Скопје
37ᴼ /
37ᴼ
Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски денеска присуствуваше на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“ во Париз, еден од најзначајните светски настани во областа на одбраната и безбедноста. Во својата објава на сосијалната мрежа на Фејсбук, Мисајловски посочи дека посетата на саемот доаѓа во период кога државата ги подготвува следните чекори за модернизација на опремата на ...
Белгија во соработка со австралиска компанија почна производството на системи за откривање и спротивставување на беспилотни летала. Со тоа Белгија е втора држава во светот, по Австралија што ќе произведува системи „РфПатрол Мк2“, кои имаат примена и во цивилни и воени цели. Се предвидува дека белгиското производство ќе може да се прошири и испораките ќе се вршат брзо, обезбедувајќи компатибилност во работата на европските вооружени сили. ...
Најпознатиот јутјубер во светот, MrBeast, стана првиот креатор на содржини во историјата што надмина 500 милиони претплатници на својот YouTube канал. Веста ја објави извршниот директор на YouTube, Нил Мохан, кој на социјалните мрежи му честиташе на MrBeast за овој рекорден успех, истакнувајќи дека тоа е историски момент за дигиталната индустрија и креаторите на содржини низ целиот свет. „Ова достигнување покажува што е можно кога креаторот ...
Со објавувањето на албумот „Ja za čuda letim“ (Летам за чуда), младиот музичар Јаков Јозиновиќ официјално го претстави својот прв студиски проект и означи нов чекор во кариерата што за кратко време привлече големо регионално внимание. Заедно со објавувањето на албумот, Јозиновиќ сподели емотивна приказна на Инстаграм за создавањето на насловната песна, откривајќи како сè започнало од спонтан разговор што подоцна прераснал во музичка идеја. ...
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека Техеран непосредно пред објавата на рамковниот договор со САД, внесена е одредба за наплата на поморските услуги во Ормуска Теснина. Во последните моменти од преговорите, текстот на меморандумот за разбирање беше променет за јасно и експлицитно да се нагласи прашањето за иранско-оманскиот суверенитет над Ормуска Теснина, објави Фарс, агенција блиска до ...
Градот Скопје денес официјално го означи почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во општина Гази Баба, еден од најзначајните сообраќајни објекти и една од најфреквентните врски на источниот влез и излез од градот. На почетокот на градежните активности присуствуваа градоначалникот на Град Скопје и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кои истакнаа дека станува збор за проект што со години бил барање на жителите и е од ...
Уругвајската фудбалска репрезентација се соочи со сериозни проблеми само ден пред својот прв натпревар на Светското првенство 2026, откако поради административен пропуст не можеше навреме да отпатува од Мексико кон САД. Според информациите од уругвајските медиуми, чартер-летот кој требало да ја пренесе селекцијата на Марсело Биелса од Канкун до Мајами не поседувал неопходна дозвола за влез во воздушниот простор на САД. Авионот бил подготвен ...
Со романтичен вечерен настан покрај базен, Иван Јованов, фронтменот на „Либеро бенд“ и неговата избраничка Ивана ја прославија својата свадба, точно две години по раѓањето на нивната ќерка Ниа. Невестата заблескала во тесна бела венчаница со корсет, додека младоженецот пристигнал во елегантен смокинг. Парот влегол кај присутните гости придружуван од звуците на саксофон додека свирел Горан Папаз. Како што започнал првиот танц, мелодијата од ...
Општина Илинден успешно го реализираше проектот за изградба на улица „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино, со што е завршен уште еден значаен инфраструктурен зафат насочен кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Улицата е целосно асфалтирана, во вкупна должина од 550 метри и широчина на колвозот од 6 метри. Во рамки на проектот изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, како и отворен одводен канал за прифаќање и ...
На 14.06.2026 во 16:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Ораовица, радовишко, на место викано „Манастирско место“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Ораовица, радовишко и мотоцикл „хонда“ управуван од К.Т.(18) од с.Подареш, радовишко. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од мопедот, ...
Според Џеф Безос, четвртиот најбогат човек во светот, вештачката интелигенција нема да предизвика масовно уништување на работни места. Наместо тоа, верува дека веќе живееме на почетокот на така наречени „златни времиња“. -Мојата компанија „Прометеус“ користи вештачка интелигенција за трансформација на производството и инженерството. Оние кои непромислено заклучуваат дека сите работни места ќе исчезнат се оние кои едноставно не се во право. ...
Човековите права не се тема што припаѓа исклучиво на законите, стратегиите или меѓународните документи. Тие се препознаваат во секојдневната работа на институциите, во начинот на кој се постапува по барањата на граѓаните, во квалитетот на услугите што ги добиваат и во одлуките што директно влијаат врз нивниот живот. Со цел дополнително да се зајакнат знаењата и капацитетите на административните службеници во оваа област, Министерството за ...
Во полуфиналето на емисијата „Никогаш не е доцна“, во саботата македонскиот натпреварувач Илија Балтовски го изведе легендарниот хит на Масимо Савиќ „Стине“ и емотивно ги допре срцата на сите во студиото. Неговиот настап беше еден од оние што ќе се паметат долго време, а атмосферата во студиото потоа беше исполнета со емоции и тишина што зборуваше погласно од зборовите. View this post on Instagram A post shared by Ilija Baltovski (@baltovani) ...
Австрија ги продолжи граничните контроли со соседните земји за уште три месеци, а Виена ќе спроведе гранична безбедност со адаптирани мерки во граничната област, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер. Тој истакна дека „граничната безбедност е реструктуирана и е пофлексибилна“. Наместо чисто селективни, стационарни гранични контроли, ние се потпираме на широки, флексибилни и ефикасни гранични контроли. Целта на новата ...
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката за негово отстранување од функцијата претседател на Република Српска. Со ова конечно завршува неговата судска битка на меѓународен план, а во сила останува пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, пренесуваат босанските медиуми. Додик, актуелен лидер на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), се обрати до Судот во Стразбур со ...
Српската полиција соопшти дека привеле во Врање државјанин на Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама. Осомничениот С.К (1970) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 8.6.2026 година. РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на ...
Македонија посведочи едно од најмизерните интервјуа во сопствената историја. Мега скандал со сериозни и неконтролирани изливи на говор на омраза, нечовечност и мизантропија испливаа од бош-муабетот на двајца политички маргиналци, едниот главен идеолог на СДСМ – поранешниот и историски најнеуспешен министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчкоски кој во во својот бизарен поткаст со уште еден свој политички пандан без срам и перде ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментот цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, ...
Денеска завршува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Првото почна на 12 јуни во ...
На 14.06.2026 околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“ со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(56) од Скопје, удрило во 50-годишната С.Б. од Куманово. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Б., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На ...
Растот на индустријата во април е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее, кои создаваат хистерија и паника, шират невистини и манипулираат, вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги статистичките податоци за индустријата. – Се консолидиравме по шокот во март, кога ескалираше кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во април индустријата бележи значителен раст, односно зголемување од околу 7,4 до 7,5 ...
Јапонската фудбалска репрезентација освои голем бод против Холандија играјќи 2:2 во натпревар полн со пресврти, но по натпреварот, главна тема стана необичниот потег на тренерот Хаџиме Моријасу. Додека неговиот тим се бореше да дојде до резултатско изедначување, јапонскиот стручњак реши да им испрати порака на играчите на необичен начин. Во последните минути од натпреварот, Моријасу и членовите на тренерскиот штаб држеа бела табла со броеви, ...
Мариус Борг Хоиби, најстариот син на норвешката крунска принцеза Мете-Марит, е осуден на четири години затвор поради обвиненија за силување на две жени во 2018 и во 2024 година. Суд во Осло го ослободи од обвиненија за силување на две други жени. Против него беа покренати вкупно 38 обвинувања за силувања, насилство врз поранешна партнерка, за смртни и други закани, поседување дрога и сообраќајни прекршоци. Хоиби (29) бил на возраст од четири ...
Разликата помеѓу овие две земји и нашата е тоа што ние ја контролираме целата држава и немаме такви проблеми какви што имаат тие и кај нив опозицијата не работи против своите граѓани и против својата влада, не ја кодоши сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси, како што е случајот кај нас, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на ...
Во Собранието денес се одржа јавна расправа за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Проф. д-р Александар Спасеновски, кој беше дел од експертската група која работеше на на овој акт истакна дека на предложеното законско решение треба да му се даде шанса, бидејќи прашањето на правичната застапеност е едно од клучните прашања за довербата во институциите ...
Во Битола започна со работа фабриката „Брејнчајлд“, инвестиција вредна околу 11 милиони евра, во која веќе се вработени околу 230 лица. Фабриката ќе произведува опрема за спортови на вода и ветер, производи кои, како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, не се користат многу често кај нас, но имаат широка примена на светските пазари. Мицкоски, кој присуствуваше на отворањето на фабриката, порача дека секогаш кога се гради нешто ново, тоа ...
Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека во 2024 година кога ја презеле власта исплаќале заостанати субвенции од 2021 година и дека сега за неполни две години ...
Во 2025 година, деловните субјекти изградени 3 733 станови, чија просечна корисна површина е 75.2 м2, од кои 3 677 се во индивидуална сопственост, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу се градело во Скопскиот регион. Изградени се вкупно 1 852 објекти со вкупна станбена површина од 280 644 м2, а вредноста на извршените градежни работи изнесува 44.5 милијарди денари. Во 2025 година, деловните субјекти изградени 3 733 ...
Ракометната федерација на Македонија информира дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028. -Одлуката беше донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан на 13 јуни 2026 година, а со тоа Македонија ја доби довербата да биде домаќин на едно од најзначајните младински ракометни натпреварувања во ...