На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на мотор удира директно во дете и потоа бега, односно продолжува да вози без воопшто да подзакочи или да го види детето. Според она што го пишува на објавата видеото е снимено на ул. Ферид Бајрам, Бутел 2, од Чаир према Железара. А истото е испратено од читател. “Гледајте што се случува. Нема ни пешачки, шоферите возат ко луди, плус моторџии. Јадно дете!”, стои во ...

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, а се однесуваше на тоа кој ќе понесе одговорност за еколошката катастрофа што се случи во Крива Паланка со излевањето на опасни материи – тешки метали, отрови и цијанид од рудникот Тораница во Крива Река. Во продолжение интегрален текст од ...

Вчера во 10.27 часот на Граничниот премин Богородица, патничко возило „ауди” со српски национални ознаки, ја избегнало граничната контрола, односно без да запре и да му се извршат гранични проверки и царинска контрола, преку лентата за автобуси, остварило влез и се упатило по автопатот во правец кон Скопје. Исто така и од Граничниот премин Евзони – Р.Грција било известено дека возилото на ист начин ја избегнало граничната контрола и на грчката ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.П. (37) од Струмица, поради постоење основи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 27.02.2025 во Струмица, пријавениот кој што управувал патничко возило „мерцедес“ наместо да застане на даден знак на полициски службеници заради легитимирање и контрола, директно се упатил кон нив со возилото, при што удрил еден од полициските службеници, нанесувајќи му ...

Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината. – Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе постапува. Оформен е предмет ОЈО ги повика инспекторите за животна ...

Врз основа на анализата направена од Институтот за јавно здравје на барање на риболовното друштво „Мрена“ од Крива Паланка, водата во реката Крива Река е сериозно загадена и спаѓа во најлошата категорија на загадени води, неупотреблива за било која намена, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Врз основа на стручното мислење површинската вода спаѓа во V класа согласно Уредбата за класификација на ...

На 02.04.2025 во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.И. (43) од Радовиш, поради сомнение дека на 29/30.03.2025 во Радовиш извршил обљуба врз жителка на радовишко. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што била пронајдена зелена растителна материја. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, ...

Јелена Арменска која се врати од лекување во Шпанија по страшниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани, во кој за жал загинаа 59 лица, раскажа за хоророт кој го доживеала кобната ноќ на 16. март и за својот другар, херојот Јован Костадинов од Виница, кој ја спасил. За орталот “Делчево365”, младата Јелена ја раскажа својата потресна приказна. – Хероите, пожарникарите, обезбедувањето и полицајците максимално се трудеа да ги извадат луѓето од ...

Антонио Наумоски, близок пријател на Андреј од ДНК, е скршен од болка по трагедијата во Кочани. Ги истетовира стиховите од хитот на бендот, во кои стои „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и датумот на трагедијата 16.03.2025 година. „Брате мој.. Ова е само еден почеток на многу работи што следуваат… ќе дадам се од себе да го продолжам твојот пат што те правеше најсреќен а тоа е хуманоста! Нема да застанам!!! Болиш! Фалиш! Немам солзи да те ...

Помеѓу повеќе од 180 земји и територии погодени од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за „реципрочна царина“ се и земјите во регионот. Србија ќе подлежи на царини од 37 проценти – највисоки во регионот. Следуваат Босна и Херцеговина, на која и е воведена царина од 35 отсто, Македонија со 33 отсто и Хрватска, која како членка на Европската Унија подлежи на царина од 20 отсто. За Црна Гора, Албанија и Косово се утврдени царини од ...

Полицискиот службеник А.М од Охрид е под истрага за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. МВР, преку Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поднесе кривична пријава против полицискиот службеник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело. Во текот на службените активности на А.М., кога бил ангажиран на обезбедување на вила ...

Новинарот Александар Чомовски, во синоќешното гостување во „Само вистина“, му порача на премиерот дека има пријатели надвор од триаголникот Будимпешта, Белград, Скопје. „Ова нам сега што ни се случи во помошта нема само солидрарност, нема само хуманост, има многу важна детекција која оди по линијата на геостратегијата, а геостратегијата, вели, а и на Mицкоски сакам да му кажам дека имаш пријатели надвор од триаголникот Будимпешта – Белград- ...

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва соопшти дека М.М. (1983), обвинет за кривично дело кражба, по враќањето од судот кој му определил притвор, на пат кон затворот се обесил во полициското комбе, објавија српските медиуми. Обвинетиот бил задржан со лисици, бидејќи по одлуката на судот се обидел да побегне, но пристигнале полициски службеници и го сместиле во полициско комбе. За инцидентот се известени Основното јавно обвинителство и ...

Вчера (02.04.2025) во 15:58 часот, во СВР Скопје од ГОБ „8 Септември“ е пријавено дека кај нив е донесена 68-годишната З.А. од Скопје, која била тешко повредена во сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје. Несреќата се случила кога во жената удрило патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот В.Ј. од Скопје. На повредената жена и биле констатирани тешки телесни повреди, по што веднаш била ...

Платата моја, на Слободан, е 60.000 денари, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма. „Поединци во ВМРО-ДПМНЕ кажуваат дека со 60.000 денари, претседателот на ССМ се луксузира, не знам што прави. За 60.000 денари си ја ставам главата во торба за борба за подобри плати на работниците. Кога видоа дека нема никаков контраефект, кон ССМ и кон мене како ...

Иако е вообичаена заблуда дека можете да јадете неограничени количини здрава храна, калориската содржина на овие намирници не треба да се игнорира. Имено, диететичарот и фитнес тренер Наоми Холбрук предупреди дека претерувањето со одредени здрави намирници може да ги саботира вашите напори за слабеење. Таа ја истакна важноста на квалитетот и квантитетот на храната за одржување на „ситост, здравје и среќа“, но предупреди дека тоа не треба да се ...

Мицкоски очигледно не може да се помири со туѓите успеси. По втор пат неделава се кити со туѓи перја. Откако пред два дена ја најави, денеска се фали со пуштање во употреба на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, претставувајќи ја како негова придобивка и како „нова странска инвестиција“, велат од СДСМ. Според опозициската партија, ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека информациите за оваа компанија се јавно достапни, а и граѓаните памтат. ...

Почитувани браќа и сестри, 1080 на број, колку што има функционери и колку што сме денеска, ви благодарам за поддршката. Следниот пат ќе бидеме 3000, а потоа 30.000! — рече првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, на денешниот протест со цел зголемување на минималната плата на ниво од 500 евра. Трендафилов најави дека повторно ќе ги повика работниците, но и политичките партии, да не добиваат политички поени и сите заедно да застанат зад ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика на воспоставување нов облик на политички и општествен дијалог, кој ќе овозможи дефинирање на долгорочна стратегија за развојот на државата. Тој истакна дека е неопходно да се изгради систем што ќе функционира во следните децении, независно од тоа која партија е на власт, со јасни насоки во клучни области од општественото живеење. Филипче укажа на потребата од темелни реформи во правосудството, ...

Од недела нè очекува пад на температурите и врнежи од снег на планините, информира УХМР. До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела, поради продор на студена воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд, на планините снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе ...

На 02.04.2025 во 00.20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.П. (34) од Крива Паланка. Тој на 01.04.2025 во 22.10 часот на магистрален пат Крива Паланка- Деве Баир со товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. М.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта . Против него ќе биде ...

На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко . Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а ...

Косовската полиција потврди дека доцна синоќа во Качаник, мал град во југоисточниот дел на Косово во близина на границата со Македонија, бил убиен локален полициски началник. Убиството на Мухамет Љика, како што се сомнева, се случило околу 23.00 часот, кога тој влегувал во својот стан. Засега нема информации ниту за сторителот, ниту за мотивите на убиството. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Качаник, но им подлегнал на повредите. Канун ...

Ноќеска во Штип, полициски службеници го уапсиле Е.А.(40) од Штип. Уапсениот Е.А. на 1.4.2025 околу 22.40 часот во Штип со возило „сеат“ удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член ...

Во Крушево наврнал воден талог од 36 литри на квадратен метар изминатите 24 часа, до седум часот, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи. Триесет и два литри на квадратен метар во Маврови Анови, 29 на Попова Шапка, 21 – Демир Капија, 14 – Тетово, Пожаране, Гевгелија, Кавадарци, 13 – Битола, Велес, 12 – Пожар-Радовиш, 11 – Тополчани, 10 – Скопје-Петровец, 9 – Прилеп, Штип, 6 – Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 5 – Претор, ...

Месечината во Бик носи стабилност, сигурност и потреба да уживате во едноставните животни радости. Положбата на Месечината во Бик најмногу ќе им одговара на Бикот, Девицата и Јарецот. Оваа позиција на Месечината ја нагласува емоционалната стабилност, но и потребата од материјална сигурност. Луѓето со Месечината во Бик често се трпеливи, лојални и посветени на семејните вредности. Нивните емоции се длабоки и стабилни, но не сакаат нагли промени ...

Веста за неговата смрт ја потврди ќерка му Мерцедес Килмер, која изјави дека славниот актер починал од пневмонија во вторникот. Инаку, во 2014 година му беше дијагностициран рак на грлото, но како што изјавила неговата ќерка, тој подоцна закрепнал. Килмер последен пат глумеше во Top Gun: Maverick од 2023 година, продолжение на класикот од 1986 година. Килмер кратко се појави во филмот, споделувајќи трогателен момент со Том Круз на екранот. „Само ...

Собранието на Северна Македонија, по двонеделна пауза, синоќа пред полноќ донесе девет закони по скратена постапка. Со 83 гласови „за“ и еден „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоци против јавниот ред по скратена постапка, со којшто се забранува употреба на пиротехника во затворен простор. Со предложениот Закон, за кој не беа поднесени амандмани, се врши интервентна измена во Законот како резултат на трагедијата со пожарот во ...

Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. Како што информира денеска РЦУК – Скопје, пријавено е и поплавување на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
59%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1024
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
55%
1021
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.25
81%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
3.09
83%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.09
55%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
83%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
38%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
53%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
0.89
58%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.75
73%
1016
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60