
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Според новите правила, менаџментот на апликацијата за допишување Telegram може да ги открие IP адресите и телефонските броеви на оние кои ги прекршуваат правилата на платформата за пораки, кога ќе прими правни барања од властите, објави основачот на мрежата, Павел Дуров.. „Јасно ставивме до знаење дека IP-адресите и телефонските броеви на оние кои ги прекршуваат нашите правила може да им бидат откриени на релевантните органи како одговор на ...
Светот почна да ги прифаќа обновливите извори на енергија за посветла иднина. Замената на фосилните горива со водород е клучен аспект за намалување на емисиите на јаглерод. Проблемот е што производство на водород со користење само обновлива енергија е тешко и скапо. Нова техника за користење на сончевата енергија за разделување на водата е развиена на Универзитетот во Северна Каролина-Чапел Хил и оваа техника има потенцијал да промени се. ...
Љубопитните технолошки ентузијасти не губат време истражувајќи ја внатрешноста на новиот iPhone 16. Каналите на YouTube – REWA Technology и Desassembling Parts објавија видеа од расклопување на iPhone 16 Pro и 16 Pro Max моделите, откривајќи ја внатрешната архитектура на најновите уреди на Apple. Во споредба со неговиот претходник, iPhone 16 Pro има значително помала матична плоча која е погусто пополнета со компоненти. Овој компактен дизајн, ...
Во последно време, технолошкиот гигант Intel се соочува со сериозни проблеми, а ова не останува незабележано од конкурентите на компанијата. Сега има нови податоци кои сугерираат дека Qualcomm изразил интерес за преземање на Intel. Се подразбира дека соодветен потенцијален договор се уште е далеку од реализација. Дополнително, пред евентуалната имплементација ќе има антимонополска процедура и можно е таа да не биде решена од САД. Сепак, самиот ...
Легендарниот дизајнер на Apple, Џони Ајв потврди дека неговата компанија LoveFrom соработува со Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман на развој на таинстевнм производ со вештачка интелигенција, со поддршка од поранешни дизајнери на Apple. Минатата година се појавија гласини за соработка помеѓу поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, но двајцата засега молчеа за тоа. Сепак, во профилот објавен овој ...
Огромно подрачје на глечерот Твајтс на Антарктикот продолжува да се топи и поголемиот дел од него би можело да биде изгубен до 23 век, велат експертите. Површината на глечерот приближно одговара на површината на островот Велика Британија или американската држава Флорида. Количината на мраз што тече во морето од Твајтс и соседните глечери се зголеми повеќе од двојно помеѓу 1990-тите и 2010-тите. Експертите велат дека глечерот и поширокото ...
По успехот на првото издание на неделата на онлајн купување во март годинава, на барање на клиентите Иуте го најавува почетокот на второто издание на Click Week, со уште поголема партнерска понуда и специјални онлајн попусти со ограничено времетраење. Click week e одлична можност за дополнителна заштеда, попусти на веќе намалените цени и користење на придобивките од иновативниот и флексибилен модел на плаќање на рати на Иуте “Купи сега, плати ...
На меѓународната конференција за машинско учење беше претставен документ кој зборува за опасностите од развојот на автономно оружје напојувано од вештачка интелигенција Со децении војската користела автономно оружје како мини, торпеда и ракети, кои работат врз основа на едноставни реактивни повратни информации без човечка контрола. Смртоносниот воен арсенал сега е дополнет со автономно оружје напојувано со вештачка интелигенција. Влегуваме во ...
Еден од првите и најголемите хитови меѓу мобилните игри доби нови сопственици на права, кои сега најавуваат рестартирање на насловот, со нови ликови и начини на игра, но со добро познатиот вирален лик Пред десет години нов тренд го зафати светот на мобилните игри како торнадо – сите одеднаш побрзаа да ја преземат и да ја играат малата, едноставна, но многу заразна, а понекогаш и фрустрирачка игра Flappy Bird. Создадена е од виетнамскиот ...
Викендов Скопје славеше 100 години Скопско! Големата увертира која траеше цело лето и прошета низ сите поголеми градови од земјата кулминираше со спектакуларен настан на отворено во Скопје. Насмеани лица, видно расположени посетители од различни генерации можеа да се забележат на секој агол од прославата, кои прославувајќи и наздравувајќи со нивното омилено Скопско создадоа неверојатна роденденска атмосфера. Целодневната прослава зазема ...
Сите кои седнале зад воланот и силно ја притиснале педалата за гас, останале опиени од забрзувањето, а потоа ги отрезни информацијата за досегот. Досегот е една од причините зошто многумина ја напаѓаат Nevera, тврдејќи дека при сериозно возење нема да може да направи ниту еден круг на Нирбургринг. Вистината е веројатно на половина пат, досегот ќе биде значително помал од декларираниот, но не е дека автомобилот ќе застане по 20 километри. Момците ...
Тим научници од Кина развиле метод со кој можат да користат високоенергетски ласерски зраци за да ги задржат беспилотните летала во воздухот „засекогаш“. Иако ласерските системи со голема моќност почесто се поврзуваат со технологии кои се користат против беспилотни летала, професорот Ли Ксуелонг и неговите колеги смислиле метод што ќе го направи спротивното од соборување на сите присутни мали беспилотни летала. Научниците го опремиле дронот со ...
Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија за Институтот за патологија. Донацијата опфаќа набавка на специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат примероците кои во Институтот пристигнуваат од сите клиники и клинички центри во земјата. Дополнително, ...
Huawei кон крајот на минатата недела ги испорача првите примероци на Mate XT Ultimate смартфонот во форма на тројно преклопување, а сега пристигна и една важна информација. Овој смартфон сепак ќе се продава надвор од Кина, односно на светскиот пазар. Корисниците на Mate XT Ultimate може да го очекуваат во првиот квартал од 2025 година. Почетната цена во Кина изнесува 2.550 евра, што значи дека веќе е еден од најскапите гаџети што можете да ги ...
Sony Interactive Entertainment ќе ја одбележи својата 30-годишнина од PlayStation конзолите со посебен ретро дизајн во оригиналните бои на првата верзија на оваа конзола. Ограниченll издание на конзолата PlayStation 5, придружните уреди и рачната конзола PlayStation Portal, во оригиналните бои на првата верзија на оваа конзола, ќе ја одбележат 30-годишнината од PlayStation. Првата PlayStation конзола беше претставена во јавноста на 3 декември ...
Руските космонаути Олег Кононенко и Николај Чуб поставија рекорд за најдолг континуиран престој на Меѓународната вселенска станица (МВС), објави руската вселенска агенција Роскомос. Според извештаите, Кононенко и Чаб го собориле претходниот рекорд, кој до вчера го држеа Русите Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин и Американецот Франциско Рубио, пренесува РИА Новости. Кононенко и Чаб заминаа за ISS на 15 септември 2023 година со вселенското летало ...
Се очекува Samsung да го претстави Galaxy S24 FE на 26 септември, заедно со Galaxy Tab S10 серијата Samsung Galaxy S24 FE ќе пристигне, а неколку дојавувања ни даваат добра идеја за тоа што да очекуваме, вклучувајќи ја цената и достапните опции за бои. Сепак, сè уште има одредена мистерија околу вистинскиот датум на лансирање на телефонот, но се чини дека не сме далеку од неговото пристигнување. Тизер видеото од 10 секунди објавено од Samsung ...
Јужнокорејски научници создадоа мал модуларен фотоволтаичен панел, доволно проѕирен за да се постави над екранот на мобилен уред, но и доволно моќен за да ја полни неговата батерија Развојот на иновациите во областа на фотоволтаичните ќелии би можел да доведе до тоа во иднина тие да станат сеприсутни, флексибилни, погодни за секоја површина, многу ефикасни, но и транспарентни. Последново е во фокусот на јужнокорејски научници кои успеаја да ...
Јапонија ги објави плановите да започне со изградба на првиот суперкомпјутер од „зета-класа“ следната година. Кога ќе биде целосно оперативен, ќе биде 1.000 пати побрз од најмоќните суперкомпјутери на денешницата. Оваа исклучително моќна машина, чија изградба би можела да чини повеќе од 750 милиони долари, ќе ѝ помогне на Јапонија да биде во чекор со развојот на вештачката интелигенција (ВИ) и се очекува целосно да биде оперативен до 2030-та ...
Новата апликација на Microsoft Windows овозможува стриминг на Windows од различни извори на macOS, iOS, iPadOS, Android и Windows уредите, со поддршка за прилагодлив почетен екран, повеќе монитори и USB пренасочување за локални уреди Microsoft лансираше апликација за Windows, macOS, iOS, iPadOS, веб-прелистувачи, уреди со Android, па дури и компјутерите со Windows. Оваа апликација за Windows во суштина е клиент за стримување на копија на Windows ...
Чекањето заврши! Исполнета е една од најголемите желби на корисниците на сите Hisense телевизори – Max апликацијата за стриминг конечно пристигна на VIDAA платформата. VIDAA, Smart TV платформата, во партнерство со Warner Bros. Discovery и Max услугата, на гледачите им овозможи пристап до богата библиотека на филмови, серии и документарни филмови од водечките продукции. Меѓу нив се HBO, Warner Bros. и Adult Swim, како и ID и DC Universe. Од 18 ...
Меѓународната вселенска станица е планирано да заврши со работа во 2030 година, а потоа е планирано таа контролирано да биде урната на Земјата. Првиот дел од МВС беше испратен во вселената на 20 ноември 1998 година, а на 2 ноември 2000 година првиот екипаж од астронаути и космонати започна да живее таму. Но, по 30 години работа, МВС ќе биде испратена да се урне во Тихиот океан. Главната причина за тоа е што станицата и нејзините системи не може ...
Истражувачите од Велика Британија и Израел опишаа нов систем на крвни групи кај луѓето, MAL, и тоа 50 години откако во 1972 година беше откриено дека недостасува важен антиген во крвта на бремена жена. Ова чудно молекуларно отсуство научниците го решиле по 50 години, а истражувањето е објавено во водечкиот журнал на Американското здружение за хематологија Blood. „Откритието е огромно достигнување, конечно може да се воспостави нов систем на ...
Не им требаше долго време на кинезите да најдат воена употреба за сателитите Starlink на Елон Маск. Тим кинески истражувачи тврди дека можат да го искористат сигналот од сателитите Starlink за откривање на непријателски „невидливи“ борбени авиони. Во експериментот кој успеал, тие користеле дрон DJU Phantom 4 Pro и го детектирале со помош на радарски систем на земја, благодарение на зрачењето што го емитува сателитот Starlink. Тие успеаја во тоа ...
Новиот дизајн на Snapchat нема веднаш да им биде достапен на сите корисници, туку ќе биде воведен постепено. Snap најави голем редизајн на својата популарна апликација, која ја користат околу 850 милиони луѓе. Покрај промената на интерфејсот на главниот екран, Snapchat додаде и нови опции за вештачка интелигенција, вклучувајќи специјални леќи кои ви покажуваат како ќе изгледате кога ќе бидете постари, а не е тешко да се види дека ова ќе биде ...
Apple го одложува воведувањето на 2-нанометарските чипови за iPhone 17, кои се очекува да бидат користат само во iPhone 18 серијата, додека чиповите од 3 nm ќе останат стандардни за следниот модел. Аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо сподели важна вест за следната iPhone 17 серија. Имено, иако се очекуваше дека Apple ќе користи 2 nm чипови за iPhone 17 моделите, тоа нема да се случи. Наместо тоа, Apple планира да воведе 2-нанометарски чипови во ...
Утре (21 септември) се одбележува Меѓународниот ден на мирот. Овој значаен ден е потсетник дека конфликтите никогаш не можат да се решат преку насилство, туку исклучиво преку дијалог и меѓусебно почитување. Регионалната соработка и вмрежувањето, почитта и разбирањето се клучни фактори за креирање на мирна иднина. Владите и општествата од Западен Балкан мора континуирано да соработуваат и инвестираат во изградба на попросперитетна и безбедна ...
Уште две недели до маратонската магија, а денес е последниот ден за пријавување на јубилјениот 20. Виз Ер Скопски маратон. Сите поединци, компании и љубители кон трчањето, кои обожаваат пријавување и во последен момент, можат да се пријават уште веднаш на следниот линк – https://prijavi.skopskimaraton.mk/mk/events/wizz-air-skopski-maraton-2024/register Пријавувањето се затвора на полноќ вечерва (20.09.2024). Заради големиот интерес и ...
Тинејџерите ќе треба да ја потврдат својата возраст, а родителите ќе добијат нови алатки за следење и контрола на онлајн активностите на нивните деца. КомпанијатаMeta пред неколку дена ги лансираше тинејџерските сметки на Instagram, поограничена верзија на платформата за помлади корисници, во последниот обид на технолошката компанија да ја смири загриженоста за влијанието на социјалната мрежа врз децата. Meta автоматски ќе ги мигрира сите ...
Самитот на Берлинскиот процес официјално доби нов визуелен идентитет, за кој е заслужен тим од шест млади дизајнери од Западен Балкан. Избрани во јуни годинава во рамки на јавниот повик што го објави Регионалната канцеларија за млади (RYCO) во соработка со Сојузното министерство за надворешни работи на Германија, младите дизајнери во изминатиот период заеднички работеа на создавање на логото, кое отсега ќе служи како трајно визуелно обележје на ...