E. Пелистер со победа над српскиот шампион Партизан го почна својот настап во Регионалната ракометна лига. Пред домашната публика а предводени од капитенот Филип Кузмановски, Пелистер го победи Партизан со 35:31. Е. Пелистер замина на одмор со предност од 20:13, а најголемата разлика на мечот изнесуваше водење од 8 гола предност (23:15, 24:16 и 25:17) во текот на второто полувреме. Партизан во финишот успеа само да ја намали негативата преку ...

На 22.08.2026 во 18:50 часот во ОВР Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен мотоциклист. -По извршени проверки било утврдено дека се работи за Н.Ј.(64) од с.Вруток, гостиварско, кој управувајќи мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на шумски пат во атар на с.Јеловце, информира МВР. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. На 22.08.2026 ...

Георгина Родригез, сопругата на Кристијано Роналдо, стана законска мајка на неговите три најстари деца една недела откако се венчаа, објавија португалските медиуми. Новиот брачен пар направи уште еден животен чекор, при што Роналдо официјално ја именува Георгина за законска мајка на своите деца. Тие го добија своето прво дете, ќерката Алана, во 2017 година. Ја добија и Бела Есмералда, чиј брат близнак, за жал, почина за време на породувањето ...

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд одлучи стартот на новата сезона во Премиер лигата да го започне и со нова фризурата. Откако сподели низа фотографии на социјалните мрежи од процесот на шишање, Халанд на неговиот ЈуТјуб канал објави видео од моментот на шишање објаснувајќи зошто се одлучил за ваков чекор. Напаѓачот на „Граѓаните“ вели дека сакал косата да ја скрати по завршувањето на Светското првенство, но не успеал поради големиот ...

На 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.З.(52) и патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната А.Д., двајцата од Штип. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, кај кого било ...

Околу 300 луѓе се вклучени на терен во гаснење на пожарот кој поради човечко невнимание претпладнево избувна во Бигла, делчевско. Според последните информации од директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов и Иван Гоцевски, градоначалник на Општина Делчево на терен се работи активно, се со цел да се заштити боровата шума и да се спречи дополнително ширење на пожарот потпомогнат од ветерот. Кон гаснењето на пожарот вклучени се и трите „Ер трактори“ на ...

Ландо Норис победи на ГН на Холандија, откако доминираше на оваа трка. Трката донесе хаотичен старт, па рано отпадна четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен, кој излета од патеката во вториот круг и предизвика прекин. Антонели заврши втор, додека Џорџ Расел го освои третото место, пред Хамилтон. Формула 1 продолжува за две седмици со трката за Големата награда на Италија на легендарната патека „Монца“. Во бодови завршија уште и Леклер, ...

Борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари се првите македонски спортисти кои обезбедија медал на Медитеранските игри Таранто 2026 Тие се изборија за пласман во финалните борби во своите категории, со што најмалку обезбедија сребрен медал, но че атакуваат на златото. Двајцата македонски борачи во последните секунди од четвртфиналните борби успеаја да стигнат до поени вреди финале. Вејсели беше подобар од Јасин Јесил од Турција со 5-3 на поени во ...

Фудбалерот на Трабзонспор, Мохамед Салах, го постигна својот деби гол за турскиот клуб. Триесет и четиригодишниот Египќанец постигна гол во првото полувреме од денешниот натпревар против Башакшехир во второто коло од турската Супер лига. Ова беше трет натпревар на Салах за тимот. Напаѓачот потпиша двегодишен договор со Трабзонспор пред почетокот на сезоната 2026/27. Во својата кариера Салах има настапувано и за: Ливерпул, Рома, Фиорентина, ...

Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,9 степени денеска ја потресе Јапонија. Епицентарот бил во морето покрај северниот јапонски остров Хокаидо, на длабочина од 46 километри, објави јапонската новинска агенција Кјодо. Засега нема информации за повредени и не е издадено предупредување за цунами. Рано изутрината утрово по јапонско време земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го потресе источниот дел на Јапонија, вклучувајќи ја и областа на ...

До 18:00 часот попладнево регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, еден е под контрола, а 10 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Делчево – м.в. Бигла, борова шума; Општина Пехчево – с. Црвник, борова шума; Општина Куманово – с. Винце, ниска вегетација, при што се зафатени и куќи; Општина Струга – с. Делгожда кон с. Долно Татеши; Општина Прилеп – с. Бонче, ниска ...

Делови од Општина Ѓорче Петров утре ќе бидат без вода, а потегот кај Универзална сала и ул.„Васил Главинов“ без струја. Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 24.08.2026 година (понеделик) без водоснабдување ќе останат: • поради изведување водоводен приклучок Ф-300 мм на ул.1409 бр.9 во населба Ѓорче Петров, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1409 и индустрискиот дел, водоснабдувањето ќе биде прекинато од ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, предвреме ја заврши трката во Формула 1 попладнево во Зандворт за Големата награда на Холандија. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец ја изгуби контролата врз својот автомобил во вториот круг и удри во заштитната ограда. По инцидентот трката е привремено прекината за да се расчисти патеката. Самиот Верстапен веднаш по несреќата преку тимското радио го информираше својот тим дека не е повреден. Гран при на ...

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и еден хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“. Кокаинот е пронајден во зграда на имот во близина на морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран, пренесува Индекс.хр. Брегот на Галиција, познат по своите карпести заливи, е една ...

На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј.(30) од Куманово. Полицијата постапила по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка од Куманово додека се движела на улица „Никола Карев“ во Куманово, по што побегнал со мотоцикл. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Ерлинг Халанд дебитираше со неверојатна нова фризура на натпреварот на Манчестер Сити против Борнмут во Премиер лигата. Неговата долга руса коса ја нема, заменета е со остра, многу куса фризура, на големо изненадување на соиграчите и тренерот Пеп Гвардиола. Фудбалерот објави низа фотографии од целиот процес, истакнувајќи дека е време за промена. Суперѕвездата на Премиер се пофали со новиот изглед, изјавувајќи: „Кратка коса, не ми е гајле“ и ...

Во последните неполни две години, Фудбалската федерација на Македонија направи значајни промени во сегментот на службените лица, со јасна цел, воспоставување повисоки стандарди, појасни критериуми, поголема конкуренција, подобри услови за работа, едукација и објективно следење на перформансите. Процесот ги опфаќа судиите, асистентите судии, делегатите, контролорите на судењето, фитнес-секторот и едукаторите. Целта е создавање систем во кој ...

Италијанската фудбалска екипа на Рома сè уште не се откажала од надежта да го доведе Рафа Леао. Договорот е далеку од загарантиран. За Леао да им се приклучи на жолто-црвените, неколку работи треба да се случат. Првично, Милан не треба да добие понатамошни понуди за нивниот број 10. Барањата од Саудиска Арабија и Турција, и покрај високите понуди за плати, никогаш не го привлечоа Рафа, кој сонува за трансфер во Премиер лигата како следен ...

Две лица се повредени при пукање кое утринава во 05:45 часот се случо на ул„18“ во с.Арачиново. По пријавата дека се слушнати истрели од огнено оружје полициски екипи излегле на лице место. -Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и ...

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. -При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со ...

Манчестер Сити го договори трансферот на еден од најголемите светски таленти, Ајуб Буади од редовите на Лил. Англискиот шампион се согласи да плати пакет вреден дури 100 милиони евра, во кој се вклучени и дополнителните бонуси. Младиот марокански фудбалер е изоставен од составот на францускиот клуб за денешниот натпревар, што е јасен знак дека зделката е пред самата завршница. Буади на почетокот од следната недела треба да ги мине ...

Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче ...

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започнува официјалните подготовки за вториот круг од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година (Евробаскет 2029). Подготовките стартуваат во Скопје, во салата позната како „Т Арената“ или ребрендираната „Телеком Арена“ (во рамките на СЦ Борис Трајковски), со почеток од 17:30 часот. Селекторот Жозеп Марија Берокал и неговиот стручен штаб повикаа 15 кошаркари ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека глорификацијата на нацизмот што се случува во Украина е само дел од посериозен проблем и дека главниот проблем е што неонацистичката идеологија е ставена во темелите на модерната украинска државност. – Неверојатно е што се случува во Украина во моментов. Глорификацијата на нацизмот е само половина од проблемот. Но, вистинскиот проблем е што оваа неонацистичка идеологија денес е темел на ...

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово (ААК) денеска истурија јаглен пред влезот во зградата на Владата во Приштина, изразувајќи го своето незадоволство од енергетската ситуација и оценувајќи дека освен во енергетски, Косово е и во политички мрак. Пратеникот на Алијансата, Бурим Рамадани, рече дека во последните години Косово преминало од енергетски мрак во ситуација што тој ја смета за политички мрак. – Со Курти и Самоопределување, ...

СДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение од СДСМ. СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт. ВМРО-ДПМНЕ во последните ...

Норвешка планира во фискалната 2027 година да обезбеди нова финансиска поддршка за Украина во износ од 85 милијарди норвешки круни (9,2 милијарди долари), исто колку и во тековната фискална 2026 година, соопшти норвешката Влада. Норвешка е меѓу најголемите поддржувачи на Украина, заедно со останатите скандинавски и прибалтички земји. Владата на премиерот, Јонас Гар Стере, изработи долгорочен план за помош на Киев, поддржан од сите партии во ...

Вкупно 149 лица се отсечени кај вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невреме го уништи патот што води до локалитетот, соопшти прес-службата на локалните власти. Од нив, 117 се туристи и водичи и тие ќе бидат евакуирани, додека преостанатите 32 лица се возачи кои засега ќе останат со своите возила до пробивањето на патот . Туристите и водичите со хеликоптер ќе бидат префрлени до селото Есо, од каде што со автобуси ќе бидат ...

Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна потврда дека Македонија станува сè по посакувана дестинација и подобро поврзана со Европа и светот, истакна денеска на прес конференција Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот јануари до јули 2026 година, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно ...

Федерален суд во САД ја укина одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за суспендирање на обработката на постојаните доселенички визи за 75 земји во светот, меѓу кои беа и Косово, Албанија и Македонија, објави „Ле Монд“. Судијката на Федералниот суд за Јужниот округ на Њујорк, Жанет Варгас, ја оцени одлуката како „спротивна на законот“ и наведе дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35