Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Професорот Јове Кекеновски по скоро 30 години и се врати на првата љубов-хармониката, но кога реши дека враќањето ќе биде само за своја душа се случи токму спротивното – стана најдобар во свет. Неодамна од Франција се врати со светско признание за неговиот музички талент и умешност. Токму ова беше повод за разговор со Кекеновски, кој иако требаше да биде само музички, но кога се зборува со него не може а да не се чепне и во науката и во ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаното членство на Украина во Европската Унија „би било неправедно“ кон земјите од Западен Балкан и дека унгарската влада не е единствената што не се согласува со отворањето на други кластери. Петер Маѓар нагласи, пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, дека динамиката на проширувањето на ЕУ била особено дискутирана во разговорите со европските претставници. Тој додаде дека во разговорите ...
Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта погодила голем број мети во јужен Либан, додека Хезболах наведе дека води интензивни борби во регионот. Либанската Национална новинска агенција (ННА) јави дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 18 луѓе, а повеќе од 30 се повредени. Израелската војска денеска напаѓа цели и во долината Бека. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе остане во Либан ...
Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија и од местото лидер на Лабуристичката партија. Во изјава пред Даунинг стрит 10, Стармер кажа дека веќе го информирал Кралот за одлуката. Тој побара од Националниот извршен комитет на Лабуристичката партија да утврди распоред со отворање на номинациите за раководството на 9 јули, а да биде завршен до летниот одмор. Ова ќе значи дека нов лидер ќе биде назначен пред враќањето ...
Паузата за освежување (cooling break) воведена на овогодинешното Светско првенство е жестоко критикувана од јавноста. Јавноста е убедена дека воведувањето на „паузата за ладење“ и таканаречената четвртина служи само за комерцијализација и му штети на квалитетот на фудбалот, пренесува dnevnik.hr. На овогодинешното Светско првенство останаа 40 натпревари и во некои натпревари „паузата за ладење“ беше навистина неопходна поради големата жештина, ...
Како што објави Ројтерс, Норвешка воведува строга забрана за употреба на вештачка интелигенција за ученици од основно училиште. Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе на прес-конференција изјави дека вештачката интелигенција им овозможува на децата да ги прескокнат клучните чекори во образованието и дека училиштата треба да се фокусираат на тоа да ги научат како да „читаат, пишуваат и работат математика“. Овие правила ќе бидат воведени на ...
Директорката на компанијата за вештачка интелигенција Сигнал, Мередит Витакер, со својот став за четботовите ги предупреди корисниците дека не треба да се однесуваат со нив како со своите пријатели, а уште помалку да им бидат доверливи соговорници. Според неа, системите што бараат пристап до приватни податоци, како пораки, календари и платежни картички, постепено се претвораат во нова алатка за надзор. На прашањето за последиците врз ...
Пред една година, на 18.06.2025, во Собранието беше прифатен амандманот поднесен од пратеникот Миле Лефков, со кој беа обезбедени 2.000.000 денари како првични средства за идејно решение и отпочнување активности за спомен-обележје во чест на младите кои ги загубија животите во трагедијата во „Пулс“. Во самото образложение беше наведено дека барањето е координирано со родителите на настраданите. Амандманот беше прифатен и изгласан со ...
Маж од 54 години вчера загинал во Влес, во него удрил камион и го усмртил на лице место. -На 22.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат” во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од ...
Околу половина од сестрите на Kлиниката не може да покриваат дежурства и сменска работа – се бараат нови вработувања, на новинарско прашање одговори директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди, за време на денешната прес-конференција. – Еден од сериозните проблеми на клиниката, е сериозниот недостиг на кадар, особено средно – медицински кадар. Уште од првите денови јас се соочував со барања од сите оддели, за ангажирање на ...
Под вест објавена на социјалните мрежи со изјава на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека Германија и Европа не се откажуваат од поддршката за Украина во одбраната на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет има 618 коментари. Убедливо мнозинство од коментарите се со изразен проруски наратив, кој содржи позиции и тези кои ги застапува Москва во својата војна против Украина. Логичното прво прашање за оваа ситуација е – Што е тоа што ...
Два месеци по трагедијата во швајцарскиот град Кран Монтана сите повредени лица и семејствата на загинатите во пожарот што избувна за Нова година, ќе добијат од државата по 10.000 франци, или околу 10.700 евра. Се работи за итна, еднократна помош за жртвите од трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени. На домашен терен, точно по еден месец ќе биде одбележана една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која ...
Речиси една година по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани, сеќавањата за кобната ноќ сѐ уште се свежи. Во пресрет на одбележувањето на годишнината, командирот на ТППЕ Кочани, Драган Апостолов се присетува на првите моменти по добиената дојава, на драматичната интервенција и на предизвиците со кои се соочиле пожарникарите. Повикот за пожар во дискотеката „Пулс” бил примен во 02:47 часот. Како што посочува Апостолов, дежурниот ...
Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците од човечката загуба. Двајца млади вработени ги загубија животите во пожарот, ...
Се случи пред точно една година. Беше вообичаена саботна вечер, 15-ти март. Ништо, ама баш ништо не наговестуваше дека за само неколку часа ќе се сврти светот наопаку и дека Кочани ќе ја доживее најголемата катастрофа во своето постоење. Сè започна и заврши помеѓу 2 и 3 часот наутро. На 16-ти март. Забрзани возила, некои и со вклучени сирени одекнуваа на улиците. Излегов на тераса и почувствувавме силен мирис на чад. Нешто се запалило, не ...
Многу повеќе од законски предвидените шари до државниот буџет добиле партиите за платено политичко рекламирање (ППР), констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во денеска објавениот извештај за работата на Државната изборна комисија (ДИК). Наместо 33,33% од средствата на оваа програма да бидат наменети за надомест на трошоците на учесниците во изборната кампања за платено политичко рекламирање, планирани се 50% од средствата, додека за ...
Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска беше формализирана соработката меѓу УГД и Фискалниот совет, преку потпишување Меморандум кој отвора нови можности за поврзување на академската заедница со фискалната и економската пракса во државата. Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети, потенцираше дека ова е продолжение на стратегијата за институционално поврзување на Советот со научните и ...
По трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, Црвен Крст на Македонија отвори наменска сметка за собирање финансиска помош за семејствата на загинатите и за повредените. Преку упатениот апел за солидарност, граѓани, компании и институции донираа средства на Фондот на солидарноста. Заклучно со 23 мај 2025 година, на сметката биле собрани 156.542.967 денари. Како што соопштија од организацијата, распределбата на средствата се одвивала во ...
Во овој разговор, граѓанскиот активист и хуманист Зоран Тодоров од Кочани, ја образложува мисијата на центарот „Сакам живот“, фокусирајќи се на неопходната меѓусебна координација помеѓу граѓанскиот сектор и институциите за решавање на локалните проблеми. Тој посочува дека Кочани сè уште ги чувствува последиците од минатогодишната трагедија, што наметнува итна потреба од психолошка и социјална обнова на заедницата. За да се спречи заминувањето ...
Речиси една година по трагедијата што го потресе Кочани, прашањата поврзани со психолошките последици и процесот на закрепнување и понатаму се значајни за жителите на општината. Во рамки на проектот „Живот по трагедијата во Кочани” разговаравме со претседателката на Секцијата на кризни интервенции при Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска, за тоа како заедницата се справува со последиците од настанот и каква поддршка е ...
Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, болката и сеќавањата сѐ уште се силни кај граѓаните. Тешкиот настан не ја одмина ниту кочанската компанија „Амфенол”, каде што вработените и раководството се соочија со сериозни предизвици во тој период. Генералниот менаџер Сашко Наков вели дека првичната цел била да се амортизира ударот и истовремено да се задржи континуитетот во работата кон купувачите. Првичната цел беше да го ...
На прагот на туристичката сезона сме полна со неизвесност и многу прашања. Колку е сигурно да се патува? Каде да се патува? Што со раните уплати на аранжмани во земји кои сега се нарекуваат небезбедни? Како ќе се враќаат парите? Како ќе се реши хаосот? Кој е виновен-туристите, агенециите или „виша сила“ ? Од летото не делат денови а одговори на овие и други прашања нема. Нема кој да каже како треба да се постапи, каде е безбедно да се летува, ...
Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 ...
Една од најубавите заливски плажа близу Саранда, Албанија, од викендот е повторно достапна за граѓаните, откако десетици жители и сопственици на имоти во Какоме, протестираа за да го заштитат имотот за кој тврдат дека им припаѓал на нивните семејства со генерации. За време на протестот, тие ги отстранија поставените ѕидови, стражарските згради и бодликавата жица што го опкружуваа заливот Какоме. Два дена претходно, беше отстранета и портата ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп пред денешната посета на генералниот секретар на НАТО на Вашингтон, повторно ги обвини европските земји-членки на Алијансата дека не им помогнале на САД во војната со Иран. – Ние бевме одлична членка на НАТО, во многу погледи единствена вистинска членка, секако доминантна членка. Плативме трилиони долари, не милијарди, туку трилиони долари изминатите години, за да ја заштитиме Европа. Кога сакавме да знаеме ...
Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш потврди дека владата поднела предлог-закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, со цел да се ограничи времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефоните во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. Полска овој месец го ...
Во Грција станаа скандалозни со правилата за возење. Само што ќе ја преминете границата, тие ве застануваат и почнуваат со тешките проверки. Речиси нема шанси да не се фатат за нешто. Ни ја одзедоа дозволата штом ќе стапнеме на грчка почва, пренесува actualno.com. Ова го објави инфлуенсерката Ралица Методиева, чие видео предупредување го сподели и Николај Попов, таткото на починатата Сијана. Причината зошто бугарска компанија беше казнета ...
По фантастичниот концерт во Скопје за кој се бараше билет повеќе, Александра Радовиќ ова лето доаѓа и во Охрид, носејќи вечер исполнета со емоции, врвна музика и безвременски хитови кои публиката ги пее со години. На 30 јули, магичниот амбиент на Антички театар во Охрид ќе биде сцена за концерт што уште сега се најавува како еден од најубавите и најемотивните настани летово. Со својот препознатлив вокал, искрена емоција и песни што допираат ...
УЕФА потврди дека нема планови да воведе задолжителни паузи за хидратација на сите натпревари од Европското првенство 2028, и покрај тоа што ФИФА воведе задолжителни паузи од три минути на половина од секое полувреме на овогодинешното Светско првенство. Иако паузите, како што верува ФИФА, беа воведени за да ги заштитат играчите од високите температури за време на северноамериканското лето, тие предизвикаа многу критики. Многумина веруваат ...
Битола изминатиов викенд беше центарот на автомобилскиот свет во регионот. Во саботата, на 20 јуни, по вторпат се одржа големиот собир „CAR SHOW 2026“, во одлична организација на „Car Club Битола“. Настанот привлече огромен број посетители и љубители на автомобилите, потврдувајќи го статусот на еден од најважните авто-настани во земјата. Годинава, публиката имаше можност да ужива во изложба на дури 180 атрактивни возила, со учесници кои ...