Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Северна Македонија и претходно го има видено ова сценарио: премиери кои, опиени од власта, мислеле дека најлесниот начин да ја покажат својата сила е да удираат по Албанците, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Денес, како што додава, Мицкоски чекори по истиот пат. „Удари врз албанскиот јазик. Релативизирање на Бадентер. Слабеење на правичната и соодветна застапеност. А пред сето ова, ВЛЕН молчи. Наполеон почна да губи ...
Две ретки торнада вчера ги погодија Њујорк и Лонг Ајленд, додека силни бури зафатија делови од средноатлантскиот регион на Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи прекини во сообраќајот на некои главни автопати. „Две пијавици, се појавија по должината на јужниот брег на Квинс, Њујорк и округот Насау, Лонг Ајленд, пред да се преселат во внатрешноста и да се развијат во торнада“, рече Џон Мареј, метеоролог од Националната метеоролошка ...
Дисциплинската комисија на ФИФА изрече жестоки казни за инцидентите што се случија по завршувањето на финалниот меч на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина (1:0). Најлошо помина Аргентинецот Леандро Паредес, кој беше суспендиран на дури 10 репрезентативни натпревари, додека неговиот соиграч Науел Молина доби забрана за играње на седум натпревари. Паредес и Молина ќе мора да платат казна од по 77.000 евра за учество во инцидентите. ...
ВРЕДИ остро реагираше на повикот на ДУИ за предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја партијата на Али Ахмети дека и по поразот на локалните избори не презела политичка одговорност. Од ВРЕДИ велат дека ДУИ пред да бара ново изборно соочување треба да објасни зошто ниту еден од нејзините функционери не понел одговорност по изборните резултати. „Во ДУИ добро знаат дека пред неполна година Албанците со глас ги исфрлија од сите општини со ...
Британски „Тајмс“ објави обемен текст за српскиот претседател Александар Вучиќ, неговиот балансирачки чин меѓу Москва и Брисел, како и за сè посилното студентско протестно движење, кое според анкетите на јавното мислење има поголема поддршка од властите. „Како средновековен крал што прима петиции, Александар Вучиќ, претседателот на Србија, стоеше на главниот плоштад во едно мало гратче на југозападот од земјата, додека локалните жители ...
Англискиот репрезентативец Езри Конса е нов играч на Арсенал, објави денес клубот од Лондон. Конса потпиша четиригодишен договор со Арсенал, а клубот и плати 60 милиони евра на Астон Вила за неговиот трансфер, објави „Скај Спортс“. „Исклучително сум возбуден. Привилегија е да бидам тука и едвај чекам да почнам. Сакам да продолжам да победувам, сакам да победувам и токму затоа сум тука. Ова е горд момент за мене и моето семејство, ќе играм за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не го поддржа барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Киев да му се дозволи да ја користи сателитската комуникациска мрежа „Старлинк“ надвор од територијата на Украина, објави британскиот „Фајненшл тајмс“. Според весникот, за време на разговорот во Овалната соба, Трамп не дал јасен одговор на барањето на Зеленски, но, како што е наведено, очигледно е дека тој не го поддржал тој план. ...
Јаник Синер потврди дека нема да игра на претстојниот Ју-ес Опен, поради проблем со десното колено. Италијанецот минатата сезона ја освои титулата. Синер се обиде да се подготви за последниот Гренд слем турнир во сезоната и тренираше во Монте Карло во изминатите неколку дена, но тој и неговиот тим проценија дека сè уште не е подготвен да се врати на терените. Италијанецот ја објави одлуката преку социјалните мрежи. „Иако работев напорно со ...
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако таа земја издаде меѓународна потерница за апсење на Нетанјаху. Во соопштението од кабинетот на премиерот беше наведено дека Ердоган „сега се обидува да ја прошири својата агресија против Израел во Сирија“ и дека Израел нема да го толерира тоа. Објавата следеше по израелскиот напад врз сириска воздухопловна база, кој ...
Најмалку шест лица се убиени, а околу 90 се повредени во напад со руски беспилотни летала врз трговски центар во Кривји Рог, град во централна Украина. Локалните власти потврдија дека меѓу ранетите во нападот врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски има шест деца, пишува Ројтерс. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа објави на апликацијата Телеграм дека 21 лице е во сериозна состојба, вклучувајќи и едно дете. Со објавата, тој ...
Времето утре, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...
Иран денес предупреди дека секоја нова закана од САД ќе биде дочекана со „силен и разорно“ одговор, откако Вашингтон ги објави најстрогите санкции досега насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги објави „најстрогите санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се обидат економски да го изолираат Иран, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри. Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку превземање одговорност и вежбање истрајност. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес изјави дека очекува соработката со американскиот претседател Доналд Трамп да биде полесна поради нивните слични политички ставови, но дека тоа не се случило на долг рок откако Трамп се сврте против неа поради нејзиното одбивање да ја поддржи војната на САД против Иран. „Јасно е дека мислев дека работите ќе бидат полесни со Доналд Трамп, со оглед на нашите заеднички ставови за имиграцијата и ...
Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови на патеката Попова Шапка – Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје велат дека причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. „Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13:00 часот регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 1 е под контрола, а 3 се изгаснати. Активни пожари – 6: Општина Прилеп: во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, гори ниска вегетација. Општина Студеничани: на потегот село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, пожарот зафаќа мешана ...
Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски, велат од ВЛЕН. „Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните ...
Ријана уште еднаш покажа дека дури и кога избира навидум лежерна комбинација, нејзиниот стил е далеку од обичен. Пејачката и основачка на Fenty во средата вечерта беше фотографирана во Њујорк во велур тренерка инспирирана од модата од почетокот на 2000-тите, но во луксузна верзија вредна повеќе од 2.000 долари. За вечерното излегување во Менхетен, 38-годишната Ријана носеше комплет од Chloé во карамел-портокалова нијанса. Горниот дел со ...
Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките јами како индивидуална мерка што жителите на подрачјата со прогласена епидемија на западнонилска трека можат да ја преземат. Во моментов во земјава нема таблета со која можат да го направат тоа, но министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека во следниот период ќе работат на тоа да се донесе и кај нас. „Една од работите што недостасува, што ја лоциравме во моментот и што ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.217,39 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 13,73 поени, односно за 0,15%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, со тим, добра програма и конкретен план за иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Тој најави дека веќе во текот на септември СДСМ ќе го претстави Мастер планот за Македонија, со што граѓаните ќе можат јасно да ја видат понудата на партијата. „Го кажав тоа неколку пати до сега, секогаш сме подготвени. И со тим, и со добра програма, ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изврши увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти во Прилеп. Проданоски истакна дека градот се наоѓа во сериозен инвестициски циклус, со проекти чија вкупна вредност во последните една до две години надминува 12 милиони евра. „На улицата ‘Кузман Јосифоски’ се ...
ВМРО – ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ. „Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот ...
Компанијата „Агриа“ од Велес денеска го реализираше првиот извоз на свинско месо од Македонија во Албанија, со што најголемиот македонски производител на свинско месо започна со пласман на своите производи на странски пазар. Како што информираат од компанијата, во Албанија се извезени првите седум тони свинско месо. „Ги извезовме првите седум тони свинско месо на пазарите во Албанија. Ова е прв извоз на свинско месо од Македонија во оваа ...
Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ. Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени размери. ...
Фудбалерите на Брајтон одиграа нерешено без голови на гостувањето кај Тромсо во Норвешка во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа. Натпреварот го обележа гестот на играчите на Брајтон. Повеќе од 400 навивачи патуваа во Норвешка. Тромсо е оддалечен 2.350 километри до Брајтон. Играчите покажаа дека знаат да го ценат тоа. Решија да им ги вратат парите за билетите на сите навивачи, но тоа не беше единственото изненадување за ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека најавената мерка на Владата на ВМРО за нова „кошничка“ нема да донесе никаква реална помош за граѓаните, туку според досегашното искуство, ќе биде уште едно празно ветување и ПР трик, и повторно ќе ги излажат граѓаните. Филипче посочи дека минималната плата е далеку под потребното за нормален живот, луѓето не можат да преживеат во услови кога трошоците за ...
Дуа Липа повторно го привлече вниманието со фотографии од својот одмор во Шпанија, каде беше забележана како ужива на јахта со пријателите во Ибица. Според објавата на Page Six, пејачката поминала еден од летните денови на море, опуштена во друштво на блиски луѓе и далеку од секојдневните обврски. На фотографиите што ги објави медиумот, Дуа Липа е во бикини со животински принт, а во дел од кадрите се гледа како ужива покрај водата и на ...
Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници. „Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и ...
Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со до 2032 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години, објавија британските медиуми. 24-годишниот бразилски напаѓач му се придружи на тимот од „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти со дополнителни пет милиони бонуси. „Кога потпиша, клубот соопшти дека договорот траел до 2033 година, но договорот бил до 2032 година со опција за ...