Популарниот формат на YouTube, Shorts, ќе биде подолг од 15 октомври. Поточно, креаторите ќе можат да снимаат Shorts во траење до 3 минути. Овој новитет беше една од најбараните функции што ја посакуваа креаторите, а сега е потврдено дека нема да чекаат уште долго. Измената очигледно нема да влијае на клиповите објавени пред 15 октомври и ќе се однесува само на содржини со квадратен или поголем сооднос на висина и ширина. Од YouTube велат дека ...

Кон крајот на оваа година ќе видиме нови MacBook Pro, Mac mini и iMac модели, надградени со новиот M4 чип, а се очекува да пристиген и освежен iPad mini Според информациите објавени од новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, Apple го таргетира 1 ноември оваа година како датум за лансирање на новите производи, по лансирањето на iPhone 16 серијата. Се очекува дека овој период ќе бидат претставени надградени верзии на high-end моделите на 14 и ...

Тимот на онлајн продавницата Mitra.mk го најавува петтиот роденден и констатира дека овие 5 години биле исполнети со постојан раст, иновации и силна посветеност кон клиентите. Прославата а петтиот роденден почнува со големи попусти и подарувања, а следи и ново издание на Mitrafest, музички настан овој пат посветен на Мирко Попов, голем пријател и поддржувач на Митра. „Наш најголем успех во овие години е проширувањето на продажбата надвор од ...

Climathon е глобална иницијатива на EIT Climate-KIC, водечка европска агенција и заедница за климатски иновации, која обединува 60-тина градови кои бараат решение за клучните климатски предизвици ширум светот На 25 и 26 октомври во организација на Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје, стартапи, иноватори, ентузијасти, студенти и активисти ќе се натпреваруваат за најдоброто решение за подобрување на квалитетот на ...

Корисниците на Android известуваат дека сега ги имаат алатките за заштита од кражба што Google ги најави уште во мај. Ова го открива Мишал Рахман, кој објави на Reddit дека новите функции доаѓаат во најновото ажурирање. Тој ги забележал и опциите Theft Detection Lock и Offline Device Lock на неговиот Xiaomi 14T Pro – две од трите функции што Google ги најави уште во мај. Другите корисници известуваат дека ја гледаат само третата функција – ...

Apple се подготвува за претставување на достапниот iPhone SE модел, смартфон кој ќе пристигне на почетокот на 2025 година, а како што се наближува објаваѕта, се откриваат одредени детали. Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман пред неколку дена го објави датумот на пристигнување на новиот iPhone SE, но сега се познати некои детали за спецификациите и функциите. Според извори кои разговараа за 9to5Mac, четвртиот iPhone SE ќе има модерен преден ...

СКОПСКО и Амфора го ослободија Охридското Езеро од „мрежите духови. Акцијата, која се одвиваше од 1-ви до 4-ти октомври во соработка со нуркачкиот клуб „Амфора“, се фокусираше на вадење на заостанати рибарски мрежи (познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на езерото.“ Резултатите од втората нуркачка акција покажуваат дека од дното на езерото се отстранети вкупно3856 метри мрежа, а иститебеа презентирани во Хидробиолошкиот ...

Со најновата серија Galaxy Buds3 од Samsung Electronics, корисниците можат да откријат целосно ново ниво на имерсивно слушање и комуникација во секое време, каде и да се – без разлика дали уживаат во музиката или се фокусирани на повиците. Серијата Galaxy Buds3 испорачува удобност, богат квалитет на звук и напредни функции за вештачка интелигенција за неспоредливо звучно искуство. Редакцијата на Samsung се сретна со Хелен Нам (Helen Nam) и Донги ...

Вештачката интелигенција и другите алатки стануваат сè помоќни денес и веќе е страшно што можат да направат. Новата алатка за вештачка интелигенција претставена од Meta има за цел да креира и уредува видеа, аудио снимки и фотографии, а може да креира реални снимки врз основа на само една фотографија. Слични алатки веќе воведоа OpenAI и Google, а сега им се придружи и Meta. Како што можете да видите од многуте примери објавени на нивната ...

Европската Унија официјално ги одобри новите дефинитивни тарифи за електричните автомобили произведени во Кина. Преговорите меѓу ЕУ и Кина ќе продолжат, а новите царини треба да стапат на сила од ноември. По гласањето на 27 земји-членки, Европската Унија денеска одобри нови дефинитивни тарифи за електричните автомобили произведени во Кина. Така, Европската комисија ќе воведе царина од 35 отсто за овие автомобили, на што ќе се додаде и постојната ...

Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји денескаги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу ведри и задоволни лица. Ваква беше сликата на стартот на јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон. Трките започнаа точно во 8 часот пред Собранието на Република Македонија. Тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон се упатијанакај населбата Хром, по улицата Теодосиј Гологанов, по што се ...

Антена што не се забележува, но осигурува стабилен сигнал! Иако 5G технологијата ни носи многу предности како што е побрз пренос на податоци, нејзиниот главен недостаток е тоа што се потребни многу базни станици. Проблемот е што, особено во густо населените градови, едноставно нема место за тоа. Сепак, решението што го смислија во Јапонија може да ја претвори речиси секоја висока зграда во 5G предавател. Јапонските научници развија стаклена ...

Oura Ring 4 е достапен во 12 големини и 6 бои, вклучувајќи нов црн финиш. Преднарачките започнуваат утре, а испораките започнуваат на 15 октомври. Oura го претстави својот нов паметен прстен Oura Ring 4, чија цена започнува од 349 долари, објави CNBC. Прстените на компанијата го следат спиењето, вежбањето, стресот, здравјето на срцето и другите показатели за да им помогнат на корисниците да ги разберат нивните тела и да направат поздрав избор. ...

Google започна со тестирање на нова функција за верификација, за корисниците да можат да ги добијат најрелевантните и најточните извори на информации преку пребарување. Новата функција за проверка, која веќе ја знаеме од Facebook, Twitter или Instagram, наскоро би требало да им биде достапна на сите корисници при пребарување на Google. На овој начин, корисниците ќе избегнуваат лажни извори на информации и кликови, а некои корисници во бета ...

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) информира дека имплементира нов проект „Младински културен фонд на Западен Балкан”, финансиран од германското Министерство за надворешни работи, а поддржан од владите на Западен Балкан. Станува збор за повеќегодишен регионален проект наменет за културни практичари и граѓански организации од областа на културата. Сите поединци со своите креативни идеи можат до 10 септември да аплицираат за ...

Голема комета која би можела да стане најсветлата во овој век се приближи до Сонцето во последните недели. C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS), или скратено А3, беше откриена во јануари 2023 година и брзо го привлече вниманието на астрономите и ентузијастите ширум светот. Тој куп мраз и прашина доаѓа од Ортовиот Облак, огромна сфера на остатоци од формирањето на Сончевиот систем што го опкружува Сонцето на растојание од околу 2.000 до 100.000 ...

Европската комисија испрати барања до YouTube, Snapchat, TikTok да и достават дополнителни информации за дизајнот и начинот на функционирање на нивните системи за давање препораки на корисниците. Барањето е испратено согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДГА), кои ги обврзува онлајн платформите да преземат мерки за намалување ризиците кои произлегуваат од нивните системи за препораки, вклучително и оние кои може да влијаат на менталното ...

Google продолжува да работи на нова верзија на Android додека го чека јавното објавување на Android 15. Според последните информации, Android 16 го носи кодното име „Баклава“. Иако Google повеќе не користи имиња на десерти во јавните верзии на Android, оваа традиција сè уште се користи интерно за време на развојот. Android 15 го доби кодното име „сладолед од ванила“ или „VIC“, додека за Android 16 се верува дека е „баклава“, популарен деликатес ...

Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на 06.10.2024 (недела) , а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на ...

Водејќи се од стратешката определба за континуирана дигитална трансформација, Шпаркасе Банка е на прагот да реализира уште еден проект кој ќе помогне во унапредување на банкарските процеси и во унапредување на задоволството на клиентите. Шпаркасе Банка од денес ја лансира Платформата за онлајн ажурирање на лични податоци која ќе овозможи ажурирање на личните податоци на клиентите со OneID, без да има потреба од посета на некоја од експозитурите, ...

Се работи на имплементацијата на нова иновативна платформа за поефикасно опслужување на корисниците Ги известуваме корисниците дека за време на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври 2024 година, продавниците на Телеком низ цела Македонија нема да работат. Се работи на имплементирање на нова ИТ платформа којашто ќе го подобри оперативното работење за подобро корисничко искуство. Дополнително, викендов нема да биде во функција ниту онлајн ...

Подгответе се за единствениот настан од светски размери каде се претставува уметноста преку мастило. Скопје ќе биде домаќин на втората интернационална конвенција за тетовирање, Skopje Tattoo Show 2024, која ќе се одржи на 12 и 13 октомври во Skopje Event Center. Skopje Tattoo Show ќе биде место каде што ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето – форма на уметност која има долга историја и различни ...

Охридското Езеро, едно од најстарите и биолошкинајразновидните езера во светот, е под се поголем притисокод загадувањето и човековото влијание. Додека цврстиототпад како пластика и нетретирани отпадни води се познатизакани, под водата се наоѓа потивка, но подеднакво опаснаформа на загадување – мрежи духови. Овие напуштени илиизгубени рибарски мрежи продолжуваат да ловат водниорганизми долго по нивната намена, предизвикувајќисериозна штета на ...

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, со 41.9% пораст во авионскиот карго-транспорт, за првите 8 месеци од 2024 од Меѓународниот Аеродром Скопје, споредено со истиот период во 2023 година Над 40% пораснал вкупниот авионски карго-транспорт на Меѓународниот Аеродром Скопје во изминатите осум месеци, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми. Во периодот од јануари до август годинава, Карго-центарот кој ...

Winamp, легендарниот музички плеер од крајот на минатиот век, стана софтвер со отворен код. Со ова, неговиот сегашен сопственик го исполни ветувањето, а по лансирањето на целосно нова верзија, го отвори програмскиот код на старата Некогаш глобално популарниот музички плеер за компјутери Winamp беше производ на американската компанија Nullsoft. Лансиран е во 1997 година како мала бесплатна програма за Windows, а набрзо стекна голема слава. Можеше ...

Со 8.848 метри, Монт Еверест е највисокиот планински врв во светот, но продолжува да расте и секоја година станува сè повисок, тврдат кинеските научници од Универзитетот за геонауки во Пекинг, кои штотуку објавија студија за овој аномален раст во списанието Nature Geoscience. И додека „Покривот на светот“ и остатокот од Хималаите продолжуваат незапирливо да воздивнуваат од моментот пред 50 милиони години кога индискиот потконтинент се судрил со ...

Во денешниот свет со брз начин на живеење, разбирањето на личните финансии станува поважно од кога било, а особено важно за младите, со цел да ги остварат своите желби и планови за иднината на најефикасен начин. Во тој контекст, значењето на финансиското образование е особено важно, затоа што ги опремува поединците со знаење за да носат информирани одлуки за буџетирање, штедење, инвестирање и за управување со ресурсите. Разбирањето на ...

По објавувањето на Office 2021, Microsoft одлучи да им понуди на корисниците нов канцелариски софтверски пакет, за кој не се плаќа претплата, ниту е поврзан со услуги во облак, но сепак носи некои нови функции и можности Microsoft во последниве години првенствено ги нуди своите канцелариски алатки како дел од претплата на пакетот Microsoft 365, каде освен софтвер (Word, Excel, Outlook, PowerPoint, OneNote, Clipchamp…) добивате и 1 TB простор за ...

Google Maps досега беше главната апликација за споделување локација во живо на уредите со Android. Сепак, Google планира тоа да го промени со ново ажурирање Паметните телефони одамна овозможуваат споделување на локацијата во живо, што го олеснува пронаоѓањето на патот, сретнувањето пријатели или добивањето помош во итни ситуации. Досега, Google Maps беше главната апликација за споделување локација во живо на уредите со Android. Сепак, Google ...

Samsung би можел да направи драстичен потег во 2026 година со откажување од стандардниот модел Galaxy S26 поради пазарната конкуренција Нешто големо би можело да се случи со Galaxy S флегшип линијата смартфони на Samsung, но не следната година. Galaxy S25, S25+ и S25 Ultra како и обично ќе пристигнат во јануари, но во 2026 година, корејската компанија би можела да воведе значителна промена во својата понуда, со откажување на Galaxy S26 моделот. ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
47%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
55%
1014
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.59
57%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.45
70%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
47%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
32%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
42%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
48%
1015
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
49%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
53%
1016
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63