
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Стабилен и супербрз интернет насекаде во домот, управување со поврзаните уреди и безбедно сурфање. Македонски Телеком го најави концептот Magenta дом, со иновативни решенија со кои дигиталната технологија во домот функционира совршено. Со решенијата се нуди суперстабилен интернет насекаде во домот, едноставно управување со поврзаните уреди, целосна безбедносна заштита и услови за врвно гејминг искуство. Стабилен Wi-Fi сигнал во секој дел од ...
Од 27ми Септември, љубителите на Xiaomi имаат прилика да искористат специјална промоција за нај новите телефони од Xiaomi 14T серијата. До 4ти Октомври, или до потрошување на залихите, сите купувачи на Xiaomi 14T и Xiaomi 14T Pro моделите можат да уживаат во големи попусти и посебни поклони. Xiaomi 14T Pro сега е достапен по цена од 44 999 МКД со попуст од 10 000 МКД, додека Xiaomi 14T можете да го набавите по промоционална цена од 31 999 МКД со ...
Надградбите обезбедуваат персонализирана поддршка врз основа на приоритетите на партнерите од здравствената индустрија, нудејќи поголема флексибилност за револуционерни иновативни решенија – Samsung Electronics го претстави новиот софтверски пакет (SDK) на платформата Samsung Health. Дизајниран за подобра поддршка на програмерите и истражувачите во создавањето на иновативни здравствени решенија, пакетот ги користи напредните сензорски технологии ...
Овогодинешната Детска Трка во организација на Виталиа помина одлично. Видно расположени децата и нивните родители уште еднаш покажаа дека спортскиот дух е нешто што се развива од мали нозе и покрај предизвикувачките временски прилики. Градскиот паркот беше полн со забава, смеа и детска радост а сите учесници уживаа со производите на Виталиа. Пред почетокот на Виталиа детската трка се вежбаше зумба, во одлична атмосфера за која се погрижи ...
Елон Маск и тимот на SpaceX можат да бидат исклучително задоволни од растот на бројот на корисници на нивниот сателитски систем Starlink. Кога го објавија соѕвездието сателити, кое сега има речиси 6.000 парчиња во ниската орбита, SpaceX нагласи дека не сакаат да се натпреваруваат со класичниот широкопојасен и мобилен интернет, туку сакаат да обезбедат пристап на брз интернет во сите делови на светот, вклучително и во оддалечените и руралните ...
Потврден извор потврди дека Galaxy S25 Ultra ќе добие 16 GB RAM, што ќе донесе подобрени функции за вештачка интелигенција и подобри перформанси на следниот флегшип телефон на Samsung На почетокот на август Samsung објави дека почнува да ги произведува најтенките мемориски чипови за мобилни уреди во светот, дизајнирани за потребите на работата на AI функциите на уредот. Samsung објави дека новите 12 nm мемориски чипови ќе бидат достапни во опции ...
Палеонтолози откопаа череп од пахириносаурус тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранде Прери во Алберта. Овој огромен тревојад се шетал по пустините на Алберта пред 72 милиони години. Черепот, кој експертите го нарекоа Биг Сем, е најголемиот череп пронајден во Пајпстоун Крик, пишува BBC. Палеонтологот Емили Бамфорт од Музејот за диносауруси „Филип Џ. Кари“ изјави дека покрај коските на возрасни единки, на локацијата има и стотици ...
Според традицијата, сите смартфони на Xiaomi најпрвин излегуваат на кинескиот пазар и извесно време потоа го имаат своето глобално деби. Таков е случајот и со новите телефони од најпопуларната серија на Xiaomi – Redmi Note, кои вчера беа претставени за кинескиот пазар. Серијата Redmi Note 14 дебитира со два Pro модели, кои имаат интересни спецификации во средната ценовна класа. Според компанијата, двата модели се исклучително изржливи и имаат ...
Kометата Ц/2023 А3, позната како Цушиншан-АТЛАС, ќе се појави на небото следниот месец. Новооткриената комета поминува покрај Земјата и луѓето во јужната хемисфера веќе имаат можност да видат комета која патувала милиони години за да стигне до нас. Таа би можела да биде светла како Венера, со што би била една од најсветлите комети во северната полутопка во последните 100 години. „Изгледите се одлични дека ќе имаме визуелно импресивен вечерен ...
Минатата година Honor го лансираше својот модел од средна класа наречен Honor X9b, кој нуди неколку функции за заштита на уредот од паѓање. Еден од нив беше Ultra-Bounce Anti-Drop Display со материјал што апсорбира удари, за кој Honor тврдеше дека може да издржи пад од висина до 1,5 метри. Honor Malaysia сега најавува нов, уште поиздржлив уред кој би требало да биде претстојниот Honor X9c. Иако немаме вистински увид во деталните спецификации на ...
Нова студија покажува дека раната обилна атмосфера на Марс можеби била заробена во глинестата површина на планетата. Атмосферата на Марс што недостасува – која драстично се намалила пред 3,5 милијарди години – би можела да постои во кората на планетата покриена со глина. Водата на Марс можеби предизвикала верижна реакција која го извлекла јаглерод диоксидот од атмосферата и го претворила во метан во глинените минерали. Марс не бил отсекогаш ...
Во свет каде што обновливите извори на енергија стануваат сè поважни, Јапонија често е во првите редови на технолошките иновации кои го трансформираат начинот на кој ја користиме енергијата. Еден од најинтересните трендови во оваа област е концептот за производство на електрична енергија од секојдневните активности, како што е пешачењето. Во Јапонија почнаа проекти кои ја искористуваат енергијата на чекорите на пешаците за да ја претворат во ...
Изгледа како и секој друг 3Д принтер, освен што е со големина на кран и што слој по слој гради хотел во тексашката пустина, пренесува денеска Reuters, додавајќи дека Тексас ќе го добие првиот таков хотел во светот. Ел Космико, постоечки хотел и камп на периферијата на Марфа, Тексас, се шири. На 24 хектари земјиште се градат 43 нови хотелски единици и 18 станбени куќи и сето тоа со помош на 3Д принтери. Тоа е првиот хотел во светот изграден со 3Д ...
Xiaomi вчера на медиумски настан во Берлин официјално ја претстави Xiaomi 14T серијата смартфони, а од компанијата објавија и дека преклопниот Mix Flip ќе пристигне на светските пазари. Познато е и која ќе биде неговата цена. Да потсетиме дека Xiaomi го претстави својот Mix Flip во Кина уште во текот на летото, а уредот воодушеви со својот многу голем екстерене дисплеј од 4,01 инчи со брзина на освежување од 120 Hz. Од внатрешната страна, има ...
Многумина од нас секогаш ги проверуваат рецензиите на Google Maps пред да одат на некоја локација, но лесно е да се посомневаме ако тие се премногу добри. Затоа, Google воведува предупредувања кои ќе им овозможат на корисниците полесно да откриваат лажни рецензии. Google почна да издава предупредувања за одредени локации со порака дека „лажните рецензии се отстранети“. Google неодамна се најде на удар на Управата за конкуренција и пазари на ...
Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите. Ова се наведува во публикација „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“, во која се презентирани наодите од ...
Жу Јонганг од Huawei истакна дека HarmonyOS го постигнал напредокот на другите оперативни системи за само една година, со поддршка од преку 1.000 партнери и 900 милиони уреди кои веќе го користат овој систем. За време на настанот Huawei Connect 2024, Жу Јонганг – претседател на Huawei Mobile Cloud, рече дека екосистемот HarmonyOS го заврши 17-годишното патување на напредок на другите Android и iOS за 1 година. Ова е големо достигнување за ...
Многу луѓе мислат дека растенијата се пасивни, но тие исто така имаат свој начин на интеракција едни со други. Идејата за ова постои веќе некое време, дури и ги инспирира холивудските филмови како Avatar. Неодамнешните научни истражувања покажуваат дека системите за комуникација на растенијата можеби се посложени отколку што мислевме. За да се разбере како организмите кои не можат да зборуваат меѓусебно ги пренесуваат информациите, важно е да се ...
Истражувањето „Found in Translation“ на Samsungпокажува дека јазичните потешкотии ги задржуваат луѓето во зоната на комфор во туристичките атракции Истражувањето открива аспирации и стравови на патниците кога посетуваат странски земји Во соработка со актерот од серијата „Emily in Paris,“ Самуел Арнолд (SamuelArnold), кој често патува низ светот, Samsung, исто така,лансираше платформа за патувања каде потенцијалните авантуристи можат да најдат ...
Уникатна природна средина во која виреат лозовите насади, прецизна селекција на грозје и врвни производни процеси водени со максимална експертиза и страст, се клучните фактори кои ја дефинираат извонредноста навината „Монтеко“, новиот бисер во низата на македонската винска традиција. Лоцирана во Кратово, бутик винаријата „Монтеко“ нудиризница на вкусови за вистинските познавачи на виното преку палета на ароматични бели, црвени и барикни вина. ...
Во светот на дигитализацијата, интернет трговијата доживеа просперитет. Само неколку клика нè делат од бројните придобивки што ги нуди онлајн пазарот – почнувајќи од широк избор на производи и услуги, заштеда на време, но и пари. Но, иако на прв поглед сè изгледа едноставно, зад сцената често се кријат комплексни процедури кои можат да ја забават размената и да го продолжат патот на стоките и услугите до крајните корисници. Сето тоа го имаа на ...
По европското претставување на најновиот преклопен смартфон Honor Magic V3 на минатонеделниот саем IFA во Берлин, глобалниот технолошки бренд Honor забележа рекордна продажба во првите денови по лансирањето. Според официјалната веб-страница, продажбата на уредот Magic V3 во текот на првиот ден била за 56% поголема во споредба со истиот период за претходниот уред на преклопување, Magic V2 Иако залихите на европскиот пазар моментално се ...
Астрономите објавија огромна мапа на Млечниот Пат и на тој начин претставија откритија кои засекогаш го сменија нивниот поглед кон оваа галаксија. Инфрацрвената мапа содржи повеќе од 1,5 милијарди објекти, вклучително и новородени ѕвезди, што ја прави најдетална во историјата. Користејќи ги телескопите ESO и Vista, научниците ги надгледувале централните области на Млечниот Пат повеќе од 13 години. Данте Минити, астрофизичар од Универзитетот ...
Серијата го проширува екосистемот Galaxy AI, додека вклученото S Pen пенкало нуди интуитивна продуктивност и креативност Samsung Electronics денес ги претстави Galaxy Tab S10 Ultra и Galaxy Tab S10+, првите таблети на Samsung наменски дизајнирани за вештачка интелигенција. Врвниот хардвер вклучува 14,6-инчен и 12,4-инчен Dynamic AMOLED 2X екрани – идеална платформа за интуитивното S Pen пенкало што доаѓа со двата модели. Надградбите на ...
Повеќе луѓе можат да уживаат во водечките иновации на серијата Galaxy S24, вклучувајќи фотографија подобрена со вештачка интелигенција, врвни перформанси и повеќе Galaxy AI функции Samsung Electronics денес го најави Galaxy S24 FE, најновиот додаток на екосистемот Galaxy AI, кој обезбедува врвни мобилни искуства за повеќе корисници. Може да биде потребна сметка на Samsung за користење на одредени Samsung AI функции. Samsung не дава ветувања, ...
Традиционално и оваа година, на третата годишна конференција на „Ingram & Vendors Networking #3“ што се одржа во Охрид, над 170-мината учесници ги утврдија најновите трендови во ИТ секторот, ставајќи фокус на надминувањето на ризиците во сајбер-безбедноста, како и унапредувањето на софтверите и виртуелизацијата. Водечките ИТ експерти ги претставија најновите текови во ИТ сферата и споделија мислења со партнерите и студентите кои наскоро ќе ...
Компанијата Meta ја откри насоката на развојот на технологијата за проширена реалност со презентацијата на Orion, прототип на системот на AR очила. Уредот беше демонстриран во седиштето на Meta во Менло Парк, Калифорнија за време на настанот Meta Connect 2024 Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг го претстави првиот прототип на AR очилата на настанот Meta Connect 2024 година. „Ова е Orion, нашиот прв официјален прототип со целосна ...
Во Ровињ се одржа првиот AI Weekend организиран од Weekend Media Festival и CroAI, кој ги собра регионалната и светската технолошка сцена за да разменат информации, знаења и да дискутираат за тоа што дополнително ни носи вештачката интелигенција (ВИ) во иднина Еден од главните говорници, Марк ван Рисвик, поранешен главен директор за производи (CPO) на Tinder, потпирајќи се на своето богато искуство во индустријата за игри и технолошки иновации ...
На свечена церемонија организирана од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), која вчеравечер (25 септември), се одржа во Атланта, САД, Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2023 година. Скопскиот аеродром е меѓу четирите аеродроми на ТАВ Аеродроми, заедно со Измир, Бодрум и Загреб, кои што добија награди за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2023 година. Аеродромот во ...
Sony објави нов сет на бои на панели за PlayStation 5 slim и DualSense контролерот Темата наречена Chroma Collection вклучува 3 нови бои, од кои едната е Chroma Pearl, која на прв поглед е многу слична на оригиналната бела, но има бисерен сјај со бои кои суптилно се менуваат помеѓу светло розeва и крем боја. Chroma Indigo е посмела нијанса, некаде помеѓу темносина и живовиолетова. Панелите Chroma Collection се наменети само за тенкиот модел ...