Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
На 17.06.2026 на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(62) од Кичево. Со патничко возило „шевролет“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода и по извршено алкотестирање кај него се измерени 1,56 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, денеска изрази благодарност до граѓаните кои присуствувале на вчерашното одбележување на 36 години од постоењето на партијата, што се одржа на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Ковачки оцени дека присуството на десетици илјади граѓани претставува силна поддршка, но и порака на единство и заедништво. Според него, довербата од народот е најголемата сила и мотив за ВМРО-ДПМНЕ ...
На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од ...
„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, ...
Во пресрет на Самитот на НАТО, денеска во седиштето на Алијансата во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше и се обрати на министерскиот состанок на Северноатлантскиот совет. -Разговаравме за заедничките приоритети, инвестирањето во одбранбените капацитети, зајакнување на вооружените сили и одбранбената индустрија, како и за предизвиците со кои се соочува евроатлантската безбедност. Македонија останува посветен и ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави „неутралниот“ став на кинескиот и на рускиот лидер, Шји Џјинпинг и Владимир Путин во текот на конфликтот со Иран, оценувајќи дека не ги попречиле напорите на Вашингтон за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран. Зборувајќи на прес-конференција за време на Самитот на групата Г-7 во Евиан, Трамп изрази благодарност кон двете земји за, како што рече, нивното воздржување од вмешување во ...
Општина Илинден продолжува со активностите за уредување и модернизација на јавните простори, со цел да обезбеди поквалитетни услови за живот на жителите во сите населени места. Во рамки на овие активности извршена е обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема. Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата се поставени нови детски содржини, меѓу кои ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, македонски полускапоцен камен. -Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер, рече министерката на брифинг со новинарите. Рубинот што се вади во Македонија е ...
Дрски крадци извршија филмски грабеж во англискиот округ Кембриџшир, откако со украден телескопски манипулатор го откорнале банкоматот од филијала на банка. Целиот инцидент бил снимен од безбедносни камери, а напаѓачите по извлекувањето на банкоматот го натовариле во друго возило и избегале. Полицијата спроведува интензивна истрага и бара помош од граѓаните за идентификација на сторителите. Дрски крадци извршија филмски грабеж во англискиот ...
Унгарската опозициска партија „Фидес“ ја оцени како „сериозна грешка“ намерата на Владата на премиерот Петер Маѓар постепено да ги укине регулираните цени на горивата. Параментарната група на „Фидес“ преку соопштение посочува дека во услови на меѓународна несигурност нема гаранции дека цените на нафтата повторно нема нагло да пораснат, поради што сметаат дека постојниот ценовен плафон треба да остане во сила. Од „Фидес“ ја обвинија Владата ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Ирска, имаше обраќање во Институтот за меѓународни и европски работи IIEA, каде што говореше за европската интеграција, политиката на проширување на Европската Унија и иднината на Западен Балкан. -Потенцирав дека проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, јасни правила и објективни критериуми. Кредибилитетот на Европската Унија ...
Демократијата подразбира право на промена, а не догма за континуитет на претходни владини обврски, кои, згора на сè, се и противправни Една од најчесто повторуваните тези во последните години е дека Македонија „мора да ги исполни обврските што ги презела претходната влада“, без оглед на исходот од изборите и без оглед на волјата на граѓаните изразена на демократски начин. Таа теза на прв поглед звучи логично, но во својата крајна форма таа ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДС, истакнувајќи дека разликата меѓу двете партии е „повеќе од јасна“. Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ својот 36-ти роденден го одбележала заедно со граѓаните, како партија која, според нив, се борела за независноста на државата, реализирала проекти од корист за граѓаните и ја претставува Македонија исправено и достоинствено пред светот. „ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и заедно со граѓаните го ...
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање од градскиот стадион во Струмица, по повод 36-тиот роденден на партијата одржан под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, порача дека Македонија мора да забрза, да се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, бидејќи граѓаните на оваа држава, Македонија, тоа го заслужуваат. Мицкоски ја искажа неговата визија за Македонија како ...
Инвестициите не носат само нови поврзувања, тие го редефинираат начинот на кој Европа се гледа себеси и својата позиција во светот, порача Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница на отворањето на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што се одржува денеска во Солун. Како што посочи Закоњшек, транспортот не се состои само од инфраструктурата и не се ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните работи на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде одблизу ја следеше реализацијата на овој значаен проект за високото образование. За време на посетата беше констатирано дека работите се одвиваат според предвидената динамика и дека кампусот од ден на ден добива сè појасна форма. „Кампусот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ е инвестиција во знаењето, образованието и ...
Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ го критикуваше капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, за грешка во 68. минута од натпреварот на Светското првенство во 2026 година против ДР Конго (1:1). Португалскиот напаѓач не му ја остави топката на својот соиграч туку се одлучи на тежок удар кој заврши крај стативата. – Обично, како напаѓач, се движите од една статива на друга за да привлечете дефанзивец со себе и да создадете простор ...
Сочен, мирисен и богат со вкус – овој ориз со пилешко и зеленчук е совршен домашен ручек кој се подготвува лесно, а резултатот секогаш воодушевува. Комбинацијата од меко пилешко месо, ароматичен зеленчук и добро зготвен ориз создава јадење што е истовремено заситно и префинето. Потребни состојки: 2 главици црвен кромид 2 моркови 1/2 тиквичка 1 чаша (200 мл) свежа или замрзната брокула (на ситни цветчиња) 1 и 1/2 чаша (200 мл) ориз со долго ...
На денешната собраниска седница,на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Според информациите од собраниската прес-служба, осум пратеници треба да постават прашања до претставниците на Владата. Прашањата ќе бидат упатени до вицепремиерите и министри за европски прашања и за транспорт, како и до министрите за надворешни работи, внатрешни работи и образование. На денешната собраниска седница,на дневен ред се и опозициските пратенички ...
ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. Име натопено со солзите на генерации борци, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележи на градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд, создаден од историја, борба, болка и жртва, ...
„Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ пет во Европа според растот на БДП, како процент од истиот. Постигнавме историски рекорд, над 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите обезбедивме електронски уреди. Сето она коешто ...
Доста веќе се лажевме дека постои некаква последна отстапка по која Бугарија ќе каже: „Еве, сега сте добри, повелете во Европската Унија“. Такво нешто не постои. Со години ни се продаваше приказната дека проблемот е во нас. Дека не сме направиле доволно. Дека треба уште малку трпение, уште малку разбирање, уште некој компромис, уште некоја жртва и конечно ќе стигнеме до целта. Но секој што барем малку искрено ги следел односите меѓу ...
Веројатно на секој разумен човек му е повеќе од јасно дека државата денес е исправена пред можеби најопасните предизвици во поновата историја – пред општа културна војна со непредвидливи далекусежни последици. Воведот, или прологот, на тој предизвик започна уште во онаа 1991 година со „спорот за името“, а првиот чин заврши во јуни 2018 година со она фрапантно „на слепо“ и апсолутно неморално коцкање со уставното име на државата, во тој миг ...
Намалувањето на американското учество во кризните сили на НАТО стапи во сила веднаш, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, додавајќи дека останатите сојузници веќе го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините. „Вчера се постави прашањето: дали ова важи веднаш или не? Важи веднаш“, изјави Руте пред новинарите во Брисел, воочи денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО. Тој појасни дека станува ...
Најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 8 часот се измерени во Гевгелија 17 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР, 14 литри на метар квадратен се измерени во Демир Капија, 6 во Берово, додека по 3 литри на метар квадратен се регистрирани во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево. Два литра на метар квадратен се измерени во Тополчани, а по еден литар во Радовиш Пожар, Прилеп, Претор ...
Патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија и понатаму ќе имаат право на бесплатен рачен багаж и на надомест за доцнење на летовите, откако Европскиот совет и Европскиот парламент постигнаа договор за измените на правилата за заштита на патниците. По повеќе од една деценија преговори, европските институции се согласија да ги задржат постојните права за обештетување при доцнење на летовите, како и да воведат поголема транспарентност ...
Мандатарот за состав на новата романска влада, Адриан Вештеа, денеска до Парламентот ќе ја достави владината програма и списокот на министрите во новиот кабинет. Во статус на фејсбук Вештеа наведе дека во завршна фаза на подготовка е програмата за работа на владата и истакна дека секоја мерка внимателно се анализира од аспект на нејзиното влијание врз државниот буџет и целите за намалување на буџетскиот дефицит. „Нашата цел е да го пронајдеме ...
Изложбата „Секогаш во изградба“ на уметниците Ивана Самандова и Исмаел Пелтроу вечерва ќе биде отворена во изложбениот салон „Империјал 2“ во Културно-информативниот центар во Скопје, во рамки на програмата „CreArt – Уметник во престој“. Како што информираат организаторите, изложбата претставува заеднички уметнички проект на Пелтроу од Клермон-Феранд, Франција, и Самандова од Скопје, кои преку видео, објекти и скулптури ја истражуваат ...
Конференција „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ ќе се одржи денеска во Скопје. Целта на настанот, како што соопшти Министерството, е да се презентираат наодите и препораките од анализата за иновативни модели на финансирање на предучилишното воспитание, како и да се отвори дијалог за мерките за проширување на пристапот преку ...
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, го потпишаа договорот за прекин на војната на Блискиот Исток, со кој Исламската Република се согласи да го разреди својот збогатен ураниум во замена за значително олеснување на економските санкции. Трамп го потпиша Меморандумот за разбирање за време на свечена вечера во дворецот Версај, по завршувањето на самитот на Групата Г-7, во присуство на францускиот претседател Емануел ...