Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа во Скопје под покровителство на Министерството за финансии, со учество на високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа. Во рамки на панел дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, министерот Минчев ...
Еден натпревар на Светско првенство понекогаш е доволен за целосно да ја промени кариерата на еден фудбалер. Токму тоа му се случува на Телмо Арканжо, кој со својата одлична партија во ремито 2:2 против Уругвај привлече големо внимание од европските клубови. Дваесет и петгодишниот репрезентативец на Зеленортските Острови остави силен впечаток со својата смиреност, брзина и продорност, квалитети што не останаа незабележани кај бројните скаути ...
Германската репрезентација доби сериозен удар во текот на Светското првенство 2026, откако стана јасно дека Нико Шлотербек повеќе нема да настапува на турнирот. Германскиот фудбалски сојуз соопшти дека дефанзивецот заработил повреда на медијалниот лигамент на левиот зглоб и го очекува пауза од неколку месеци. Шлотербек се повреди пред два дена на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска, кој Германија го доби со 2:1 во рамките на второто ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре – 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“. Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка. Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева. Претседателката Гордана ...
Второто коло на Светското првенство 2026 донесе историски момент за репрезентацијата на Египет. „Фараоните“ го совладаа Нов Зеланд со 3:1 и ја запишаа својата прва победа во историјата на мундијалите. Овој триумф го искачи Египет на врвот на табелата во групата Г со четири бода, откако во првото коло ремизираше против Белгија. Прво име на натпреварот беше Мохамед Салах, кој постигна гол, забележа асистенција и беше прогласен за најдобар играч ...
Против осомничениот сторител е формиран предмет за кривично дело убиство со умисла, што денеска беше доставен до Основното јавно обвинителство во Ханија, по што ќе следуваат предвидените судски постапки, информираше директорот на полицијата во Ханија Канелос Николау за убиството на 45-годишната Гркинка, кое го стори и призна 43-годишен македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Николау, заедно со генералниот полициски директор ...
Репрезентацијата на Тунис би можела да остане и без втор селектор на Светското првенство 2026, откако повеќе туниски медиуми објавија дека Ерве Ренар ќе ја напушти функцијата веднаш по последниот натпревар од групната фаза против Холандија. Доколку ова се потврди, престојот на искусниот француски тренер на клупата на „орлите од Картагина“ ќе трае само десет дена. Ренар беше ангажиран по катастрофалниот пораз на Тунис од Шведска со 5:1, по што ...
Крист Инао Оулаи продолжува да привлекува внимание на Светското првенство 2026. Младиот играч од средниот ред на Трабзонспор блесна на натпреварот на Брегот на Слоновата Коска против Германија. Стартер на само 20 години, Оулаи прикажа одлична партија и покрај поразот на неговата репрезентација со 2:1. Исклучително сигурен со топката во нозете, тој реализираше 45 од 50 додавања, а беше доминантен и во дуелите, добивајќи 10 од вкупно 14. 🇨🇮 ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им ...
Хрватската репрезентација бара реакција по поразот од Англија во второто коло на Светското првенство, но ден пред натпреварот со Панама вниманието го привлече еден интересен детал од официјалниот распоред на ФИФА. „Ватрените“ последниот тренинг пред натпреварот ќе го одржат во понеделник, 22 јуни, во Сентениал Парк во Торонто. Токму оваа локација е наведена од ФИФА како официјален тренинг-центар пред натпреварот, а не е избор на Хрватскиот ...
Властите поставени од Москва на окупираниот украински полуостров Крим денеска го забранија организирањето одмори за деца на црноморскиот полуостров до 1 септември, повикувајќи се на актуелната безбедносна состојба. „Овие мерки се неопходни за одржување на јавната безбедност“, напиша на Телеграм, Сергеј Аксјонов, политички лидер на Крим назначен од Москва. Тој побара разбирање од јавноста. Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа ...
Поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Владимир Назор“ 14, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и дел од улицата „Кумровец“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности. Поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Владимир Назор“ 14, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа ...
На 22.06.2026 во 00:10 часот во СВР Скопје од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Г.Ј.(31) од Скопје. Според пријавеното, тој околу 23:35 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица, меѓу кои и еден малолетник, кој употребил остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 22.06.2026 во 00:10 часот во СВР Скопје од Јавна ...
Владата на Македонија на својата седница го усвои Годишниот извештај за работа на Управата за заштита на културното наследство за 2025 година, изготвен согласно Законот за заштита на културното наследство. Извештајот дава преглед на реализираните активности во областа на заштитата, користењето и управувањето со културното наследство, капиталните проекти од национално значење, меѓународната соработка, дигитализацијата и институционалниот ...
Папата Лав XIV денеска, за време на посетата на седиштето на Светската програма за храна (WFP) во Рим, предупреди на сè пофрагментираниот светски поредок и на кризата на мултилатерализмот. Папата Лав повика на обновена посветеност на мултилатералната соработка во време на кризи, нагласувајќи дека ниту една држава не може самостојно да ги надмине глобалните предизвици. Тој посочи дека државите сè повеќе ги насочуваат своите ресурси кон ...
Во услови на глобална неизвесност, брзи промени и сè посложени предизвици, градењето отпорни институции е клучно за обезбедување стабилност, развој и доверба на граѓаните во државата, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на ЦЕФ Форум 2026, кој денеска се одржа во Скопје на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“ во организација на Министерството за финансии и Центарот за ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 23.06.2026 година (вторник), во периодот од 05.00 до 09.00 часот, поради изведување на технички активности, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, на делницата од клучка Софилари до клучка Долани. Во наведениот период, полициските службеници од ПС за БПС Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш. ...
Двајца неименувани членови на Националниот извршен одбор на главното управно и административно тело на Лабуристичката партија денеска изјавија дека може да се очекува Енди Бuрнам да стане нов британски премиер до 17 јули, доколку нема други кандидати. Премиерот во оставка Кир Стармер денеска изјави дека Националниот извршен одбор ќе ги отвори номинациите на 9 јули и дека процесот ќе биде завршен до летната пауза, која се очекува на 16 јули, ...
На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. На ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од с.Волково, скопско и А.А.(37) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста ...
Поранешната европратеничка на Нова демократија Ана Мисел Асимакопулу и уште три лица, меѓу кои и поранешниот генерален секретар во Министерство за внатрешни работи на Грција се осудени на осум до 20 месеци условна затворска казна за случајот со неовластено користење мејлови на Грци кои живеат во странство, јави дописничката на МИА од Атина. Случајот е од почетокот на март 2024 година, кога тогашната европратеничката на Нова демократија во ...
Кремљ соопшти дека оставката на британскиот премиер Кир Стармер, кој е силен поддржувач на Украина, веројатно нема да го промени тоа што Москва го опишува како „непријателски став“ на Лондон кон Русија. Претходно денеска Стармер соопшти дека поднесува оставка, ветувајќи дека ќе обезбеди организиран трансфер на власта на новиот лидер најдоцна до септември, за да се избегне политичка нестабилност додека Велика Британија се подготвува за својот ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во придружба на градоначалникот Тони Коњановски денеска изврши увид во градежните активности и реконструкцијата што се врши на киното „Партизан“ во Битола. Во изјава за медиумите, министерот Љутков истакна дека очекува до крајот на 2027 година, објектот кино „Партизан“ да биде пуштен во употреба. -Реконструкцијата на оваа институција е во напредна фаза, динамиката оди многу добро и обезбедени се ...
Добрата идеја најчесто започнува од реална потреба – желба да се помогне, да се вклучат повеќе луѓе, да се создаде подобра средина или да се отвори нова можност за оние на кои им е најпотребна. Токму таквите идеи dm ги препознава преку платформата „Иднина која инспирира“, создадена како простор каде што вредните иницијативи можат да добијат поддршка, видливост и шанса да прераснат во конкретни промени во заедницата. Веќе пријавените проекти ...
Независноста на судството, довербата на граѓаните и потребата од подобра комуникација меѓу судиите и јавноста се во фокусот на XVI Годишна конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, што се одржува денеска и утре во Скопје. На денешното отворање на конференцијата, учесниците нагласија дека без силна јавна поддршка, судската независност и демократските институции се доведени во ризик, а размената на искуства и ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го пофали државникот кој помогна Европа и Украина да станат побезбедни, по објавувањето на оставката на британскиот премиер Кир Стармер. „Станавте државник за две години – нешто што на некои лидери им требаат години за да го постигнат. Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми. Ви благодарам, драг Кир!“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс. ...
Во рамки на заложбите за унапредување на условите за квалитетен раст, развој и безбедно детство, Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на јавниот простор, при што деновиве во употреба беше пуштено ново современо детско игралиште во н.м Марино. Со реализацијата на овој проект, најмладите жители добија нов и функционален простор наменет за игра, рекреација и дружење, опремен согласно ...
Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ за првпат добива термофасада, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот, ќе се намалат трошоците за загревање во зимскиот период и ќе се обезбедат попријатни услови за престој во текот на топлите летни денови. Станува збор за значајна инвестиција што се реализира како донација и која ќе придонесе за помодерен, пофункционален и поекономичен објект, создавајќи ...
Регионалниот здравствен институт на бугарскиот град Варна денес, 22 јуни, објави дека пливањето е забрането на Офицерската плажа во одморалиштето, поради особено високи нивоа на ешерихија коли и цревни ентерококи во морето. Во соопштението се наведува дека на плажата ќе биде поставен знак со кој ќе се предупредуваат посетителите, на кој ќе се наведува дека пливањето во оваа област е привремено забрането, објавува бугарскиот портал Нова. ...
Ребалансот на Буџетот ќе се разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции. – Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит ...