Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди. Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески” и Државна награда „Ремзи Несими”. Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во 2019 година, предложи да се воспостави нова државна награда за оддавање ...

По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. -По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен ...

Сетек, Нептун, Техномаркет и Алфи Би се четирите компании, кои доминираат на пазарот на бела техника и апарати за домаќинство. Токму овој пазар, според истражувањето на „Пари“ доживува силен раст и кај бројот на вработени и кај платите. Во 2025 година овој сектор вработувал 1.781 работници (зголемување од 6,26%), додека просечната плата достигнала 25.780 денари (зголемување од 10,11%). Она што е впечатливо е екстремната концентрација на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу во видео-обраќање изразува поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој помина во прво читање на пленарна седница во Собранието и апелира дека зависноста е здравствен ризик, а најефективната терапија за неа е превенцијата. “Не може да зборуваме за коцкањето дека е забава, кога истото станува навика и зависност. Кога влегува во семејството како долг, стрес, вознемирување и кога подмолно се ...

Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044. Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките цели и приоритетите на политиката за рамномерен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изненадувачки најави дека САД и Иран се блиску до постигнување мировен договор, и покрај неодамнешните закани за нови воени напади и ескалација на тензиите на Блискиот Исток, пишува Дојче Веле. Трамп изјави дека поради напредокот во разговорите одлучил да ги откаже планираните воени акции против Иран. Според него, двете страни се на чекор до договор кој би можел да доведе до продолжување на прекинот на ...

„ВЛЕН продолжува да докажува дека економскиот развој не се гради со ветувања, туку со конкретни политики кои ги поддржуваат бизнисите, инвестициите и отворањето на нови работни места“ – велат во соопштението од ВЛЕН. „Во оваа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, упати повик до сите компании кои ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции да аплицираат навремено и да ја искористат поддршката што ја ...

Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир појаснува дека Постапките за јавна набавка за проектите „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Саат Кула – Општина Чаир”, „Реконструкција на водоводен систем и фекална канализација во населба Дижонска – Општина Чаир” и „Изградба на училишен затворен спортски базен за ООУ „7 Март” се спроведени согласно одредбите од Законот за јавни набавки, ...

Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни. Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип. -Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. На форумот ќе учествува и висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, ...

Само што американскиот претседател Доналд Трамп објави дека договорот со Иран може да се постигне уште овој викенд , дојде до пад на цените на нафтата на светските берзи. Веста за можен договор ги доведе цените на нафтата до најниско ниво во последните два месеци. Фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас (West Texas Intermediate) во САД паднаа за 1,9% на 86,08 долари за барел, откако преку ноќ паднаа за 2,6%. Фјучерсите за сурова нафта од ...

Издавање на монета од две евра со кирилични букви и натпис „Бугарска азбука“ од страна на Народната банка на Бугарија најавено за средината на годинава, засега е стопирано. На издавањето на монетата, која ќе биде во тираж од еден милион парчиња, се противи земја членка на ЕУ. Која, засега не се соопштува, додека најчесто се посочува кон Словачка. Имено, Словачка веќе издаде свои евромонети со ликови од Светите Кирил и Методиј. Во ...

Американските сили соопштија дека онеспособиле уште еден танкер во Оманскиот Залив, откако, според тврдењата на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), го прекршил поморскиот режим на блокада кон Иран, обидувајќи се да превезува иранска нафта. Станува збор за танкерот „М/Т Џалвир“, кој плови под знамето на Гвинеја Бисао. Според ЦЕНТКОМ, американски воен авион испукал две ракети „Хелфајр“ кон машинскиот простор на бродот, откако екипажот наводно ...

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на 2 јули ќе треба да се јави во затворот ,,Скопје” во Шуто Оризари за одлежување на казната затвор. „Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година“, информираат од Кривичниот суд во Скопје. Пред ...

Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер”. На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на интеграцијата на државата во ЕУ истакнувајќи дека тие барања се уште од 2022 година и оти, како што наведе, чекале три години да ги слушне цела Европа и светот, како и граѓаните што биле жртви на манипулативната политика на поединци. Останува оптимист и посочува дека разговараното на неговата средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускит ...

Над 14,5 милиони денари биле исплатени спротивно на законските одредби во системот на социјална заштита во текот на 2024 година, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој нотира низа пропусти, недоволни контроли и сериозни слабости во работењето на надлежните институции. Според ревизорскиот извештај, 235 корисници истовремено користеле пензија и права од социјална заштита, иако тоа е спротивно на законските ...

Во криза и инфлација, банките и натаму нижат профит и според податоците на Народна банка за 2025 година вкупната добивка е близу 304 милиони евра, или 21 милион евра повеќе во однос на 2024 година. Само од провизии и надоместоци банките оствариле 118 милиони евра нето-приходи, што во однос на 2024 година е зголемување за 2,7 проценти или заработиле околу 3 милиони евра повеќе. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески повика со закон да ...

Драматични повици за интервенција и најава дека во Итната помош се носи човек, кој беше изваден од вила во чад во штипската населба Кадидере, упати пожарникарот Александар Горѓиевски. Според информациите чади покривот од вилата, во чија близина се уште неколку други вили, кои засега не се во опасност. Првично, изгледа дека овој случај не е врзан со големиот пожар што избувна вчера попладне по удар на гром и кој доцна вечерта беше ставен под ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро му возврати на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако турскиот лидер ги осуди израелските воени активности во регионот и оцени дека тие претставуваат закана и за Турција. Во својата реакција, Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ и го обвини за „геноцид врз Курдите“, поддршка на палестинското движење Хамас, репресија врз сопствениот народ и затворање на политички противници. ...

Силна бура предизвика неколку проблеми во општините Горишница, Жетале и Подлехник во среда вечерта. Најлошо беше во општина Жетале, каде што пожарникарите реагираа на поплавени подруми, надојдени потоци, паднати дрвја и свлечиште. Во Горишница, дождовницата го поплави подрумот на станбена зграда, а пожарникарите од Противпожарната служба на Горишница испумпаа приближно 20 кубни метри вода. Повеќе интервенции беа регистрирани во Добрина, каде ...

Иранските власти оценија дека најновите американски воздушни напади сериозно го поткопале постојното примирје и го довеле во прашање продолжувањето на мировните напори меѓу Техеран и Вашингтон. Според иранското Министерство за надворешни работи, американските акции претставуваат јасно кршење на договореното примирје и дополнително ги усложнуваат дипломатските разговори. Портпаролот на иранската дипломатија изјави дека продолжувањето на ...

Секој во животот заслужува втора шанса за среќа, бидејќи најважна е љубовта. Кога љубов има се има… Љубовта која се роди меѓу пејачката Анета Љумакоска и музичарот Рубин Размоски пред неполн месец се круниса со брак. Заедно низ животот, заедно приватно, а заедно и професионално, бидејќи се во ист бенд. И веднаш по склопување на бракот тие заедно настапија на последното издание на Фолк фест „Валандово“, каде за Канал 77 прв пат прозборија за ...

Синоќа, во текот на вечерта беше активен голем ридски пожар во близина на Штип. Претпоставките се дека пожарот настанал од удар на гром, а пламените јазици зафатија голема површина над штипските викенд населби Плуждино и Новакова Чешма. Во гаснењето на пожарот покрај штипската територијална противпожарна единица, учествуваа и доброволните противпожарни друштва од Кочани и Свети Николе. „По наредба на штипскиот градоначалник Иван Јорданов ...

Без официјална потврда, албанските медиуми информираат дека поранешниот селектор на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски потпишал договор со тетовска Шкендија и е новиот тренер на клубот. Милевски според пишувањата, најавил дека ќе донесе репрезентативец во редовите на Шкендија, додека во меѓувреме наводно се преговара со Аријан Адеми за да биде дел од тимот. Засега и клубот и Милевски не се огласија за потврда. ...

За добивањето на новите лични документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи граѓаните за период од пет години пларите 44 милиони повеќе односно вкупно 7 милиони евра, покажа најновото истражување на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем дел од 73-те милиони евра што ги платиле граѓаните е за добивање пасош, дури 60 милиони евра за 5 години. Документите ги изработува фирма која победила на тендер пред 21 ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава беше почувствуван во охридско-струшкиот регион, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според официјалните податоци, потресот е регистриран во 5:36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. Од Сеизмолошката опсерваторија соопштија дека земјотресот бил почувствуван од жителите на Охрид ...

Министерството за надворешни работи извршило целосно авансно плаќање на четири авионските летови со избивањето на кризата во Иран, со кои беа вратени 590 патници од кои 521 македонски државјани. Со авансното плаќање, забележува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) МНР директно го крши лимитот од 20% предвиден со закон, притоа без соодветна банкарска гаранција. Процесот на набавка е спорен бидејќи преку сомнителни процедури ...

Со огромна огнена топка што се гледа од речиси сите делови на Штип се борат пожарникарите и доцните вечерни часови, откако пожар изби поладнето по 17 часот, во близина на Плуждино и се движи кон Кадидере. Гори треба и нискостеблеста шума. Покрај штипските пожарникари, се највува помош и од колегите од околните градови, на терен се и вработени во јавните пртетпријатија со целокупната механизација. Попладнето се наоблачи во Штип, немаше дожд, ...

По средбата во Софија меѓу претседателките на Македонија и Бугарија станува јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е единственото барање на бугарските власти. Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите за историската комисија – изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ. ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.26
67%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.58
78%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.97
78%
1011
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.39
52%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.67
46%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.6
94%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
1.34
60%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.85
66%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
95%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
3.13
70%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
59%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
2.46
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Калај

54.05

Паладиум

40220.58

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Родиум

263636.12

Сребро

1904.32

Бакар

12.76

Платина

51987.76

Злато

131467.62

Алуминиум

3.17

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00