Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ вчера го прослави својот 36-ти роденден. Партијата својата 36 годишнина од постоењето го прослави на фудбалскиот стадион во Струмица при што на прославата присуствуваа околу 20 илјади граѓани. Нормално и се би било во ред доколку на „сцена“ не се појавеа поро-опозициските портали, сакајќи на било кој начин да го оцрнат одбележувањето на најголемата македонска партија. Имено, колегите од „Цивил медиа“ на Џавир ...
Пратениците во Европски парламент денеска усвоија резолуции за Куба, Белорусија, Буркина Фасо и Никарагва поради репресија, кршење на човековите права, потиснување на граѓанското општество и слободата на медиумите. Европратениците ја осудија систематската репресија што ја спроведува кубанскиот режим, повикаа на длабоки економски и политички промени во земјата и ја повикаа Европска Унија да воведе санкции кон одговорните за репресијата. ЕП ...
Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде во комбинација за дуелот против Хаити, извести бразилската федерација. Тој нема да патува за Филаделфија каде „кариоките“ ќе го играат вториот натпревар. Нејмар ќе биде во Њу Џерси и ќе се заздравува од повредата. Засега уште работи индивидуално во теретана и од медицинскиот тим му е забрането да има активности, кои бараат и физички контакт. Последниот натпревар го одигра на 17. мај за својата екипа ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар на стартот од квалификациите од Лигата на шампионите ќе игра против екипата на КуПС од Финска. „Црвено-црните“ првиот натпревар ќе го играат на домашен терен, а како термин е одреден 7.јули на Националната Арена. Почетокот на дуелот е во 19 часот. Реванш дуелот е седум дена подоцна во Финска. Тоа нема да биде единствен противник за Вардар. Доколку македонскиот првак ја мине првата пречка ќе игра со ...
Израел денеска објави нова карта на териториите во јужен Либан што се под контрола на Израелските одбранбени сили (ИДФ). Претходно во текот на денот, израелски претставници изјавија дека Израел води разговори со САД за можноста силите на ИДФ да останат распоредени на либанска територија. Вашингтон и Техеран вчера потпишаа привремен договор за прекин на војната, при што Исламската Република побара запирање на борбите на сите фронтови, ...
Москва и Киев повторно извршија размена на тела на загинати војници во четиригодишната војна, соопштија украинските власти. Украина добила 522 тела, додека Русија примила 33 тела, пренесува ДПА. Од почетокот на 2025 година, Русија вкупно ги вратила посмртните останки на повеќе од 20.000 украински државјани, додека за возврат примила повеќе од 600 тела на свои војници. Украинската армија се соочува со потешкотии при извлекувањето на телата на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по состанокот на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел, ја предупреди Русија дека ќе направи голема грешка ако се обиде да нападне сојузник на Северноатлантската алијанса. Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин мора да одлучи дали ќе учествува во мировните преговори со Украина, а дотогаш НАТО треба да продолжи со воената поддршка за Киев. Според него, 75 проценти од руските даночни ...
Јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат следниве патнички возови: На релација Скопје – Гевгелија: 611 (06.20) и 631 (16.55); На релација Гевгелија – Скопје: 630 (04.30) и 632 (17.02); На ...
Денеска на маргините на Самитот на НАТО и состанокот на Северноатлантскиот совет, остварив средба со министерот за национална одбрана на Република Грција, Николаос Дендиас, објави на социјалната мрежа на Фејсбук македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски. Како што информираше министерот Мисајловски на средбата со Дендиас разговарале за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката соработка во рамките на НАТО и можностите за ...
Министерството за надворешни работи на Швајцарија соопшти дека очекува, како што претходно беше најавено, утре да почнат преговорите помеѓу САД и Иран во Бургеншток. – Како што стојат работите, планот е САД и Иран, заедно со медијаторите Пакистан и Катар и другите вклучени земји, да се сретнат утре во Бургеншток за почетни преговори за спроведување на договорот. Моментално нема дополнителни информации за распоредот и деталите за овој ...
Катар, кој посредуваше во мировните преговори меѓу САД и Иран, денеска соопшти дека потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу двете земји претставува „цврста основа“ за следната фаза од преговорите. – Меморандумот претставува солидна основа за преминување во следната фаза од преговорите помеѓу американската и иранската страна, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар пред почетокот на техничките дискусии, што треба да почнат ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ги изнесоа клучните пораки за системско зајакнување на предучилишното образование и грижа и проширување на опфатот на децата во предучилишно воспитание и образование. На конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, беа презентирани наоди и препораки од ...
Селекторот на Узбекистан, Фабио Канаваро, стана четвртиот добитник на „Златната топка“, кој тренирал национална репрезентација на Светско фудбалско првенство. Франц Бекенбауер, Олег Блохин и Марко ван Бастен, исто така, претходно го постигнаа овој подвиг. Узбекистан загуби (1:3) од Колумбија во првиот натпревар од Светското првенство 2026 година на 18 јуни. Узбекистанците постигнаа историски гол, но немаа друга причина за славење. Колумбија ...
Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов зборувајќи за демографската слика истакна дека Македонија се соочува со сериозен проблем на ова поле, па затоа треба да се прават анализи и да се размислува неколку децении однапред со цел потентните млади луѓе да останат и да придонесуваат за македонската економија. -Апсолутно ќе дојде време, можеби не сега но за некои 15, 20-25 години комплетно да се смени ...
Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска во Солун, во рамки на министерскиот Самит на земјите од Западен Балкан оствари билатерална средба со министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Александра Софронијевиќ. На средбата беше разговарано за унапредување на регионалната соработка, со посебен акцент на реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти кои ќе ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција потенцира дека државата наводно се наоѓала во катастрофална состојба, а единствен виновник за блокадите бие македонските власти и премиерот Мицкоски. Потенцира дека идентитетот не бил загрозен, правдајќи ја директно Бугарија и нивниот јавно изразен национал-шовинизам.. „Нацијата и државата се пред колапс и никогаш како сега идентитетот не бил загрозен. Граѓаните тоа ...
Како што информираат надлежните служби, ќе има прекин на водоснабдувањето на ден 19.06.2026г. поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 1“. на Бул. Партизански Одреди 48 А. Со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Мајаковска и дел од Бул. Партизански Одреди позади СЈО – соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности. ...
Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се во обид да се формира меѓународен синдикат, односно синициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции, од што зависи иднината на проектот за градба на двете хидроцентрали Чебрен и Галиште, и според досега информациите, тие обиди се успешни, откри претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за поткастот „Каде се парите со ...
Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија за МИА од Апелацискиот суд-Штип. Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел. Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен ...
На 17.06.2026 околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило. Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот го напуштил местото. По пребарување на теренот, возилото било пронајдено и во ...
Полицијата го лиши од слобода 30 годишниот скопјанец , постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:00 часот се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 17 јуни 2026 година околу 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:00 часот се обидел да ...
Бројот на умрените лица во 2025 година е 20.287 лица, што претставува зголемување од 0,4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10.498, се од машки пол наспроти 9.789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0,3 % на 100 умрени лица – покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2.002, се регистрирани во јануари, а најмалку – 1.506, во април. ...
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар денеска изјави дека ги прекинува „сите контакти“ со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас. Тој истакна дека ги прекинува контактите со Калас поради нејзиниот коментар при нејзината посета на Мексико, кога го спореди Израел со апартхејдот во Јужна Африка. Калас минатиот месец го изедначи однесувањето на Израел кон Палестинците во Западен Брег и во ...
На 17.06.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат с.Вејце-с.Селце, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 25-годишната Е.Т. од с.Селце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., додека со телесни повреди нејзините сопатнички Е.Б.(18) и В.Т.(20), двете од с.Селце, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. На ...
На 18.06.2026 22:00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.Р.(54) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од И.И.(60) од Гостивар дека околу 21:00 часот физички го нападнал него и неговиот син во казино, при што употребил и метален предмет и спреј за очи. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На 18.06.2026 ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во „Каде се парите“ потенцираше дека иако во овие две години вратени се 4,6 милијарди евра стари долгови, сепак државата проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, додека долгот е намален како процент од БДП и воедно се справивме со најголемата енергетска криза во поновата историја. „На дневна основа комуницирам со институциите кои се задолжени да го полнат ...
Фотографиите на кои пејачката Шакира го напушта хотелот во Лос Анџелес со актерот Мануел Гарсија-Рулфо предизвикаа гласини за нивната романса. Според странските медиуми, Шакира и актерот Мануел Гарсија-Рулфо биле видени како го напуштаат хотелот заедно среде ноќ. Фотографиите се објавени од добро познат папарацо профил. На нив се гледа како двајцата заедно го напуштаат хотелот „Сансет Тауер“. На фотографиите, Шакира изгледа опуштено и ...
Го поздравуваме потпишувањето на Меморандумот за разбирање од Исламабад меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Ова претставува значајна можност за обнова на регионалната стабилност и зајакнување на светската економија, посочи портпаролката на грчкото МНР, Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите и паралелно истакна дека она што е важно е да се обнови слободата на пловидба, јави дописничката на МИА од Атина. Зохиу рече дека ...
Деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик се одржа денеска, соопштуваат од Министеството за правда. – Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Дел од решенијата ...
Државната компанија АД ЕСМ веќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Следната година, наместо досегашните 100 проценти, ќе обезбедува најмногу 70 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова, како што рече денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска, е последната обврска од реформската агенда. Сите останати се исполнети. Според Божиновска, со оглед на ...