Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Како што објави Ројтерс, Норвешка воведува строга забрана за употреба на вештачка интелигенција за ученици од основно училиште. Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе на прес-конференција изјави дека вештачката интелигенција им овозможува на децата да ги прескокнат клучните чекори во образованието и дека училиштата треба да се фокусираат на тоа да ги научат како да „читаат, пишуваат и работат математика“. Овие правила ќе бидат воведени на ...
По фантастичниот концерт во Скопје за кој се бараше билет повеќе, Александра Радовиќ ова лето доаѓа и во Охрид, носејќи вечер исполнета со емоции, врвна музика и безвременски хитови кои публиката ги пее со години. На 30 јули, магичниот амбиент на Антички театар во Охрид ќе биде сцена за концерт што уште сега се најавува како еден од најубавите и најемотивните настани летово. Со својот препознатлив вокал, искрена емоција и песни што допираат ...
Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена ...
На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци ...
Бојан Илиевски од Скопје е победник во блканското шоу „Ѕвездите на Грнд“ за 2026 година. Бојан во шоуто почна а е натреварув пред три годдини и тогаш неговата животна приказна го расплака цел Балкан. Тој е дете, кое останало без одители и израснал со до о бба. Баба му Снежана постојано беше на неговите настапи, го бодреше и плачеше. Бојан победи, поглена кон ѕвездите кај неговите ангели и потона во прегратките н баба и деддо, да ја сподели ...
Случајот за кој информираше МВР за вознемирувањето на 16-годишно девојче од Штип од страна на С.М. 67-годишен маж, кој се обидел да ја принуди на други полови дејствија засега е процесиуиран до кривична пријава од Обвинителството. За осомничениот се бара и притвор. Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз ...
Денеска во 10 часот и 24 минути, официјално започна летото за жителите на северната полутопка. Денешниот ден е познат и како летна долгоденција, природен феномен што се случува еднаш годишно, кога ноќта е најратка – или сонцето ќе изгреа во 4:51 часот, а ќе зајде во 20:27 часот, со денот што ќе трае 15 часа и 36 минути, додека ноќта ќе трае 8 часа и 24 минути.Летото ќе трае 93 дена, 15 часа и 40 минути, а ќе заврши на 23 септември во 02:05 ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаното членство на Украина во Европската Унија „би било неправедно“ кон земјите од Западен Балкан и дека унгарската влада не е единствената што не се согласува со отворањето на други кластери. Петер Маѓар нагласи, пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, дека динамиката на проширувањето на ЕУ била особено дискутирана во разговорите со европските претставници. Тој додаде дека во разговорите ...
Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта погодила голем број мети во јужен Либан, додека Хезболах наведе дека води интензивни борби во регионот. Либанската Национална новинска агенција (ННА) јави дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 18 луѓе, а повеќе од 30 се повредени. Израелската војска денеска напаѓа цели и во долината Бека. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе остане во Либан ...
Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што ...
Во однос на најавената реконструкција на Владата, процесот се одвива преку разговори со коалициските партнери. Денес и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ.Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде ...
Во претстојната учебна година да не се примаат првачиња, ниту да има паралелки од шестто одделение. Вишокот наставници ќе се распредели таму каде има потреба. Ова е дел од содржината на измените на Статутот на ООУ „Гоце Делчев“ од Штип што денеска беше усвоено со гласовите на советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Советниците од СДСМ и Левица гласаа против. На седницата не присуствуваше градоначалникот Иван Јорданов, а предлог одлуката ја ...
Три жени од 23, 40 и 49 години од Делчево, Штип и Кочани биле физички нападнати од своите сопрузи. Сите троца сопрузи се уапсени од страна на полицијата по пријавата. Првиот случај е од Кочани, од синоќа, а во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ф.Р.(40) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал при што употребил тврд ...
Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски, што Канал 77 го пренесува интегрално. Официјалните податоци за пазарот на трудот потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат конкретни и мерливи резултати. Во првото тримесечје од 2026 година во Македонија ...
Донесен е документ од Советот на општината Штип, со кој повторно се тргнува во постапка за продажба на мнозинскиот пакет на АД Брегалница 2008 од страна на општината Штип, која е моментален целосен сопственик на истоимениот фудбалски клуб. Ќе се понудат 128 акции на клубот во износ од 1172 евра по акции или вкупно 150,000 евра во денарска противредност пресметана во средниот курс на Народна банка на денот на реализација наци. На седницата на ...
Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...
Првиот женски судиски тим од Соединетите Американски Држави испиша историја на Светското првенство за мажи. Натпреварот Чешка – Јужна Африка имаше судиски тим за историјата. Судијката од САД, Тори Пенсо, и нејзиниот тим станаа вториот женски судиски тим што судел на Светско првенство во фудбал за мажи и првиот женски тим составен од судии од САД. Тори Пенсо (главна судијка) со помошничките Брук Мајо и Кетрин Несбит, одлично си ја завршија ...
Израелската армија во текот на ноќта гаѓала цели низ јужен Либан, додека движењето Хезболах соопшти дека води интензивни борби во регионот, што е нова ескалација на конфликтот кој е закана по мировниот договор меѓу САД и Иран. Според либанските медиуми, во израелските напади загинале најмалку 16 лица. Израелската војска потврди дека операциите се во тек, без да даде дополнителни детали за жртвите. Продолжувањето на борбите во Либан може да го ...
СДСМ реагираше со соопштение на најавената реконструкција на Владата: „Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата. Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот. ЗНАМ, партија која практично престана да ...
Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што Канал 77 го пренесува интегрално. За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија ...
Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Како што соопштија од Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на ...
Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“. Приведен е Б.С.(30) од Република Србија бидејќи возел со недозволена брзина. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано ...
Секој пат кога ќе го исклучите моторот додека климатизацијата е вклучена, создавате услови за бактерии и мувла во внатрешноста на струјното коло – решението е едноставно и бесплатно. Летото значи едно нешто за повеќето возачи: штом ќе ја отворат вратата од автомобилот, нивната рака речиси автоматски оди до копчето за климатизација. И не без причина, бидејќи по часовите поминати под жешкото сонце, кабината се претвора во мала рерна. Но, постои ...
Во неколку региони на Централна Азија, претпочитањето синови сè уште длабоко влијае врз семејните одлуки, што резултира со значителни разлики во стапките на наталитет кај момчињата и девојчињата. Експертите предупредуваат дека овој феномен не се однесува само на човековите права и родовата еднаквост, туку и на демографската иднина на цели општества. Во Узбекистан се раѓаат околу 107 момчиња на секои 100 девојчиња, додека во Таџикистан ...
Нов случај предизвикува голема загриженост во Соединетите Американски Држави, повторно ставајќи ги во преден план опасностите од онлајн предизвиците, бидејќи 15-годишно девојче од Оклахома е хоспитализирано со мозочна смрт откако учествувало во опасен предизвик што кружи на социјалните медиуми. Малолетничката Лија Пресон наводно учествувала во таканаречениот „Предизвик Бенадрил“, опасен онлајн тренд што ги охрабрува учесниците да консумираат ...
Украинскиот министер за одбрана, Михајло Федоров, изјави дека Киев има зацртано цел преку напади со беспилотни летала врз руските линии за снабдување целосно да го изолира анектираниот полуостров Крим. „Изгледа дека наскоро Крим ќе се претвори во остров“, рече Федоров во интервју за јутјуб-каналот „Пресинг“. Според него, нападите врз транспортните и логистичките правци отвориле „прозорец на можности“ за Украина. „За Русите започнува пекол со ...
По серијата трагични инциденти во кои жртви или тешко повредени беа деца од 12 и 13 години министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави законски измени. Базирани на препораките на експерти, Тошковски вели дека се планира заострување на казнената политика, но и зголемување на старосната граница за управување со електрични тротинети. Измените се очекува да бидат внесени во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. -Ќе одиме со ...
Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија, е таму, на масата во Брисел со нив, како полноправна членка на Европската Унија – порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето на 36. роденден на партијата во Струмица, но нагласи дека нема да се прифатат отстапки поврзани со националниот идентитет. – Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија, е таму, на масата во Брисел како ...
Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација. Зохиу објасни дека ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска од седиштето на НАТО во Брисел изјави дека на состанокот на Северноатлантскиот совет со колегите министри разговарале за клучните предизвици во наредниот период, со посебен акцент на одбранбените буџети и постигнувањето на целта од 3,5 проценти од БДП. – Главната тема беше буџетот и колку ќе се издвојуваат средства во наредните 10 години. Ова претставува основа за самитот што следи во Анкара – ...