Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски, во изјавата за Локално.мк. -Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски ...
Не знам како ни се наметна тезата дека однесувањето на власта зависи од состојбите во опозицијата. Демек е „нормално“ да упропастиш цела ИПАРД програма, да дозволиш, заради гласовите на Орце да ти ја понижуваат министерка од сопствената партија, да поставуваш противуставни повереници, и да се расправаш со ЕУ, со речник под секое ниво. Состојбата во опозицијата не може и не смее да биде алиби за неодговорноста на власта. Бидејќи одговорноста ...
На 10.11.2025 во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот ...
Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица за незаконит лов, а едно од лицата е осомничено и за убиство од небрежост. На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од ...
“Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста. Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за секој проект. Ова значи дека сите оние кои ...
Индустрискиот сектор во Македонија се соочува со сериозен предизвик по најавите дека две големи американски компании, „Aptiv“ и „Dura Automotive Systems“, ќе ги затворат своите фабрики. Нивното заминување директно влијае врз пазарот на трудот, бидејќи заедно вработуваат над илјада лица. Клучни детали за заминувањето: „Aptiv“ (електронски компоненти): Компанијата најави постепено намалување на обемот на работа и прераспределба на ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала ...
Овој лек помага при лечењето на артритис, остеоартритис, болки во грбот и се што има врска со коските, зглобовите и мускулите. Кога модерната медицина не помага, најдобро е да се свртиме кон народната. Ако ја прашате вашата баба, што да правите кога имате болки во зглобовите, ќе ги го предложи рецептот од магична мешавина. Има верување дека овој лек ги подмладува коските за 20 години. Доколку ве боли грбот, чуствувате тежина во нозете, и ...
На 10.11 2025 во 08:41 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во с.Узем, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.А.(54) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час на место каде со сообраќаен знак дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. По целосно ...
Почина Рајко Шерифовиќ, музичар и татко на Марија Шерифовиќ. Рајко Шерифовиќ почина по кратко и тешко боледување. Последен пат Рајко се појави јавно на концертот на Марија Шерифовиќ во март оваа година. Рајко го гледаше концертот на својата ќерка од првиот ред, а во еден момент дури и ѝ наздрави. Во тоа време, Марија не криеше колку е горда на него и фактот дека тој седел на нејзиниот концерт заедно со нејзината мајка, Верица Шерифовиќ. – ...
Одлуката да се стопираат средствата од ИПАРД 3 Програмата поради неодамнешниот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го вклучи алармот на јавноста но и донесе неизвесност во аграрот, еден од најважните стопански сектори во државата. Економистите што 24инфо.мк ги контактираше велат дека ова е удар како за земјоделството, така и за репутацијата на Македонија во Брисел. „ИПАРД 3 е програма ...
Современиот начин на живеење, економската несигурност и дигитализацијата се главните причини за порастот на разводи во Подгорица, вели професорот Раде Шаровиќ од Универзитетот во Црна Гора. До средината на октомври годинава биле склучени 739 бракови, а 219 разведени, со уште околу 130 нерешени случаи. Тоа значи дека околу 30 проценти од браковите завршуваат со развод. Минатата година бројките биле уште подраматични – од 750 бракови, 360 биле ...
Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта, велат од СДСМ. „Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ. Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции. Овој мега скандал е показател за систем ...
Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот. Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме сите 400 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници. Нека не ти пишува Луке соопштенија ...
Двочасовна стендап авантура со Надица Петрова во НУ Центар за култура во Крива Паланка. – Актерката Надица Петрова не води на незаборавно патување низ многу шарм, имитации, музика и слатко смеење до солзи. Со препознатливото “себеисмевање”, таа маестрално ги спојува своите хит настапи „Која сум јас“, „Не се курчи“ и нешто сосема ново за добар лифтинг на образите. Два часа чиста забава, хумор и искрена енергија! – најавуваат организаторите. ...
Сериозен корупциски скандал ја потресе земјоделската јавност во Македонија откако надлежните институции открија злоупотреби поврзани со распределбата на европските ИПАРД средства. Според информациите на Обвинителството за организиран криминал и корупција, пет лица се уапсени, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФЗРР). Истражните органи сомничат дека уапсените примале поткуп за да ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ ...
Елена Ѓорѓиевска, пациентка со Кронова болест, починала по две операции на Клиниката за дигестивна хирургија на возраст од само 37 години, а семејството се сомнева на лекарска грешка, објави „Канал 5“. Жената била мајка на две деца. Нејзината снаа Ирена Димовска за телевизијата вели дека Елена починала истиот ден кога ја отпуштиле од болница, а сопругот смета дека тоа е резултат на несоодветно лекување, а додава и дека хирургот што ја ...
Сега што правиме? Се потврдува она што го говорам неколку дена, а тоа е дека е донесена одлука за суспендирање на ИАПРД, а Владата и Министерството за земјоделство се обидуваа да ја сокријат. Суспендирање на ИПАРД имало два пати и тоа само во време кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, во 2011 и сега во 2025 година. Суспензијата е, пред сè, срам за Владата и доказ дека партизацијата, корупцијата и девијантните појави се широко распространета во ...
Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата – инструментот на ЕУ за претпристапна помош за рурален развој, соопшти Министерството за финансии. Оттука објаснија дека одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. „За ваквата одлука истиот ден е известена Европската ...
На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“. Додека многу корисници на „Чет-ГПТ“ и другите четботови веќе бараат помош за сè – од совети за брак и претворање слики од нивните миленици во човечки ликови до пишување професионални е-пораки, ...
Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ, за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми. Ваква е реакцијата на СДСМ, откако претходно денес Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ праша дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството. „Очигледно е дека кога во ...
Мнозинството млади луѓе во Македонија имаат позитивен став кон Европската Унија, но речиси половина не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ, покажува анкетата спроведена во јуни 2025 година од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП Скопје), Европскиот центар за извонредност од Брисел, и германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“, а во соработка со младинската платформа „Студентарија“. ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ...
На денешната прес-конференција, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски ја информираше јавноста дека информациите коишто предходно ги сподели за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни. “Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, ...
Странците кои ги прекршиле сообраќајните правила во Грција повеќе нема да можат да ја напуштат земјата со своите автомобили ако не ја платиле изречената казна. Систем со дигитално поврзување на царината ќе ги проверува сите возила на граничните премини, објави министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу. Министерството е веќе во фаза на имплементација на системот. Царинските органи ќе добиваат информации во реално време врз основа ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Од Министерството посочуваат дека во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа ...
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев изјави дека над 180.000 граѓани од Македонија поседуваат бугарски пасоши, а околу 20.000 нови апликации се моментално во постапка на разгледување од страна на бугарските власти. Во интервју за бугарските медиуми, Ковачев истакна дека оваа бројка покажува „длабоки историски и културни врски меѓу двата народа“, додавајќи дека многумина од апликантите го користат пасошот и како начин да патуваат и работат ...
Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше прегледан повеќе од 30 милиони пати. Снимањето на филмот, кој е едноставно насловен „Мајкл“, беше завршено во мај 2024 година, а филмот првично требаше да биде објавен во април оваа година. Датумот потоа беше поместен за октомври, но беа потребни повторни снимања во јуни, што повторно го одложи ...
Опаѓањето на косата кај некого зависи од генетскиот фактор, кај некого може да биде последица од лоша грижа, а кај некого последица на болест, а сè почесто сме сведоци дека е поврзано и со хормоналниот дисбаланс. Сите оние кои страдале од хормонални нарушувања, знаат дека губењето на косата е еден од најчестите симптоми или последици на нарушувањето. Ова се четирите хормони кои се најмногу поврзани со опаѓањето на косата: Тестостерон ...