29

Сребро

1902.84

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Платина

51923.46

Злато

131072.82