Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Компанијата „Имлек“, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата „Имлек“ работи и „Бимилк“, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. „Бимилк“ останува составен дел од „Имлек“ и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет. За купопродажбата постигнато е финансиско и оперативно ...
„Жито маркети“ го отвори својот нов маркет на ул. Борис Трајковски бр.7 (кај споменикот Алексо Демниевски – Бауман) во Велес. Отворањето привлече голем број посетители, а со овој објект компанијата ја продолжува својата стратегија за проширување на малопродажната мрежа во државата. Новиот објект располага со повеќе од 300 м² продажен простор, внимателно уреден по најнови стандарди за удобност, практичност и јасна навигација низ категориите. ...
Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари, соопштуваат од Сојузот на синдикати. Податоците на Сојузот на синдикати кој ја изработува синдикалната минимална кошница покажуваат дека за храна и пијалоци се потребни 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари. Во споредба со октомври кога за минимални месчени трошоци биле потребни 65.544 денари има ...
Агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“, го спроведе истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2025-та година” за кое е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,150 активни потрошувачи. Агенцијата 9-ма година по ред прогласува ТОП 3 преферирани синџири на маркети и 6-та година по ред Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија. Во истражувањето се прогласуваат и категориите како ...
Трговскиот синџир „Кауфланд“ започна со тестирање на целосно нов концепт во своите продавници, медицински кабини во кои купувачите можат да добијат здравствено советување преку видеоврска. Првата таква кабина е отворена во продавницата на „Кауфланд“ во градот Мосбах, а проектот се реализира во соработка со медицинската групација „Сана Мвз“. Кабината е поставена веднаш на влезот во продавницата и функционира така што купувачот едноставно се ...
Босна и Херцеговина во 2024 година забележа најголем раст на прометот во е-трговијата во Европа, дури 117% во однос на претходната година. Извештаите на „Екомерц“ и „Еурокомерц“ наведува дека земјата е на врвот на листата поради комбинација од реално забрзување на онлајн купувањето и подобра методологија на мерење, пишува BiznisInfo.ba. Во рамки на извештајот утврдено е дека вкупниот B2C e-commerce промет во Европа во 2024 година пораснал за ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека одредени прехранбени производи и пијалаци повеќе нема да подлежат на широките царини што тој ги најави претходно оваа година. Царините, кои првично беа воведени порано во текот на годината, вклучуваа основна стапка од 10% на стока увезена во САД од сите други земји, заедно со дополнителни давачки на одредени производи. Според Трамп, целта на овие царини беше да се ...
„Амазон“ ќе ангажира околу 12.000 сезонски работници во Германија пред зголемувањето на прометот за Блек фрајдеј и Божиќ, што претставува зголемување од околу 3.000 вработени во споредба со минатата година, соопшти компанијата. Повеќето сезонски работници започнале со работа во октомври, додека останатите почнале во ноември. Договорите траат до крајот на годината. Зголемувањето на бројот на вработени делумно е последица на новите логистички ...
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески зеде учество на панел дискусија со наслов „Бизнис и Млади“ која се одржа во рамки на Саемот на бизниси од Пелагонискиот регион „ПЕЛО ФОРУМ 2025“ во Битола. На панел-дискусијата претставници од здруженијата на млади, бизнис секторот, државни и локални институции дискутира за поголемо вклучување на младите во стопанските текови во Пелагонискиот регион, како и предизвиците со кои се соочуваат ...
„Кооп“ – Швајцарија го отвори новиот железнички логистички центар во населбата Хартфелд во Цирих, што ќе му овозможи на малопродажниот синџир да снабдува повеќе од 70 продавници во Цирих преку товарни возови. Преминот од патен на железнички транспорт се очекува да доведе до намалување на емисијата на CO2 за 80% во споредба со исклучиво патен превоз, како и намалување од околу 58.000 камионски превози годишно за снабдување на продавниците во ...
„Кам“ донираше храна за кучињата згрижени во ЈП „Лајка“ во вредност од над 200.000 денари. Со оваа донација сакаме да подадеме рака таму каде што најмногу е потребно – обезбедивме квалитетна храна од брендот Alfie за кучињата згрижени во ЈП „Лајка“, за нивните денови да бидат побезбедни и поспокојни. Веруваме дека вистинската човечност се гледа во малите, но искрени дела. Токму затоа, со оваа поддршка сакаме да потсетиме дека секое суштество ...
Групацијата „Шварц“ најави изградба на нов центар за податоци во Германија вреден 11 милијарди евра, што предизвика пофалби од владата која настојува да ги унапреди ВИ - капацитетите на земјата, пренесува агенцијата „Дпа“. Проектот претставува најголема поединечна инвестиција во историјата на компанијата, изјави Кристијан Милер, ко-извршен директор на дигиталната подружница „Шварц дигитс“. Милер присуствуваше на церемонијата на поставување на ...
Народната банка и Фондот за зелен развој (GGF − Green for Growth Fund) организираат Конференција за климатските ризици и финансиската стабилност, којашто ќе се одржи на 25 ноември во Скопје. Настанот претставува значаен чекор кон унапредување на дијалогот и поддршка на финансискиот сектор во приспособувањето на економијата кон зголемените климатски предизвици. На Конференцијата под наслов „Климатските ризици и финансиската стабилност: справување ...
Во многу компании управувањето со порастот на приходите (RGM) сè уште се смета за домен на „некој друг тим“ - најчесто финансии, аналитика, трејд-маркетинг или продажба. Но, во реалноста RGM не е оддел, ниту проект ниту збир на Excel. Пишува: Кристијан Матијашевиќ, маркетинг-консултант, „Абнормал“, kristijan.matijasevic@abnormal.agency RGM е начин на размислување што мора да ја проникне целата организација - од менаџментот до теренот. RGM е ...
Собранието ги изгласа измените на Законот за данокот на додадена вредност, со кои се укинува даночното ослободување за пратките со мала вредност. Од сега, граѓаните ќе плаќаат 18% ДДВ и за нарачките до 22 евра од популарните онлајн платформи како „Тему“, „Шеин“ и „Али Експрес“. Со 59 гласа „за“ и 12 „против“, пратениците ја поддржаа мерката која директно ќе влијае на цената на производите нарачани онлајн, кои досега беа ослободени од давачки. ...
„Кауфланд“ и оваа година продолжува со кампањата „Без двоумење“, во рамките на која обезбедува финансиска поддршка за 51 доброволно противпожарно друштво (ДПД) низ Хрватска. Станува збор за друштва што делуваат во локалните заедници во близина на секоја од 50-те продавници на „Кауфланд“, како и на логистичкиот центар во Јастребарско, на кои им е придружено по едно партнерско ДПД на кое ќе му биде доделена поддршка во износ од 5.000 евра, односно ...
Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Becutan, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и најхрабри борци – предвремено родените бебиња. Верувајте во вашите мали херои, кои не по своја желба ја започнале животната борба многу порано од своите врсници. Со позитивна мисла и верба тие ќе пораснат во вистински херои“, изјави д-р Станка Танчева-Крстевска, ...
На 16.11.2025 Градскиот Парк во Скопје пулсираше со машки дух, позитивна енергија и спортска мотивација. Речиси 400 велосипедисти – рекреативци, професионалци, татковци, синови и пријатели се приклучија кон четвртото издание на велосипедскиот настан „Пуштам БРК, БРКам здравје“ организиран од dm drogerie markt. Настанот прераснува во убава традиција, чија цел е да ја поттикне машката популација кон поголема грижа за себе и за машкото здравје ...
Дури 2.500 примероци од книгата „Планета Спелта“, која компанијата „Лидл“ ја создаде во соработка со издавачката куќа „ЈРЈ“, ќе пристигнат во предучилишните установи низ цела Србија. Претставници на компанијата „Лидл“ по тој повод ја посетија предучилишната установа „Нашa радост“ во Суботица, на која ѝ беа доделени 500 примероци од „Планета Спелта“. Целта на оваа донација е, како што истакнуваат од компанијата, на најмладите на разбирлив и ...
Цените во земјоделството во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година се намалиле за 3,2 отсто кај растителното производство, а се зголемиле за 3,7 проценти кај добиточното производство, информира Државниот завод за статстика. Анализите покажуваат дека цените во земјоделството во октомври 2025 година, споредени со цените во октомври 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот. Цените во земјоделството во ...
Цените во земјоделството во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година се намалиле за 3,2 отсто кај растителното производство, а се зголемиле за 3,7 проценти кај добиточното производство, информира Државниот завод за статстика. Анализите покажуваат дека цените во земјоделството во октомври 2025 година, споредени со цените во октомври 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот. Цените во земјоделството во ...
Групацијата „Мигрос“ и нејзините и партнери се договорија за зголемување на платите од 0,3% до 0,4% за 2026 година, што е значително повеќе од прогнозираното ниво на инфлација од 0,2%. Договорените зголемувања на платите од 0,3% до 0,4% се многу поголеми од прогнозирана стапка на инфлација од 0,2% за 2025 година. Тоа значи дека вработените во групацијата „Мигрос“ по четврти пат по ред остваруваат реален раст на платите. Ова ќе ја зајакне нивната ...
Европската комисија (ЕК) покрена антимонополска истрага за да процени дали компанијата за енергетски пијалаци „Ред бул“ незаконски ја ограничувала конкуренцијата во рамките на категоријата, пренесува „Фудбев“. Истрагата е значајна затоа што претставува прва официјална истрага на ЕК за можната злоупотреба на позицијата на управување со категорија од страна на добавувач со цел да се ограничат или доведат во неповолна положба конкурентски ...
„Атлантик група“ спроведува сеопфатна обнова на постројката за полнење на минералната вода Donat во Рогашка Слатина. Реконструкцијата на најстариот дел беше завршена во септември, а вградувањето на новата производствена линија ќе биде завршено во април 2026 година. Извршната директорка на деловниот сектор „Донат“, Дарја Тержан, ја процени инвестицијата на повеќе од 10 милиони евра, пренесува Словенечката прес-агенција. Обновата на постројката ...
Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет. Одговорајќи на новинарски прашања, Ристески најави зголемување на глобите за непочитување на ...
„Пени“- Романија, дел од германската групација „Реве“, го отвори својот петти логистички центар во местото Михаилешти, во рамки на инвестицијата вредна 35 милиони евра, пренесува „Есм магазин“. Овој објект претставува значаен чекор напред во посветеноста на компанијата на оперативна ефикасност и одржливост, бидејќи е првиот логистички центар во неговата мрежа што функционира целосно без греење на гас. Новиот магацин со површина од 22.000 ...
Трговскиот синџир „Волмарт“ соопшти дека неговиот Одбор на директори го избрал Џон Фарнер за наследник на Даг Макмилон на функцијата претседател и извршен директор на компанијата. Фарнер ќе ја преземе функцијата следната година на 1 февруари. Фарнер беше претседател и извршен директор на „Волмар“-САД од 2019 година, надгледувајќи го најголемиот оперативен сегмент на компанијата и повеќе од 4.600 продавници. Својата кариера во „Волмарт“ ја ...
Компанијата „Гомекс“ во Бачка Паланка нова продавница, „Гомекс Авала“ на адреса на адреса Бранко Радичевиќ 142а, што претставува и трет продажен објек на компанијата во овој град. Продавницата е осмислена за секојдневните потреби, со прегледен распоред, внимателно одбран асортиман и работно време прилагодено на навиките на потрошувачите во овој дел од градот, се наведува во соопштението на компанијата. Новиот објект вработува девет членови на ...
„Жито Лукс“ ја проширува својата категорија на нутритивни лебови 100% цело зрно со нов производ. Новата екстензија 100% цело зрно е збогатена со чија и киноа. Овие лебови се направени од целосно интегрално брашно кое се добива со мелење на целото зрно пченица. Интегралното брашно ги содржи сите делови од зрното: обвивка, срцевина и никулец поради што е богато со хранливи влакна, минерали, витамини, јаглехидрати, протеини и незаситени масни ...
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде ...