Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија за 2022 година во Торино. Автор на музиката е Александар Масевски, а текстот го напишале заедно со Андреа. Годинешната наша претставничка имаше најмногу гласови од стручно меѓународно жири, што беше пресудно за крајниот избор. Во изборот на македонскиот евровизиски претставник, гласови дадоа и евровизиски стручњаци од Малта, Ерменија, Израел, Грузија и Исланд. На ...

„Свечена песна за Св. Кирил и Методиj“ изведена од младите хористи од основното школо „Блаже Конески“ од Прилеп. Го споделуваме видеово за сите што не го слушнале по повод денешниот празник – 24 Мај. Видеото ќе ви го стопли срцето, јас веќе три пати го преслушав, големо браво за наставничката Маја Црвенкоска која ги менторирала учениците. Слушнете ги како звучат, уживајте во слушањето! Мешан хор ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп  Текстот Да славиме ...

Исправи се, Делфина е македонски филм од 1977 г. на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. Филмот е инспириран од вистински настан – препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи. Таа починала на денешен ден во 2010 година. Самата Бојаџи која со прекар ...

Дали стримингот ќе го убие киното? Пандемијата и брзиот пад на приходите го забрзаа прашањето кое веќе долго го поставуваат филмаџиите и управителите на кино салите. Новинарите не ја прифатиле поканата на организаторите, а дури и минувачите требало да се наговорат за да ја погледнат филмската проекција во подрумот на парискиот Гранд Кафе пред 125 години. За еден франк колку што чинела влезницата тогаш, гледачите можеле да погледнат 10 кратки ...

Одри Хепберн, холивудската ѕвезда која го освои светот со филмот Појадок кај Тифани, беше уникатна по многу нешта и предизвикува не само восхит, туку почит. Иконата на стилот од модерната ера е многу повеќе од актерка и моден арбитер. Витка, со неверојатен струк од 50 сантиметри, секогаш елегантна во креациите од Живанши, таа е олицетворение на идеалот за женственост. Поседуваше неодолив шарм, љубезност, големо срце. Пред сè, таа е една ретка ...

Оваа романтична комедија е за фамилија која заради работа заминува во Париз, за двајца млади кои се подготвуваат за венчавка и за искуствата кои ќе им го сменат животот. „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris) ја слави големата љубов на младиот Гил кон Париз. Низ филмот континуирано се истражува човечката илузија за тоа дека ако се живее во друго време можеби нашиот живот би бил поубав. Ликот на Гил може да се толкува како лик на занесен, ...

Хероината на нејзиното време. Ја обележа француската уметност и ја однесе уметноста на многу повисоко ниво од она што го знаеме. Нејзиното име е поврзано со бескраен талент, темпераментен карактер и феминистички погледи на светот. Која е точно Колет? Сидони-Габриел Колет (28 јануари 1873 – 3 август 1954), позната по тоа што го користела псевдонимот Колет е француска писателка најпозната по своите романи кои го опишуваат животот на француските ...

Како предлог филм за викенд ви ја препорачуваме оваа драма насловена „Лав“ (чијшто наслов не е случајно одбран) од 2016-та година. Најпрво неколку факти за филмот Драма филм од 2016 година, во режија на Гарт Дејвис по сценарио на Лук Дејвис. Заснован е на автобиографската книга „Долг пат до дома“ на Сару Брирли. Во главните улоги се појавуваат Сани Павар, Дев Пател, Руни Мара, Дејвид Венам и Никол Кидман. Филмот премиерно бил прикажан на ...

„Потрага по среќа“ е краток анимиран филм со силна порака која ќе ви отвори нови прашања, но и ќе ви даде нови одговори. Што претставува среќата за секој од нас? Дали во моментов чувствувате дека имате среќа и вие се чувствувате среќно? Како би ја опишале среќата со друг збор? Трагајќи по неа забораваме да запреме и да се посветиме на некои суштински работи во животот. Честопати додека трчаме по среќа не ги погледнуваме благодетите и ...

По повод 20 години од премиерата на „Прашина“, на официјалната фејсбук страна од Милчо Манчевски, беше објавен текст од Марина Костова. Под насловот „Како се креваше прашина?“, се даваат одговори за тоа како се снимал филмот. Се наведени историските факти, како реагирала публиката во Венеција, кој бил изборот на светски познатите актери. Кои биле ставовите на светската критика и како филмот влијаел на високата мода, прочитајте во следните редови ...

За денес како предлог филм ја имаме класичната романтична комедија од 1998 – ма, “Стапица за родители”. Филмот е базиран на германскиот роман “Лоти и Лиса” на Ерих Кеснер, а е римејк на истоимениот филм од 1961 – вата година. “Стапица за родители” (The Parent Trap), во режија на Ненси Мејерс и по сценариото на Чарлс Шуер и Ненси Мејерс е една приказна за тоа како судбината по секоја цена пробува да спои едно одвоено семејство. Ник Паркер и ...

За денеска како предлог ја имаме безвременската песна ” Elo Hi (Canto Nero)” напишана од Горан Бреговиќ и испеана од Израелската Мадона, Офра Хаза. Песната е напишана за филмот “Кралицата Маргот” од 1994 – та година. Текстот е на хебрејски јазик, а самата песна е базирана на култната песна од Бијело Дугме “Када одем, кад ме не буде”. Оваа песна е една од најмеланхоличните, најочајните, најемотивните и најкревките песни што некогаш биле испеани. ...

Пред околу две недели, по седумдесет и трети пат во Њујорк се одржа светски познатата Мет Гала. Целта на Мет Галата е да се приберат средства за одржување и подновување на истоимениот музеј, преку организација на изложба со одредена тематика и вечера која чини над 30.000 долари од чинија. Покани добиваат само рачно избрани индивидуи. Гостите, освен медиска популарност добиваат и чест да бидат во орбитата на една од најмоќните и истовремено ...

„TrashTour: The Movie!“ е краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните и одвивањата за време на проектот TrashTour кој беше спроведен во период 24–29 Август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип. Зад овој проект стојат луѓето од еколошкото движење „За Почиста Македонија“. За Почиста Македонија е еколошко движење кое се појави во 2020 г. со цел преку активно дејствување да ги инспирира ...

Овие неколку дена се рашири веста за г-ѓа Бејкер, црнка, која стана една од најдинамичните и највлијателните луѓе во историјата, еден факт, што Франција, нејзината сакана посвоена земја, го знаеше веќе еден век. По речиси една деценија застапување од страна на нејзиното семејство, францускиот претседател, Емануел Маркон, конечно се согласи да ги пренесе посмртните останки на г-ѓа Бејкер во Мавзолејот Пантеон на крајот на месецот на 30 ноември, ...

„Пропаѓањето на Дедо Мраз“ е краток новогодишен филм којшто е објавен на јутјуб канал, а креиран е од Роберт Депоа (Robert Depuis). Во главната улога е едно малечко момче кое верува во постоењето на Дедо Мраз, но и на чудовишта и самовили. Цртајќи го неговиот изглед, момчето е убедено дека тој ќе му донесе поклон. Како детските замисли стануваат реалност? Во описот под видеото стои: „Целосното постоење на Дедо Мраз преку вербата на едно момче“. ...

Иако често се среќава прашањето дали е подобра книгата или филмот, сепак станува збор за два различни медиуми. Книгите ги читаме и сами создаваме слики, бои, звуци и мириси. Ги замислуваме местата и ликовите за кои читаме. Филмот е нечие друго гледиште. Ни доловува звуци и слики, бои и лица, но секој од нас јунаците ги замислува различно. Убаво е да се гледаат некои филмови кои се снимени според класици затоа што некогаш ни помага подобро да ги ...

Драги читатели и слушатели, слушнете ја 5-тата епизода којашто ја снимивме во карантински услови во која имавме чест да поразговараме со Денис Бојаров за повеќе нешта. Интервјуто со него е во вториот дел каде зборуваме за неговите ангажмани, ќе имате можност да слушнете кој е Денис, која е неговата професија, што ново ќе излезе од неговто творештво. Накратко зборувавме и за книжевната група „Размена на книги и книжевни муабети“ каде тој е ...

Драги читалите/слушатели, ви ја претставуваме и седмата епизода од првата сезона од Кулитерација. Низ „поглавјето“ ве водеа колегата Мишо Ристовски, колешките Маја Д. Малиновска и Викторија Саздовска и јас Наталија Наумовска. Во седмото поглавје како што милуваме да ги нарекуваме епизодите, разговаравме за хаику поезијата и ги прочитавме правилата за нејзино пишување што ги подготвивме специјално за љубителите на поезијата и оние кои сакаат да ...

Драги наши читатели и слушатели, со оваа осма епизода ја заокружуваме првата сезона од емисијата Кулитерација. Во осмото поглавје направивме една ретроспектива за она што го обработувавме во претходните епизоди, се потсетивме на сите претходни поглавја, односно дадовме краток опис што вие имавте прилика да слушнете и накрато кажавме наш заклучок од целото искуство. Во вториот дел на големо задоволство имавме можност да си поразговараме со ...

Првата епизода од втората сезона од нашата емисија која се емитува на радио МОФ премиерно беше пуштена минатиот четврток во 18 часот. Сите што немавте можност да ја слушнете сега можете да го направите тоа кога ви одговара. Во кратката воведна епизода накратко зборувавме за влијанието на ковидот врз сите општествени сфери каде акцентот беше ставен на литературата и културата. За што си зборувавме, што ви презентиравме, што најавивме можете да ...

После првата воведна епизода минатиот четврток премиерно беше пуштена втората епизода од Кулитерација на радио МОФ. Емисијата беше посветена на љубовта и виното како вечна инспирација и во истата малку воведно зборувавме на таа тема, а прочитавме и љубовна поезија. Во вториот дел имавме многу интересен и инспиративен разговор со младиот писател Душко Трифуновски по повод реизданието на неговиот роман, тој ни соопшти и новитети поврзани со ...

Во последната епизода од Кулитерација разговаравме со писателот и афористичар Марјан Анѓеловски. Направивме доста квалитетен разговор во кој тој одговараше на нашите прашања. Опфатиме различни теми од животот и за животот, за слободата, инспирацијата и останато. Разговаравме и за афоризмите, а го прашавме и кој е неговиот лајт мотив. На крајот од емисијата прочитавме најтесна селекција од некои поважни вести од литературата и културата кај нас. ...

Во осмата епизода од „Кулитерација“ разговараме со талентираниот и надежен автор, Александар Николовски. После неколкуте писмени интервјуа, редно беше да си направиме муабет и во емисија. Разговорот ни протече многу брзо, иако можевме уште долго да си зборуваме. Во тој случај емисијата ќе требаше да трае три часа колку некој долгометражен филм. Го прашувавме за неговите книги (со кои веќе им е добро познат на читателите, посебно во читателските ...

На Симона Николова ѝ благодариме што секогаш нè има на ум при соопштување на нејзините новитети во полето на творештвото. По тој повод повторно разговаравме празнично, а еве кои одговори ни ги даде младата авторка. Симона, со тебе имавме можност да поразговараме во повеќе наврати, а поводот беше излегувањето од печат на твоите книги. Што е најново на тоа поле, дали се подготвува некое ново дело? – Пред сè, здраво на сите и благодарам за ова ...

Тамара Волческа на 20.02.2022 година ја промовираше својата прва авторска песна чиј ко – композитор е Весна Малинова, аранжманот е на Јордан Манов, а во улога на режисер се наоѓа Александар Нешкоски. Песната е исклучително емотивна, испеана скоро си на некоја раскрсница помеѓу тага, љубов, навраќање во минатото и превртување на она вечно прашање: Што би било кога би било? Спотот е една друга приказна. Фигурира како епилог на песната, ко да сака ...

Непосредно пред почетокот на втората сезона на подкастот „На гости кај Прилеп4анец“, имавме особена чест и задоволство да поразговараме со еден од неговите креатори, Далибор Ивановиќ. Првата сезона може да ја погледнете на следниот линк. Далибор Ивановиќ е автор на три книги, а за нив повеќе ќе дознаете во интервјуто подолу. 1. Здраво Далибор! Сакаме да те си заблагодариме што одвои време за ова кратко интервју за Крајбрежје.мк. Најпрво би те ...

Повторно поразговараме со Александар Николовски, нашиот млад автор на трилери и мистерии, кој потекнува од Велес. Тој своите многубројни читатели повторно ги израдува со нов роман – „Жива ќе те запалам”. Како ни протече муабетот и какви интересни одговори ни даде, прочитајте во продолжение. Александар, првенствено ни е драго што имаме одличен повод за ново интервју. Навистина мошне убава вест е тоа дека ќе уживаме во твоја нова книга. Уште еден ...

Тимот на Крајбрежје имаше чест да си поразговара со Мартин Јованоски, кој на пошироката јавност ѝ е познат по својата книга „Зошто јас?“, во која го опишува своето искуство со анксиозноста и по тоа што секогаш отворено зборува за својата борба со стравот и со паничните напади. За тоа колку е важно себеприфаќањето, колку се тешки и исцрпни борбите со нерационалните стравови, ама и за емоциите, за поезијата и нашите несовршености, прочитајте што ...

Имавме чест да поразговараме со Симона Николова повторно и на нејзино барање која ни најави еден новитет во разговорот. Прочитајте за да дознаете за што муабетевме со неа овојпат. Како си Симона, како се чувствуваш? – Здраво на сите. Пред сè, ти благодарам за ова интервју, Нате. Всушност благодарам за сите интервјуа до сега. Јас сум добро, благодарам. Се чувствувам малку возбудена и во исчекување бидејќи ги очекувам резулатите од ФДА и исто така ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
83%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
91%
1010
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
0.36
71%
1008
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
95%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
61%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
81%
1010
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
90%
1011
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
68%
1010
Currency

61.53

Currency

54.3622

Currency

72.154

Currency

35.1468

Currency

39.3934

Currency

66.0489

Currency

7.48449

Currency

0.6574

Currency

0.37802

Currency

0.52493

Currency

1.41089

Currency

0.64385

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56