Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист откако се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки и мопед со скопски регистарски ознаки од с.Визбегово, скопско. На 20.06.2026 околу 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(48) од Куманово и мопед со ...

Машката македонска кошаркарска репрезентација со пораз го започна подготвителниот период, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал загубија од Бугарија во Самоков со резултат 97:68. Македонската селекција настапи во некомплетен и подмладен состав со оглед на тоа што стручниот штаб не можеше да смета на неколку стандардни репрезентативци. (во последен момент, без капитенот Војдан Стојановски, но и Андреј Јакимовски, и натурализираниот ...

Првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија заврши, изјави извор близок до преговарачкиот тим. Иранската новинска агенција Тасним објави дека делегацијата на Иран одбила заедничко фотографирање со американската делегација. Американците и посредниците во разговорите, Пакистан и Катар, планирале да има ракување и заедничка церемонија на фотографирање, но Иранците одбиле. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, кој ја преводи американската ...

Шпанија повторно го пронајде својот препознатлив фудбал и се врати на победничките патеки. По разочарувањето против Зеленортските Острови, избраниците на Луис де ла Фуенте одиграа натпревар за паметење и ја совладаа Саудиска Арабија со убедлива игра која беше решена уште во првото полувреме. Од самиот почеток беше јасно дека ова е поинаква Шпанија. Тимот играше со високо темпо, агресивен пресинг и постојана желба за гол повеќе. Саудиска ...

Американски пилот побарал присуство на полиција и екипи за итни случаи откако авионот слетал во Филаделфија по инцидент што се случил за време на летот, објави CBS News. Според комуникацијата на пилотот со контролата на летање, еден патник каснал друго лице за време на летот и се обидел физички да се соочи со неколку лица во авионот. „Човек во авионот касна патник и се обидува да се тепа со сите“, им рекол пилотот на контролорите на летање, ...

Ламин Јамал имаше потреба од само десет минути за да се запише меѓу стрелците на својот прв настап на Светско првенство. Фудбалерот на Барселона не настапи на првиот натпревар на Шпанија, но веќе во вториот покажа колку е опасен пред противничкиот гол. Освен што ѝ донесе водство на „црвената фурија“ и го постигна својот прв гол на Мундијалите, Јамал се искачи високо и на листата на најмлади стрелци во историјата на Светските првенства. Со 18 ...

На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ...

Нафтената дамка е формирана поради излевање на нафта во Каспиското Море поради оштетен цевковод, соопшти денес прес-службата на државната компанија за нафта и гас на Азербејџан „СОКАР“. „На 19 јуни, централната канцеларија на нафтената компанија доби информација за откривање на траги од загадување во областа на плажата Дубенди. За време на првичниот преглед, откриена е нафтена дамка“, се вели во соопштението, кое го објави РИА Новости. ...

Лидерот на либанското шиитско движење Хезболах, Наим Касем, изјави дека израелското присуство во Либан ќе биде прекинато, додавајќи дека ќе одговорат на секој чин на насилство од страна на Израел. Изјавата на Касем следува откако изралелските власти соопштија дека дека нивните војници се слободни да дејствуваат без ограничувања за да ги елиминираат заканите во Либан, и покрај договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах што стапи во ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против жена од Куманово поради постоење основ на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.05.2026 на автобуска постојка во Куманово, по претходна расправија. Пријавената фрлила мобилен телефон на малолетничка и ја турнала, при што малолетничката се удрила од автобуската постојка. СВР Куманово поднесе кривична пријава против жена од Куманово поради постоење основ на сомнение за сторено ...

По деветмесечна борба, победникот на деветнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026, е младиот Македонец Бојан Илиевски. Кандидатот од тимот на Ѓорѓе Давид победи со над 50 илјади СМС гласови од публиката, чии симпатии ги имаше стекнато одамна. View this post on Instagram A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda) „Ѕвездите на Гранд„ оваа сезона воведе нов модел на наградување, доделувајќи две признанија за ...

Аргентина ја откри највисоката статуа во светот посветена на својата фудбалска икона Лионел Меси. Монументалниот споменик е поставен во Патагонија, во покраината Неукен, на една од главните улици во градот Кутрал Ко, а неговите димензии се навистина импресивни – висок е 26 метри и тежок околу 70 тони. Автор на проектот е аргентинскиот скулптор Алдо Бероиса, кој со своето дело му оддаде почит на осумкратниот освојувач на „Златната топка“ и ...

Многу луѓе погрешно веруваат дека за да бидат вистински сакани мора да бидат поуспешни, попривлечни или помоќни. Но, психолошките истражувања покажуваат дека на луѓето многу повеќе им значи некој искрено да ги разбира отколку да бидат импресионирани од материјални работи или општествен статус. Соња Љубомирски, професорка по психологија на Универзитетот во Калифорнија, и Хари Рис, професор по психологија на Универзитетот во Рочестер во Њујорк, ...

Трагичен настан се случи оваа недела на плажата во Драч, Албанија, каде што 11-годишно дете од Тирана го загуби животот додека пливало во морето. Според полицискиот извештај, инцидентот се случил околу 10:35 часот, во населбата број 13, каде малолетникот пливал во морето и „се сомневаат дека случајно се удавил“, пишува албанскиот „Еуроњуз“. Истражниот тим продолжува да работи на разјаснување и целосно документирање на околностите на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку социјална мрежа Truth Social, објави дека британскиот премиер Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата, обвинувајќи го за неуспех со неговата политика за имиграција и енергија. „Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство“, напиша рече Трамп, додавајќи дека Стармер доживеал катастрофален неуспех по две многу важни прашања – имиграцијата и енергијата. Во ...

Во некои делови од Франција, како и во Париз, денеска стапи во сила забраната за служење и консумирање алкохол на отворено поради топлотниот бран што ја зафати земјата. Забраната, воведена за време на годишниот музички фестивал „Fête de la musique“, опфаќа 35 од 101 департман во Франција, каде што метеоролошката служба издаде црвен метео аларм. Владата вчера објави дека префектите во овие региони ќе воведат забрана за служење алкохол на ...

Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ Скопје, покажа дека инклузијата може достоинствено да ја претставува нашата држава и надвор од нејзините граници. Членови на здружението, заедно со дел од членовите на Фолклорниот ансамбл „Седенка“- Скопје, на 15 и 16 јуни учествуваа на Интернационалниот фолклорен фестивал „Mare Adriatico” во Лидо ди Јесоло, Италија, соопштија од здружението. -Нашата група беше единствениот ...

Александра Пријовиќ со новиот албум „Бол и алкохол“ повторно привлече големо внимание кај публиката. Меѓу деветте песни што се најдоа на албумот, особено се издвои нумерата со необичен наслов – „Кабаба“. По објавувањето на песната, на социјалните мрежи брзо започна дискусија за тоа што би можел да значи зборот „кабаба“. Корисниците почнаа да бараат можни преводи, споредби и потекло на зборот во различни јазици, говори и култури. Токму таа ...

Со заедничка јога-сесија во Градскиот парк во Скопје, Индиската амбасада во Македонија го одбележа Меѓународниот ден на јогата, глобална иницијатива која ги промовира физичкото и менталното здравје, внатрешната рамнотежа и здравиот начин на живот. На настанот, одржан кај Школка во Градскиот парк, учествуваа бројни граѓани, љубители на јогата, претставници на Владата, членови на дипломатскиот кор и други гости. Учесниците имаа можност да ...

Главниот град на Македонија, Скопје утре и задутре ќе биде домаќин на конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, ...

За неполни две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше бројни проекти и политики што придонесуваат за економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард велат од ВМРО -ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ и Венко Филипче. Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3 проценти во 7 последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е намалена од ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници. На 20 јуни 2026 година во 11:00 часот во СВР Скопје, М.К.(39) од Скопје пријавила дека претходниот ден, околу 20:30 часот, на игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници. Според пријавата, при нападот бил ...

Во Швајцарија започнаа трилатералните разговори меѓу Иран, САД и медијаторите Пакситан и Катар за постигнување траен договор за прекин на војната. Разговорите се одржуваат во хотел во планинското село Обиерген во централна Швајцарија. Во американскиот тим се потпретседателот Џ.Д. Венс, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, додека Иран го претставуваат претседателот на парламентот Мохамед Багер Калибаф, министерот за надворешни работи Абас Арагчи и ...

Британскиот министер за економија, Питер Кајл, денеска изјави дека „нема причина да верува“ дека премиерот Кир Стармер утре ќе поднесе оставка. Кајл тоа го изјави откако британски медиуми, меѓу кои и „Обзервер“ објавија информации дека се очекува оставка на Стармер и оти веќе е изготвен распоред за негово повлекување. Министерот за „Скај њуз“ изјави дека во петокот имал „искрен“ разговор со Стармер. „Немам причина да верувам дека тие наводи ...

По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери, од Владата за КУРИР брифираат дека средбите поминале во конструктивна атмосфера и во духот на меѓусебна почит, партнерство и заедничка определба за унапредување на работата на владиниот состав. Во разговорите биле потврдени принципите што премиерот Христијан Мицкоски ги истакна во своето обраќање во Струмица, а кои се однесуваат на одговорност, резултати, достапност до ...

Иран денеска соопшти дека ситуацијата во Либан, каде израелската војска речиси секојдневно спроведува напади против Хезболах, ќе биде главна тема на преговорите со САД што се одржуваат во Швајцарија. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека „ционистичкиот режим продолжува да ги крши своите обврски кон Либан“ и дека тоа ќе биде централна тема на денешните разговори. Во видео-изјава објавена преку ...

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема намера да произведе атомска бомба, но предупреди дека нема да се откаже од збогатувањето ураниум за цивилни цели. Изјавата доаѓа непосредно пред почетокот на преговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија, што денеска треба да се одржат со посредство на Катар и Пакистан. „Можеме и писмено да потврдиме дека немаме намера да произведеме атомска бомба“, изјави Пезешкијан, ...

„За ВЛЕН, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики. Со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, оваа извонредна вечер потврди дека вложувањето во културата, уметноста ...

Репрезентацијата на Еквадор се најде во исклучително тешка позиција пред последното коло од групната фаза на Светското првенство 2026, откако одигра 0:0 против Курасао и остана со само еден освоен бод во Групата Е. По две одиграни кола, Германија е лидер со максимални шест бода, Брегот на Слоновата Коска е втор со три, додека Еквадор и Курасао имаат по еден бод. Еквадор моментално е трет само поради подобрата гол-разлика. 0 - 0 Завршен Група ...

Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар. Како штп соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.31
47%
1020
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
62%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.86
68%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 22ᴼ
0.32
31%
1021
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
0.9
49%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.29
79%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
48%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
0.12
39%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.12
39%
1017
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
56%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
0.89
51%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
4.58
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68