Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Три спрема еден е резултатот меѓу сегашната и претходната власт во однос на инфлацијата и откупот на тутунот. Тоа е разликата помеѓу економијата на оние што прават лажна хистерија и привид во јавноста и на овие што работат и испорачуваат. Денес се потпишуваат договори за 430 и 450 денари за килограм тутун, а пред 5-6 години килограм тутун беше 150 денари, ако имате среќа. Инфлацијата сега, како резултат на кризата, е 4,5 – 4,7 отсто, а пред ...
Петок е денот Д за учениците, нивните родители и пред се’ вработените во ООУ „Гоце Делчев“ од Штип. На седница на Советот на општината е ставена точка од дневниот ред за измената на Основачкиот акт на училиштето. Што точно тоа подразбира, сега никој барем јавно не објасни, но јасно е дека од ова училиште почнува најавениот процес на оптимизација на училишната мрежа во Штип. Објаснување што точно се планира, на вработените им е најавено дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. – Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција. Според него, Путин досега одбивал ...
Новите членки на Европската Унија би можеле да го изгубат правото на национално вето во одредени клучни области на повеќе од 15 години по приемот во членство, врз основа на новите „заштитни“ клаузули кои би биле вклучени во пристапните договори на секоја земја поединечно, изјави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос, во моменти кога Украина и Молдавија официјално ги почнуваат преговорите за членство во ЕУ. – Ова ќе биде нова ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воената кампања на Израел против Иран го спречила Техеран во блиска иднина да дојде до нуклеарно оружје и ја отстранила егзистенцијалната закана за еврејската држава, пренесе ДПА. – Ја спасивме државата Израел од заканата од нуклеарно уништување – рече Нетанјаху. Без обемните воени операции спроведени заедно со САД, „Иран веќе ќе поседуваше нуклеарни бомби“, изјави израелскиот премиер, ...
Претседателот на контроверзната бугарска Фондација „Македонија“ со седиште во Софија, Виктор Стојанов, во видео интервју изјави дека Бугарија води погрешна политика кон младите Македонци и дека треба да ја копира политиката на Словенија, која преку државна стратегија ги привлекува да мигрираат таму: „Во моментов во Словенија живеат над 15 илјади Македонци. Низ годините ќе бидат над 50 илјади. И тие луѓе се млади луѓе кои ја напуштаат Северна ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека спречила увоз на 23,6 тони замрзнато пилешко од Бразил, произведено во јануари 2025 година. Според објаснувањето на Агенцијата, пратката со замрзнатото пилешко месо е одбиена поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло. Забраната е заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( ...
Бугарската претседателка Илијана Јотова вели дека палењето на двете возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје „не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатска мисија“. Настанот, според Јотова, ја доведува во прашање способноста на македонските власти во да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски мисии во согласност со меѓународни обврски. Загрижувачки е што овој инцидент се случува во услови на постојана ...
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лице осомничено дека денеска подметнало пожар во возила на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Според првичните информации, непознато лице најпрво запалило патничко дипломатско возило „сузуки витара“, по што огнот се проширил и на друго возило кое било паркирано во непосредна близина и е сопственост на бугарската Амбасада. По извршувањето на делото, осомничениот избегал од местото на настанот. ...
Основниот суд Кочани донесе Решение со кое ја запира постапката против осуммина млади кочанчани, по приватната кривична тужба на синот на газдата на Пулс, Дејан Јованов Деко, Михаил Јованов, за демолирањето на Класик кафе од 17 март 2025. „Постапувајќи по поднесокот доставен до Основен суд Кочани од страна на приватниот тужител ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ Кочани, со управител Михаил Јованов од Кочани преку неговиот полномошник Адв. Ивана Коцевска од ...
Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. „Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава, велат преку соопштение од владата на Република Македонија. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки ...
Денешното опожарување на две возила на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје е втор вандалски чин против дипломатското претставништво на оваа држава. Претходно, во јануари, 54-годишен скопјанец го скрши стаклото на една од влезните врати на Амбасадата. И тогаш официјална Софија реагираше бурно, а македонското МВР експресно го идентификуваше сторителот и истиот беше приведен. И тогаш македонската Влада го осуди нападот, а премиерот ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. Министерството за надворешни работи и надворешна ...
Брзата интервенција на конзулот со противпожарниот апарат ги спасило двете запалени возила на бугарската Амбасада во Скопје, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија, која најостро го осуди, како што соопшти, „овој демонстративен акт на агресија, кој го загрозува здравјето и животот на вработените во амбасадата во Скопје“. При тоа од соопштението на МНР се инсистира на „брзо и праведно судско постапување по случајот“. -Ова ново ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е постигнат мировен договор со Иран. Претходно договорот го објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше меѓу двете завојувани страни. „Договорот со Исламската Република Иран е постигнат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“. Засега не се познати конкретните услови од договорот. Шариф изјави дека тој предвидува „итен и траен прекин на воените операции на сите ...
Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства. Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел. За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на ...
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, изјави дека договорот меѓу САД и Иран не го обврзува Израел и дека земјата нема да се откаже од своите воени цели во Либан. – Договорот на Трамп не нѐ обврзува. Израел не им е потчинет на САД. Ние сме независна и суверена држава. Не сме страна во овој договор, кој не ја гарантира нашата безбедност. Не смееме да се повлечеме од ниту една територија во Либан што ја освоија нашите ...
Новиот договор меѓу САД и Иран предизвика силни политички реакции во Израел, при што опозициските лидери го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху за тежок дипломатски и безбедносен неуспех и за меѓународна изолација на земјата. Лидерот на израелската Демократска партија, Јаир Голан, упати остри критики кон владата, оценувајќи дека американско-иранскиот договор е „лош за Израел“. Голан, поранешен заменик-началник на Генералштабот на ...
Премиерот на Велика Бртианија, Кит Стармер, пред малку објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забрането да користат социјални медиуми. Законот ќе биде донесен пред Божиќ, а забраната ќе стапи на сила до пролетта 2027 година. Стармер вели дека социјалните медиуми ги спречуваат децата да си ја пишуваат домашната задача, да читаат, да си играат со пријателите и да си легнат во пристојно време. „Да бидам искрен, сочувствувам со оваа ...
Синоќа околу 20:30 ќасот е локализиран пожарот што избувна вчера попладне во атарот на селото Долани, поточно помеѓу селата Долани и Љуботен, Општина Штип. ТППЕ – Штип веднаш со две екипи веднаш излезе на терен, а по проширување, побарана е дополнителна помош. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место. ...
Општина Кочани во текот на 2025 година исплатила вкупно 313.236 денари за материјална и нематеријална штета на 13 граѓани кои ја тужеле поради каснување од куче скитник, пишува glasno.mk. Според податоците, оштетените во просек добиле по околу 24 илјади денари надомест од општинскиот буџет, откако судот донел правосилни пресуди во нивна корист. Граѓаните подолг период алармираат за зголемениот број бездомни кучиња во Кочани, посочувајќи дека ...
Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица. Според Николоски, овие инвестиции ќе придонесат за рамномерен развој низ сите региони. „Експресниот пат Куманово -Страцин е дел од ...
Од петок, 19 јуни, па се’ до недела, во Крушево по седумнаесетти пат ќе се одржи меѓународниот фестивал на класична гитара „П.С. Гитар Фест Крушево“. Фестивалот повторно ќе го претвори Крушево во вистински храм на гитарската уметност, музичката инспирација и културната возвишеност. Во единствениот амбиент на Спомен-куќата на Тоше Проески, фестивалот и оваа година ќе понуди три незаборавни дена исполнети со врвна музика, исклучителни уметнички ...
Геј браковите во Македонија не се законски, а со тоа, се врши директна дискриминација во ужување на основните права на луѓето, кои живеат во зедница и заеднички создаваат. При смрт или разделување, пред суд не може да се направи поделба, како што тоа е случајот со венчаните, кажа во „Стадион“ Душан Томшиќ од Комисијата за за заштита и спречување на дискриминацијата. Томшиќ вели дека овие двојки не можат да посвојат деца, особено што има деца ...
Со доделувањео на наградите на најдобрите тетарски остварувања и со претставата во чест на нагрдените, „Црно злато“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрлиќ, а во изведба на Београдско драмско позориште синоќа на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенов“ во Прилеп заврши јубилејното, 60 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобрата претстава во целина која ја понесе статуетката на Војдан ...
На средбата на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, потпишани се договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната мрежа “Х” ја објави информацијата за новата авиолинија и карго ...
Во време на зголемена омраза и дискриминација кон ЛГБТИК+ заедницата, но и сериозни политички и општествени предизвици на 20 јуни во Скопје ќе се одржи Парадата на гордоста. Фестивалот годинава се одржува под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know”. Последните години донесоа и значајни промени, кои го стеснија просторот за живот и делување на ЛГБТИК+ заедницата, за што во емисијата „Стадион“ на Канал 77, зборува Славчо Димитров, ...
Земја од еврозоната официјално се спротивстави на комеморативната монета предложена од Бугарија на која пишува „бугарска азбука“ . Земјите-членки беа известени од Софија за овој предлог на 20 мај, според протечен документ од Советот на ЕУ. На монетата има кирилични букви и според некои извори, Атина наводно инсистира на името „кирилица“, а не „бугарска азбука“ . Како што веќе објавивме, нема официјална потврда дека е тоа Грција, освен дека ...
Додека репрезентацијата на Босна и Херцеговина се подготвува за историски настапи на Светското првенство во фудбал, граѓаните се соочуваат со невиден срам, пишува Дневни аваз. „Наместо да биде централно место за собирање околу екранот, јавниот радиодифузен сервис БХРТ останува во целосен програмски и финансиски мрак, немоќен да обезбеди пренос на натпреварите на „Змаевите“. Срамно е што граѓаните на БиХ мора да бараат и да плаќаат за ...
„Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор. Законот ја следи реалноста на денешното време, во кое покрај класичните цигари постојат електронски цигари, ...