Синоќа на полноќ, истече кризната состојба на територијата на општина Гостивар. Според последните анализи, водата е чиста и безбедна за пиење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и Јавното претпријатие Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата и од грижа за квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната ...

Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизок Максим Ацески потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции. Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека денешното потпишување на Меморандумот за ...

Астрономите ја открија најбрзата ѕвезда позната досега во Млечниот Пат. Ѕвездата ита околу супермасивна црна дупка во центарот на нашата галаксија. Ѕвездата, наречена S301, се движи со брзина од околу 25.000 километри во секунда или 100.000 пати побрзо од комерцијален авион. Таа е исто така најблиската позната ѕвезда до централната црна дупка на Млечниот Пат, Стрелец А*, приближувајќи се на растојание споредливо со растојанието помеѓу Сатурн ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Белград се сретна со својот српски колега, Драган Гламочиќ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во земјоделството, преработката, безбедноста на храната и ветеринарната заштита, како и создавањето нови развојни можности меѓу двете земји. Министрите Серафимовски и Гламочиќ посочија дека географската близина, поврзаноста на пазарите ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници. Предметот беше оформен на 10 ...

Општина Битола набави шест специјализирани машини со кои ќе се подобри одржувањето на стадионот „Петар Милошевски“. За набавката се издвоени 4.373.551 денари, средства кои биле планирани во Буџетот на Општина Битола за 2026 година. Од Општината посочуваат дека јавната набавка била планирана уште на крајот на минатата година, при донесувањето на Буџетот за 2026 година, односно пред одржувањето на концертите на стадионот. Набавени се шест ...

Најголемиот шумски пожар во Белгија во последните сто години е ставен под контрола по седумдневната битка во природниот резерват Хај Фенс. Околу 350 пожарникари и други служби за итни случаи се уште се на терен, а во гасењето, од минатата недела, помагаат и земјоделците. Канцеларијата на локалниот гувернер соопшти дека пожарот сега е под контрола и не се очекува да се прошири понатаму. Сепак, додаде дека ова ќе зависи од временските услови и ...

„Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока. Аргатот на Заев, Филипче и Ахмети, Ислам Абази шефот на ОЈО ГОКК, го затвори предметот за градењето на 19 модуларни болници во време на КОВИД кризата, од кои во една се запалија 14 наши сограѓани“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Од 10 септември 2021 година, од кога е оформен предметот, до ден ...

Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготвил и посебна програма надвор од кошаркарскиот терен. Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал приватен авионски лет за 14 лица, додека по пристигнувањето играчите добиле пакети со подароци со словенечки производи. „Езерџиите“ пристигнаа во Љубљана овој четврток, каде што ќе останат до 24 ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.203,66 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 34,84 поени, односно за 0,38%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека САД ги „молат“ своите сојузници за помош, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со сериозни економски последици за земјите што помагаат или соработуваат со Иран. „Тие тврдат дека Иран е на работ на пораз, дека виси на конец, а сепак ги молат сите свои сојузници да им помогнат“, напиша Гарибабади на социјалната мрежа Икс. Неговата реакција дојде ...

Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, беа во фокусот на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“, кој се одржа денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека Н.Е. ...

Поранешната фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Барселона и Милан, Роналдињо, пристигна во италијанскиот регион Ромања. Тој слета со приватен лет од Милано во 11:50 часот на аеродромот Ридолфи во Форли, а потоа се упати кон Равена со својот тим, пишува „goal.com“. На аеродромот го пречекаа претставници на клубот и околу триесет навивачи. Бразилецот накратко застана за да се фотографира со публиката и да даде автограми. Презентација на плажа пред ...

Најголемиот целосно електричен авион во светот успешно го заврши својот прв лет и помина 27 минути во воздух со потрошувачка на електрична енергија, чија вредност се проценува на само пет долари. Авионот „X1“ на шведската компанија „Heart Aerospace“ полета од меѓународниот аеродром Платсбург во американската држава Њујорк и достигна висина од околу 335 метри за време на пробниот лет, објави „Oilprice“. Авионот е опремен со целосно електричен ...

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој посочи дека особено критична била состојбата околу Крушевица во текот на вчерашниот ден, но со помош на механизација е направен заштитен појас со кој е спречено ширењето на пожарот кон ...

Најголемиот целосно електричен авион во светот успешно го заврши својот прв лет и помина 27 минути во воздух со потрошувачка на електрична енергија, чија вредност се проценува на само пет долари. Авионот „X1“ на шведската компанија „Heart Aerospace“ полета од меѓународниот аеродром Платсбург во американската држава Њујорк и достигна висина од околу 335 метри за време на пробниот лет, објави „Oilprice“. Авионот е опремен со целосно ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ ќе побара зголемување на платите во повеќе сектори, со посебен фокус на здравството и образованието. Филипче порача дека основните плати на специјалистите и лекарите во здравството треба да се зголемат за 40 проценти, по примерот на мерките што СДСМ ги реализираше во првите две години од своето владеење. „Ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме и ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за ...

Август 2026 година носи различни финансиски можности за хороскопските знаци, а според месечниот хороскоп за пари, Близнаците се убедливо на првото место со дури 95 проценти. Веднаш зад нив е Јарецот со 88 проценти, додека Девицата има 87 проценти. Во горниот дел од листата се и Стрелецот со 83 и Овенот со 80 проценти. Месецот, според астролошката прогноза, ќе биде особено важен за нови деловни можности, признание за досегашниот труд, ...

Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации, реагираат од Општина Центар. „Последната во низата невистини е тврдењето на Лазар Банов дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за новата мобилна апликација. Тоа е целосна лага. Мобилната апликација на Општина Центар е ...

Лебот е една од најчестите намирници во речиси секое домаќинство, но неговото правилно чување знае да биде вистински предизвик. По само неколку дена може да стане сув, тврд, да ја изгуби пријатната текстура, а во несоодветни услови може да се појави и мувла. Сепак, постои едноставен начин кој може да помогне лебот да остане свеж неколку дена подолго, без специјални садови или сложени методи. Потребна е само обична чиста кујнска крпа. Можеби ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека ексалирањето на кризата со вирусот западно-нилска треска во Скопје е директна последица на импровизаторското и неспособно менаџирање на кризата од страна на власта на ВМРО. Филипче посочи дека има низа недоследности и некоординираност со кризата, како и ненавремено преземање на соодветни мерки за заштита на граѓаните. „Кој ја менаџира кризата со проблемот тука во Скопје? Излегува ...

Површината на изгорено тло во Европа ќе се зголеми за 39 проценти до крајот на векот, дури и во најдоброто климатско сценарио, ако не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува нова студија објавена од „The Guardian“. Топлото, суво и ветровито време, кое ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе стане почесто во поголемиот дел од Европа поради зголемувањето на температурите предизвикани од ...

Со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва беше затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информира директорот на фестивалот, м-р Ѓорѓи Цуцковски. Цуцковски посочи дека овогодишното издание ќе остане запаметено по настапите на врвни уметници од Македонија и светот, но и по големиот интерес од публиката. „Ова издание бележи рекордна посетеност и рекордна продажба на билети, што ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно ...

Доволно е да погледнете неколку тешки камиони на европските и американските патишта за веднаш да ја забележите разликата. Во САД доминираат огромни камиони со долг преден дел и мотор поставен пред кабината, додека европските теглачи најчесто имаат речиси целосно рамен преден дел, со кабина поставена над моторот. На прв поглед може да изгледа дека станува збор само за различен дизајнерски вкус или традиција на производителите. Но вистинската ...

Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор, информираат од општината. Со реализацијата на овие активности, како што оценуваат, се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината. Во рамки на градежните активности се ...

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за ...

Џесика Алба и нејзината ќерка Онор одлучија на посебен начин да ја одбележат својата блискост – со идентични тетоважи, направени непосредно пред новото поглавје во животот на 18-годишната Онор, која оваа есен се сели на другата страна од САД за да студира на Универзитетот Јеил. Актерката (45) и Онор го посетиле познатиот тату-уметник од Лос Анџелес, Даниел Винтер, познат како Винтерстоун, кратко откако Онор го прославила својот 18-ти ...

Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34