На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица. На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот. Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани ...

Општина Крива Паланка продолжува со поддршката на младите. Во тек е повикот за субвенции на студенти за набавка на дигитални уреди. Право на аплицирање имаат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус во учебната/академска 2024/25 година со адреса на живеење на подрачјето на Општина Крива Паланка. Општината ќе надомести дел на трошоците за набавени уреди, во износ од 50% од цената, до 6000 денари субвенција. Условите, критериуми ...

„СДСМ не може позитивно да одговори на барањето за извинување на министерот за култура и туризам Зоран Љутков затоа што ја објавивме вистината“, соопштија од опозициската партија. „Зарем очекува Љутков да му се извинуваме за тоа што СДСМ, а не тој, зборувавме за не исплатените плати на културните работници за Велигден кои тој ги остави сами себе? Или очекува да му се извинуваме што ја соопштивме болната вистина за непочитување на колективниот ...

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 20.05.2025 во с.Костиндол, општина Македонска Каменица, пријавениот со моторна пила извршил оштетување на бандера за пренос на електрична енергија и на тој начин предизвикал опасност за луѓето и имотот. ...

12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба, истакна на денешната трибина “Кочани е наш приоритет” директорот на ФЗОМ Сашо Клековски. -На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, ...

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.05 часот е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(30) од Скопје, прегазил на стапало полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Притоа, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. Извршен е увид, соопшти ...

Ракометниот клуб Алкалоид од Скопјe е победник на ЕХФ Еврокупот, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ). Според одлуката на ЕХФ, реваншот од финалето е регистриран со службен резултат 10:0 за Алкалоид, по одлуката на грчки АЕК да не излезе на теренот, во дуелот што требаше да се оигра на 25. мај во Скопјe. Алкалоид го доби првиот натпревар во Атина со 29:25, со што го освои трофејот со две победи во финалето. „Ракометниот суд на ЕХФ ја ...

Хрватската пејачка Северина повторно привлече внимание со своето модно издание, а овој пат позираше за фотографии во Радетиќи, Истра, во чипка од глава до пети. Со пораката дека „најубавата чипка (традиционално) се чува за Радетиќи“, пејачката на фотографиите носеше црн фустан од чипка, а под него се гледаше црна долна облека. На рацете имаше и елегантни ракавици од чипка, исто така во црна боја. Сето тоа го искомбинираше со сандали со високи ...

Минималистичкиот појадок на Кендал Џенер предизвика дебата на социјалните мрежи и меѓу нутриционистите, при што некои го фалат оброкот од 200 калории, додека други изразуваат загриженост за потенцијалните импликации на таков нискокалоричен оброк. Манекенката во средата на Инстаграм сподели фотографија од утринскиот оброк, што потоа предизвика неочекуван интерес и дискусија. Целата чинија има околу 200 калории и е полна со здрави масти кои и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на националната безбедност и оценувајќи дека дозволувањето такво запишување е „штетно за интересите на САД“. Одлуката на Трамп доаѓа по повеќемесечниот конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата во врска со ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, денес и утре (четврток и петок 5 и 6 јуни) особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места кај нас ќе се формираат фронтални влажни бранови кои значително ќе ја дестабилизираат атмосферата. Во ваква ситуација, на повеќе места кај нас ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои ...

Еден милион и неколку стотини илјади граѓани на нашата држава, живеат во две Македонии. ПРВАТА МАКЕДОНИЈА, виртуелната, е онаа на мицковци: нејзината економија е четврта во Европа, во неа за 10 дена се градат 50 км автопат и 40 км пруга, таму градоначалниците на ДПМНЕ скандинавски управуваат со општините, во таа Македонија живеат среќни и задоволни граѓани. ВТОРАТА МАКЕДОНИЈА, реалната, е онаа во која живеат нечипирани, слободоумни и мислечки ...

Под влијание на значајни планетарни транзити, како преминот на Венера во Бик и Јупитер во Рак, јуни е месец во кој се отвораат нови можности за финансиски раст, инвестиции и стабилизација на буџетот. Некои знаци ќе бидат поттикнати да преземат храбри чекори и да ги реализираат своите идеи, додека други ќе мора да бидат претпазливи и да ги ревидираат своите трошоци. Овој месец, според астролозите, е особено поволен за развој на нови стратегии, ...

Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание. За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа. „Денеска е црн ден за ...

Основното јавно обвинителство Битола отвори предистражна постапка против две физички и две правни лица по кривична пријава поднесена од СВР Битола. Според пријавата, осомничените со лажни ветувања за исплата успеале да измамат вкупно 27 лица, од кои 25 земјоделци и две превозни фирми, при што се стекнале со противправна имотна корист од 141.650 евра. „Постапката е во почетна фаза и се преземаат сите потребни дејствија за обезбедување докази. ...

Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски. Тој појаснува дека од ...

Во својство на една од пионерските компании во имплементацијата на принципите на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), „Алкалоид“ зеде активно учество на Третата регионална ESG-конференција, организирана од македонската подружница на Американската стопанска комора, во соработка со AmCham Србија, AmCham Албанија и AmCham Косово. Настанот собра претставници од деловниот сектор, институциите и граѓанското општество, обезбедувајќи ...

На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 03.00 часот го однела во Општа болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ ...

Автоматска пушка и муниција се пронајдени во стан во Центар во кој престојуваат турски државјани. Според информациите на МВР, вчера околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката. По целосно ...

Дете паднало во кома откако изело бомбони Харибо за кои се покажало дека содржат канабис, потврди болницата “Ziekenhuisgroep Twente” во Холандија. Станува збор за две деца – едно дете од градинка и едно од предучилишна возраст, пишува „НЛ Тајмс“. Портпаролот на болницата изјавил дека поради заштита на приватноста, не можат да откријат повеќе детали, но нагласил дека инцидентот на почетокот не бил сфатен сериозно. -На почетокот се шегувавме за ...

СДСМ денеска обвини дека додека премиерот Христијан Мицкоски зборува за силна економија, Македонија се наоѓа пред историски најсериозната економска и финансиска криза каква што не се памети во земјава од нејзиното осамостојување. Според најголемата опозициска партија, тоа што како „печурки никнуваат разноразни аналитичари кои зборуваат за некаков „економски раст“ е само потврда дека јавноста се подготвува за сериозна криза“. Од партијата велат ...

Имам Калифa има машки хрмозоми во своето тело и сега се на потег Светската боксерска федерација и Интернационалниот олимписки комитет. Кога на алжирската боксерка Иман Калифa ѝ беше дозволено да учествува на Олимписките игри во Париз минатата година, реакциите на спортската јавност беа крајно негативни, бидејќи се знаеше дека таа има машки „Y“ хромозоми во своето тело. Сепак, Калифa боксуваше во Париз, а епилогот е познат, доминираше во својата ...

Британската манекенка и актерка Кара Делевињ на впечатлив начин го отвори овогодинешниот месец на гордоста, појавувајќи се на „WeHo Pride Parade“ во Западен Холивуд, Калифорнија. Таа на Инстаграм сподели фотографии и видеа од овој настан, а најголемо внимание привлече фотографијата на која се бакнува со својата девојка Минке, која е музичар. Делевињ возеше во црвен кабриолет, позирајќи со џиновски жолт меч во рака и правејќи знак за мир. Таа ...

Актерката Брук Шилдс го прослави својот 60-ти роденден, а по тој повод на Инстаграм сподели фотографии на кои позира во бикини. Имено, актерката позираше во црни бикини и уште еднаш воодушеви со својот изглед и фит фигура по која е препознатлива со децении. Заедно со фотографиите, Брук напиша: “Се разбудив во рајот и во новата деценија од животот. Ова е 60! Ви благодарам на сите за роденденските желби”. View this post on Instagram A post shared ...

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти денеска полицијата. Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с. Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од ...

Премиерот вели дека сме четврта брзо растечка економија во светот. Сме биле позади Ирска. Во Ирска просечна плата е приближно 4.000 евра. Со два клика тоа се проверува. Мицкоски може да вети што? Суверенитет, идентитет, евентуално “Македонија на Македонците”, другите приказни од штабо нека ги тера во штабо. И кога се треска глупости би било пожелно да се има малку срам. Малку срам, а срамот е најдоброто нешто кое човек може да го има. Ако е ...

Јавен апел – трагедијата во дискотеката во Кочани Со голема болка и тешко срце ја споделувам трагедијата што не’ снајде. Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, животот го загуби мојата внука од сестра, заедно со уште 61 млад човек. Вкупно 62 загинати, и 200 повредени. И покрај огромната загуба, немаме добиено никаква помош од државата. До ден-денес, ниеден претставник од владата не не посети, ниту во болниците, ниту во домовите. Нема ...

Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на вчерашната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени по скратена постапка, меѓу кои и на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона. Пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
32%
1025
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
42%
1026
weather icon

Загреб

30ᴼ / 27ᴼ
0.51
40%
1026
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
36%
1027
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.51
25%
1025
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
61%
1027
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
7.2
35%
1022
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
32%
1023
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.6
36%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
43%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.75
46%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976