На 27.04.2026 во 14:10 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во викенд-куќа во с.Маврови Анови била пронајдена почината Д.Ѓ.(58) од с.Леуново, општина Маврово и Ростуше, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. На 27.04.2026 во 14:10 часот во Полициското одделение ...

Денеска пред Основниот суд се изнесуваат завршните зборови во судскиот процес против Стојанче Јовановски. Тој се товари за тешки кривични дела, вклучително и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во рамки на семејно насилство и загрозување на сигурноста. Случајот го следи јавноста со внимание, со оглед на тоа што обвинението се однесува на настани кои завршија со трагичен исход. На ...

Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид. Кај пет од жртвите, обдукциското мислење од Институтот за судска медицина, исто така, констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина. Обдукцијата на три од жртвите кои ...

Во контекст на вчерашните јавни настапи поврзани со измените на Законот за Влада, сведочиме на сериозна конфузија, некоординираност и очигледен раскол во редовите на СДСМ, истакна на прес-конференција Никола Мемов од Движење ЗНАМ за Наша Македонија. -Во текот на само еден ден, од иста политичка адреса стигнаа различни, меѓусебно неспоиви пораки. Наместо јасно дефиниран став и политичка конзистентност, јавноста доби изјави што се разликуваат и ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на бизнис конференцијата за сајбер безбедност во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура. Во своето обраќање, министерот истакна дека сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку како клучен фактор за ...

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите кои го следат процесот во судницата. ...

Старословенскиот хороскоп за мај 2026 година најавува динамичен период во кој затворањето на старите поглавја и отворањето на нови можности ќе се менуваат. Во месец мај има важни датуми кои носат посебна енергија. Веќе на 1 мај, со полната месечина, акцентот е ставен на завршување на старите обврски и затворање на минатите приказни, додека 12 мај носи зголемени емоции и можна конфузија, па затоа се препорачува претпазливост при донесување ...

Во текот на минатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 620 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје. Реализирани се две поголеми интервенции во чиишто рамки се отстранети обемни диви депонии во скопските општини Чаир и Гази Баба. Во општината Чаир е интервенирано на улицата Славеј планина, во непосредна близина на скопското Теќе, каде што е ...

Нова транша од 176,6 милиони денари или приближно 2,9 милиони евра се трансферирани од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Ова е втора транша во оваа година којашто се пласира кон Развојната банка, а оттаму кон комерцијалните банки преку кои се пласираат средствата кон крајните корисници, компаниите. Досега вкупно се пласирани во домашната економија 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра. Владата ги ...

Иранскиот заменик-министер за одбрана денеска учествува на состанокот на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка во Киргистан. Алијансата е позната како платформа за земјите да дискутираат за алтернативи на западниот блок, а меѓу учесниците се Кина, Русија и нивните евроазиски соседи, како и Индија. Според изјавите што ги пренесоа државните медиуми, заменик-министерот Реза Талеи-Ник на своите колеги им соопштил дека ...

Пред 25 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на убиените припадници на АРМ во масакрот кај Вејце во 2001 година. -Денеска со длабока почит се потсетуваме на хероите кои го дадоа највредното за Македонија. Во касарната „Илинден“, пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили, положивме венец со свежо цвеќе и оддадовме почит на Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески. ...

Денес кај нас станува особено тешко да (си) разјасните дали одделни „групации“ – меѓу нив и оние што глумат политички партии и нивната „интелектуална“ клиентела – се навистина толку глупави па не разбираат за што се залагаат, дали не умеат правилно да ги читаат нештата (напишаните и ненапишаните), дали сериозно не разбираат за што станува збор или нивните (веќе) отворено антидржавни заложби кријат некакви „таинствени“ интереси… итн., итн. ...

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ноќеска оствари трипл-дабл во петтиот натпревар од победата на Минесота Тимбервулвс од 125:113 во првото коло од плејофот во НБА. Триесет и едногодишниот Србин постигна 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Ова е неговиот 221-ви трипл-дабл во регуларната сезона и плејофот заедно. Оваа статистика го става Јокиќ на исто ниво со плејмејкерот на Сакраменто Кингс, Расел Вестбрук, за најмногу трипл-даблови во ...

Кинеските власти ја блокираа планираната аквизиција со која американската компанија Meta требаше да го преземе AI стартапот Manus за околу 2 милијарди долари, што претставува ново заострување на глобалната конкуренција во областа на вештачката интелигенција. Одлуката ја донела Националната комисија за развој и реформи на Кина, која побарала двете страни да се откажат од трансакцијата. Стартапот Manus, кој развива напредни AI агенти за анализа ...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, престојува во Љубљана, Словенија, каде што учествува на меѓународната конференција „Западен Балкан во вртлогот на новата геополитика на безбедноста“, во рамките на „III меѓународен состанок на пријателите на Западен Балкан“, организиран од Nizami Ganjavi International Center. Настанот се одржува во присуство на истакнати политички и институционални личности од Европа, регионот и ...

Демократската зрелост на една држава се потврдува со практики со кои се надминуваат „ад хок“ принудните решенија Криво насадените институционални аномалии низ годините само покажаа како една држава може да се направи дисфункционална, па одговорност на секој македонски политичар, било да е од власта или од опозицијата, е да тежнее тие дисфункционалности да се отстранат што поскоро. Имено, деновиве македонската јавност сведочеше на жестока ...

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд, во однос на најавениот протест пред Судот денеска (28.04.2026) информираме дека во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата, се наведува во соопштението од Судот. -Станува збор за втора фаза во која ќе се оценува уставност и законитост, конечна одлука за оспорените ...

Во Саудиска Арабија, седум отпечатоци од стапала се пронајдени меѓу стотици праисториски животински отпечатоци. Според проценките, човековите траги се стари 115.000 години. Фосилизираните траги од стапала покажуваат човечко присуство на прагот на следното ледено доба, според научниците. Тие, покрај датирањето со јаглерод (Ц-14), користеле и изотопи и контекстуални показатели за да ја пресметаат приближната старост на фосилите. Овие човечки ...

Водителот на ноноќно ток-шоу, Џими Кимел, изјави дека неговата шега за првата дама Меланија Трамп не била „повик за атентат“ откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од неговата ТВ станица тој „веднаш да биде отпуштен“ поради коментарите, јавува ДПА. Кимел синоќа ја започна својата програма „Џими Кимел во живо!“ со опис на шегата како лесна критика за разликата во годините на претседателската двојка и „во никој случај, не како ...

Три лица загинаа во денешниот украински напад со дронови врз руската Белгородска област што граничи со Украина, соопшти гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков. „Тројца цивили се убиени како резултат на напад со дронови на украинските вооружени сили“, напиша тој на „Телеграм“, додавајќи дека уште три лица се повредени. Според неговите информации, дронови погодиле автомобил во градот Вознесеновка при што загинало едно машко, како и возило во ...

На крајот на април оваа година истекува рокот за меѓународниот натпревар за дизајн на идната серија, со што започнува клучна фаза на промени што ќе бидат видливи во секојдневниот живот на граѓаните низ цела Европа во наредните години. Промената има за цел да го освежи изгледот на банкнотите по повеќе од две децении од нивното воведување, додека одржува високи стандарди за безбедност, достапност и еколошка одржливост. Еврото влезе во оптек на ...

„Реформската агенда е во период од 2024-2027 година, и таму се поставени 21 точка по коишто треба да се дебатира. За тие 21 точка, за 16 точки, од самите претставници, шефови на дипломатиите на земјите-членки се изразија позитивно. Ние очекуваме до доаѓањето на извештајниот период да реализираме уште 2, тоа би значело 18 од 21 точка реализирани во 2026 година, рокот е до 2027 година“, истакна Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ...

Вообичаено „правило“ меѓу скараџиите е пред да се стави месото, истата да се подмачка додека е топла. Ако и вие ова го правите, тоа е погрешно иако голем број интернет страни и книги за готвење го предлагаат ова. Сепак, една книга за готвачи која е повеќе пати наградувана, нуди друг совет. Авторот на книгата напишал дека подмачкувањето на скарата не е добра идеја. Според неговата книга, доколку користите масло, истото ќе испари и ќе се ...

Најмалку 14 лица загинаа, а 84 се повредени во судир на два воза во близина на индонезискиот главен град Џакарта, соопшти денесka државната железничка компанија „PT Kereta Api Indonesia“ . Несреќата се случила доцна синоќа во Бекаси, густо населено место источно од Џакарта, што е дел од поширок метрополитански регион каде јавниот превоз го голема мера се потпира токму врз железничкиот сообраќај. Како што е наведено, до несреќата дошло кога ...

Повеќе од 300 експерти од земјава и од странство ќе бидат дел од 11. Конгрес за ретки болести во Југоисточна Европа што од 7 до 9 мај ќе се одржува во Охрид. Настанот насловен „Кон персонализирана медицина“ го организира Македонско здружение за ретки болести, поддржан од повеќе медицински здруженија и институции, меѓу кои Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) и Педијатриско здружение на Македонија, како и пациентски организации ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на два пожара на отворен простор. Првата интервенција била во селото Ваксинце, каде од 15:15 до 23:40 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари гаснеле опожарена борова и ниска дабова шума, соопшти денеска РЦУК Куманово. Од Шумско стопанство Куманово информираат дека од 13:20 часот нивни екипи со четворица шумари биле ангажирани на ...

СДС очигледно се навлече на иљачот на Венковата прва пушка Шмрчко. Ова е најлогичното објаснување на долунапишаното, и дефинитивно, најмизерното соопштение излезено од која било партија во минатите скоро 35 години од независноста на државата. И подалеку. Во него, СДС се осмелува да каже „Тероризмот е во крвта на ВМРО“ (Па нели ова ВМРО немаше врска со исконското?!), го обвинува ВМРО за атентатот на Киро Глигоров во време кога таткото на ...

Птиците можеби не го чувствуваат само земјиното магнетно поле, туку, според најновите научни сознанија, на одреден начин и го „гледаат“. Оваа извонредна способност која им овозможува на миграторните видови да прелетуваат илјадници километри со неверојатна прецизност, со децении претставува предизвик за научната заедница. Денес, одговорите сè повеќе се бараат во микроскопските, но исклучително комплексни структури во нивните очи. Во фокусот на ...

Како да се стане успешен во свет преполн со информации и постојани одвлекувања на вниманието? Според Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, одговорот е изненадувачки едноставен и започнува уште во првиот час по будењето. Тој го нарекува тоа „правило на првиот час“ – време без бучава, без телефон и без преплавување со информации, во кое умот добива простор да се разјасни, да истражува и да учи. Наместо бесконечно скролање по содржини, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1003
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.68
44%
1001
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
999
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
39%
1006
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.47
56%
1005
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
95%
1000
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1004
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
49%
1005
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1004
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
47%
1005
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
35%
1001
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.63
56%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Сребро

2812.48

Кобалт

45.39

Злато

151413.64

Паладиум

47550.95

Рутениум

51376.89

Бакар

13.22

Платина

68577.54

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Алуминиум

3.64

Калај

55.99

Родиум

320703.70