
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Научници од Факултетот за медицински науки од Крагуевац во соработка со колеги од Природноматематичкиот факултет во Крагуевац развија лекови за рак кои не ги оштетуваат здравите ткива. По истражувањето и примената на лекот на мали лабораториски животни, резултатите покажаа дека новите антитуморни лекови базирани на платина имаат помалку несакани ефекти од конвенционалните цитостатици. „Живееме во ера на епидемии на малигни заболувања кои се ...
Добри вести за љубителите на кафе и чај: нова студија го поврза умереното консумирање кофеин со помал ризик од развој на повеќе кардиометаболни заболувања, како што се дијабетес тип 2, мозочен удар или коронарна срцева болест. Истражувањето објавено во Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism, конкретно покажа дека луѓето кои пијат околу три шолји кафе или чај дневно имале 48% помал ризик од две или повеќе кардиометаболни заболувања во ...
Многу адреналин, најекстремни каскадерски предизвици досега и тестови на издржливост и храброст до крајни граници. Вака може да се опише финалната епизода, со која заврши првата сезона на адреналинското шоу ТРИУМФ, кое се емитува на платформата GLEY или на YouTube каналот LAZAROV, и кое со секоја нова епизода соборува рекорди на гледаност. Последната и најекстремна епизода на ТРИУМФ заврши со триумф на тимот од Крива Паланка, кој во директна ...
Некои вработени во Apple веруваат дека генеративната вештачка интелигенција развиена во компанијата, што ја покренува Apple Intelligence, е повеќе од две години зад лидерите во индустријата, истакнува новинарот Марк Гурман од Bloomberg. Пишувајќи во својот најнов билтен Power On, тој наведува дека од извори во Apple дознал дека сопствените студии на компанијата сугерираат дека нејзините претстојни функции на вештачката интелигенција го немаат ...
Верзијата 24H2 на Windows 11 е големо ажурирање на овој оперативен систем, но доаѓа и со одредени грешки. Некои од проблемите, кои се познати по верзијата на оперативниот систем Windows 11 24H2, се толку критични што доведуваат до „син екран на смртта“ (BSOD). Поради ова, Microsoft го блокираше ажурирањето 24H2 на уредите погодени од овој проблем. Сега, сепак, е откриена нова позната грешка која предизвикува паѓање на системот. Ова се појавува ...
Енергетскиот сектор се наоѓа пред големи промени, водени од зголемената потреба за одржливост и енергетска ефикасност. Во таа насока, го најавуваме претстојниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, кој ќе се одржи од 29 до 31 октомври во Арената Борис Трајковски. Оваа годишна саемска манифестација претставува водечки настан за професионалците од областа на енергетиката и технологијата, овозможувајќи им да ги истражат најновите трендови, иновации и решенија ...
Samsung официјално го објави Special Edition моделот на својот паметен телефон Galaxy Z Fold6, а уредот првично ќе биде достапен само на пазарот во Јужна Кореја Покрај тоа што е полесен и потенок, новиот модел има и малку поголем надворешен и внатрешен екран, како и нов дизајн на задната страна. Исто така, нуди повеќе меморија за Galaxy AI, а има и надградена камера од 200 MP. За жал, моделот моментно е достапен само за купувачите во Јужна ...
Научниците постигнаа револуционерен пробив во научната фантастика создавајќи го првиот получовечки робот во светот. Се работи за получовечки робот за хируршки операции, инспириран од оригами, и ова е само почеток на новата ера во медицината. Спој на прецизна технологија и античка уметност: како принципите на оригами ја обликуваат роботиката Тешко е да се замисли некоја уметничка форма која би можела да биде подалеку од роботиката од оригамито – ...
ColorOS 15 донесува освежен изглед со нови икони, а во најголем дел содржи функции за вештачка интелигенција кои би требало да го олеснат користењето на смартфоните Во пресрет на очекуваното претставување на Find X8 флегшип серијата, кинескиот производител Oppo го претстави ColorOS 15, нова верзија на неговиот интерфејс базиран на претстојниот Android 15. Имено, ColorOS 15 донесува освежен изглед со нови икони, одделен центар за известување и ...
На паметните телефони одвреме-навреме им треба малку внимание и грижа. Но, не мора да посетувате одреден сервисен центар, можете и сами дома да направите „мал сервис“ Мобилните телефони се забавуваат со текот на времето и честото користење. Ова делумно се должи на количината на податоци што ги складираме во уредот, а делумно на апликациите што се инсталирани. Се разбира, ова не значи дека треба веднаш да купите нов телефон кога вашиот сегашен ќе ...
Google планира да купува електрична енергија од нуклеарни реактори од следната генерација. Компанијата го објави договорот за кој вели дека е првиот корпоративен договор во светот за купување електрична енергија од напредни мали модуларни реактори (SMR) кои сè уште се во развој. Google склучи договор со инженерската компанија Kairos Power, која планира да го пушти во употреба својот прв SMR до 2030 година. Google се согласи да купи електрична ...
Моден Викенд Скопје го претставува креативниот дијалог меѓу двајца различни, но подеднакво инспиративни уметници—Warm Metal (МК) и Хуго Виндер-Линд (ВК)—во рамките на изложбата поддржана од Британскиот совет. На 25 октомври во 20:00 часот, светлата на Лабораториум ќе го осветлат отворањето на ова визуелно патување кое ги истражува тенките граници помеѓу културите и идентитетите. Изложбата ќе остане отворена и на 26 и 27 октомври 2024 како дел од ...
Новите извештаи покажуваат дека безжичните мрежи од следната генерација би можеле да достигнат брзина до 938 гигабити во секунда, приближно 9.000 пати побрзо од сегашните 5G мрежи. Овие 6G мрежи од следната генерација сѐ уште се далеку, но ќе овозможат испраќање на повеќе од 20 филмови со просечна должина во секунда, според извештајот објавен од New Scientist. Еден од најголемите проблеми што треба да го реши 6G е застојот што 5G не може да го ...
Одделот на Airbus за вселената и за одбрана (Airbus US Space & Defense) неодамна изврши успешна демонстрација со самоуправувачки хеликоптер. Станува збор за програма дизајнирана за поддршка на американските маринци, а вежбата се одржа во воздухопловната база New River и кампот „Лежун“ во САД како дел од Проектот за подобрување на воздушната логистика. На вежбата беа оценувани одликите на самоуправувачкиот хеликоптер „Ербас УХ-72-Б Лакота“ и ...
Honor Magic7 Pro прикажан во демо презентација со заоблен екран, двојни камери и поддршка за отклучување со 3D препознавање лице Извршниот директор на Honor, Џорџ Жао даде поглед на претстојниот Honor Magic7 Pro телефон за време на неодамнешната демонстрација. Телефонот е сместен во една од оние маски, наменети само за протиотипи на телефоните, специјално дизајнирани да ги сокријат повеќето од препознатливите детали за дизајнот. Како што можете ...
Специјалниот модел Nothing Phone 2a со фосфоресцентна позадина и уникатен дизајн, резултат на соработката со заедницата на корисници на Nothing, ќе биде официјално претставен на 30 октомври Уште во март, брендот Nothing со седиште во Лондон, основан од Карл Пеи, го претстави својот Phone 2a – смартфон со прифатлива цена со потпис на брендот и прилично оригинален дизајн. Потоа, компанијата започна проект со кој ја поканува својата заедница на ...
Apple отвора лабораторија за применети истражувања во јужниот кинески технолошки центар Шенжен. На овој начин Apple се обидува да ја намали зголемената доминација на Huawei на овој пазар. Работата на истражувачкиот центар започна во четвртокот. Овој истражувачки центар работи на развој на нови модели на iPhone, iPad и други уреди од палетата на Apple. Во заедничка соработка со владата, Apple се обидува да ја намали доминацијата на Huawei на ...
Подморницата Orca eXtra Large Uncrewed Undersea Vehicle (XLUUV), која припаѓа на американската морнарица, успешно ја заврши дводневната мисија без присуство на екипаж. Подморницата Орка е произведена од компанијата Боинг, таа е целосно автономна, а во текот на мисијата пловела неколку пати за да ја наполни батеријата. За време на мисијата беа демонстрирани напредни способности, како што се извршување мисии на оддалечени локации. Орка е ...
SpaceX бара дозвола да користи поширок радио спектар и пониска орбита за да ја подобри својата мрежа и да обезбеди побрз интернет за корисниците ширум светот SpaceX поднесе новo барање до американската Федерална комисија за комуникации (FCC) за да добие одобрение за работа на речиси 30.000 нови Starlink сателити во орбитата на Земјата. Компанијата планира да ја надгради својата мрежа за да обезбеди гигабитни интернет брзини за корисниците ширум ...
OnePlus може да се пофали со некои многу добри понуди меѓу паметните телефони од високата класа. Компанијата постигнува одличен баланс помеѓу цената и спецификациите, а тоа го очекуваме и од следната генерација. Се разбира, зборуваме за претстојниот OnePlus 13, кој наскоро треба да дебитира во Кина. Во меѓувреме, сепак, дојавувачот OnLeaks сподели наводна фотографија од идниот флегшип на компанијата. Се чини дека се работи за официјалнаа слика ...
Се појавија фотографии кои ни даваат подобар увид во тоа како изгледа претстојниот премиум телефон од кинескиот производител. Xiaomi е прилично таинствен кога станува збор за претстојниот водечки телефон на компанијата, но првите фотографии во живо што неодамна протекоа укажуваат на дизајнот на Xiaomi 15 Pro. На фотографиите се гледа смартфонот во рацете на потпретседателот на Xiaomi, Ванг Ксијаојан, а уредот има модул за камера со блиц ...
Најнова студија покажува дека може да има некои микроорганизми во ледените наслаги на површината на Марс како вонземски форми на живот. Наслагите мраз би можеле да ги заштитат таквите форми на живот од сончевото ултравиолетово зрачење, што го прави животот речиси невозможен на површината на Марс, пишува британски Independent. Но, новата студија покажува дека таквите форми на живот треба да бидат доволно длабоко, во доволно дебел слој мраз за да ...
Во DoubleTree by Hilton Skopje, синоќа се случи нешто навистина посебно! Еуцерин го претстави својот револуционерен HYALURON-FILLER EPIGENETIC серум пред некои од најдобрите доктори и фармацевти, и тоа со стил. Тема на настанот беше Епигенетиката, науката која ги „вклучува“ гените на младоста во кожата. Беше истакнато како секојдневниот живот влијае на нашите гени и како овој серум може да помогне да се врати свежината и младоста на кожата. ...
Во чест на смелата синергија со 43-от Скопски џез фестивал, на денот на отворањето беше изложен Defender 110, наменски избран за оваа пригода, подготвен да го „зграпчи невозможното“ и да одговори на сензибилитетот на посетителите. Жесток, мускулест, црн со големи сјајни тркала, како контратежа на бруталистичките линии на објектот, Defenderво живо креира неповторливо искуство. Во внатрешноста со темна премиум кожа, со панорамски покрив, и ...
Халкбанк го најавува СинтЕЗа – иновативен мултимедијален настан на кој младите од седум факултети преку уметност, технологија и наука ќе ги претстават визиите за слободата и за нивната улога во современото општество. СинтЕЗа ќе се одржи идниот петок (25 октомври) во Јавна соба во Скопје, каде целиот простор ќе биде претворен во платформа за изложби, музички перформанси, проекции и театарски претстави. На настанот ќе учествуваат студенти од ...
Систем за далечинско следење пациенти во реално време Македонски Телеком креираше иновативно решение – систем за далечинско набљудување на состојбата на пациентите. Ова е единственото решение со телемедицина не само во земјата, туку и во регионот. Системот за здравствено-социјални услуги на локално ниво ги следи виталните здравствени параметри, коишто се пренесуваат во реално време до централна станица за надгледување поставена во докторските ...
Денеска во светот има повеќе од една милијарда пушачи и статистиката покажува дека секој шести човек пуши. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден од главните ризик фактори за развој на најраспространетите заболувања, кои што се поврзани со смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. Целосното откажување од пушење е најдобрата опција, но и покрај свесноста за штетното влијание што оваа лоша ...
Во организација на Фондацијата КАНТАРОТ денеска и утре во Меѓународното училиште НОВА ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“. Целта на конференцијата е популаризација на науката кај децата и подигање на интересот за истражување на научните концепти. Оваа година мотото е „Надгради ја твојата реалност“, а конференцијата првпат ќе биде поделена во два дена. Ќе почне со свечено отворање во вечер, во 19 часот. Потоа ќе следуваат пет кратки ...
Скопје девет дена пулсираше во ритамот на хип-хопот, претворајќи се во вистински глобален центар на урбаната култура и енергија. Од 9 до 17 октомври, очите на хип-хоп светот беа вперени во Македонија, која за првпат беше домаќин на едно вакво големо и интернационално шоу. IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, донесувајќи го духот на уличната уметност во главниот град, а вкупно ...
ЈП „Чистота и зеленило” и Општина Куманово во соработка со Мен енд Маунтен и со поддршка на невладината организација „СОН” од Гент, Белгија, во текот на вчерашниот ден ги исчистија речните корита во центарот на Куманово. Во овој дел од реката, се наоѓа и парк за рекреација, кој постојано е посетуван од граѓаните и загадуван со отпад. Општина Куманово, со поддршка од провинцијата Источна Фландрија во Белгија и невладината организација „СОН”токму ...