Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Турскиот евролигаш Анадолу Ефес го врати хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ. Шариќ се враќа во клубот каде што настапуваше од 2014 до 2016 година и со кој освои два трофеи, а со Ефес потпиша договор до јуни 2028 година со опција за продолжување на уште една сезона. По десет години во НБА лигата, каде одигра 498 натпревари за Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома, Голден Стејт, Денвер и Сакраменто, хрватскиот кошаркар се враќа во Европа ...
По состанокот на врвот на Евролигата во Барселона, сликата за учесниците во следната сезона е речиси целосно јасна. Дилемата е само околу последното место, кое треба да го заземе Монако или Бешикташ. На 1 јули, компанијата на најдобрите ќе почне нова ера со воведувањето франшизи, кога 13 косопственици ќе преминат на овој бизнис-модел. Тоа се: Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче, Панатинаикос, Барселона, Басконија, Макаби Тел Авив, Анадолу ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека вкупно 27 екипи се пријавиле за настап во машката Лига на шампиони за сезоната 2026/27, која од оваа година ќе претрпи значителни промени. Новото издание на елитното натпреварување ќе брои 24 екипи, распределени во шест групи од по четири тима, што претставува проширување на досегашниот формат. Од пријавените клубови, 21 доаѓаат од земји со загарантирано место во Лигата на шампиони, меѓу кои ...
За првпат по 33 германскиот ракометен гигант Кил нема да биде дел од ниту едно европско натпреварување, што претставува вистинска катастрофа за клуб со таков реноме. Според германските медиуми, првиот чекор на управата е да му врачи отказ на тренерот Филип Јиха, кој повеќе нема да седи на клупата на Кил, иако има важечки договор до 2028 година. Иако клубот е познат по тоа што ретко менува тренери и традиционално им укажува голема доверба на ...
Бернардо Силва и официјално стана ново засилување на Реал Мадрид. По девет успешни сезони во Манчестер Сити, Силва реши да стави крај на својата англиска епизода и да започне ново поглавје во дресот на „кралскиот клуб“, каде што ќе настапува во следните две сезони. Како што објави клубот, договорот со португалскиот играч од средниот ред е веќе потпишан и потврден, со што Реал Мадрид добива уште едно големо име во своите редови. Според ...
Француски Олимпик Марсеј е казнет со десет милиони евра поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА, но ќе може да се натпреварува во Лигата на Европа 2026/27 со условна казна. Во соопштение објавено ,УЕФА објасни дека францускиот клуб има условна санкција во врска со учеството во Лигата на Европа. Засега, Марсеј може да се натпреварува во натпреварувањето, но сепак, ќе му биде забрането да учествува во натпреварувањата на УЕФА ...
Португалија само што го стартуваше Светското првенство, а веќе пристигнаа вести што силно одекнаа во фудбалската јавност. Според информациите на „talkSPORT“, селекторот Роберто Мартинез донел одлука да ја напушти репрезентацијата по завршувањето на Мундијалот. Договорот на шпанскиот стратег истекува на крајот од јули, а наводно нема намера да го продолжи без разлика на резултатот што Португалија ќе го оствари на турнирот. Така, Светското ...
Колумбија со убедливи 3:1 го совлада дебитантот Узбекистан во натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026 и се искачи на врвот на табелата во својата група. Иако конечниот резултат изгледа сигурно, избраниците на Нестор Лоренцо мораа добро да се испотат против мотивираниот азиски претставник, кој постигна историски прв гол на мундијалите и долго време беше во игра за позитивен резултат. Колумбијците од самиот почеток ја контролираа ...
Фудбалерите на ДР Конго приредија големо изненадување на стартот од Светското првенство 2026, освојувајќи бод против фаворизираната Португалија (1:1), а по натпреварот вниманието го привлече емотивната порака на стрелецот на израмнувачкиот гол, Јоан Виса. Напаѓачот на Брентфорд не ја криеше радоста по освоениот бод, но истовремено потсети на тешката реалност со која секојдневно се соочуваат луѓето во неговата татковина. „Многу сум емотивен. ...
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, не го криеше разочарувањето по ремито на неговата репрезентација против ДР Конго (1:1) во првото коло од Светското првенство 2026. Португалците поведоа уште во шестата минута преку Жоао Невеш, но му дозволија на противникот да се врати во натпреварот и да израмни во судиското продолжение од првото полувреме. „Го почнавме натпреварот навистина добро. Мислам дека постигнатиот гол влијаеше да ...
Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, ги сподели своите впечатоци по победата на Англија над Хрватска со 4:2 во првиот натпревар на Светското првенство 2026. Напаѓачот на Баерн Минхен беше задоволен од реакцијата на својот тим по тешкото прво полувреме, нагласувајќи дека разговорот во соблекувалната имал големо влијание врз пресвртот во играта. „Мислам дека ова беше натпревар со две сосема различни полувремиња. Во првиот дел ...
Фудбалската репрезентација на Гана со гол во петтата минута од судиското продолжение ја совлада Панама со 1:0 во натпревар од првото коло во групата Л на Светското првенство 2026. Херој на африканската селекција беше 20-годишниот Калеб Јиренки, најмладиот играч во составот на Гана, кој во 95. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и им донесе огромна радост на своите навивачи на стадионот „БМО Филд“ во Торонто. Во дождливи услови ...
Кога игра хрватската репрезентација на големите натпреварувања, едно е речиси сигурно – сите погледи повторно се свртени кон Ивана Кнол. Најпознатата хрватска навивачка повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство 2026, појавувајќи се на трибините на стадионот „AT&T“ во Арлингтон, предградието на Далас, каде Хрватска го отвори турнирот против Англија. View this post on Instagram A post shared by knolldoll ...
Секое Светско првенство раѓа по некоја нова ѕвезда, но оваа година, тоа не е фудбалер, туку еден наизглед обичен германски навивач кој на социјалните мрежи се потпишува како Фреди. Неговите објави на платформата „Х“, каде што брзата храна на „Taco Bell“ ја нарекува „света земја“, а ноќните посети на култните американски бензински пумпи ги опишува со неверување, привлекоа повеќе внимание кај американската јавност дури и од самите натпревари. ...
Фудбалската репрезентација на Португалија не успеа со победа да го отвори настапот на Светското првенство 2026, откако одигра 1:1 против Демократска Република Конго во натпреварот од првото коло во групата К. Избраниците на Роберто Мартинез влегоа како големи фаворити, но африканската селекција покажа карактер и заслужено стигна до бод во Хјустон. Португалија одлично го отвори натпреварот и уште во 6. минута стигна до водство. Педро Нето ...
Репрезентацијата на Англија оствари голема победа во Далас против селекцијата на Хрватска со резултат 4-2, во натпревар кој понуди вистински фудбалски спектакл, шест погодоци, пресврти и неверојатна драма до самиот крај. Избраниците на Томас Тухел покажаа моќ и карактер, додека Хрватите, и покрај големата борбеност, на крајот мораа да му честитаат на поквалитетниот противник. Хари Кејн пишува историја, „коцкастите“ со брз одговор во првиот ...
Во јуни 2020 година, во белгискиот град Антверпен беше отстранет споменикот на кралот Леополд II. Статуата, претходно полиена со црвена боја како симбол на крвта на милионите жртви, стана потсетник на една од најмрачните страници во модерната историја – колонијалниот терор во Конго. Зад ликот на белгискиот монарх се крие приказна за систем на експлоатација кој според многу историчари однел околу 10 милиони животи. Иако бројките варираат од ...
Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Струмица на одбележувањето на 36 години од постоењето на партијата се осврна и на претстојната реконструкција на Владата и порача дека сите отстапувања прецизно ги нотира, ќе има промени, како и дека нема да толерира занес во привилегиите што ги нуди власта. Нагласи дека од од утре ќе почне да работи на оваа тема, откако во финиш се екипирањето и промените во ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи денеска изјави дека договорот со САД би можел да биде потпишан од претседателите на Иран и на САД, Масуд Пезешкијан и Доналд Трамп. Иран и САД немаат дипломатски односи од 1980 година, по кризата со заложниците во Амбасадата на САД во Техеран. Меморандумот за завршување на војната на Блиски Исток, кој в петок ќе биде потпишан во Швајцарија, содржи 14 точки и предвидува ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на одбележувањето од 36 години на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање од Струмица изјави дека владата во изминатиот период работи од темели и дека државата се гради постепено, „камен по камен“. – Почнавме од темелите. Од нула. Буквално камен по камен редевме за да стасаме до овде – рече Мицкоски. Тој истакна дека во првите две години од мандатот се постигнати значајни економски резултати, меѓу кои и високи ...
На првиот дуел од групата К Португалија и ДР Конго одиграа нерешено 1:1, со тоа фаворитот Португалија остана без планираната победа на стартот од Мундијалот, додека ДР Конго најави дека се подготвени за пласман во следната фаза. Португалија поведе со голот на Жоао Невеш во 6.минута и како тоа да беше најава за триумф на фаворитот. Но, така не мислеа репрезентативците на ДР Конго особено откако во судиското надополнување на првиот дел (45+5) ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека едно од клучните прашања каде што постои јасна разлика со опозицијата е спорот со Бугарија, кој, како што рече, претставува наследен проблем. -Корените на сето ова мора да се бараат во подготвеноста на моите претходници да прифатат сè што е напишано, мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат наклонетоста од одредени фактори кои кај нас не гласаат на избори, изјави Мицкоски. Тој додаде дека, според него, ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува во градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, во своето обраќање, зборувајќи и за историјата на Македонската револуционерна организација, посочи дека во период од околу четири децении ВМРО поминала низ три фази на своето револуционерно дејствување и постоење. -Првата фаза, од основањето 1893 година до ...
Фудбалерот на Брегот на Слоновата коска Елие Вахи бил уапсен поради сомневање дека учествувал во наместени натпревари. Вахи бил уапсен пред три недели, а сега е дел од својата репрезентација на Светското првенство – Брегот на Слоновата коска. На дуелот од првото коло против Еквадор настапи 56 минути, а БСК победија со 1:0. Тој е предмет на истрага на натпреварот на Ница против Мец одигран на 17.мај од француската Лига 1 и тоа како играч на ...
На овој роденден сакам да посочам дека ова е сведоштво дека една идеја родена пред 36 години продолжува да живее, да расте и да се развива. Ова е доказ дека кога една политичка организација е создадена од народот, за народот и во служба на народот, тогаш ниту времето, ниту предизвиците, ниту нападите не можат да ја скршат. Вечерва ја славиме истрајноста. Ја славиме вербата, надежта и љубовта кон Македонија, рече во својот говор премиерот ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето на централната прослава по повод 36-годишнината од формирањето на партијата во Струмица направи обемен историски осврт на развојот на ВМРО, истакнувајќи дека идеологијата и континуитетот на организацијата се длабоко вградени во програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ. Осврнувајќи се на критиките од опозициската СДСМ во однос на името на партијата и нејзината поврзаност со ...
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска го прославува својот 36-ти роденден. Централната роденденска прослава се одвива вечерва на стадионот во Струмица. На 36тиот роденден присуствуваа и голем број на граѓани, а како што може да се види од фотографиите и од видео стримовите на партиската прослава присуствуваат околу 20 илјади. во секој момент се очекува да се обрати и премиерот и претседател на партијата Христијан Мицкоски. ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ не само што опстанала, туку денес е посилна од кога било. Во своето обраќање по повод 36-годишнината на партијата, Мицкоски истакна дека собирот не е само одбележување на јубилеј, туку потврда дека сонот за Македонија продолжува да живее и да се развива. -Вечерва сме собрани да покажеме дека ...
Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова денеска изјави дека Софија не поддржува воведување на симболични санкции од Европската Унија кон рускиот патријарх Кирил. – Бугарскиот став е јасен, ги поддржуваме санкциите против Русија, кои имаат економски ефект, со кои не се казнуваат земјите-членки туку земјата која води војна и кои не се симболични, посочи Петрова-Чамова. Таа додаде дека ако се воведат санкции против рускиот ...
Голманот на германската репрезентација Мануел Ноер е на чекор до нов рекорд. Тој доколку биде меѓу стативите на саботниот натпревар со Брегот на Слоновата коска ќе го има 21.иот настап на Светско првенство и со тоа ќе стане голман рекордер по бројот на натпревари. На дуелот против Куросао Ноер, се изедначи со францускиот голман Уго Љорис со 20 натпревари. – Навистина уживам. Тимскиот дух е јасен. Секако тоа беше само прв натпревар против ...