Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Роберт Левандовски ги постигна своите први два гола во МЛС лигата и го предводеше Чикаго Фајер до победа од 2-1 над Шарлот. Полскиот напаѓач пристигна во Чикаго од Барселона ова лето, а на своето деби пред домашните навивачи веднаш покажа зошто е доведен. Шарлот прв поведе со голот на Пеп Биел, кој постигна гол по асистенција од Идан Токломти. Левандовски израмни во 20-та минута со спектакуларен удар од далечина, а во 68-та минута го ...
Три години по периодот на сериозни удари врз проиранските вооружени групи, сојузниците на Техеран повторно го зајакнуваат своето присуство на Блискиот Исток, со што Иран го обновува своето регионално влијание во конфронтацијата со САД и Израел. Таканаречената „Оска на отпорот“, мрежа на вооружени групи поддржани од Исламската Република, значително ослабе по израелската воена реакција на нападот на Хамас во 2023 година и последователните ...
Струмичките пожарникари утринава извлекоа мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Спасувачката акција започнала околу 5:15 часот, кога екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица добила повик и веднаш се упатила кон местото на несреќата. Пожарникарите употребиле специјална спасувачка опрема и успеале безбедно да ги извлечат двете лица од провалијата. По интервенцијата, ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше крајно незадоволен од пристапот на своите играчи во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши 2-2. Португалецот остро го критикуваше тимот за опуштеноста што доведе до нерешен резултат, пишува „goal.com“. Реал влезе во вториот дел со предност од 2:1, а претходно пропушти неколку шанси што можеа да го решат натпреварот порано. Сепак, во продолжението од натпреварот, ...
Ѕвездите за денес носат силни емоции, важни одлуки и можност за нови почетоци. Некои хороскопски знаци ќе се соочат со болката од минатото и ќе ја претворат во лична сила, додека други ќе добијат шанса да ги подобрат љубовните односи, кариерата или сопствената самодоверба. Овен Време е да расчистите со луѓето кои повеќе не носат позитивна енергија во вашиот живот. Направете простор за оние што вистински ве исполнуваат. Во љубовта покажете ...
Криминалната мрежа „Фокстрот“, која шведските и европските безбедносни служби ја поврзуваат со серија убиства и напади, разви модел во кој тинејџери се регрутираат преку интернет и се користат како извршители на нарачани ликвидации, пишува Би-би-си. Според анализи на европските истражители, мрежата од 2022 година се поврзува со околу 35 убиства, како и со повеќе напади и обиди за напади врз израелски цели во Европа. Еден од случаите што го ...
Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода и сопствена држава. Во него се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата што преку АСНОМ ги постави темелите на современата македонска државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тој е сведоштво за истрајноста, пожртвуваноста и непоколебливата волја на народот да живее достоинствено и слободно. Крушевската Република остави порака што и денес има силно ...
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во Илинденското послание порача дека трите Илиндена претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Тој оцени дека слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачувува. Во пораката се наведува дека Илинден од 1903 година го означил востанието за слобода, АСНОМ од 1944 ...
Три лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија што синоќа се случи во ресторан во центарот на Москва. Иако првичните информации на социјалните мрежи упатуваа на истекување на гас, руските истражители соопштија дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа. Според руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет, жена се обидела да внесе експлозивна направа во ресторанот, но била запрена од ...
По повод 2 Август – Илинден, Државниот архив објави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, кои сведочат за борбата, идеалите и жртвата на илинденците. „На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на ...
Украински беспилотни летала во текот на ноќта меѓу саботата и неделата нападнале неколку руски региони, при што била погодена нафтена рафинерија во Саратов, а мета била и воената воздушна база кај Енгелс, пренесуваат руските и украинските медиуми. Жители на Саратов и Енгелс пријавиле експлозии, а според првичните информации, во кругот на рафинеријата во Саратов избувнал пожар на две локации. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка по повод 2 Август – Илинден. Во честитката, Мисајловски порача дека Илинден е нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. „Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планираниот нов бран воени напади врз Иран е ставен во мирување поради, како што наведе, напредок во насока на постигнување дипломатски договор. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп изјави дека прекинот на нападите е условен со брзо постигнување договор. Тој посочи дека американските сили биле подготвени да извршат напади „со полна сила“, но дека Иран и други земји од регионот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август – Илинден. Во честитката, Сиљановска-Давкова посочи дека на Илинден 1903 година македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република, а во 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници. „Низ крвавите страници на тешката историја, ...
Европа се соочува со суша од големи размери поради повеќемесечниот недостиг на врнежи, високите летни температури и вториот екстремен топлотен бран за само еден месец. Според проценките на експертите, економските штети од сушите и жештините до 2029 година би можеле да достигнат дури 126 милијарди евра годишно. Последиците веќе се чувствуваат низ целиот континент. Од април до јуни, од Португалија до јужна Финска, се регистрирани значително ...
Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја. Годинава се навршуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната прослава традиционално ќе се одржи во Крушево. Чествувањето ќе започне со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на „Слива“, по што ќе биде одржана панихида во храмот ...
Украина влезе во нова фаза од нападите врз руската енергетска и транспортна инфраструктура, проширувајќи ги операциите од нафтените рафинерии и складишта кон поморската логистика во Црното и Азовското Море. Според украински извори, по повеќе од две години напади врз руската нафтена индустрија со цел да се наруши снабдувањето на руската армија и економија, дроновите сега сè почесто ги таргетираат танкерите, товарните бродови, влечните бродови ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги обвини дел од европските влади дека во кризата со мигрантите во Сеута реагираат водени од „предрасуди, лажни вести, незнаење или политички интереси“. Во писмо упатено до раководството на европските институции, Санчез ја оцени реакцијата на дел од партнерите на мигрантската ситуација во шпанската автономна енклава како „себична, поларизирачка и незаконска“ и побара итен состанок на министрите за внатрешни ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп и други високи американски функционери да помогнат да се добие одобрение од Илон Маск за користење на сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“ при насочување украински напади врз цели на руска територија. Барањето за проширување на употребата на „Старлинк“ доаѓа во момент кога Киев бара алтернативи за намалување на зависноста од американските ...
Израелските власти проценуваат дека Иран би можел да изведе балистички ракетен напад врз земјата дури и доколку израелската армија не учествува во најавените засилени американски напади врз Иран, објави израелскиот Канал 12, повикувајќи се на неименуван извор. Според истиот извор, Израел е ставен во „највисок степен на борбена готовност“ поради можноста од ескалација на конфликтот. Иранскиот портал Iran International претходно објави дека ...
Водечкиот американски генерал во Европа, Алексус Гринкевич, предупредил дека американската морнарица нема доволно капацитети за долгорочно да продолжи со одбраната на Израел од балистички ракети, што открива колку војната со Иран ги оптоварила воените ресурси на САД. Гринкевич, командант на Европската команда на американската војска (EUCOM), во интерна комуникација со Пентагон посочил дека без дополнителен разурнувач, американската војска ќе ...
Жителите на кримскиот град Масандра, кои поради украинските напади останаа без електрична енергија, чекаат во ред за топол оброк што се подготвува на улица, јавува „Ројтерс“. Во градовите низ Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година, во текот на летото има проблеми со снабдувањето со гориво и електрична енергија поради украинските напади врз електрани и друга инфраструктура. Храната за жителите на Масандра се подготвува во ...
Италијанското Министерство за здравство издаде црвен метеоаларм за понеделник за речиси сите поголеми градови во земјата поради новиот топлотен бран што ја зафаќа Европа. Од вкупно 27 поголеми градови, само Реџо ди Калабрија и Месина нема да бидат под највисокото, трето ниво на предупредување. Во сите останати градови се очекуваат екстремно високи температури што можат да претставуваат ризик и за здрави луѓе, а не само за ранливите ...
Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен со недопрена природа, кристално чисти извори и мирна атмосфера, овој ресторан нуди совршен спој на традицијата, автентичната македонска кујна и природната убавина. Уште со првиот чекор, гостите ги пречекува амбиент ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека Иран никогаш досега не се соочил со американски претседател како Доналд Трамп, кој, како што рече, презема конкретни чекори наместо само да испраќа пораки. „Мислам дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Трамп, со некој што навистина презема конкретни чекори. Последните 20 или 30 години беа навикнати да им се толерираат лагите, прекршувањето на договорите и измамите ...
По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им добро здравје, мир, благосостојба и просперитет. Во својата порака, Проданоски истакна дека Илинден претставува најсветлиот симбол на македонската борба за слобода, правда и државност, нагласувајќи дека овој празник ги обединува двата клучни историски ...
Компанијата на американскиот претседател Доналд Трамп од денеска почнува да ја нуди услугата „Truth API“, со која инвеститорите и трговците на Волстрит ќе можат за 100.000 долари месечно да добиваат ултрабрз пристап до неговите објави на платформата Truth Social. Според францускиот медиум France 24, услугата им овозможува на претплатниците да ги добијат објавите за економската политика, царините, војните и другите глобални настани веднаш ...
Во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, Општина Чаир организира Недела на учење пливање за деца, која ќе започне на 15 август. Програмата е бесплатна и има за цел децата да ги совладаат основните техники на пливање, истовремено поттикнувајќи здрави животни навики и физичка активност. Наставата е наменета за деца од следните возрасни групи: 7–8, 9–10 и 11–12 години. Групите ќе бидат мешани (девојчиња и момчиња), со максимум 30 ...
Американските амбасади во неколку престолнини на Блискиот Исток ги повикаа американските државјани да бидат внимателни и подготвени за евентуално заминување поради можност од „непредвидена ескалација“ на регионалниот конфликт. Безбедносното предупредување било објавено од американските мисии во Каиро, Аман, Ерусалим и Багдад. Во него се наведува дека Американците во регионот треба да размислат за напуштање на областа или да бидат подготвени ...
Шумски пожари денеска беснеат во повеќе делови на Грција, вклучително и во близина на Атина, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето и евакуацијата на загрозеното население. Грчките власти издадоа предупредувања за опасност од пожари во неколку области во регионите Атика и Евиа. Од вчераутро низ земјата се пријавени повеќе од 70 шумски пожари, а високите температури, сувото време и ветерот придонесуваат за нивно брзо ширење. ...