Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Големиот пожар кој избувна денеска околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и пожарниари од околните ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи денеска го одбележа 25 годишниот јубилеј од формирање. На централната манифестација која се одржа во Битола се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР, Стојанче Николов. Во рамки на одбележувањето беше изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ги презентираа своите вештини, како и изложба на опрема која ја ...
На 21.08.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Б.(52) од Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.В.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки управуван од С.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при МВР денеска на манифестација во Битола одбележува 25 години од своето формирање. На централната манифестација која се одржу пред Офицерскиот дом, свое обраќање имаше и командатот на Единицата, Стојанче Николов. -Одбележуваме 25 години од формирањето на нашата единица. 25 години во кои се менуваа генерации, се менуваа условите во кои работиме, опремата, тактиките, безбедносните предизвици, но едно ...
Канада од 8 септември ќе воведе царини за увоз на стоки од САД од повеќе сектори, како одговор на новите американски царини од 50 проценти, соопшти канадскиот премиер Марк Карни. Одлуката следува откако САД и Канада по неколкудневни преговори не успеаја да постигнат договор, што дополнително ги влоши односите меѓу долгогодишните трговски партнери и сојузници и ја доведе во прашање иднината на Северноамериканскиот договор за слободна трговија ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објави дека во Скопје Север, жител узурпирал државен имот, поставил дивоградба и исекол столб од општинско осветлување. -Во понеделник следи брза и одлучна акција за отстранување на дивоградбата и секако кривична пријава за сторителот. Со вакви чинови, не можеме напред, апелирам на разум. Нема да дозволам локални шерифи да продаваат сила која во основа е грубо кршење закон, објави Костовски ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. ...
Кинески хуманоиден робот истрчал сто метри за 9,32 секунди, со што го надмина светскиот рекорд на легендарниот јамајкански атлетичар Усеин Болт, објави денеска кинеската државна телевизија. Роботот „Лајтнинг“ изработен од кинеската компанија „Хонор“, постигнал максимална брзина од 14,5 метри во секунда за време на подготвителна трка пред почетокот на вторите Светски игри на хуманоидни роботи што од денеска се одржуваат во Пекинг. Неговиот ...
Челзи го објави продолжувањето на договорот на напаѓачот Жоао Педро. Новиот договор на 24-годишниот Бразилец е до 2034 година. Педро е во Челзи од летото 2025 година. – Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челзи. Отсекогаш сонував да играм за голем клуб и многу ми значи да се обврзам долгорочно на овој тим. Челзи има долгогодишна победничка традиција и големи амбиции за иднината. Имам одличен однос со сите во клубот и се чувствувам ...
Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци, 37-годишен кавадарчанец пријави дека од ноември 2025 година до пријавувањето бил измамен за сума од 3.200 евра од М.А. Според пријавеното, тој го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство за што му ги дал парите – информираа од СВР – Велес. Како што ...
На 21.08.2026 во 14:00 часот во ОВР Берово, 66-годишна жена од беровско село пријавила дека нејзиниот 15-годишен внук од ќерка, на кого таа му е старател, се однесувал агресивно кон неа и ѝ се заканувал, информира МВР. Според пријавата, пред неколку дена тој физички ја нападнал и искршил дел од покуќнината. Известен е Центарот за социјални работи Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава. На ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи денеска одбележува 25 години од формирањето. На настанот пред Офицерскиот дом во Битола ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов. Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков информираа за моменталната состојба по големиот пожар кој околу пладне избувна во струмичко. -Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот е сопрен пред првите куќи и дворови во Водоча, изјави Ангелов. На помош се пристигнати и противпожарни екипи од Валандоно и Радовиш, а интервенира и еден „Ер трактор“ на ДЗС. ...
Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје. Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на ...
Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот ...
На 21.08.2026 во 20:00 часот на крстосница од бул.„Киро Глигоров“ со бул.„15 Корпус“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(41) од Скопје. -Претходно, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, тој учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Исто така, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека поминал на црвено светло, бил под дејство на ...
Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето. Според последните информации од ТППЕ Струмица пожарот стигнал до населбата Софилар во Струмица, а командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев наредил евакуација на граѓаните. Директорот на Дирекцијата за ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја потврди својата одлична форма и ја претвори спринт пол-позицијата во сигурна победа на патеката Зандворт за Големата награда на Холандија. Британскиот возач ја контролираше трката од 24 круга од самиот почеток до крајот, одбивајќи ги раните напади и славејќи пред Шарл Леклер од Ферари и Ландо Норис од Мекларен. Ова е третпат во кариерата Расел успешно да победи во спринт пол-позиција во триумф секунда и пол ...
Во клубот пристигна Американецот Камерон Гуден, кој настапува како плејмејкер Роден е во 1998 година, а висок е 183 сантиметри. Дипломирал на Универзитетот „Јута Тех“ во 2003 година, а последен ангажман му беше во мексиканскиот клуб Рајос де Хермосиљо. Со неговото доаѓање, кумановчани ги засилуваат надворешните позиции, а претходно потпишаа договор со Ренато Димитриевски, Алек Петкоски и репрезентативецот Бојан Крстевски. Во клубот пристигна ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора, Арџи Белио. На состанокот беше договорена соработка која ќе оди во насока на откривање, мапирање и поврзувње на младите фудбалски таленти со македонско потекло ширум светот. Во следниот период ќе се работи на воспоставување соработка со македонските фудбалски клубови и заедници низ дијаспората, ...
Манчестер јунајтед загуби со 2:0 од Хал сити попладнево на гостински терен во нивниот прв натпревар од Премиер лигата во новата сезона. Семи Аџаји го отвори резултатот во 17. додека Нобел Менди го дуплираше водството на домаќините во 38. минута. Во второто полувреме мрежите мируваа, па Хал ја забележа првата победа над Јунајтед во својата историја. Хал ќе игра против Ковентри на гостински терен на 29 август во нивниот следен натпревар. ...
Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување на недостигот во рафинерискиот сектор се многу поограничени. Цената на референтната ...
Сиим Калас, поранешниот премиер на Естонија и долгогодишен еврокомесар, почина на 77-годишна возраст, објави на социјалните мрежи неговата ќерка, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. – Со длабока тага морам да објавам дека мојот драг татко, Сиим Калас, почина синоќа, напиша Каја Калас. Сиим Калас извршуваше повеќе високи функции во Естонија откако земјата стекна независност во 1991 година, ...
На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта. Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг. Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата. За Елмас, Аталанта е трет тим од Италија. Тој претходно во Серија А играше за Наполи и Торино. Македонскиот ...
Две лица загинаа во денешните руски ракетни напади во близина на Киев, за време додека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул е во посета на главниот град на Украина, јави ДПА. Во Киев се огласија сирените за воздушен напад за време на настан со ветерани на кој присуствуваа Вадефул и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека Русија започна напад со балистички ракети врз блискиот град Бориспиљ, каде што се наоѓа ...
Општина Карпош ја следи состојбата со вирусот на Западнонилската треска со особено внимание и во континуитет презема превентивни и заштитни мерки за намалување на ризиците и заштита на здравјето на граѓаните. Во услови на зголемена внимателност поради присуството на вирусот и регистрирани случаи, Општина Карпош активно учествува во координацијата со надлежните институции и ги следи препораките за постапување. На 19 август, во Град Скопје се ...
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос ...
Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...