Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува – 1.962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, природниот прираст е негативен во 66 општини. Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани бројот на живородени деца изнесува 3.380 и е намален за 4.1 проценти. Бројот на умрените ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, ...

Тринаесетгодишник е пренесен во болница со изгореници и поради труење од чад, по пожарот што денеска избувнал во стан во центарот на Скопје. „Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“ – информираа од МВР. Според неофицијалните информации, пожарот избувнал во стан каде детето било оставено само. Додека тоа готвело, случајно се запалиле кујнска крпа или ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предлага референдум за членството на Македонија во Европската унија. Тој вели дека граѓаните треба сами да одлучат дали сакаат да ја плаќаат цената за, како што рече, криминалните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера го слушнавме Христијан Мицкоски, рече: ‘Нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија, подготвени сме да ја платиме цената’. Се поставуваат две прашања: кои се тие отстапки ...

77-годишна српска државјанка е извлечена во несвест од морското подрачје во близина на Ханиоти на Халкидики, во општина Касандра, пренесе ЕРТ. Според соопштението од Пристанишната управа на Неа Мудања, која утрово била известена за инцидентот, 77-годишната жена била пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар Касандра, каде што била констатирана смрт. Второто пристанишно одделение на Неа Мудања при Централната пристанишна ...

Крлежите не се само непријатни паразити, туку и преносители на опасни заболувања, меѓу кои и крлежен менингоенцефалитис (КМЕ). Затоа лекарите и експертите советуваат по секој престој во природа внимателно да се прегледа телото, но откривањето на ситните крлежи честопати е многу тешко. Сепак, постои едноставен трик со паметен телефон кој може значително да ја олесни потрагата, а за него малкумина знаат. Станува збор за функцијата за ...

Познатиот рок-музичар и фронтмен на бендот „Бертут“ (Beartooth), Кејлеб Шомо (33), јавно призна дека е геј преку емотивна објава на својот инстаграм-профил. Пејачот откри дека со години водел тивка битка со самиот себе, а веднаш по него се огласи и неговата сопруга Флер Шомо, со која беше во брак цели 14 години, потврдувајќи дека нивната заедничка приказна е завршена, пишува „Пипл“. Кејлеб реши да стави крај на гласините поврзани со неговиот ...

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен под сомнение дека синоќа ја убил својата невенчана сопруга во Улцињ, а потоа ја запалил куќата каде што живееле. Тој бил повреден во пожарот и бил пренесен во Општата болница во Бар за медицинска помош, а потоа во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица, соопшти полицијата. „Полицијата, за многу краток временски период, го идентификуваше и стави под контрола лицето кое, како што е ...

Numbeo ја рангираше Македонија на 79. место од вкупно 100 држави во светот според Health Care Index by Country 2026, со што земјата се најде меѓу 25-те најслабо оценети држави во однос на здравствената заштита. Според објавените податоци, Македонија има Health Care Index од 55,4 и Health Care Exp, објави 4news.mk Index од 99,3. Индексот е базиран на кориснички искуства и перцепции за функционирањето на здравствениот систем, а не на официјални ...

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Полека но сигруно во Македонија летото и летните температури на воздухот ни започнуваат, и тоа по долг период на нестабилно и ладно време со потпросечни температури на воздухот и со чести врнежи и грмежи како и со појава на планински снег кој го имавме до скоро време во Македонија , регионот и ширум Европскиот Континент. Инаку деновиве во најголем дел од Европа владее многу топол бран од Африка кој условува ...

Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ потврди дека има нова девојка по бурниот развод со Јелена Карлеуша, со која беше во брак 16 години. Извор за српските медиуми открил дека емоциите меѓу нив двајца многу брзо се развиле. „Душко и Нора веднаш се поврзаа. Имаат слична енергија, поминуваат многу време заедно и речиси не се разделуваат“, изјавил изворот за порталот „Директно“. По овие информации, кратко се огласи и самиот Тошиќ, кој изјави: ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, упати сериозни обвинувања кон актуелниот градоначалник Сотир Лукровски, тврдејќи дека тој веќе три недели е на боледување, но наместо да се лекува, бил забележан како пазари во трговскиот центар City Mall Skopje. На денешната прес-конференција, Јакимовски саркастично изјави дека во Македонија се појавила нова медицинска гранка наречена „шопинг-медицина“. „Оваа терапија се ...

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи преку Фејсбук статус упати остри критики до министерката за финансии, обвинувајќи ја дека повторно избегнала соочување во Собранието за реалната економска состојба во државата. „Денес дојдов во Собранието за конечно да се соочиме со министерката за финансии, но таа повторно избега од дебата за реалната економска состојба во државата“, напиша Битиќи. Во објавата, тој ја критикуваше и ...

На 25.05.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот с.Батинци -с.Маркова Сушица, општина Студеничани, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И., удрило во пешакот И.М.(65) двајцата од с.Цветово, општина Студеничани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 25.05.2026 ...

На 25.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 25.05.2026 ...

На 25.05.2026 околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло. Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која ...

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови. Лукаревска потенцираше дека ...

Основниот суд во Кочани закажа судско рочиште за мирење кое ќе се одржи на 26 јуни 2026 година во 11:00 часот. Рочиштето се однесува на кривичниот предмет заведен под број К-165/25, кој е директно поврзан со инцидентите и кршењето на кафуле за време на протестите за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Пред судот ќе треба да се појават Боби Дончев, Андреј Петров, Дејвид Ефремов и други лица. Тие се товарат за материјална штета предизвикана врз ...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од 27.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар) ...

Млад жител на Кочани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на излезот од градот. -На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани, ...

Студија објавена во престижното научно списание „Precision Oncology“ предизвика огромно внимание на социјалните мрежи, откако научници тврдат дека пчелиниот отров успеал да уништи агресивни клетки на рак на дојка за само 60 минути. Според истражувањето спроведено од Harry Perkins Institute of Medical Research во Австралија, главната состојка на пчелиниот отров, наречена Melittin, ја напаѓа мембраната на канцерогените клетки и ги блокира ...

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски е роден во 1949 година во Скопје и зад себе остави богата професионална кариера во новинарството, дипломатијата и државните институции. Новинарската кариера ја започнал во Скопје, а подоцна работел во агенцијата ТАНЈУГ како дописник од Австралија и Јужниот Пацифик, каде активно ја следел македонската дијаспора. Бил и автор на повеќе ...

Германската владејачка коалиција подготвува големи промени на пазарот на трудот, а главниот дел од реформата се однесува на новиот закон за работно време. Планот предизвикува силни реакции од синдикатите и работничките организации, кои предупредуваат на можно намалување на работничките права и дополнителен товар врз вработените, додека претставниците на работодавачите тврдат дека нема причина за паника. Според плановите на владејачката ...

Завчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya ...

На 24.05.2026 во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река”, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната В.М. од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово. На 24.05.2026 во 18:35 ...

Астролошките констелации од вторник, 26 мај, најавуваат сериозен финансиски раст за три хороскопски знаци кои во изминатиот период се соочуваа со парични сомнежи и пресметки. Според астролозите, претстојниот бран на приливи не е резултат на случајност, туку на долготрајни процеси кои конечно доаѓаат до својата завршна и успешна фаза. „Планетите се порамнети така што земската безбедност на Бикот, амбицијата на Лавот и упорноста на Скорпијата ...

Познатиот актер и музичар Драган Спасов Дац, сподели трогателна порака за неговиот починат пријател, Ристе Велков. Драган Спасов Дац, познат македонски актер и музичар, со своите следбеници на социјалните мрежи сподеи тажна објава. Познатиот уметник со своите емотивни зборови предизвика бројни реакции и сочувства на јавноста, збогувајќи се од оперскиот пејач Ристе Велков, и неговиот син, Адам Велков. Тие во четвртокот вечерта загинаа во ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.37
24%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
2.39
38%
1012
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.5
37%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.32
39%
1011
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.62
31%
1011
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
3.27
69%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
3.13
38%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.51
22%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.7
30%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
2.68
41%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
4.02
36%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.13
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.54

Калај

56.77

Злато

137126.15

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36