Директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова, денеска соопшти дека во земјава се активни околу 80.000 компании, а за 40 отсто бил зголемен бројот на оние кои поднесуваат електронски сметки. Според Стамнова, сѐ помала е тендензијата на бизнисот за работање со документи во хартиена форма. Имаме зголемување на бројот на отворени, наспроти затворени компании. Евидентен е интересот кај бизнисот за дигитализирано, електронско работење, ...

„Анхајзер Буш“ ги објави планови за преземање на мнозински удел во компанијата „Битбокс“, една од најбрзорастечките брендови во категоријата RTD (Ready To Drink). Како што компанијата наведува на својот официјален сајт, ќе преземе 85% удел во „Битбокс“ за максимална купопродажна цена од околу 490 милиони долари, со можност да се премине на 100% сопственост по пет години, според однапред утврдена формула. Трансакцијата подразбира регулаторно ...

Извозот на Кина во ноември веројатно повторно преминал во раст по неочекуваниот пад во октомври, бидејќи производителите побрзале да ја испорачаат стоката користејќи го новото примирје во царинската војна со САД. По договорот постигнат кон крајот на октомври, по наглото зголемување на тензиите меѓу двете најголеми светски економии, Доналд Трамп и Си Џинпинг се согласија да ги намалат царините и да паузираат со дополнителни мерки. Поради тоа ...

„Амазон“ најави удвојување на своите инвестиции во Индија. Во сите свои активности во Индија, компанијата планира до 2030 година да инвестира повеќе од 35 милијарди долари (30,1 милијарда евра), откако досега веќе вложиле речиси 40 милијарди долари, пренесе француската агенција „АФП“. Целта е да се зголеми извозот, да се отворат нови работни места и да се инвестира во вештачка интелигенција во најнаселената земја во светот, соопшти „Амазон“. ...

Според податоците на „Алианз Трејд“, во последните десет години во Германија најмногу компании пропаднале од малопродажниот сектор. Од август 2024 до август годинава, во стечајна постапка влегле 2.490 компании од малопродажниот сектор. Гијом Дејеан, аналитичар во „Алианз“, оценува дека консолидирањето на домашниот пазар на малопродажба ќе продолжи, но со побавно темпо. Трендот на забавување стана видлив во последните месеци, додаде тој. На ...

Компанијата „Лидл“ - Србија најави отворање на втора продавница во Смедерево, на адреса Црвена армија, 64џ. Првата продавница „Лидл“ во Смедерево беше отворена во 2018 година, на самиот почеток на нашето работење во Србија. Во текот на претходните седум години, внимателно ги слушавме потребите на потрошувачите, а отворањето на втората продавница во овој град е потврда на довербата што секојдневни ни ја укажуваат купувачите, изјави Марија ...

„Арла“ ќе инвестира скоро 70 милиони шведски круни (шест милиони евра) во својата млекарница во Фалкенберг за да ја прошири производството на свежо сирење Keso, пренесува „Фудбев“. Фабриката во Фалкенберг произведува околу 60 видови сирење за шведскиот и меѓународниот пазар, од декември 2024 година работи без фосилни горива и годишно преработува околу 130 милиони килограми млеко од локални фарми. Во фабриката се вработени околу 130 лица. ...

Националната платформа за следење на цени во трговските синџири е достапна за сите граѓани на Србија, овозможувајќи јасен увид во неделните ценовници на 27 малопродажни синџири опфатени со Уредбата за посебни услови во трговијата. Преку платформата, потрошувачите можат да го следат движењето на цените во текот на времето, да ги споредуваат понудите на различни трговци и полесно да ги најдат најповолните производи, што претставува важен чекор ...

Трговскиот синџир „Фама“ од Випава отвори нов логистички центар во индустриската зона Гојаче со површина поголема од 4.000 квадратни метри, кој ќе ги снабдува купувачите на приморјето и низ Словенија. Компанијата моментално има 135 вработени, од кои 35 во логистичкиот центар, а 100 во продавниците и управата. Се очекува оваа година да ја завршат со околу 30 милиони евра приходи, а за оваа инвестиција се предвидени 550.000 евра. Логистичкиот ...

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам, рече дека е избран модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за ...

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам, рече дека е избран модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за ...

Компанијата Wolt, која во Македонија почна со работа од први април годинава, го објави својот Извештај за алгоритамска транспарентност, кој открива како технологијата зад апликацијата го обликува секојдневното корисничко искуство, ги поддржува партнерите и луѓето за достава и поставува високи стандарди за одговорно користење на вештачката интелигенција. Извештајот за 2025 година покажува напредок во персонализацијата и ефикасноста на услугите ...

Празничната сезона е време за радост, подароци и вкусни моменти со најблиските. За вашето празнично пазарување да биде уште поедноставно и поубаво, „Тинекс“, заедно со мрежата на „Конто“ маркети„ и Mastercard, подготвија посебна кампања што ќе ви овозможи брзо, практично и иновативно пазарување – токму онака како што заслужуваат празниците. Со посветеност на постојано подобрување на купувачкото искуство, „Тинекс“ инвестира во модерни решенија ...

Виртуелните купувачки агенти (ВИ-агенти) веќе одлучуваат што ќе купуваат потрошувачите. За трговците, успехот во овој контекст значи нивната продавница секогаш да биде првиот избор за тие агенти. Извор: „Керни“, www.co.kearney.com Купувањето без вистинско пазарење е веќе тука. Потрошувачите им ја префрлаат задачата да одберат и да купат производи на ВИ-агентите – тие предвидуваат потреби, споредуваат опции на повеќе платформи и го завршуваат ...

„Теско“ ги прераспределува продажните зони во своите големи хипермаркети со цел да ја зајакне релевантноста на овој формат. Сезонскиот непрехранбен асортиман има клучна улога во привлекувањето купувачи и поттикнувањето импулсивна куповина. Трговецот ја применува успешната британска стратегија на вредност, секојдневно ниски цени и ексклузивни „Клубкард“ понуди и на словачкиот пазар. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар ...

Европската унија ги зголеми стандардите за производство на џемови и мармалади, така што купувачите наскоро ќе можат да најдат производи со значително поголема содржина на овошје на полиците на трговските синџири. Наместо досегашните 35 проценти, производителите ќе мора да користат најмалку 45 проценти овошје во обичните џемови. Барањата за екстра џемовите се уште построги, наместо 45 проценти, отсега ќе треба да се додава најмалку 50 проценти ...

Европската комисија ја одобри понудата од 36 милијарди долари (30,90 милијарди евра) на компанијата „Марс“ за преземање на компанијата „Келанова“, беше откако во јуни беше покрената детална истрага за преземањето поради загриженост во врска со конкуренцијата. Како што пренесува „Ројтерс“, Комисијата заклучила дека предложената трансакција нема да предизвика загриженост за конкуренцијата во Европскиот економски простор. Преземањето на ...

„Теско“ ги прераспределува продажните зони во своите големи хипермаркети со цел да ја зајакне релевантноста на овој формат. Сезонскиот непрехранбен асортиман има клучна улога во привлекувањето купувачи и поттикнувањето импулсивна куповина. Трговецот ја применува успешната британска стратегија на вредност, секојдневно ниски цени и ексклузивни „Клубкард“ понуди и на словачкиот пазар. Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар ...

Првиот пробиотски јогурт на домашниот пазар Balans + ја препознава клучната улога на младите лекари во едукацијата за здрави навики. Balans +, како бренд кој долги години ја промовира важноста на здравите навики и грижата за целокупното здравје, оваа година го поддржи меѓународниот Симпозиум на млади лекари, настан што обедини повеќе од 150 млади доктори од земјава и угледни медицински предавачи. Симпозиумот понуди богата програма исполнета ...

„Шпар“ – Словенија донираше финансиски средства за Пожарникарскиот сојуз на Словенија за проекти за привлекување и вклучување на млади пожарникари. Веќе третта година по ред „Шпар“ ја покажува својата поддршка за словенечкото пожарникарство и преку Пожарникарскиот сојуз на Словенија издвојува 50.000 евра за развојот на младите пожарникари. Со овие средства ќе се поддржи натпреварот „Херои на иднината“, преку кој Пожарникарсиот сојуз ќе избира ...

Глобалната кондиторска групација „Фереро“ ќе инвестира 140 милиони евра во трансформација на својата фабрика за сладолед „Ајс крим фактори комакер“ (ИЦФЦ) во Алсира, Валенсија, пренесува списанието „Есм“. Според соопштението на компанијата испратено до шпанските медиуми, инвестицијата ќе служи за објектот да се претвори во европски технолошки центар на „Фереро“ за развој на сладолед, што ќе доведе до прекин на производството на приватни ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4 000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2 500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност. Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на ...

Трговскиот синџир „Идеа“ повторно ги отвори вратите на реновираната продавница „Идеа супер“ во Тиват, на адреса Кава бб, во рамки на автобуската станица. Отворањето на реновираната „Идеа“ продавница во Тиват значи дека нашите купувачи сега имаат широка, модерно уредена продавница со богат, разновиден и внимателно одбран асортиман, практично сè што им е потребно на едно место. Горди сме што можеме да понудиме широк спектар производи, од ...

Во следните две години Македонија ќе добие нов погон за автоматско селектирање на отпадот од пакувања, кој ќе има доволно голем капацитет за да го процесира отпадот од пакување од Скопје и блиските околни градови, најавува „Пакомак“. Погонот, односно фабриката за селектирање отпад, ќе има можност да ги доселектира (секундарно селектира) веќе примарно селектираната пластика и лименки од ПВМ и жолтите контејнери на „Пакомак“ во кои што се ...

Владата може привремено да го ограничи вршењето трговија во точно наведени случаи, преку пропишување соодветни мерки, гарантирани со репресивниот државен апарат. Во последните неколку години, особено после пандемијата со Ковид-19, но и економските турбуленции во државата и светот, ваквата практика на инстантно донесување одлуки за ограничувања и забрани на одредени дејствија на трговците, стана секојдневие. Пишува: Доц. д-р Орде Ѓорѓиоски, ...

Побарувачката за храна и оброци во единечни порции продолжува да ги менува FMCG-секторот и малопродажниот пејзаж во Европа. Околу 40 проценти од европските домаќинства денес се составени од самци без деца. Тоа е убедливо најголемиот и најбрзорастечки тип на домаќинство. Покрај овие демографски промени, потрошувачите имаат сè помалку време, а купувачите сè повеќе ги ставаат погодноста, свежината, контролираните порции и намалувањето на отпадот ...

На Црн петок, 28 ноември, трговците во Хрватска остварија промет од 106,8 милиони евра, издавајќи малку повеќе од 5,1 милион сметки, според податоците на Даночната управа од системот за фискализација. На минатогодишниот Црн петок, фискализирани се 5.043.350 сметки, со вкупна вредност од 101,3 милиони евра, што значи дека бројот на сметки се зголемил за 0,5%, а износот на сметките за 5,5%. Податоците од Даночната управа покажуваат и дека во ...

Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа 25. генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на членките, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава. Во рамките на годишното собрание, за член на Одборот на директори на AmCham по вторпат беше ...

На втората редовна седница на Народното собрание на Република, одржана на 3 декември 2025 година, усвоени се законите: Закон за официјални контроли и Закон за органско производство. Законот за официјални контроли воведува систем на проверки што ќе се спроведуваат низ целиот синџир на производство на храна во земјата, според принципот од нива до трпеза, како и систем на контрола на увезената храна. Клучната новина се однесува на фактот дека ...

Еден од најголемите светски производители на пиво е во преговори за аквизиција на компанијата „Бит бокс бевериџис“, која е позната по брендот алкохолни пијалаци на база на овошје и чаеви. Брендот BeatBox, кој бележи забрзан пораст, продал 380.000 пакувања во 2020 година, додека до 2022 година таа бројка пораснала на речиси два милиони. До крајот на 2025 година се очекува BeatBox да дистрибуира повеќе од 12 милиони пакувања, што го прави ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
8.75
75%
1010
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
70%
1017
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
1.78
88%
1019
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1004
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1010
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
97%
1009
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
76%
1021
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

49.78

Алуминиум

3.06

Родиум

339190.38

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Цинк

3.37

Кобалт

64.04

Бакар

12.10

Паладиум

56617.46

Платина

83354.78