OpenAI моментно тестира апликација за ChatGPT за оперативниот систем Windows, но во овој моментов е достапна само за корисниците кои плаќаат за оваа услуга. Исто како и Mac верзијата на ChatGPT, апликацијата за Windows им овозможува на корисниците да поставуваат прашања до четботот напојуван со вештачка интелигенција преку прозорец што може да се чува отворен заедно со другите апликации. Брзиот пристап до апликацијата е овозможен со кратенката ...

Видеоплатформата YouTube воведува новости „на барање“ на корисниците, па така, сега на пр. ќе може полесно да се подесува брзината на снимката, т.е. да се постави репродукција на 0,05x, наспроти 0,25x како досега, додека максимумот и натаму останува 2x. А, при рака ќе го имаме и „тајмерот за спиење“, соопшти американската компанија. Имено, корисниците на популарната видеоуслуга ќе можат да го наместат времето на исклучување на видеата – за 10, ...

Во октомври минатата година, Axiom Space и Prada се здружија заради дизајнирањето и изработката на нов вселенски костим за мисијата Artemis 3 на NASA. Се работи за првиот екипаж кој ќе стапне на Месечината првпат по Аполо 17 од 1972 година. Астронаутите ќе бидат облечени во скафандер наречен Axiom Extravehicular Mobility Unit – AxEMU. Костимот најавен уште во 2019., е претставен за време на Меѓународниот астронаутички конгрес во Милано, Италија. ...

Samsung Galaxy Z Fold 6 Special Edition ќе биде претставен на 21 октомври со потенок дизајн и подобрени камери Веќе подолго време се зборува за тоа како Samsung ќе претстави потенка и технички понапредна верзија на преклопниот модел Galaxy Z Fold 6. Сега е сигурно дека Galaxy Z Fold 6 Special Edition ќе биде претставен следната недела. Видеото објавено од Samsung Korea на нивниот канал на YouTube открива дека Galaxy Z Fold 6 Special Edition ќе ...

Во неделата кога се одбележува Светскиот ден на храната (16 октомври), важно е да се потсетиме колку секој од нас може да има придонес кон намалување и искоренување на гладта насекаде низ светот. Мотото оваа година е „Секој има право на храна“ и токму оваа порака беше во фокусот на активностите и донациите на Виталиа во изминатиот период. Не само за Светскиот ден на храната, македонската компанија Виталиа, позната по својата посветеност кон ...

Meta продолжува да ги развива своите функции дизајнирани да ја подобри безбедноста на тинејџерите на Instagram бидејќи се соочува со зголемени прашања за нивната приватност и безбедност додека ги користат апликациите. Најновите функции имаат за цел да ја подобрат заштитата од изнуда врз основа на сексуална содржина. Благодарение на новите промени, на „потенцијално измамничките“ профили ќе им биде потешко да стигнат до тинејџерите на Instagram. ...

Компанијата Analogue конечно ги објави деталите за својата верзија на култната гејминг конзола – Nintendo 64. Analogue 3D ќе се појави на пазарот на почетокот на следната година, односно во првиот квартал и ќе чини 249,99 долари. Конзолата ќе биде достапна во црно-бела боја, а преднарачките ќе бидат отворени на 21 октомври. Покрај деталите за продажбата и цената, Analogue ги објави и првите фотографии од конзолата. Првата најава за Analogue 3D ...

Honor претстави два нови смартфони од серијата X60, а меѓу нив е и Pro моделот со понапреден екран и помоќен процесор, што влијае и на можностите на камерата. Honor X60 Pro доби заоблен 6,78-инчен OLED 10-битен екран со резолуција од 1.224 x 2.700 пиксели (19,9:9) и максимална осветленост од 3.000 nits, која е контролирана со затемнување со висока фреквенција PWM од 3.840 Hz. Екранот може да функционира дури и кога се допира со влажни прсти, ...

Се одржа првото издание на гламурозната церемонија на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“. Врз основа на строго определени критериуми, вчеравечер, беа наградени лидерите на најуспешните македонски компании за 2023 година од повеќе индустриски гранки кои покажаа исклучителни достигнувања во секојдневното деловно работење и придонесоа за економскиот раст и развој на Македонија. Престижната церемонија на доделување награди ја отвори ...

Како дел од својата мисија да биде активен поддржувач на културата во Македонија, Халкбанк постојано стои зад најразлични настани кои придонесуваат за нејзин развој. Од културни проекти до концерти кои се оганизираат под нејзино покровителство или со нејзина помош, банкатана овој начин придонесува за збогатување на културната сцена и поттикнување на уметничкиот израз потврдувајќи ја својата улога на поддржувач на културата во земјата. Во рамките ...

Amazon го претстави својот прв читач за е-книги со дисплеј во боја, еден од новите уреди Kindle серијата. Kindle Colorsoft Signature Edition ќе може да репродуцира корици на книги во боја, слики, стрипови и графички романи како и автори и илустратори кои имаат намера да ги прикажат. Има и опција за подцртување во боја наместо вообичаеното сиво. Моделот постигнува висок контраст и резолуција, како и поголема јасност на сликите и страниците. На ...

Невидливите Unicode карактери овозможуваат напади на AI модели, криејќи ги доверливите информации во URL-адресите, додека AI четботот ги препознава тие знаци, а луѓето едноставно не можат да ги видат. Проблемот на тајниот текст, невидлив за луѓето, всушност се фокусира на можноста за користење невидливи Уникод карактери како таен канал за комуникација во големи јазични модели (LLM), како што се GPT-4 и Claude Opus, кои можат да ги разберат овие ...

Возачите ќе мора да најдат други станици за полнење гориво, особено возила за итни случаи, кои сѐ уште работат на дизел. По ограничувањето на брзината од 50 км/ч на градската обиколница, управата на Париз продолжува со нови сообраќајни мерки, па сега некои пумпи на периферијата и на патиштата во градскиот прстен веќе не можат да продаваат дизел. Градот Париз од почетокот на октомври воведе таканаречена забрана на четири станици и се чини дека ...

Социјалната мрежа Threads понекогаш беше на удар на критики поради тоа што не дава приоритет на содржината во реално време во своите препораки, а сега Meta додава индикатори за статус кои покажуваат кога корисникот е онлајн за да се обиде да ја задоволи таа потреба. Изборната функција наречена „статус на активност“ прикажува зелено меурче до фотографијата на профилот на корисникот кога тој е онлајн. Индикаторот е наменет да им помогне на ...

Oppo Find X8 го донесува Quick capture копчето, овозможувајќи брз пристап до камерата и лесно зумирање со капацитивниот сензор дури и под вода, благодарение на IP68 сертификатот Компанијата Oppo ги следи стапките на Apple со враќање на наменско копче за камерата. Компанијата се подготвува за лансирање на серијата Find X8 со физичко копче сместено од страна, што го олеснува фотографирањето. Решението Quick Capture е капацитивно копче на допир, а ...

Vivo претстави три нови смартфони и тоа X200, X200 Pro и X200 Pro mini. X200 се напојува со процесорот Dimensity 9400, кој всушност е втора генерација 3nm процесор развиен во соработка со ARM и MediaTek. Тој е поврзан со до 16 GB RAM, што може да се удвои со виртуелна RAM меморија. Што се однесува до внатрешната меморија, достапни се опциите од 256 GB, 512 GB и 1 TB, а и во овој случај, проширувањето е можно благодарение на технологијата за ...

Овој октомври ќе имаме можност да бидеме сведоци на спектакуларен феномен на небото – најголемата и најсветлата Супермесечина во 2024 година. Во земјите од англиско говорно подрачје оваа полна Месечина популарно се нарекува Ловџиска Месечина, бидејќи во минатото го означувала времето кога ловџиите ја користеле силната месечева светлина за да ловат и да подготвуваат залихи на храна за зимата. Супермесечината ќе биде на својот врв на 17 октомври ...

Аналитичката компанија Canalys го објави прелиминарниот извештај којшто се однесува на глобалниот пазар на паметни телефони во третиот квартал на 2024 година, а тој покажува дека испораките се зголемувале последователно и на годишно ниво. Според аналитичарите, тековниот циклус на замена од јули до септември беше главниот поттикнувач, а конкуренцијата станала посилна од кога било. Samsung остана на врвот, но едвај го задржа првото место во ...

Телекомуникацискиот оператор, Неотел, ја претстави својата нова понуда на Office Fiber интернет пакети за деловни корисници, кои сега се со нови, поатрактивни цени и значителни подобрувања во поглед на брзините. Една од најважните новини е воведувањето на нов пакет со симетрична брзина до 500 Mbps, кој е наменет за компании со потреба за побрза и стабилна интернет конекција. Пакетите се внимателно дизајнирани да одговорат на потребите на малите ...

Дигиталниот асистент е наменет за сите физички лица и технички е подготвен да одговори на теми поврзани со банкарските продукти и услуги во секое време ПроКредит Банка официјално го објави лансирањето на првиот дигитален банкарски асистент во нашата земја – Предраг, кој ќе биде достапен за користење 24/7, а ќе послужи како уште еден за комуникација на банката со клиентите, сѐ со цел да овозможи уште полесно и попристапно банкарство. Како дел од ...

Големите „џамбо“ приказни вредат да се создадат, споделат, развијат, уживаат. Модерните метрополи не можат да се замислат без квалитетно шопинг искуство, преточено во практична форма со ударна локација на локалците па и туристите во државата. Во Македонија град со најмногу молови е Скопје, но и останатите помали градови полека, или веќе со забрзано темпо, бележат развој во секторот, којшто придонесува и за подобрување на економскиот развој во ...

Иновативната услуга „Плати преку линк“ (pay by link) која ќе го револуционизира начинот на кој се вршат плаќања преку интернет и ќе го стимулира развојот на електронската трговија веќе е достапна во Македонија. Единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, КаСис, во соработка со партнeрските банки ја овозможува услугата, која освен што е неверојатно безбедна има ...

Аналитичарите од Cyble Research and Intelligence Labs (CRIL) открија нова варијанта на банкарскиот тројан вирус за Android. Тоа е Cerberus, малициозен софтвер кој се појави на хакерските форуми во 2019 година како алатка за финансиска измама што може да се изнајми. Оттогаш, Кербер еволуираше за сега динамично да ги менува командните и контролните сервери, а неговиот софистициран синџир на инфекции го комплицира откривањето и отстранувањето, ...

Apple ја претстави ажурираната верзија на својот компактен и достапен таблет iPad Mini. Ова е прва надградба за моделот од 2021 година, со цена од 599 евра за Wi-Fi верзијата или 769 евра за мобилната опција. Новиот iPad Mini пристигнува со A17 Pro чипсет, за кој Apple тврди дека има 30 проценти побрз процесор, 25% побрз графички процесор и двојно побрз Neural engine од претходниот модел. Уредот го поддржува и новиот Apple Pencil Pro и доаѓа со ...

Apple има намера сериозно да се натпреварува на пазарот за паметни домови во следните две години со лансирање на паметен дисплеј со прифатлива цена и напреден роботски уред со AI технологија Со повеќе од половина од американските сопственици на паметни телефони кои користат iPhone, Apple е една од најдоминантните компании во мобилниот свет. Меѓутоа, на полето на паметните домови, приказната е поинаква. Нивната HomePod серија паметни звучници се ...

Во пресрет на 16 октомври, Меѓународниот ден на борба против гладта, НЛБ Банка во соработка со организацијата на Црвениот крст реализираше акција во која вработените на Банката донираа храна и парични средства за набавка на храна за лица во социјален ризик. Меѓународниот ден на борба против гладта оваа година е посветен на темата „Право на храна за подобар живот и подобра иднина “. Овој ден има за цел да ја подигне глобалната свест за пристап до ...

По меѓународното деби на Xiaomi 14 Ultra, со голем интерес го чекаме неговиот наследник. Секако, има уште малку време до појавувањето на Xiaomi 15 Ultra, бидејќи компанијата најпрвин ќе ги претстави другите два модели од серијата, Xiaomi 15 и 15 Pro. Сепак, интересно е да се погледнат и најновите информации за следиот Ultra модел. Пред извесно време имаше информации дека ќе користи сензор од 200 MP со телефото оптика, а сега на социјалната мрежа ...

Порано од очекуваното, LG почна да го пласира webOS 24 со поддршка за Chromecast на своите OLED телевизори од 2023 година, како што се C3 и G3, пред да стигне до другите производи на компанијата во подоцнежна фаза. Првичните планови беа тоа да се случи следната година, но LG очигледно реши да ги задоволи корисниците на премиум OLED моделите. Корисниците на LG C3 и G3 известуваат дека уредите добиле ажурирање со број 23.20.50, кое го вклучува ...

Еден од смартфоните што ги очекуваме е OnePlus 13, кој треба да дебитира во Кина до крајот на месецот, а некое време потоа и на глобално ниво. Сега, повеќе информации за претстојниот флегшип се појавија на социјалната мрежа Weibo. Се чини дека OnePlus 13 ќе има ултразвучен скенер за отпечатоци под екранот за разлика од оптичкиот што се користи во OnePlus 12. Телефонот ќе има верзија со 16 GB RAM и 512 GB простор за складирање, а ќе биде со цена ...

Научниците развија AI што со 100% успех поминува низ CAPTCHA тестовите на Google засновани на фотографии Според резултатите објавени во нов научен труд, научници создале бот со вештачка интелигенција способен да ги победи тестовите CAPTCHA базирани на слики 100 отсто од времето. Корисниците на интернет се запознаени со тестовите CAPTCHA базирани на фотографии (целосно автоматизиран јавен Тјуринг тест за да се разликуваат компјутерите и луѓето), ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 17ᴼ
2.57
76%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.22
82%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
89%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
60%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
80%
1014
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
73%
1015
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63