На 19 август трговскиот синџир „Киппер“ го отвори својот најнов маркет во скопската општина Студеничани, на улицата Јустинијан Први. Ова е 155. објект во нивната малопродажна мрежа. Новиот маркет се простира на 400 м² продажен простор, со дополнителни 25 м² магацински и 150 м² паркинг-простор, овозможувајќи удобно и практично купување за жителите на Студеничани. Со 2 наплатни каси и тим од 7 вработени, објектот располага со асортиман од 1.440 ...

Трговскиот синџир „Шпар“ започнува соработка со Австриската пошта (Österreichische Post AG), во рамки на која пред повеќе од 100 продавници на „Шпар“ ќе бидат поставени поштенски пакетомати. На овој начин, граѓаните на Австрија ќе можат да ја комбинираат набавката на прехранбени производи со преземање или испраќање пакети, се наведува во соопштението на компанијата. Можноста што повеќе обврски да се завршат на едно место е практична, заштедува ...

Компанијата „Карслберг“ соопшти дека ќе го отвори својот прв глобален центар за ИТ способности (IT Global Capability Centre – GCC) во Гуруграм, Индија. Овој центар претставува клучна пресвртница во глобалниот процес на дигитална трансформација на „Карслберг“, потврдувајќи ја Индија и особено Гуруграм како значаен технолошки и иновативен хаб за идниот раст, се наведува во соопштението на компанијата. Новиот центар во Гуруграм ќе обезбедува ИТ ...

Светските цени на прехранбените производи останале главно непроменети во август, бидејќи зголемувањата на цените на месото, шеќерот и растителните масла ги надоместиле падовите на цените на житарките и млечните производи, се наведува во новиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Индексот на цени на храна на ФАО, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на храната, во август изнесувал ...

Во Хрватска, цените на добрата и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачки цени, според првата проценка на Државниот завод за статистика (ДЗС), во август 2025 година биле во просек повисоки за 4,1% во однос на август 2024 година, а во однос на јули 2025 година, односно на месечно ниво, за 0,1%. Гледано според главните компоненти на индексот (посебни агрегати), проценетата годишна стапка на промена изнесува за услуги ...

Трговците во Обединетото Кралство секоја година губат повеќе од 146 милиони фунти поради застарени технички системи и недоволна усогласеност со целите за намалување на емисијата на јаглерод диоксид, покажува истражување на компанијата „Митсубиши електрик“. Најголемите загуби произлегуваат од застарена опрема што трошува големи количини енергија и ги зголемува трошоците за работење. Иако осум од десет менаџери во малопродажбата сметаат дека ...

Компанијата оствари нето-добивка од 158 милиони евра во првата половина од финансиската 2025 година, во споредба со 167 милиони евра една година претходно. Приходите на групацијата во периодот изнесуваа 7,5 милијарди евра, во споредба со истиот период лани кога достигнаа 6,6 милијарди евра. Во првата половина од 2025 година, европскиот сегмент на „Арла фудс“ оствари зголемување на приходите од 10,9% на 4,2 милијарди евра, што е првенствено ...

Трговскиот синџир „Алби“, кој работи во рамките на компанијата „НС Боми“, отвори нова продавница во Ваљево, на адреса Љубостињска, бр. 14. Објектот, кој се простира на површина од 1.000 квадратни метри, на потрошувачите им нуди 1.500 артикли, меѓу кои производи од домашни и странски брендови. Во продавницата се вработени девет луѓе, кои ги услужуваат купувачите на две каси. Пред објектот се обезбедени 30 паркинг-места за потрошувачите. Ова е ...

Шведската влада планира да го преполови данокот на додадена вредност (ДДВ) за храна на 6% во предлог-буџетот за 2026 година, со цел да им помогне на домаќинствата и да ја зајакне економијата, изјави премиерот Улф Кристерсон. Вицепремиерката Еба Буш изјави дека намалувањето на ДДВ ќе биде привремено, од април 2026 година до декември 2027 година. Предлог-буџетот ќе биде доставен до парламентот на 22 септември. Се очекува да вклучува намалување на ...

Стијепан Петровиќ е назначен за нов директор на одделот за јаки алкохолни пијалаци и кафе во „Кока-Кола ХБЦ Адриа“. Петровиќ ја почна својата кариера во „Кока-Кола ХБЦ Адриа“ во 2010 година како лидер на продажен тим, а оттогаш извршувал голем број менаџерски позиции во продажбата и трансформацијата на бизнисот. Силата на нашите брендови ни дава доверба во понатамошен силен пораст и уште поуспешно работење. Верувам дека ќе постигнеме уште ...

Шведската влада планира да го преполови данокот на додадена вредност (ДДВ) за храна на 6% во предлогот за буџетот за 2026 година за да им помогне на домаќинствата и да ја зајакне економијата, објави премиерот Улф Кристерсон. Вицепремиерката Еба Буш изјави дека намалувањето на ДДВ ќе биде привремено, од април 2026 година до декември 2027 година. Предлогот за буџетот ќе биде доставен до парламентот на 22 септември. Се очекува да вклучува ...

Мојца Домитер е назначена за членка на Управата на „Атлантик група“ задолжена за човечки потенцијали и култура, што претстваува сериозна поддршка за Управниот одбор во спроведувањето на корпоративната стратегија и за идниот развој на компанијата. На седницата која се одржа на 4 септември, Надзорниот одбор на „Атлантик група“ донесе одлука за назначување на нови членови на Управата и Комисиите на Надзорниот одбор, како и за избор на Заменик ...

Компаниите од FMCG-секторот што размислуваат визионерски ја активираат моќта на технологијата за да создадат поголема вредност и да го зголемат приходот. Извор: „Керни“, www.co.kearney.com Од економскиот бум по Втората светска војна и периодите на брза експанзија, па сè до консолидацијата, преминот кон е-трговија, дигиталните дисрупции и подемот на трендот за здравје и благосостојба – индустријата на FMCG-производи постојано се соочува со ...

Малопродажбата во еврозоната се намалила за 0,5 проценти во јули во споредба со претходниот месец, што е повеќе од пазарните очекувања. Во Европската Унија, продажбата исто така се намалила за 0,4 проценти, покажуваат официјалните податоци на Евростат. Пазарните очекувања за еврозоната прогнозираа месечен пад од 0,3 проценти во јули. Најголемиот пад на обемот на продажба е забележан во продажбата на моторни горива во специјализираните ...

Трговскиот синџир „Гомекс“ продолжува со проширување на малопродажната мрежа со отворање нови продавници во Младеновац и во Ужице. Маркетот во Младеновац (на фотографијата) се наоѓа на улицата Крал Петар, бр. I 91 и е уреден според најсовремените стандарди. Со својот прегледен распоред и модерна опрема, овој објект им нуди пријатно искуство на купувачите, додека за услугата се задолжени седум вработени. Новиот маркет во Ужице, на адреса Крал ...

Австриската компанија „Мареси“, со седиште во Виена и дел од австриската групацијата „Виватис“, дополнително ги проширува своите меѓународни операции и стекнува 70% удел во хрватската компанија „Салвиа“. „Мареси“, како што е наведено во заедничкото соопштение, има долгогодишно искуство во дистрибуцијата на прехранбени и непрехранбени брендови во Австрија и регионот на Централна и Источна Европа. Компаниите се согласија да не ги откриваат ...

Здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на македонско вино, упатува апел до сите политички партии и останати чинители во изборниот процес, да не ги злоупотребуваат лозарите, винарниците и темите поврзани со состојбите во лозарството и домашната винска индустрија, како начин за привлекување гласачи. Последниот ваков пример доаѓа од опозициската партија СДСМ, која токму во предизборниот период ...

Трговски синџир „Сеинсберис“ почна со осумнеделно тестирање на технологија за препознавање лица во продавниците во Сиденхам, Лондон и во Бат. Целта на тестот е да се спречи криминалот и насилното однесување во продавниците. Технологијата, обезбедена од компанијата „Фејсвоч“, ќе идентификува лица поврзани со насилни или криминални дејства во продавниците. Системот издава предупредувања ако се пријавени активности од други продавници или корисници ...

Компанијата „Тинекс“ го претстави својот нов концепт на маркети под брендот „Конто“, дизајниран за практични и рационални потрошувачи кои бараат едноставност, брзина и економичност при пазарувањето, без компромис со квалитетот. Новите маркети претставуваат симбиоза на дисконтен модел и современо пазарување. НА потрошувачите им се достапни добро познатите брендови и актуелни производи од сопствениот увоз на Тинекс по атрактивни цени Во сите ...

„Лидл“ официјално ја почна изградбата на својот најнов маркет во општина Аеродром, којшто ќе биде со модерна архитектура и одржливи технологии. Новиот малопродажен објект ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со продажен простор од 1.200 квадратни метри, а за дополнителна погодност на потрошувачите, локацијата ќе има и 57 паркинг-места. Ова е уште еден клучен чекор во планот за проширување на компанијата и нејзината мисија да ги ...

Компанијата „Превози мачек“ ја отвори својата прва франшизна продавница, партнер на „Шпар“, во општина Шентјур. Продавницата во Шентјур е 14. партнерска продавница на „Шпар“ отворена годинава и 43. продавница во партнерската мрежа на трговецот. Новата франшизна продавница, сместена на Местни плоштад 4, се протега на вкупно 200 квадратни метри и има модерен изглед на продавницата „Шпар“. Четири вработени се грижат за пријатно искуство при ...

Од понеделник, 1 септември, повеќе од 28.000 вработени во продавниците на „Алди“ во Велика Британија добија зголемување на платата. Во јули, „Алди“ објави дека ја зголемува платата за продавачите од 12,75 фунти на час на 13,00 фунти на час од 1 септември. Сега ја зголеми дополнително на 13,02 фунти на час за да ја задржи својата позиција како лидер во секторот, при што стапката се зголемува на 13,95 фунти на час со должина на работен стаж. Ова ...

Во услови на продолжена економска неизвесност, инфлација и ограничени семејни буџети, потрошувачките навики на македонските граѓани бележат значајни промени. Иако ниската цена и понатаму претставува клучен мотиватор за купување, таа сè почесто се комбинира со други критериуми при носењето одлука: стабилен квалитет, потекло на производот, транспарентност, брендирање, како и достапност и доверба во продавницата. Пишува: Елена Лалевска Илиев, ...

Компанијата ДТЛ ги отвори вратите на новиот маркет „Арома“ во Колашин, на улицата Бошко Рашовиќ. На површина од повеќе од 1.000 квадратни метри, потрошувачите имаат избор од разновиден асортиман на прехранбени и непрехранбени производи. Како што соопштуваат од компанијата, новиот објект носи и многу придобивки што го олеснуваат купувањето и го прават попријатно. Купувачите можат да паркираат во гаражата и директно со лифт да стигнат до ...

„Крафт-Хајнц“ соопшти дека Управниот одбор едногласно го одобрил планот за поделба на две независни компании. Како што се наведува во соопштението на компанијата, целта на поделбата е да се поедностави структурата и да се подобри ефикасноста при распоред на ресурсите, во согласност со стратешките приоритети на секоја од новите компании. Првата од двете компании, чии имиња ќе бидат одредени подоцна, е „Global Taste Elevation Co“ – глобален лидер ...

Десетта година по ред, компанијата традиционално обезбедува слободен ден за сите вработени чии деца тргнуваат во прво одделение во основно училиште. Покрај слободниот ден за вработените, компанијата им подари и ранци со училиштен прибор и опрема на учениците од прва година. Особено сме горди што ја негуваме оваа традиција веќе една деценија, што нè прави препознатливи како компанија која навистина се грижи за своите луѓе. Сакаме да им кажеме на ...

Малопродажниот синџир „Меркатор“ повторно ја отвори својата продавница Пољанска во Љубљана по реновирањето. Според компанијата, продавницата е „освежена во ретро стил“ и реновирана за уште попријатно искуство при купувањето. Ја проширивме понудата на оброци „за носење“, додадовме нови сендвичи, ладни пијалаци и слатки производи. Деликатесите и пекарницата сега им се достапни на потрошувачите преку систем на самопослужување, објави компанијатана ...

Индустриското производство во јули годинава е зголемено за 4,1% во споредба со јули лани и за 3% во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период од минатата година, објави Државен завод за статистика. Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, имаат одделите за производство на електрична опрема со 15,3%, машини и уреди, неспоменати на друго место со 4,6% и на ...

„Данон“ – Северна Америка објави значителна инвестиција во фабриката за јогурт во Минстер, Охајо, со цел зголемување на производствениот капацитет и задоволување на растечката побарувачка за јогурти богати со протеини и хранливи материи. Мултимилионската иницијатива вклучува проширување од 4.460 квадратни метри, инсталација на нова производствена линија и подобрувања на постојните капацитети, што ќе создаде 30 нови постојани работни места во ...

Приватните трговски марки на трговците повеќе не заостануваат - тие преземаат. Низ цела Европа синџирите на малопродажни брендови се шират и по удел и по важност, потпомогнати од структурните, политичките и потрошувачките повратни ветрови во грб. Додека брендовите на производителите се соочуваат со сè поголеми предизвици, трговците тивко ги преобликуваат правилата за вредност, достапност и доверба. Има седум причини зошто брендовите на трговците ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
79%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.49
77%
1025
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
89%
1024
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
76%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225