Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА директорот на болницата, Владимир Бунчески. Причините за смртта, според него, треба да ги покаже обдукцијата. Во полициската станица во Струга, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, утрово во 8 часот и 30 минути било пријавено дека на детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струга, од страна на ...

Со кредитот од 6 милијарди евра со кој Владата ги задолжува граѓаните ќе стигнеме до критична точка, рече пратеникот на СДСМ, Благоја Бочварски, во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5. Тој нагласи дека ако во првата транша се повлечат само 2,2 милијарди евра, јавниот долг на државата ќе се зголеми на над 70% од БДП, а за вкупната сума од 6 милијарди тоа ќе значи зголемување на долгот од над 100% што како држава прашање е дали воопшто ...

Европскиот парламент (ЕП) е пред усвојување на извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој ќе содржи признавање на македонскиот идентитет и јазик на четири места. Признанието треба да биде наведено во следниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој треба да биде усвоен во јули, пишува бугарски „БГНЕС“. Ова ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој донесе одлука за македонскиот ...

Некои дејствија и однесувања може да имаат психолошки причини, иако ова може да не биде очигледно на прв поглед. Еден таков пример е честото мокрење. Честите посети на тоалет не секогаш укажуваат на физички проблем или болест; во некои случаи, тие можат да имаат и психолошка позадина. На ова укажува и студија објавена на веб-страницата на брендот Tampsec, кој се занимава со здравјето на жените. Затоа е важно да ја разберете вашата психолошка ...

Познатиот турски актер Халит Ергенч, најпознат по улогата на султанот Сулејман во серијата „Сулејман Величествениот“, се најде во центарот на медиумското внимание откако беше осуден на година и 10 месеци затвор. Пресудата ја објави турската државна агенција Анадолија, а се работи за случај поврзан со масовните протести во 2013 година во Истанбул. Ергенч беше вклучен во процесот како сведок, но беше обвинет за лажно сведочење во текот на ...

Кардиолог открива трик што ќе ви помогне да имате уште поголема корист од кафето. Кафето има бројни здравствени придобивки. Повеќето од овие позитивни ефекти доаѓаат „благодарение на високата содржина на кофеин, психоактивна или психостимулантна супстанца што може да влијае на различни процеси и функции, и когнитивни и физички“, вели познатиот кардиолог д-р Аурелио Рохас. Постојат и други важни ефекти. Долгорочните студии покажуваат дека ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено ...

На 26.05.2025 во Скопје полициски службеници ги лишија од слобода Р.Д.(30) и М.Ј. (39), двајцата од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 став 1 од КЗ. На 19.05.2025 во СВР Скопје е пријавено дека од црквата “Св. Спас” во Сопиште, скопско, биле одземени предмети. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје и сторителите се откриени и лишени од слобода на територија на ...

На 26.05.2025 во 17.59 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во поликлиника на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Излезено е на местото на настанот и извршен бил службен разговор со лекар, при што е констатирано дека при преглед, кој бил претходно закажан, Љ.М.(61) изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на ...

Сопругата на Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд , Цветанка Сиљаноска Костадиновска, од граѓанскиот суд Скопје , денеска беше избрана за апелациски судија. Аргументите на Судскиот совет беа дека се работи за долгогодишен судија, доктор на науки , со неколку напишани трудови . Костадиновски во изјава за ТВ 24 рекол дека воопшто не влијаел на изборот на неговата сопруга која 25 години е судијка во Граѓанскиот суд и дека за изборот биле ...

– Наместо 250 евра субвенции за електронски уреди за секој студент, 3,6 милиони денари за бизнис класа, за министерот за култура и веселата дружина; – Наместо странски инвестиции, поттикнување од 3,5 милиони евра на тазе отворена шивачница сместена во подрум; – Наместо мерит систем, унапредување на судии од периметарот, ама оној домашниот; – Наместо носење на реформски закони, промовирање на корупција каде трансферот од една партија во друга се ...

Франција би можела да се соочи со сериозен недостиг на буџетски средства до 2027 година доколку не се преземат итни мерки за ограничување на јавната потрошувачка, предупреди францускиот Државен ревизорски суд. Во вчерашниот извештај на ревизорите, кој го пренесуваат денеска француските медиуми, како главна причина за зголемениот дефицит се наведуваат широките социјални програми. Само во 2024 година, социјалниот фонд забележал дефицит од 15,3 ...

На почетокот од академската 2024/2025 година, премиерот Мицкоски и функционерите од власта најавија дека секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди, наводно како дел од стратегијата за задржување на младите во државата. Ова ветување беше промовирано со голема медиумска кампања и претставено како значаен поттик за студентската популација. После донесувањето на Буџетот за 2025 година во декември и наводното ...

Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи и од денес стапува на новата функција. Ангелов, како што информира ќе работи на обединување на ЦУК и на ДЗС во една институција, како стратешка заложба на Владата за воспоставување на современ и ...

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин на Регионален пат Велес – Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23 годишниот Ѓ.О. од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39 годишниот К.З.од Скопје. Во несреќата нема повредени лица, информира утрово ...

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 3:06 часот наутро по локално време во Грција во Коринтскиот Залив, според податоците од Атинскиот геодинамички институт. Силен земјотрес од 4,8 степени што беше регистриран во Коринтскиот Залив беше почувствуван и во Атика, пренесува „Катимерини“. Во соопштението на Атинскиот геодинамички институт се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 13 километри југоисточно ...

Лепа Брена, иконата на балканската музичка сцена, не само што со години ги полни салите и арените, туку денес е една од најбараните пејачки и за приватни настани – свадби, родендени и луксузни прослави. Но, доколку сте помислиле да ја ангажирате за вашата свадба или семејна веселба, подобро е прво да ја проверите состојбата на вашата сметка. Според информации од извори блиски до нејзиниот тим, Брена наплаќа меѓу 30.000 и 40.000 евра за појава на ...

Пејачката Сара Јовановиќ, позната како Сара Јо, повторно е во центарот на вниманието на јавноста. Таа моментално ужива на Малдиви со пријателки, а со жешка фотографија во костим за капење привлече огромно внимание на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial) На фотографијата, фокусот беше ставен на нејзиниот бујен изглед, што предизвика бројни реакции и коментари. Сара не се воздржува да го покаже ...

Најновата студија на Британскиот центар за истражување на ракот во Велика Британија (CRUK) предупреди дека се очекува бројот на случаи на меланом во земјата да се зголеми оваа година, при што тој почесто ќе се јавува во пределот на градниот кош кај мажите, додека кај жените е почест на долните екстремитети, објавија денес британските медиуми. Според анализата на Центарот, четири од 10 случаи на рак на кожа кај мажите се јавуваат на торзото, ...

Ако барате природен начин за ублажување на симптомите на ПМС и менструалните грчеви, чајот направен од растението познато и како женска мантија може да биде ваш сојузник. Alchemilla vulgaris, вирак или женска мантија е повеќегодишно растение од фамилијата Rosaceae. Во народната медицина е позната како „женска билка“ бидејќи се користи за ублажување на разни тегоби поврзани со менструалниот циклус и репродуктивниот систем. Богат е со соединенија ...

„Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили на веб сајтот: www.eurogirlsescort.com, каде биле постирани телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ, како и фотографии со експлицитна содржина“, велат од ОЈО за поднесеното обвинение против неколку лица за организрање проституција во Скопје. Обвинетите го ...

Нема повредени по оружениот инцидент што се случил вчеравечер во Тетово, кога кон куќа било пукано од автоматско оружје околу 21 часот и 15 минути. Во СВР Тетово било пријавено дека ова се случило на улица „111“ во населбата „Теќе“. – Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер, од автоматска пушка пукале во куќата сопственост на М.Т. од Тетово и истите веднаш се дале во бегство. Веднаш било постапено во однос на пријавата ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека СДСМ ќе даде поддршка на сите прифатливи решенија за одблокирање на евроинтеграцискиот процес. Тој во интервју за 360 степени повтори дека мора да се искористат сите механизми да се откочи патот: „Мора да ги искористат сите механизми и рековме ќе дадеме поддршка за било кој предлог којшто ќе биде поприфатлив за нас. Еве, направивме ние тоа што можевме во тој момент и тоа беше максимумот“, рече ...

Просечната бруто-плата во март во Србија изнесувала 148.652 динара, просечната нето-плата, односно плата без даноци и придонеси, изнесувала 108.013 динари, објави денес Заводот за статистика на Република Србија. Растот на бруто- и нето-платите во периодот јануари – март 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесуваше 11,2 проценти, односно 6,4 проценти во реалност. Во споредба со истиот месец минатата година, ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 % во однос на одлуката од 19.05.2025 година. Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на ...

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија. Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа. Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во насока на тоа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, додека, за ...

Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција. Согласно ...

Видео на кое се гледа како првата дама Брижит Макрон му удира шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон бргу стана вирално, а социјалните мрежи се преполни со теории. Целиот свет шпекулира дали ова бил вистински удар или шега меѓу сопружниците. 🚨 Breaking French President #Macron's wife slaps him in face pic.twitter.com/Ye9BGDqg84 — Backchod Indian (@IndianBackchod) May 26, 2025 Пристигнувањето на францускиот претседател во Ханој, ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, Во периодот од 2017 до 2024 година, тој во својство на градоначалник на општина Кичево, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општина Кичево постои ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина за време на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин. „Не знам што му е. Што по ѓаволите му се случи? Убива многу луѓе. Не сум среќен поради тоа“, им рече Трамп на новинарите на аеродромот во Мористаун, Њу Џерси, додека се подготвуваше да се врати во Вашингтон. Трамп ги даде овие забелешки како одговор на ...

Brend

7 минути - Скопје Инфо
-
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
32%
1024
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
42%
1026
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
39%
1026
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
37%
1025
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.51
25%
1025
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
0.51
60%
1027
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.6
35%
1022
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
29%
1022
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
30%
1023
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.6
37%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
43%
1025
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
43%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976