
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Сто триесет и три мали производители на храна од неживотинско потекло денеска потпишаа договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека целта на договорите,кои се во вкупна вредност од 1,2 милиони евра е да се поддржат малите производители да произведуваат и стават во промет финални македонски традиционални производи. ...
Малопродажниот синџир „Диски“ кој е дел од компанијата „Магнит“, започна со тестирање на електронски цени во своите продавници. Компанијата ќе користи посебни екрани во боја засновани на е-ink технологија, чии батерии ќе биде потребно да се заменуваат само еднаш во пет години, што дополнитено ќе придонесе во нивната исплатливост. Досега електронските цени беа прилично скапа технологија која што ја спречуваше нивната поширока употреба во ...
Стотици илјади тони кафе и какао од складиштата и магацините во Европската унија можат да бидат уништени како непредвидена последица од законот за сеча на шумите кој треба да стапи на сила во јуни идната година. Законот забранува продажба на производи, вклучително и кафе, какао, палмино масло и каучук, кои се од областите каде што се сечат шуми, пренесува „Фајнејшал тајмс“. Интерконтиненталната берза (ИЦЕ) која е една од главните места за ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарсто и водостопанство, Љупчо Николовски ќе ги додели 133 договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство, на малите производители на храна од неживотинско потекло. На настанот свое обраќање ќе има министерот Љупчо Николовски, а пред почетокот на настанот изјава за медиумите ќе дадат министерот Љупчо Николовски и Горан Димовски, тим лидер во IME – Increasing Market ...
„Лилд“ ја претстави новата линија на божиќни џемпери, како и услугата која нуди можност тие да се изнајмат. Компанијата во соработка со апликацијата „Бај Ротејшн“, им овозможува на потрошувачите да изнајмат некои од џемперите, а оваа услуга ќе биде достапна до 31 декември и средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за Организацијата за спречување на суровоста кон децата. Нашиот култен божиќен џемпер има многу достапна цена и поради тоа ...
„Крафт Хајнц“ во соработка со компанијата „Бери Глобал“ ги претстави рециклирачки капачиња за нивните шишиња со кечап. Компанијата претходно користела силикон за капачињата, што ги правело потешки за рецилкирање, а отсега ќе користи мономатеријал. Од компанијата посочуваат дека очекуваат на потрошувачите да им се допаднат новите капачиња, затоа што „нема да го спречуваат цедењето и ќе помагаат да се може да се исцеде повеќе кечап кога шишето ќе ...
Компанијата „Амазон“ постигнала договор со поголем број од своите вработени во Шпанија, кои преходно биле спремни да протестираат за повисоки плата и подобри работни услови, се наведува во соопштението на синдикалната група „ЧОО“ и „Амазон“. Со тоа „Амазон“ ги намалил последиците од едночасовниот штрајк на денот кој е меѓу најпрометните во целата година, пренесува „Ројтерс“. Првично било планирано 20.000 работници во магацините и дистрибуцијата ...
Потрошувачите во САД потрошиле 7,5% повеќе пари на годинешниот Black Friday во споредба со претходната година. Потрошувачката на годинешниот Black Friday достигнала рекордни 9,8 милијарди долари, што е показател дека е зголемена спремноста на потрошувачите да издвојат повеќе пари во однос на минатата година, кога цената на горивата и храната биле повисоки, се наведува во извештајот на „Адобе аналитикс“. Водечкиот аналитичар за „Адобе дигитал ...
Кампањата „Добро утро- разбудете го денот“ на компанијата „Дијамант“ е замислена со желба на креативен и интересен начин да ги запознае различните целни групи со новосите во развојот на брендот Dobro jutro, како и да го поттикне доброто расположение од рано наутро. „Дијамант“ како регионален лидер во прехранбената индустрија за масло, трпезен маргарин и мајонез, посебно вниманеи посветува во иновациите во порфолиото и уапредување на производите. ...
Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија, соопштуваат од АД „Алкалоид“, Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина. Вработените на компанијата, ...
Голем дел од зеленчукот што се конзумира во Германија доаѓа од странство, а најголемиот дел доаѓа од Шпанија и Холандија, соопштуваат од Федералниот институт за храна и земјоделство од Бон. Односот варирал во зависност од зеленчукот, при што 83 отсто од увозот на краставиците доаѓа главно од две земји, пишува „Сибиз“. Според количината, во Германија минатата година како главен зеленчук кој бил увезен биле доматите. Тие биле увезени од Холандија ...
Од компанијата „П&Г“ истакнуваат дека сонот има клучна улога во физичкиот и емотивниот развој на предвремено родените бебиња, и поради тоа Pampers ги претстави најмалите пелени на светот кои ќе им обезбедат мирен сон. Со донирање на 25. 000 од овие пелени во болниците низ Србија, Pampers настојува да му обезбеди на секое предвремено родено бебе да има пристап до овие пелени кои се посебно креирани за да ги поддржат нивните развојни потреби. ...
„Меркатор“ отвори нов продажен објект во рамките на Шопинг центарот „Вема“ во Високо. Продажниот објект кој е од премиум концепт, се протега на површина од 650 квм и нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи квалитетно овошје и зеленчук, пекарски и деликатесни производи, основни намирници, пијалоци, слатки, како и голем број на производи за нега и хигиена. Посебно место во асортиманот заземаат локалните производи претставени во рамките на ...
Над 70 членови на менаџмент тимот на „Нелт“, учествуваа во акцијата Срце на терен, и го поминале работниот ден со своите колеги и колешки од дистрибуцијата и синџирот на снабдување. Оваа актиновност во „Нелт“ се организира веќе 6 годни и им нуди можност на вработените од различни позиции да се обидат во нови улоги, да ги запознаат колегите на терен и да се запознаат со предизвиците со кои ти се соочуваат како и да разменат искуства од работата ...
Клучното издание за FMCG-секторот очекувајте го во декември. Специјалното издание MUST HAVE е годишно издание на InStore и на Кликер маркетинг. MUST HAVE е препорака и презентација на најсилните FMCG-брендови на македонскиот пазар, кои задолжително треба да се најдат на полиците во маркетите. Со MUST HAVE се зголемува видливоста на производите: Присуството меѓу најдобрите и најсилните брендови во специјалното издание, значи поголема видливост ...
Владата на Србија ја усвои Уредбата за задолжително производство и продажба на леб од брашно „Т-500“, која има за цел да го заштити пазарот и да спречи нарушувања во формирањето на цените на оваа стока и со која се утврдува максималната малопродажна цена на овој вид леб, како и производствената цена. Со тоа, максималната малопродажна цена на брашното „Т-500“ е 54 динари, односно производствената цена од 46,31 динари, додека вкупната стапка на ...
Претставници на „Нестле“-Србија во присуство со официјални претставници од градот и пријатели на компанијата, како и претставници на медиумите засадиле млади дрвја и со тоа симболично го најавија почетокот на досега наголемата акција за засадување дрвја, која ја организира компанијата во Србија трета година по ред. Годинава со помош на партнерите и граѓаните кои се приклучуваат на акцијата преку наградната игра, компанијата се спрема за ...
Норвешката економија забележува намалување и во третиот квартал влезе во рецесија со заостанување на побарувачката за гас во странство, покажале статистичките податоци, пренесува „В92.“ Во периодот од јули до септември, норвешкиот БДП се намалил за 0.5 отсо во однос на преходните три месеци, кога бил забележан истопроцентен пад. Во првите три месеци годинава бил забележан пораст за 0,2 отсто, што значи дека Норвешка во третото тромесечие ...
Во моментов светот има залихи на шеќер за 68 дена за да ги задоволи потребите. Ова е голем пад во однос на 106 дена, кога резервите почнаа да се намалуваат во 2020 година, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство (USDA), кои ги пренесе „Еуроњуз“. Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) предупредува пад на глобалното производство на шеќер од два проценти за сезоната 2023-24, во споредна со ...
Во период од 23 ноември од 17 декември, „Лидл“-Србија и годинава во соработка со Црвениот крст-Србија, ја спроведува кампањата „Малите дела се големи“. Во рамките на кампањата купувачите ќе имаат можност да купуваат препорачани артикли од понудата на „Лидл“ во сите продавници низ Србија и да ги донираат за најзагрозените граѓани. Покрај тоа, „Лидл“ ќе донира и опрема во вредност од 1.800.000 динари за потребите на програмата за народни кујни на ...
Нови правила за купувачите во Германија кои ќе се однесуваат на повратната амбалажа ќе почнат да се применуваат од 1 јануари, а со нив е предвидено да се зголеми бројот на производи за кои ќе треба да се плаќа кауција, пренесуваат германските медиуми. Новата уредба ќе се однесува на пијалаците, како и на 50% од млекото, јогуртот и ќефирот кои се продаваат во пластични шишиња. За мешаните млечни производи на трговските марки од „Алди“, „Лидл“, ...
Над 1000 работници во дистрибутивниот центар на „Амазон“ во Ковентри, најавија штрајк на Black Friday, во знак на протест поради нивните плати и уловите за работи, а се очекува на прекинот на работата да се приклучат и вработени во компанијата во САД, Германија и Италија. Синдикатите кои ги застапуваат работниците во „Амазон“ соопштија дека вработените во компанијата биле уморни од „врзување на крај со крај“ и најавуваат дека со штрајкот ќе се ...
Јованка Јолеска Поповска, претседател на надзорен одбор на Прокредит Банка ПроКредит Банка на македонскиот пазар е основана пред 20 години, како германска гринфилд-инвестиција, без спојувања или преземања на други банки. По повод јубилејот, разговараме со Јованка Јолеска Поповска, претседател на Надзорниот одбор на банката. Во дводецениското работење на македонскиот пазар ПроКредит Банка има преземено неколку пионерски чекори. Кој, според Вас, ...
Тони Дурам е еден од водечките светски стручњаци во FMCG-индустријата, долгогодишен директор во „Проктер&Гембл“(P&G). Тој е познат и признат експерт за психологија и однесување на купувачите, кој за првпат го пренесе своето богато знаење на 9 FMCG SUMMIT 2023. Во интервјуто за InStore, Дурам зборуваше за психологијата на потрошувачите во време на инфлација и кои се клучните алатки што компаниите може да ги искористат за да влијаат врз ...
„Е.Леклер“ постави соларни панели на кровот на својата продавница во Љубљана, објави компанијата на социјалните мрежи. Соларните панели не значат само извор на енергија, туку тие испраќаат и јасна порака: заедно да градиме зелена иднина, стои вo објавата на Фејсбук профилот на компанијата. Од компанијата потенцираат дека панелите значително ќе придонесат во нивните напори во врска со одржливоста како и во намалувањето на влијанието на ...
Успешните трговци на мало се студенти по историја и мајстори на нивната уметност. Тие создаваат стратегија наместо да ги следат другите, особено кога се соочуваат со бранови на макроекономски настани и предизвици во индустријата. Извор: „Керни“, www.co.kearney.com Пред неколку години се користеше хиперболата „малопродажна апокалипса“ за да се опише состојбата на голем број трговци што се соочуваа со банкрот. Различни фактори ги доведоа до ...
Шесте тренда можат да бидат на различни нивоа на зрелост во малопродажната индустрија, но секој е значаен и може да биде погубен доколку не се земе предвид. Извор: „Керни“, www.co.kearney.com Имајќи ги предвид лидерските карактеристики, „Керни“ следи шест макропотрошувачки трендови што трговците на мало треба внимателно да ги следат. Иако не е мудро стратегијата да се заснова само на нив, овие предизвици треба да бидат во срцето на нивното ...
Компанијата „Импакт Рисајклинг“ отвора погон за рециклирање во Дурам, благодарејќи на инвестицијата од „Нестле“ -OK & Ирска, вредна 7 милиони фунти. Новиот погон ќе преработува флексибилна пластика која обично се користи за пакување на храна. Во овој случај, тоа се пакувањата од чоколата Kit Kat, вреќичките за храна од асортиманот на „Пурина“, ќесите од житарици и другиот пластичен отпад кој ќе се собира во големите супермаркети и ќе биде ...
Финскиот „С груп“ го укинува својот најстар и најголем асортиман од приватната марка Rainbow. Асортиманот ќе биде заменет со производите „Коп“ познати во другите нордиски земји по својот квалитет и цени, соопштуваат од компанијата и додаваат дека производите од Rainbow нема целосно исчезнат, туку ќе бидат ставени во асортиманот на „Коп“ под нивниот бренд. Ова е историска промена, затоа што Rainbow играат важна улога во секојдневниот живот на ...
„Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2020“ од винарија „Камник“ доби национален трофеј и е прогласено за најдоброто вино од Македонија на вториот саем „Винска визија на Отворен Балкан“. Винаријата „Камник“ на саемот доби вкупно 18 награди, од кои и 7 златни, 7 сребрени и 2 бронзени медали за селектирани црвени, бели и оранж вина од целосниот асортиман. Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2020 ја доби наградата Best of Show – North ...