
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Компанијата „Делез“-Србија продолжува да ја шири својата малопродажна мрежа со отворањето на два нови „Макси“ супермаркети во Параќин и Сомбор. Супермаркетот во Параќин се протега на површина од 500 квадратни метри и нуди голем асортиман на свежо овошје и зеленчук, деликатеси, месо како и Макси пекара. Во оваа продавница се вработени 20 лица, таа поседува самоуслужни каси, а на сите потрошувачи им е достапен и паркинг во делот на Футира рителј ...
„Унилевер“ одржа аукција наречена „Аукција на отпад“ во која беше продаден компир за 100.000 реали. Од компанијата истакнуваат дека според податоците на ООН, Бразил е на десетто место во светот по количината на исфрлена храна. Истражувањето на компанијата покажало дека 8 од 10 бразилци во последниве месеци фрлале храна, како и тоа дека 53% од испитаниците при купувањето избегнувале изгребана, удрена или валкана храна. За да се подигне свеста за ...
Инфлацијата во еврозоната во ноември паднала повеќе од очекуваното приближувајќи се до 2 отсто, пренесува „Бизнис.рс“. Цените во ноември во еврозоната пораснале за 2,4 отсто во однос на истиот месец лани, што е помалку во однос на 2,9 отсто во октомври и помалку од проценката на економистите, пренесува „Блумберг“. Притисоците на цените продолжија да се намалуваат скоро во сите категории, останувајќи на најниско ниво во последните две години. ...
„Нестле“ го претстави новиот асортиман на млеко во прав N3, кој е направен од кравјо млеко збогатено со хранливи материи. Користејќи специјални ензими, „Нестле“ ја намали лактозата, што резултира со пребиотски влакна кои придонесуваат во растот на бифидобатеријата и создавање на цревен миркобиом кај здравите возрасни лица, соопштуваат од компанијата. Компанијата тврди дека е прва во светот што претставува млечен прозвод кој содржи пребиотски ...
„Лидл“ претстави шест нови производи во рамките својата трговска марка под името „Нам ни одговара“. Се работи за асортиман од пилешко месо, за кој е карактеристично тоа што се применуваат високи стандарди при одгледувањето на пилињата. Таквото одгледување ги осигурува високите стандарди во грижата за животните и еколошки одговорната земјоделска пракса, наведуваат од компанијата во својата објава на LinkedIn. Горди сме и среќни што ја ...
Со отворањето на продавницата во Скрожево, близу до Познањ, „Биендронка“ го достигна бројот на 3.500 продавници во Полска. Горди сме што годинава можеме да го најавиме отворањето на 3.500 продавница на „Биендронка“. Концептот на оваа продавница ќе биде заснован на стратегијата за одржлив развој на нашиот синџир. Сакаме да го минимизираме нашето влијание врз животната средина и да ја зголемиме свеста на нашите купувачи за одговорноста за нашата ...
Во месец декември, „Жито Лукс“ ќе ги претстави своите нови интегрални лебови произведени од 100% цело зрно. Овие лебови претставуваат вистинско богатство од хранливи материи, витамини, минерали, диететски влакна и здрави јагленохидрати неопходни за добар метаболизам и топ форма. Мекоста и богатиот вкус ги прават одличен придружник на секој оброк. Им се препорачуваат на луѓето со активен животен стил, спортисти и адолесценти како дополнителен ...
„Амазон“ соопшти дека 100% од нивната амбалажа за достава низ Европа, односно ковертите, вреќите и кутиите, отсега се целосно рециклирачки. Тоа ги вклучува и производите кои ги продава „Амазон“, како и на продажните партнери на трети страни кои ја користат програмата „Фулфимент бај Амазон“ (ФБА). Сите купувачи отсега ќе ги примаат своите нарачки во рециклирачки и флексибилни хартиени вреќи, картонски коверти и картонски кутии. Од „Амазон“ ...
„Нето маркен дисконт“ ја изрази поддршката кон информативната кампања на германската влада за зголемување на свеста за предностите на органската храна. Со оваа кампања, германското сојузно министерство за земјоделство настојува да ја зголеми побарувачката за органска храна, како и дава поголем број на информации за предностите на органската храна за купувачите да можат да донесат одржливи одлуки правејќи промени на своите навики во исхраната. ...
„Кауфланд“ го лансира новиот систем на плаќање во Бугарија, наречен „К-скен“, кој ќе им овозможи на купувачите да ги скенираат своите намирници додека се движат низ продавницата. Скенирањето на артиклите ќе може да се врши преку мобилните телефони на купувачите, пред артиклот да биде ставен во корпата. Потоа, купувачот на самоуслужната каса ќе плаќа со скенирање на посебниот QR код. Единствениот предуслов за користење на оваа услуга е ...
Годинешната берба на компир во ЕУ се проценува на 47,1 милиони тони, пренесува „Политика. Тоа претставува намалување од 1,6 отсто на годишно ниво, наведуваат од глобалната интернет платформа за трговија „Тригде“. Главните земји каде што се произведува оваа земјоделска култура, како што се Белгија и Франција, очекуваат дека бербата на крајот ќе биде поголема од минатата година, при што Белгија предвидува зголемување на приносот од 7,5 %, а ...
Следната година „Шпар“ ќе влезе на пазарот во Узбекистан, пренесува порталот „Њусхаб“, а продажниот синџир на овој пазар ќе биде преставен преку „Корзинка“. Ја купивме лиценцата и ќе го претставуваме „Шпар“ во Узбекистан, изјавила за порталот, Наргис Бајмирзаева, директорка за корпоративен развој на „Корзинка“ Таа додала дека во текот се преговори со компанијата, околу начинот како компанијата може да се развива на овој пазар, како и тоа дека ...
Падот на потрошувачката и слабеењето на светските економии летово, ја забавија германската економија. Бруто домашниот производ во третиот квартал паднал за 0,1 отсто во однос на минатата година, соопштиле од Сојузниот завод за статистика, пренесува „Дпа“. Високата инфлација сѐ уште ги оптоварува купувачите кои за своите пари можат да купат малку и поради тоа многу ја намалиле потрошувачката. Годишната инфлација минатиот месец била 3,8 отсто, ...
На годинешниот Black Friday, хрватските трговци оствариле промет од 76,7 милиони евра, односно за 17,2 проценти повеќе од минатата година, се наведува во извештајот на Даночната управа. Според податоците, на минатогодишниот Black Friday, биле фискализирани 3,96 милиони сметки со вкупна вредност од 65,4 милиони евра. Black Friday е ден кој го означува почетокот на претпразничните купувања ,а карактеристично за овој ден се намалувањата на цените ...
Сто триесет и три мали производители на храна од неживотинско потекло денеска потпишаа договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека целта на договорите,кои се во вкупна вредност од 1,2 милиони евра е да се поддржат малите производители да произведуваат и стават во промет финални македонски традиционални производи. ...
Малопродажниот синџир „Диски“ кој е дел од компанијата „Магнит“, започна со тестирање на електронски цени во своите продавници. Компанијата ќе користи посебни екрани во боја засновани на е-ink технологија, чии батерии ќе биде потребно да се заменуваат само еднаш во пет години, што дополнитено ќе придонесе во нивната исплатливост. Досега електронските цени беа прилично скапа технологија која што ја спречуваше нивната поширока употреба во ...
Стотици илјади тони кафе и какао од складиштата и магацините во Европската унија можат да бидат уништени како непредвидена последица од законот за сеча на шумите кој треба да стапи на сила во јуни идната година. Законот забранува продажба на производи, вклучително и кафе, какао, палмино масло и каучук, кои се од областите каде што се сечат шуми, пренесува „Фајнејшал тајмс“. Интерконтиненталната берза (ИЦЕ) која е една од главните места за ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарсто и водостопанство, Љупчо Николовски ќе ги додели 133 договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство, на малите производители на храна од неживотинско потекло. На настанот свое обраќање ќе има министерот Љупчо Николовски, а пред почетокот на настанот изјава за медиумите ќе дадат министерот Љупчо Николовски и Горан Димовски, тим лидер во IME – Increasing Market ...
„Лилд“ ја претстави новата линија на божиќни џемпери, како и услугата која нуди можност тие да се изнајмат. Компанијата во соработка со апликацијата „Бај Ротејшн“, им овозможува на потрошувачите да изнајмат некои од џемперите, а оваа услуга ќе биде достапна до 31 декември и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за Организацијата за спречување на суровоста кон децата. Нашиот култен божиќен џемпер има многу достапна цена и поради тоа ...
„Крафт Хајнц“ во соработка со компанијата „Бери Глобал“ ги претстави рециклирачки капачиња за нивните шишиња со кечап. Компанијата претходно користела силикон за капачињата, што ги правело потешки за рецилкирање, а отсега ќе користи мономатеријал. Од компанијата посочуваат дека очекуваат на потрошувачите да им се допаднат новите капачиња, затоа што „нема да го спречуваат цедењето и ќе помагаат да се може да се исцеде повеќе кечап кога шишето ќе ...
Компанијата „Амазон“ постигнала договор со поголем број од своите вработени во Шпанија, кои преходно биле спремни да протестираат за повисоки плата и подобри работни услови, се наведува во соопштението на синдикалната група „ЧОО“ и „Амазон“. Со тоа „Амазон“ ги намалил последиците од едночасовниот штрајк на денот кој е меѓу најпрометните во целата година, пренесува „Ројтерс“. Првично било планирано 20.000 работници во магацините и дистрибуцијата ...
Потрошувачите во САД потрошиле 7,5% повеќе пари на годинешниот Black Friday во споредба со претходната година. Потрошувачката на годинешниот Black Friday достигнала рекордни 9,8 милијарди долари, што е показател дека е зголемена спремноста на потрошувачите да издвојат повеќе пари во однос на минатата година, кога цената на горивата и храната биле повисоки, се наведува во извештајот на „Адобе аналитикс“. Водечкиот аналитичар за „Адобе дигитал ...
Кампањата „Добро утро- разбудете го денот“ на компанијата „Дијамант“ е замислена со желба на креативен и интересен начин да ги запознае различните целни групи со новосите во развојот на брендот Dobro jutro, како и да го поттикне доброто расположение од рано наутро. „Дијамант“ како регионален лидер во прехранбената индустрија за масло, трпезен маргарин и мајонез, посебно вниманеи посветува во иновациите во порфолиото и уапредување на производите. ...
Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија, соопштуваат од АД „Алкалоид“, Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина. Вработените на компанијата, ...
Голем дел од зеленчукот што се конзумира во Германија доаѓа од странство, а најголемиот дел доаѓа од Шпанија и Холандија, соопштуваат од Федералниот институт за храна и земјоделство од Бон. Односот варирал во зависност од зеленчукот, при што 83 отсто од увозот на краставиците доаѓа главно од две земји, пишува „Сибиз“. Според количината, во Германија минатата година како главен зеленчук кој бил увезен биле доматите. Тие биле увезени од Холандија ...
Од компанијата „П&Г“ истакнуваат дека сонот има клучна улога во физичкиот и емотивниот развој на предвремено родените бебиња, и поради тоа Pampers ги претстави најмалите пелени на светот кои ќе им обезбедат мирен сон. Со донирање на 25. 000 од овие пелени во болниците низ Србија, Pampers настојува да му обезбеди на секое предвремено родено бебе да има пристап до овие пелени кои се посебно креирани за да ги поддржат нивните развојни потреби. ...
„Меркатор“ отвори нов продажен објект во рамките на Шопинг центарот „Вема“ во Високо. Продажниот објект кој е од премиум концепт, се протега на површина од 650 квм и нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи квалитетно овошје и зеленчук, пекарски и деликатесни производи, основни намирници, пијалоци, слатки, како и голем број на производи за нега и хигиена. Посебно место во асортиманот заземаат локалните производи претставени во рамките на ...
Над 70 членови на менаџмент тимот на „Нелт“, учествуваа во акцијата Срце на терен, и го поминале работниот ден со своите колеги и колешки од дистрибуцијата и синџирот на снабдување. Оваа актиновност во „Нелт“ се организира веќе 6 годни и им нуди можност на вработените од различни позиции да се обидат во нови улоги, да ги запознаат колегите на терен и да се запознаат со предизвиците со кои ти се соочуваат како и да разменат искуства од работата ...
Клучното издание за FMCG-секторот очекувајте го во декември. Специјалното издание MUST HAVE е годишно издание на InStore и на Кликер маркетинг. MUST HAVE е препорака и презентација на најсилните FMCG-брендови на македонскиот пазар, кои задолжително треба да се најдат на полиците во маркетите. Со MUST HAVE се зголемува видливоста на производите: Присуството меѓу најдобрите и најсилните брендови во специјалното издание, значи поголема видливост ...
Владата на Србија ја усвои Уредбата за задолжително производство и продажба на леб од брашно „Т-500“, која има за цел да го заштити пазарот и да спречи нарушувања во формирањето на цените на оваа стока и со која се утврдува максималната малопродажна цена на овој вид леб, како и производствената цена. Со тоа, максималната малопродажна цена на брашното „Т-500“ е 54 динари, односно производствената цена од 46,31 динари, додека вкупната стапка на ...