Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Преподобен Висарион Роден и воспитан во Мисир. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети Свети Герасим на Јордан и го чу Свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи. Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во рамките на денешната седница ќе одржи Јавна расправа по Предло-законот за игрите на среќа и за забавните игри. Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на ...
Мексико ја совлада Јужна Кореја со 1:0 во Гвадалахара на СП 2026, благодарение на грешка на голманот Ким и голот на Луис Рома во второто полувреме. Фудбалерите на Мексико ја совладаа Јужна Кореја со 1:0 (0:0) во Гвадалахара, во дербито од Групата А на Светското првенство 2026. Мексиканците искористија грешка на голманот Сеунг-Гју Ким и со голот на Луис Рома во 50. минута стигнаа до победа која им го носи првото место во групата и пласман во ...
Селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски го направи изборот нна играчите со кои ќе настапи на последниот турнир во Европската лига. Миленкоски за Приштина поведе 13-мина репрезентативци на кои ќе смета за дуелите со домаќинот Косово и селекцијата на Израел. Во последниот пресек селекторот Миленкоски одлучи дома да останат младите, Лука Ристоски, Ване Арапов, како и Јован Милев. Од претходно е познато ...
Конор Мек Грегор откри неколку интересни детали за неговата иднина во УФЦ, признавајќи дека тековниот договор со организацијата вклучува само уште две борби. Поранешниот шампион во две категории ќе се врати во октагонот на УФЦ 329 против Макс Холовеј на 11 јули, и според него, ова нема да биде неговиот последен настап во организацијата. „Имам договор за двата датуми во моментов. Имам датум за 11 јули, а мојата следна борба е закажана за април ...
Мануел Штрлек, повторно ќе го облече дресот на Загреб, откако по цели четиринаесет години се врати во клубот каде што ја започна својата кариера. Легендарното лево крило зад себе има богата кариера, во која настапуваше за европски гиганти како Келце и Веспрем, со кои освои бројни титули, вклучувајќи го и трофејот во Лигата на шампиони во 2016 година. Во последниот период Штрлек настапуваше за Нексе Нашице, од каде замина на позајмица во Фуксе ...
Раководството на АБА кошаркарската лига денеска објави дека регионалното натпреварување следната сезона ќе има 20 клуба, а дека Цибона и Слован Братислава ќе се натпреваруваат во новата сезона. Како што е наведено, во согласност со зголемувањето на бројот на екипи учеснички, наскоро ќе биде дефиниран системот на натпреварување во АБА лигата за сезоната 2026/27. Цибона се врати во натпреварувањето по пауза од една сезона, а Слован Братислава ...
Македонија на најдостоинствен можен начин на Европското училишно првенство во баскет 3х3 кое се одржа во Белград. Македонија се закити со сребрен медал во силна конкуренција, откако во финалето Англија беше подобра со 22-18. Нашите момци одиграа уште еден неверојатно храбар натпревар, борејќи се до последната секунда и оставајќи срце на теренот. Овој резултат е историски, бидејќи за првпат тим од Македонија учествува на Европско првенство во ...
Светската ракометна федерација ги потврди термините за натпреварите од групната фаза на Мундијалот во Германија. Македонија ќе игра во групата Х, која ќе се одржува во „ГЕТЕК Арена“ во Магдебург. Избраниците на селекторот, Кирил Лазаров за противници ги добија Исланд, Бахреин и Јапонија. Мундијалот нашите ракометари го отвораат на 15 јануари со дуел против Јапонија од 18:00 часот, додека на 17 јануари во истиот термин ќе играат со Бахреин. ...
Фудбалерот на Осасуна, Виктор Муњоз и официјално е нов играч на Ливерпул. Интересната ситуација се состои во фактот што тој во моментов е дел од репрезентацијата на Шпанија, па лекарските прегледи за својто нов клуб ги направи во базата „Ла Роха“ во Тенеси, САД. Тој потпиша повеќегодишен договор со што го прави трансферот на кариерата. Англиските медиуми велат дека истиот е на шест години. Муњоз е второто засилување во тимот на „Редсите“ пред ...
Фудбалската федерација на Македонија се произнесе со официјален став откако беше уапсен уште еден поранешен претседател. Денес се појавија информациите за апсењето на Илчо Ѓорѓиоски поради финансиски малверзации во времето кога бил на чело на федерацијата. Oд ФФМ го изнесоа својот став на темата. Тие не посочуваа имиња, меѓутоа нагласија дека веќе предале официјална документација до надлежните органи за прекршоци од 2015 до 2019 година. „Во ...
Селекцијата на Босна и Херцеговина останува на еден освоен бод на Светското првенство, откако загуби од Швајцарија со убедливи 4:1. Неверојатно е тоа што сите голови се случија во последните 15 минути од средбата. Швајцарците поведоа во 74. минута со голот наМанзаби. Потоа дојде и црвениот картон на Мухаремовиќ, што го најави целосниот „распад“ на Босанците. Варгас во 84. минута зголеми на 2-0, а потоа Манзамби и на 3-0. Махмиќ намали на 3-1, ...
Канада започна славје како да е државен празник. Победата од 6-0 во второто коло од Групата Б беше нарушена само од сериозната повреда на Исмаел Коне. Канада се покажа во неспоредливо подобро светло отколку во првото коло, додека Катар целосно го разочара Ѓулен Лопетеги, а натпреварот дури заврши со двајца играчи помалку. Канада напаѓаше од првиот до последниот момент, постигна шест гола, а можеше да постигне уште неколку. Сето ова е лоша ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска остварила средба со професорот Едвард Алтман, еден од највлијателните светски експерти во областа на кредитниот ризик, корпоративните финансии и предвидувањето на финансиската слабост на компаниите и банкротот. Како што објави Димитриеска-Кочоска на Фејсбук, професорот Алтман е креатор на глобално признатиот модел Altman Z-Score, кој и денес претставува значајна алатка за проценка ...
Американската армија официјално ја укина блокадата за пловните објекти што влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни зони, соопшти денеска Централната команда на Вооружените сили на САД (СЕНТКОМ). Во објавата на СЕНТКОМ на платформата Икс се наведува дека американските воени бродови кои се наоѓаат во соседните води засега ќе останат на своите позиции. Претходно денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека ...
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи денеска изјави дека го одобрил меморандумот за разбирање потпишан од претседателите на Иран и САД, Масуд Пезешкијан и Доналд Трамп, иако имал одредени резерви во врска со договорот. Хамнеи посочи дека се согласил со меморандумот по уверувањата добиени од Пезешкијан и од други високи државни претставници дека ќе бидат заштитени правата на Иран и на таканаречената „Оска на отпорот“. Во писмена порака до ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во гостување на Македонско радио 1 порача дека Македонија денес е побезбедна и економски постабилна држава сега, отколку пред две години. Тој се осврна на економските показатели, борбата против криминалот и корупцијата, евроинтегративниот процес и дипломатските активности на Владата, оценувајќи дека актуелната власт постигнува резултати во повеќе клучни области. -Македонија е посигурна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги отфрли критиките по потпишувањето на договорот со Иран, за кој, според дел од критичарите, најголема корист има Исламската Република, додека клучното прашање за иранската нуклеарна програма е одложено за следната рунда преговори. Следната фаза од преговорите треба да започне утре во Швајцарија, но пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф најави дека нема да присуствува. Иранската агенција Тасним, ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша. Како што стои во соопштението на Министерството, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата на заеднички регионални инфраструктурни проекти од ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување. Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино ...
Седумдесет и петгодишна македонска државјанка го загубила животот откако била извлечена без знаци на живот од морето во Неа Каликратија на Халкидики, јавува МИА, повикувајќи се на информации од грчката Крајбрежна служба. Според соопштението, во попладневните часови вчера, крајбрежната управа во Неа Муданија била известена дека 75-годишна државјанка на Република Македонија била извлечена од морската област кај Неа Каликратија во општина Неа ...
Влатко Миладиноски ја претставува својата најнова песна и видеоспот со наслов „Михаела“, емотивна балада создадена во соработка со неговиот брат Златко Миладиноски. Станува збор за песна која носи посебна симболика, бидејќи за првпат во македонската музика е опејувано името Михаела. Песната е инспирирана од вистинска приказна и претставува музичка посвета за една млада Македонка која живее во Италија. Автор на музиката и аранжманот е Златко ...
Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ вчера го прослави својот 36-ти роденден. Партијата својата 36 годишнина од постоењето го прослави на фудбалскиот стадион во Струмица при што на прославата присуствуваа околу 20 илјади граѓани. Нормално и се би било во ред доколку на „сцена“ не се појавеа поро-опозициските портали, сакајќи на било кој начин да го оцрнат одбележувањето на најголемата македонска партија. Имено, колегите од „Цивил медиа“ на Џавир ...
Пратениците во Европски парламент денеска усвоија резолуции за Куба, Белорусија, Буркина Фасо и Никарагва поради репресија, кршење на човековите права, потиснување на граѓанското општество и слободата на медиумите. Европратениците ја осудија систематската репресија што ја спроведува кубанскиот режим, повикаа на длабоки економски и политички промени во земјата и ја повикаа Европска Унија да воведе санкции кон одговорните за репресијата. ЕП ...
Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде во комбинација за дуелот против Хаити, извести бразилската федерација. Тој нема да патува за Филаделфија каде „кариоките“ ќе го играат вториот натпревар. Нејмар ќе биде во Њу Џерси и ќе се заздравува од повредата. Засега уште работи индивидуално во теретана и од медицинскиот тим му е забрането да има активности, кои бараат и физички контакт. Последниот натпревар го одигра на 17. мај за својата екипа ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар на стартот од квалификациите од Лигата на шампионите ќе игра против екипата на КуПС од Финска. „Црвено-црните“ првиот натпревар ќе го играат на домашен терен, а како термин е одреден 7.јули на Националната Арена. Почетокот на дуелот е во 19 часот. Реванш дуелот е седум дена подоцна во Финска. Тоа нема да биде единствен противник за Вардар. Доколку македонскиот првак ја мине првата пречка ќе игра со ...
Израел денеска објави нова карта на териториите во јужен Либан што се под контрола на Израелските одбранбени сили (ИДФ). Претходно во текот на денот, израелски претставници изјавија дека Израел води разговори со САД за можноста силите на ИДФ да останат распоредени на либанска територија. Вашингтон и Техеран вчера потпишаа привремен договор за прекин на војната, при што Исламската Република побара запирање на борбите на сите фронтови, ...
Москва и Киев повторно извршија размена на тела на загинати војници во четиригодишната војна, соопштија украинските власти. Украина добила 522 тела, додека Русија примила 33 тела, пренесува ДПА. Од почетокот на 2025 година, Русија вкупно ги вратила посмртните останки на повеќе од 20.000 украински државјани, додека за возврат примила повеќе од 600 тела на свои војници. Украинската армија се соочува со потешкотии при извлекувањето на телата на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по состанокот на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел, ја предупреди Русија дека ќе направи голема грешка ако се обиде да нападне сојузник на Северноатлантската алијанса. Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин мора да одлучи дали ќе учествува во мировните преговори со Украина, а дотогаш НАТО треба да продолжи со воената поддршка за Киев. Според него, 75 проценти од руските даночни ...