Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со Винисиус Жуниор. Бразилецот и неговите менаџери, до крајот на неделата ќе се сретнат за последен пат со челниците на Реал. Доколку не се согласи на условите што му ги постави Реал, Бразилецот ќе биде ставен на трансфер листата. Информациите од тој состанок се чекаат и во Лондон. Доколку Винисиус го одбие Реал, тогаш „тобџиите“ ќе стапат во акција. Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Арсенал е ...
Дел од потрошена ракета на компанијата SpaceX, кој повеќе од една година неконтролирано патува низ вселената, во среда ќе удри во површината на Месечината. Настанот го привлекува вниманието на научниците ширум светот, бидејќи се очекува да создаде нов кратер и да обезбеди драгоцени податоци за идните мисии на Земјиниот природен сателит. Станува збор за горниот степен од ракета на SpaceX, која на 15 јануари 2025 година во вселената пренесе ...
Во украински напад со дрон врз руската погранична област Белгород загинало 13-годишно девојче, а две деца се повредени, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шаваев. Според него, дронот погодил подрачје во близина на детско игралиште во селото Принцевка, во близина на украинската граница. Лекарите, како што наведе, не успеале да го спасат животот на девојчето, додека две девојчиња на возраст од седум и девет години ...
Оскаровката Сандра Булок го одбележа Меѓународниот ден на сестрите со емотивна објава на Инстаграм, споделувајќи ретки семејни фотографии со својата сестра Гесине Булок-Прадо, која од милост ја нарекува Џиџи. Искрената порака и фотографиите од нивното заедничко минато предизвикаа бројни позитивни реакции кај нејзините следбеници. Во објавата, актерката сподели неколку семејни моменти, меѓу кои и фотографија од нивните помлади години, ...
Најмалку 18 Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, соопштија палестински медицински извори. Нападите биле извршени врз Газа, Деир ал Балах и Кан Јунис, а меѓу загинатите има и деца. Палестинските служби наведуваат дека во нападите биле погодени куќи и шатори во кои биле сместени раселени лица. Израелската армија соопшти дека нападот во Деир ал Балах бил насочен кон двајца команданти на елитната единица „Нухба“ на ...
СДСМ денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски со својата неодамнешна изјава признал дека водата за пиење во Гостивар повеќе од две години не била бактериолошки исправна, додека од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека проблемот постоел уште за време на владеењето на СДС и дека тоа го потврдуваат официјални анализи. Од СДСМ се повикаа на изјавата на Мицкоски дека „за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки ...
По неколку месеци исполнети со концерти, јавни настапи и постојан медиумски притисок, светската поп-ѕвезда Аријана Гранде одлучи привремено да се повлече од јавниот живот. Пејачката ќе направи пауза веднаш по завршувањето на својата светска турнеја „Eternal Sunshine“, која завршува на 1 септември со концерт во Лондон. Според магазинот „People“, одлуката доаѓа по долг период во кој Гранде беше под постојано внимание на јавноста, особено поради ...
Обилни дождови и поплави за време на викендот погодија делови од јужна Индија, при што загинаа најмалку 14 лица, а илјадници беа евакуирани. Во сојузната држава Керала загинаа најмалку 11 лица, а околу 7.700 жители се евакуирани и сместени во 275 прифатни центри, соопштија локалните власти. Heavy flooding is happening now in Moonnani, Pala, Kottayam, Kerala, India. video: Johnson Varkey. pic.twitter.com/NaW9Cue7Jh — Weather Monitor ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала синоќа во 21:54 часот е регистриран во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои ...
Додека за многумина разводот претставува тежок и емотивен период, 42-годишната Тони Хардинг од Англија одлучила крајот на својот брак да го претвори во повод за славење. Откако нејзиниот развод конечно бил официјално завршен, таа организирала раскошна забава за семејството и пријателите, нарекувајќи ја „најдобрата ноќ во својот живот“. За прославата, која се одржала на 10 јануари, Тони потрошила речиси 2.400 евра. Ангажирала диџеј, кетеринг ...
Шпанската енклава на северот од Африка, последниве денови се соочува со досега невиден мигрантски бран. Се проценува дека меѓу 50.000 и 60.000 луѓе од Мароко влегле во градот, главно преминувајќи ја копнената граница или препливувајќи ги морските пречки поставени долж границата. Четириесет и четиригодишниот Мароканец и татко на четири деца, Јусеф Ел Абас, пред четири дена ја видел шансата да си го врати животот што го изгубил пред седум ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 38 степени, јавува УХМР. Текстот Денес сончево и многу топло време е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Времето денес ќе биде сончево и ...
Кога се зборува за привлечност меѓу маж и жена, најчесто прво се споменуваат „пеперутките во стомакот“, долгите погледи или силната физичка привлечност. Но, психолозите велат дека постои еден многу посуптилен, а можеби и најважен знак кој открива дека меѓу две личности се создава вистинска хемија. Станува збор за лесната и природна комуникација – чувството дека разговорот тече без напор, без непријатни тишини и без потреба внимателно да се ...
Новата работна недела започнува со силна астролошка енергија која носи промени, нови почетоци и можности за личен напредок. Понеделникот е идеален ден за донесување важни одлуки, расчистување на старите дилеми и поставување нови цели. Кај некои знаци акцентот ќе биде ставен на љубовта и семејството, кај други на кариерата и финансиите, но за сите важи истото правило – внимателно слушајте ја интуицијата и не носете избрзани одлуки. ОВЕН ...
Идејата на американскиот државен секретар Марко Рубио за трајно намалување на зависноста од Ормутскиот теснец повторно ја отвори дебатата за тоа дали светот може да најде алтернативни правци за транспорт на нафта и природен гас. Иако Вашингтон ја претставува оваа визија како долгорочна стратешка цел, економските и геополитичките аналитичари предупредуваат дека целосно заобиколување на Ормутскиот теснец е практично невозможно во догледна ...
Бројот на загинатите во експлозијата во ресторанот „Балзи Роси“ на плоштадот Кудринска во Москва се искачи на пет, додека повеќе од шестмина повредени се во тешка состојба, пренесе рускиот сервис на Радио Слобода, повикувајќи се на руски медиуми. Според информациите, две лица им подлегнале на повредите во болница. Рускиот Национален антитерористички комитет (НАК) претходно соопшти дека во експлозијата загинале три лица – жена која, според ...
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци, загинаа, а повеќе од 20 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз учесници на протест против милитантите во северозападниот дел на Пакистан, соопшти полицијата. Според началникот на окружната полиција, Омар Кан, нападот се случил во Кабал, град во долината Сват, во покраината Хајбер-Пахтунхва. Демонстрантите биле собрани во близина на полициска станица, каде што извикувале пароли против ...
Епидемијата на ебола предизвикана од сојот Бундибугио (Bundibugyo) во Демократска Република Конго продолжува да се шири, а заклучно со 30 јули во светот се потврдени 3.626 случаи на зараза и 1.589 смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците на СЗО, во Демократска Република Конго се регистрирани 3.605 заразени и 1.587 починати, додека во Уганда се потврдени 20 случаи и два смртни исхода. Еден случај на ...
Владата на Србија ги повика граѓаните рационално да ја користат електричната енергија во услови на силен топлотен бран и рекордно низок водостој на реките, што сериозно го намалува производството на електрична енергија од хидроелектраните. Премиерот Ѓуро Мацут за понеделник најави седница на Штабот за вонредни ситуации, посветена на екстремно високите температури и состојбата со водостојот на реките, особено на Дунав. Тој апелираше до ...
Унгарија влегува во пет критични дена поради историски нискиот водостој на Дунав и новиот топлотен бран што ја зафати земјата, предупреди премиерот Петер Маѓар. Поради недостигот на вода за ладење, единствената нуклеарна централа во земјата, „Пакс“, за првпат по повеќе од четири децении се соочува со целосно запирање на работата. Долготрајната суша и високите температури го намалија нивото на голем број европски реки, што создава проблеми за ...
Шпанските власти денови однапред биле предупредени за ризикот од масовен прилив на мигранти кон северноафриканската ексклава Сеута, но според повеќе воени и цивилни разузнавачки извори, не презеле навремени мерки за спречување на кризата. Предупредувањата пристигнале и непосредно пред масовното преминување на границата од Мароко, при што десетици илјади луѓе влегле на шпанска територија. Според информациите до кои дошле медиумите, ...
Најмалку пет лица загинаа, а по уште 41 се трага, откако утрово избувна пожар на траект во близина на индонезискиот остров Мадура, соопшти државната служба за пребарување и спасување. Според официјалните информации, на траектот се наоѓале вкупно 271 лице, вклучувајќи патници и членови на екипажот. Спасувачките служби досега евакуирале 225 лица, додека потрагата по исчезнатите продолжува. BREAKING: At least 5 people are dead and 41 missing ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, еден од најпознатите светски парови, наводно се подготвуваат да ја крунисаат својата речиси десетгодишна љубов со раскошна свадбена церемонија. Според најновите медиумски информации, венчавката би требало да се одржи следната сабота во Фуншал, главниот град на португалскиот остров Мадеира, иако официјална потврда од парот сè уште нема. Изборот на локацијата не е случаен. Роналдо е роден и пораснат ...
Големи гужви и повеќечасовни чекања на излез од Грција преку граничниот премин Евзони синоќа предизвикаа тензии меѓу возачите, при што дошло до жестока расправија, а според сведоци, за малку била избегната и физичка пресметка. Според информациите објавени од страницата „Пат до Грција“, на преминот синоќа се формирале долги колони од автомобили и автобуси, а дел од патниците излегувале од возилата поради долгото чекање. Поради нервозата што ...
Синот на холивудската легенда Пирс Броснан, Парис Броснан, повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со главната улога во новата рекламна кампања на BMW. Неговото појавување пред камера предизвика бројни реакции, а многумина коментираат дека 25-годишниот Парис неверојатно потсетува на својот славен татко во помладите години. Во видеото, Парис седнува зад воланот на легендарниот BMW M3 Cabrio E30 и тргнува на патување низ некои од ...
Два противпожарни хеликоптери денеска се судрија во воздух за време на гасење на голем пожар во местото Псата во Грција, јавуваат грчките медиуми. Според првичните неофицијални информации, двете лица од едниот хеликоптер се спасени и пренесени во болница во Атина, а двете лица од вториот хеликоптер загинале. Βίντεο καταγράφει καρέ-καρέ τη στιγμή της σύγκρουσης των δύο πυροσβεστικών ελικοπτέρων κατά την διάρκεια κατάσβεσης του πύρινου μετώπου ...
Дваесетина помали пожари на отворен простор биле регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека благодарение на брзата реакција на локалните противпожарни екипи, пожарите се изгаснати или ставени под контрола. „Во текот на денешниот ден досега имавме 20-тина помали пожари на отворен простор. Благодарение на брзиот почетен одговор на локалните пожарникари, ...
Швајцарците имаат едни од највисоките просечни плати во светот, но тоа не значи дека повеќето од нив поседуваат недвижен имот. Напротив, Швајцарија е европскиот рекордер по број на луѓе кои живеат под кирија – повеќе од 60 отсто од населението. Овој податок ја прави Швајцарија вистински пример дека високите приходи не се секогаш гаранција за сопствен стан. Додека во многу земји купувањето недвижност се смета за главна животна цел и симбол ...
Состојбата со водоснабдувањето во Гостивар останува непроменета, а водата и понатаму не се препорачува за пиење, информира раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека Институтот за јавно здравје, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, секојдневно врши испитувања и зема примероци од водата, при што резултатите сè уште покажуваат присуство на бактерии во дел од примероците. ...
Со децении керамичките плочки беа речиси незаменлив избор за уредување на бањите. Ѕидовите обложени од подот до таванот се сметаа за најтрајното и најпрактично решение за простории изложени на постојана влага. Но, современите трендови во ентериерниот дизајн постепено ги менуваат овие навики. Сè повеќе сопственици на станови и куќи се одлучуваат за алтернативни решенија кои овозможуваат полесно одржување, отпорност на влага и помодерен изглед, ...