Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Индустриското производство во 2026 година бележи раст од 7,6 проценти во однос на претходната година, додека вкупната економска активност останува во позитивна зона со раст од 0,2 проценти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Од владејачката партија оценуваат дека ваквите резултати се последица на економските политики на Владата и на мерките за финансиска и институционална поддршка на ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, утрово пристигна во Швајцарија каде е предвидено да почнат преговорите со иранските претставници за ограничување на нуклеарната програма на Техеран и за зацврстување на кревкиот привремен договор за прекин на војната со Иран. Рамковниот договор беше потпишан минатата недела, а сега главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да ...
Свети Ефрем, патријарх Антиохиски Во времето на византискиот цар Анастасиј Ефрем беше војвода од источните страни. Им беше познат на сите заради неговата голема побожност и милосрдие и за ова беше многу ценет. Кога требаше да се обновува Антиохија, разурната од земјотрес и оган, царот го одреди војводата Ефрем да раководи со таа работа. Својата должност овој си ја исполнуваше со прилежност и љубов. Меѓу обичните работници ѕидари кај него ...
Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата. Денеска е летниот солстициј – астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. На ...
Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Како што соопшти Управата за ходрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. ...
Возачот на Трекхаус, Аи Огура, ќе стартува од пол-позицијата на трката од Мото ГП шампионатот, која ќе се вози за Големата награда на Чешка. Огура беше најбрз во квалификации и постави најдобро време од 1:51,139 минути, оставајќи ги зад себе Фабио ди Џанантонио (доцнеше 0,211 секунди) и Франческо Пеко Бањаја, кој задоцни 0,244 секунди. Во генералниот пласман води Марко Бецеки од Априлија, кој денес заврши на четвртата позиција, а петтото ...
Во Волос, Грција, ќе се одржи Балканското првенство во атлетика за сениори и сениорки, на кое како дел од македонската атлетска репрезентација ќе настапи и нашиот Андреас Трајковски, кој ќе се натпреварува во дисциплината скок во далечина. Трајковски ќе настапи вечерва во 19:50 часот, а конкуренцијата ќе биде исклучително силна. Во финалето ќе настапат и двајца од најдобрите светски скокачи во далечина – олимпискиот шампион Милтијатис ...
НБА продолжува да го турка својот европски проект и планира ново натпреварување на Стариот континент, без оглед на тоа дали ќе успее да постигне договор со Евролигата. Џорџ Ајвазоглу, генералниот менаџер на НБА за Европа и Блискиот Исток, потврди дека разговорите со европските кошаркари сè уште се во тек, но исто така јасно стави до знаење дека НБА не чека конечен договор за да продолжи со градење на нов формат. „Одлуката на НБА е да продолжи ...
Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски, сепак ќе продолжи во НЦАА. Тој ќе биде дел од Универзитетот Пасифик од градот Стоктон во Калифорнија. 22-годишниот Митревски беше во преговори со МЗТ Скопје, кој беше втора опција доколку не успее да замине за Америка. Кариерата ја започна во Феникс, по што на кратко беше дел од ТФТ, а минатата сезона играше за Пелистер. Митревски е еден од најнадежните млади кошаркари, со своите игри покажа дека ...
Ги отпишаа по дебаклот против Германија, кога примија седум голови, предвидувајќи им катастрофа и против Еквадор, но репрезентацијата на Курасао синоќа во Канзас освои голем бод, играјќи 0-0. Во натпревар во кој латиноамериканската репрезентација, по поразот од Брегот на Слоновата Коска, беше под императив на победа, главен протагонист беше голманот на Курасао, Елој Рум, кој со дури 15 интервенции ги направи неуспешни сите напори на ривалот ...
Полемиките околу улогата на Кристијано Роналдо во португалската репрезентација добија ново продолжение по ремито против Конго (1:1) на СП и шпекулациите за наводно незадоволство во соблекувалната. Дел од јавноста го критикуваше настапот на искусниот напаѓач, оценувајќи дека неговата игра е премногу индивидуална и недоволно вклопена во тимскиот систем на селекторот Роберто Мартинез. Дополнително внимание привлече изјавата на играчот за врска ...
Германија ја победи репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со 2:1 на Светското првенство. Дениз Ундав беше херој со два гола, вклучувајќи го и победничкиот погодок во судиското продолжение. Фудбалската репрезентација на Германија славеше со 2:1 против Брегот на Слоновата Коска во натпревар од второто коло во Групата Е на Светското првенство. Африканската селекција прва дојде до водство преку Франк Кеси во 30. минута, додека Дениз Ундав ...
Во поранешна Југославија станот имаше посебна тежина. Тој не беше само кров над глава, туку доказ дека човекот успеал, дека неговото семејство конечно добило сигурност и дека долгогодишното чекање се исплатело. За многумина, клучот од новиот општествен стан беше најголемиот животен настан. Сликите од тоа време и денес будат носталгија кај постарите генерации: нови солитери, работнички населби, детска игра на бетонските игралишта, мирис на ...
По 24 години пауза, Турција конечно се врати на Светско првенство, но нејзиниот настап заврши многу побрзо отколку што се надеваа навивачите. Поразот од Парагвај со 1:0 во второто коло значеше и официјална елиминација на турската репрезентација уште во групната фаза. Особено болен беше фактот што Турците цело второ полувреме играа со играч повеќе, но не успеаја да стигнат ниту до бод. По воведниот пораз од Австралија со 2:0, Турција стана ...
На Светските првенства се создаваат легенди, но само мал број фудбалери успеваат да останат на највисоко ниво доволно долго за да настапат на четири, пет или дури шест Мундијали. Токму затоа листата на играчи со најмногу настапи на Светските првенства претставува друштво на бесмртници во светскиот фудбал. На врвот денес се наоѓа Лионел Меси со 27 настапи за Аргентина, пред Лотар Матеус со 25 и Мирослав Клосе со 24 натпревари. Фудбалерите со ...
Најголемото Светско првенство во историјата повторно покажа дека фудбалот често е семејна работа. На Мундијалот 2026 настапуваат дури седум братски тандеми, а интересен е податокот дека само три од нив играат за иста репрезентација. Бројката можеше да биде уште поголема. Близначките браќа Јуриен и Квинтен Тимбер требаше заедно да ја претставуваат Холандија, но дефанзивецот на Арсенал, Јуриен Тимбер, по финалето на Лигата на шампионите мораше ...
Фудбалската репрезентација на Германија со драматичен пресврт го совлада Брегот на Слоновата Коска со 2:1 во натпревар од 2. коло во групата Е на Светското првенство. Апсолутен херој на „панцерите“ беше резервистот Дениз Ундав, кој влезе во игра во 60. минута и целосно го промени текот на натпреварот. Напаѓачот најпрво израмни во 68. минута, а потоа во четвртата минута од судиското продолжение го постигна победничкиот гол за големо славје на ...
Едно лице загина откако два товарни воза се судрија на мост во Минхен во раните утрински часови во саботата, предизвикувајќи два вагона да излезат од шините и да се срушат на улицата подолу, според локалната полиција. Според информациите од локалната полиција, дошло до судар меѓу два товарни воза при што едниот бил потиснат кон работ на мостот, по што паднал на улицата подолу. Службите за итни случаи беа предупредени за судирот во северниот ...
Првиот натпревар од денешната програма на Светското првенство заврши со убедлива победа на Холандија против Шведска со 5:1. Се беше решено на самиот почеток на натпреварот кога Холандија за 17.минути водеше со 2:0, а на стартот од вториот дел постигнаа уште два гола. Првите два гола за „лалињата“ ги постигна Брајан Броби во 5.минута и 17.минута, а на почетокот на вториот дел стрелец на головите беше Коди Гакпо во 47.минута и 54.минута. Пет ...
Ако често се превртувате во кревет и не можете да заспиете, можеби ќе сакате да пробате техника што ја користат војниците и пилотите на борбени авиони со децении. Тоа е метод за поттикнување на спиење кој стана популарен низ целиот свет бидејќи се тврди дека им помага на 96 проценти од луѓето да заспијат за само неколку минути. Оваа техника првично беше развиена за потребите на војската. Ја користеа пилотите на борбени авиони за да можат брзо ...
Славенка Дракулиќ, една од најпознатите современи хрватски писателки, новинарки и есеисти, почина. Таа почина на 77-годишна возраст, кратко по објавувањето на нејзината книга „Зошто никогаш не научив да готвам“. Дракулиќ ја започна својата кариера како новинарка, пишувајќи за „Старт“, „Данас“ и „НИН“, а подоцна објавуваше во реномирани меѓународни медиуми како што се „Њујорк тајмс“, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, „Ла Република“ и „Ел ...
Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го освои четвртото место на Балканското првенство во Волос, Грција. Трајковски во последната серија оствари скок од 7.68 метри и кога мина Марко Влаховиќ од Србија – 7.65, додека на шестото место се пласираше Николаос Стаматониколаос од Грција со 7.62. Во силната конкуренција златниот медал го освои олимпискиот и светски првак Милтиадис Тентоглу од Грција со скок 8.36, пред Лука ...
Машката македонска одбојкарска репрезентација вечерва го претрпе третиот пораз сезонава во Европската лига. На третиот турнир во Приштина, македонските одбојкари загубија од Израел со 3:0 во сетови (25:19; 25:19 и 25:14). Македонскиот национален тим натпреварите ги завршува со 3 победи (Косово, Исланд, Луксембург) и 3 порази (Израел, Грција и Холандија) и се наоѓа на 16.место од 24.репрезентации. Со утрешните натпревари ќе биде комплетирано ...
Четири лица загинаа, а 15 се повредени, од кои тројца потешко, во сообраќајна несреќа што се случи во турската покраина Испарта кога туристички автобус се преврте, објавија тамошните локални медиуми. Несреќата се случила во округот Гелендост на патот Испарта-Коња, во близина на селото Багли, кога автобусот што превезувал туристи од непознати причини ја изгубил контролата и се превртел, објави агенцијата Анадолу. На местото на настанот беа ...
Заедничката воена команда на Иран денеска соопшти дека Ормуската Теснина повторно е затворена за пловидба, притоа наведувајќи ја како причина за таквата одлука продолжувањето на израелските напади во Либан и, како што се посочува, неисполнувањето на американската обврска да го окончи тој конфликт. Во соопштение на Командата емитувано на Иранската државна телевизија, се наведува дека доколку продолжи израелската агресија во Либан, ќе бидат ...
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје го претставува дигиталното издание на каталогот на фестивалот „Скопско лето 2026“. Каталогот и визуелниот идентитет на „Скопско лето 2026“ се изработени од графичкиот дизајнер Климент Коробар, чиј креативен пристап го обликува овогодишниот визуелен изглед на фестивалот. Овогодишното 47. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се отвори со изложба „75 години Државен архив на Република Македонија“, со ...
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2029, а првата проверка на сработеното ќе биде против Бугарија. По неколкудневната работа во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал во недела ќе отпатуваат за Самоков, каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар во овој подготвителен период. За дуелот ...
Д-р Емилија Котеска Аврамчева во раните утрински часови почина од последиците на трагичен сообраќајен инцидент кој се случи вчера попладне, на автопат на влезот на Варшава. Најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, до ќерката Магдалена, синот Константин, мајката и сестрата изрази Македонската амбасада во Варшава од каде соопштија дека загубата е огромна и ненадоместлива. – Д-р Емилија беше личност со извонредна енергија: исклучително ...
Нов пораз на најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка, која денеска во полуфиналето загуби со 2-1 во сетови од Американката Џесика Пегула. Сабаленка успеа да се врати во мечот откако го загуби првиот сет со 6:4 во гемови, а во вториот беше поуспешна со 7:6 (7-4 на поени). Сепак во решавачкиот сет тенисерката од Белорусија повторно не освои ниту еден гем, а Пегула сетот го заврши со 6:0. Нејзина ривалка во утрешното финале ќе и биде Линда ...